Трајко од ВМРО, големиот експерт, не ја слушнал изјавата на премиерот и неговите сопартијци, па прави гафови по телевизиите и мрежите. Трајко вика дека бојкотот нема да вроди со плод, ама Трајко и вика да не се бараат покачување на плати, пази богати, ќе имало инфлација. Трајко не видел дека во соседството бојкотот донесе резултат. Трајко не видел ни дека секаде се покачуваат платите. Не биди како Трајко, утре бојкотирај и барај повисока ...

Конечно падна договор потпишан од Владата за деталните услови за кредитот што ќе се дава преку комерцијалните банки за стопанството, од кредитната линија што државата ја зеде од Унгарската приватна експорт-импорт банка. Вториот ден откако стапи на функција, Христијан Мицкоски како премиер рече дека ни во опозиција не спиел и дека договорил една милијарда евра од една пријателска земја. Првите 500 милиони евра легнаа на сметка во октомври. ...

Баучот на бојкоти кружи над Балканите, поточно над делови од поранешната СФРЈ. Луѓето се незадоволни од високите цени во маркетите. Со помош на моќта за мобилизација што ја пружаат социјалните мрежи и медиумите, ќе се обидат да ги вразумат „алчните трговци“, откако тоа не им успеа на владите во нивните земји коишто во изминатиот период те замрзнуваа цени на одредени производи, те ограничуваа маржи, „плетеа“ разни пригодни кошнички, пуштаа ...

Секој човек, барем еднаш во животот, особено во младите години, мора да го посети Аушвиц. Како што ходочести по трагите на човековиот генијален ум – пирамидите во Гиза, теракотната армија на императорот Кин, Ангкор Ват, Колосеумот, Ајфеловата кула, „Мона Лиза“ или „Давид“ и многу, многу други – еднакво мора да ја запознае и другата, темната страна на нечовекот. Кога ќе ги види оние купови облека, златни заби, очила, коса…, кога ќе застане ...

Годинешниот Светски економски форум во Давос беше преполн со креативни идеи за тоа како да се спаси планетата, да се намали нееднаквоста и да се справиме со итните безбедносни потреби. Сепак, во голема мера, најважното нешто беше колку Европејците се депресивни, за нивната економија и особено за Доналд Трамп. Нивната вознемиреност не е неоснована: Трамп претставува егзистенцијална закана за Европа на три клучни начини. Прво, тој инсистира на ...

Во регионот, не треба да се очекуваат поголеми промени. Со мали и спори поместувања, сѐ ќе остане главно по старо. Мешањето од надвор ќе продолжи, меѓусебните недоверби и недоразбирања остануваат длабоки и трајни, а тенденции за побрзо излегување од заостанатоста – нема. Одличниот проект, „Отворен Балкан“, дефинитивно не успеа. Се појави како конкуренција на „Берлинскиот процес“, којшто беше целосно во аут. Го врати на сцена, ама за кусо. Се ...

Во своето инаугуративно обраќање во ротондата на зградата на американскиот Конгрес, четириесет и петтиот односно четириесет и седмиот американски претседател, Доналд Трамп, истакна дека тоа што е претседател на САД е резултат на божјата волја, бидејќи според него, Господ го спасил од атентатите што врз него беа извршени за време на претседателската кампања. Претседателот на една од колевките на модерната демократија, во која по пат на избори, ...

АЦО ЛИГЊА: „Јас не се сеќавам кога последно, не само во Македонија туку и во регионот, во рок од две недели се пуштиле во употреба 42 км експресни патишта и 31 км пруга. Такво нешто се нема случено во историјата на Македонија“. Шо, Македонија? А бе светската историја не памти ништо слично! За тебе и за твоите достигнувања ќе се учи на високите школи ширум светот! Туку, дај нека го сменат чоекон од функцијата, оти како тргнал со градење, за ...

Вчерашниот ден, на сите медиуми беше пример за колапс на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се потврди дека се нема никава политика, освен барање алиби во минатото; – сега диодите за возилата, наместо у Германија, директно со трик ќе се извезуваат у Америка; – пратениците што секој ден држеа прес-конференции за онкологија, беа потурени со пепел од страна на Премиерот; – Претседателката Силјановска нема никаква контрола на вработените од Агенцијата за ...

28/01/2025 06:30 - Популарно

За да ја разберете суштината на мотото на овој текст, неопходно е да знаете философија и литература. Би требало да го прочитате славниот етички спис на големиот философ Имануел Кант, Критика на практичниот ум и да ја знаете биографијата на Ернест Хемингвеј. А, за да го создадете овој краток расказ од шест збора, потребно е да имате аналитичко-синтетички и креативно-критички дух каков што има мојата драга ученичка Бојана; и да учите ...

Натпреварите на Светското првенство во ракомет секој ден започнуваат со интонирање на државната химна на екипата што игра. Стандардна работа. Пеат и се држат за срце играчите од националниот тим, понекогаш со различна боја на кожата и различен јазик, ама сите државјани на иста држава. Државната химна ги обединува на ветување дека заедно ќе се борат за победа на тимот. Освен на спортски натпревари, химна се изведува при свечени државни ...

Пишува: Ирена МУЛАЧКА „Куршум не го фати, но затоа пак заврши зад решетки“. Вака некако во моментов се одвива сценариото на филмот за Раде Трајковски-Штекли, популарната фаца, кој пред неколку дена беше уапсен за трговија со дрога во близина на хотел во Гевгелија. Неговата екипа, пак, беше прибрана од скопски Аеродром. Сабота, ден за апсења. Трајковски, како мачка со девет животи, во 2024 година преживеа три обиди за убиство, од кои два во ...

Образованието повеќе години како што ни покажува практиката на сите степени на образовниот процес е руинирано и е во длабока криза. Образовниот систем во Македонија го тресат голем број скандали од обелоденувањето на квазинаучни трудови и препишување, трудови што се целосно плагијати, до непотребни заеми од Светска банка за небулозни, безпредметни и некорисни проекти. Всушност, образовниот систем во Македонија, само ја отсликува македонската ...

Очекувано беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното одбележување на Св.Сава во Скопје да биде де факто домаќин на Вучиќевиот „српскиот свет“. Не е изненадување ниту обидот Владата и ВМРО-ДПМНЕ така да го легитимираат и да се вклопат во пристапот на архиепископот г.г.Стефан и дел од Синодот – со кој Охридската архиепископија треба да се задоволи со т.н. „томос за автокефалност“ од СПЦ и да остане дистантна од Вселенската патријаршија. Повторно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по инаугурацијата за старо-нов претседател, на 20 јануари, меѓу другото, потпиша и извршна наредба со која се обидува да го прекине уставното право за стекнување државјанство за децата родени на територијата на САД без оглед на потеклото на родителите. Принципот познат како ius soli (право на почвата), што за идните генерации ќе значи правна и политичка реформа што особено ќе ги погодува обоените луѓе ...

Седам во чекалницата додека поголемиот син е на заболекар. Сопругот до мене игра игри на телефонот, а јас прелистувам Линкдин, барајќи инспирација за следната професионална тема. Одеднаш, нешто ми го привлекува вниманието. Читам статус: „Жени, ако сакате да бидете среќни во хетеросексуална врска – не заработувајте повеќе од него.“ Под статусот е линк до студија со наслов: „Приходи и ментално здравје на парот.“ Се обидувам да се фокусирам, но ...

Во белата куќа Трамп внесува политички капитал. Пред американскиот Капитол хил, со големи мерки на обезбедување (25.000 полицајци), инаугуриран е 47. претседател на САД, Доналд Трамп. Не без забележливиот триумфализам во американскиот живот се врати по четири години пауза конзервативниот претседател од кој десничарите низ светот очекуваат поддршка за своите цели. Во Белата куќа влезе како „човек на мирот“, бидејќи кон крајот на Бајденовата ...

Морав неколку пати да препрочитувам две неверојатни изјави едната на премиерот Христијан Мицкоски, другата на 497 полицајци дадена при нивната заклетва пред стапување на професионална должност. За жал, а циниците ќе кажат за среќа, двете поминаа глуво во јавноста, иако се работи за историски значајни работи. Прво, да ја споделам изјавата на премиерот Мицкоски која сигурно е искажана при здрава памет и целосна присебност потпрена на сознанија ...

„Со Доналд Трамп во Белата куќа Европа ќе остане сама“, смета Швеѓанката Илва Јохансон, еден од највисоко профилираните еврокомесари во Брисел во претходниот состав на Европската комисија, истакнувајќи ја деновиве во едно интервју својата загриженост поради развојот во САД. Според Јохансон не треба да се биде наивен, бидејќи во исто време рускиот претседател Путин се плаши од силна ЕУ и е подготвен да направи сѐ што е во негова моќ за да ...

Внуците на членовите на комунистичката интернационала од Македонија, онаа од триесеттите години на минатиот век, деновиве, се горди што учествувале во основањето на десната Интернационала на олигарсите-милјардери и нивните поддржувачи на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон. И, додека имам разбирање за нашите татковци и дедовци и за нивната борба за работнички права и слободи, не ја разбирам денешната фасцинација на генерацијата на власт со ...

„Magis utile nil est artibus his quae nil utilitatis habent“ Ovid., Ex Ponto „Ништо не е покорисно од оние вештини од коишто немаме никаква корист“ (со алузии на философијата и уметноста) Овидиј, Ex Ponto Ви го споделуваме отвореното писмо од гимназиските професори по философија, логика и етика по повод Концепцијата за гимназиско образование: Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование. Мноштвени се ...

„Владата ќе работи на наталитетот“, рече и остана жив Влатко Ѓорчев, Национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. И додека младите забрзано ја напуштаат државата за да го зачуваат своето достоинство и да избегаат од овдешната галопирачка мизерија, на ова дебилно суштество, медиокритет од најекстремен тип празен како шуплив заб, партиска лејка која целиот живот го помина на државни јасли, му измислија нова функција со плата ...

Ние гласаме за влез во НАТО, ама рудниците за бакар ќе бидат на Русите. Оваа измена НЕ важи за рудникот Бучим каде сопственици се Руси. Иако компанијата тврди дека немаат ништо со Русија, рускиот амбасадор ги вбројуваше во стратешки инвестиции на Москва во Македонија. И замислете веднаш после оваа измена во Законот за минерални суровини рудникот Бучим дава предлог до Иловица-Штука да ги купи затоа што законот ним им дозволува да прават што ...

Хрватите, чија просечна плата, лани, во декември достигна 1.366 евра, не се согласуваат со фактот дека трговците се богатат преку нивниот грб со просечни маржи што за храната стасаа и до 40 отсто, па решија масовно да ги бојкотираат продавниците и бензинските пумпи поради високите цени на производите. На повикот што почна од здруженијата на потрошувачите се приклучија тамошните синдикати, граѓански организации, политички партии, па дури и ...

А кај нас, бизнисменот Живко Мукаетов кој е на крајот на својот мандат во македонската ракометна федерација покажа како треба да се верува во себе и како треба да се мотивираат другите. Едноставно, со градење на сопствени млади спортисти. Никогаш досега не сум гледал помотивирачки натпревари каде преовладуваат млади ликови полни со желба за докажување. Тоа е примерот кој треба да се следи. Полека завршува најдолгиот месец во годината, ...

Добивај вести на Viber Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, неговите изјави и први потези, изминативе денови беа, а и ќе продолжат да бидат анализирани и толкувани од многу квалификувани луѓе за тоа. Погорниот наслов е позајмен од една статија на Руската служба на BBC на тема „Што ја чека демократијата при Трамп?“. Иља Матвеев, од Калифорнискиот универзитет во Беркли, инаку прогласен за странски агент од руското Министерство за ...

Прашањата на малцинствата се екстремно ниски на агендата на меѓународните организациите за заштита на човековите права. Правата на малцинствата премногу често се игнорирани, а многу од нив се исклучени од заштита во меѓународно правните документи донесени за таа цел. Непризнавањето и неприфаќањето на малцинствата создава сериозни проблеми во односите меѓу државите. Всушност, да се биде дел од етничко малцинство често е придружено со ...

Денес и будалите знаат дека бесплатен ручек нема, а уште помалку има бесплатно позајмени пари. Затоа, за нормален, домаќински човек, земањето пари на заем (кредит) не е причина за славење и фалење, туку е повод за загриженост и мотивација како позајмените пари најумно да се искористат за да „произведат“ нови вредности, односно пари. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Секој од нас, барем еднаш во животот, осознава дека времето е пари! Но, она што важи ...

„Пред десет години, ако некој ни кажеше дека сопственикот на една од најголемите социјални мрежи во светот ќе поддржи нова реакционерна интернационала и директно ќе интервенира во изборите, вклучително и во Германија, кој би поверувал во тоа?“. Прашањето го постави претседателот на Франција, Емануел Макрон, на 6 јануари 2024 година, пред француските амбасадори што беа собрани во Париз на новогодишен коктел и презентација на политичките ...

Како што се очекуваше, настан на месецот е посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон – и експлозијата од нервозни реакции од страна на опозицијата и нивните медиуми. Од каде да почнеме? За мене, најзабавно беше да се гледаат обидите посетата да се претстави како неуспешна, со нови теории и линии на напад кои се отвараа на неколку часа, обично откако претходниот напад ќе ја промашеше целта. На пример, дел од опозициските критики се ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
76%
1025
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.45
74%
1025
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.88
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1026
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
86%
1024
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
67%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
66%
1027
Currency

61.645

Currency

53.0784

Currency

70.9022

Currency

37.3437

Currency

38.8244

Currency

67.8745

Currency

7.69271

Currency

0.68361

Currency

0.33692

Currency

0.52518

Currency

1.20703

Currency

0.57706

Паладиум

53659.60

Бакар

11.85

Калај

49.88

Цинк

3.29

Родиум

380986.35

Иридиум

221848.72

Сребро

2744.71

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.26

Злато

166370.79

Платина

69188.41

Рутениум

45750.51