Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Младиот талентиран охриѓанец, Димитар Веслиевски, го објави своето прво официјално музичко издание – песната „Твоето име“. Димитар кој е автор на текстот, со поддршка на познатиот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски, ја сними својата прва песна на свои 19 години. Видеото е реализирано од страна на Даниел Јовески во неговото студио. Песната „Твоето име” Димитар ја посветува на сите слушатели. Погледнете го видеото и уживајте во ...
„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата од областа на теоријата на литературата „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Во првиот (воведен) дел од овој труд авторката ја третира теоријата на романот, почнувајќи од историскиот развој до постмодерните и метафикциските парадигми. Се задржува на дефинирање на романот и неговото место во книжевната теорија, видовите и типологии на ...
13 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 13:00 КИНО УТРО ТАИНСТВЕНАТА ШУМА (Into The Wonderwoods/Angelo dans la forêt mystérieuse) Анимиран филм, Франција, Луксембург 2025, 80 мин., колор, ДЦП Режија: Алексис Дукор, Винсент Пароно (Alexis Ducord, Vincent Paronnaud) Сценарио Винсент Пароно (Vincent Paronnaud) Филмот го следи Анџело, десетгодишно дете кое сонува да стане истражувач и зоолог. Кога оди да ја посети баба си, неговите родители го оставаат на ...
Vienna Strauss Philharmonie Orchestra на 26 февруари ќе настапи во НУ ДРАМСКИ ТЕАТАР – Скопје со почеток во 20 часот. За прв пат во својата историја, Vienna Strauss Philharmonie Orchestra ќе настапи во СКОПЈЕ. Оркестарот е составен од 27 музичари од целиот свет, внимателно избрани од меѓународно жири специјално за оваа турнеја. Ансамблот го диригира Андраш Деак, кој соработувал со реномирани групи како што се Wiener Mozart Orchester, Vienna ...
Денес во кабинетот ми беше особено драго, во посета ми беа Тамара Котевска и Јорданчо Петковски, луѓе што стојат зад една исклучителна македонска приказна која допре до светот, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, ја освои Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors -една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Ова ...
Денеска остварив средба со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан, соопшти претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Со мене тие ја споделија иницијативата за проектот „7/8 – Македонската ритмика“, чија цел е зачувување, афирмација и меѓународна промоција на еден од највредните столбови на македонскиот идентитет, македонската музичка ритмика. За нив, специфичните непарни ритми, особено седум осминскиот, но и 9/8, 11/8, ...
Групата „Фолтин“ е основана во 1995 година во Битола. Нејзиниот музички јазик е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпанскиот, францускиот, португалскиот, романскиот, таканаречениот „спонтан есперанто“ итн., во комбинација со еден звуковен амалгам на жанрови, од традиционална музика преку електроника до рок, и визуелен израз што вклучува елементи на кабаре и на перформанс. „Фолтин“ започна да пее и на македонски ...
Ана Петановска, оркестарот со диригентот Џијан Емин, сценографијата и видеодизајнот беа најдоброто на традиционалниот Василичарски концерт со диско хитови кој се одржа вчера (12 јануари) во Операта. По неколку години оперски арии, популарната музика се врати на сцената, но не и домашните пејачи, кои некогаш беа дел од овие концерти. Заедно со Петановска, настапија Џудит Беноа од Велика Британија, Даниел Ситрит од Данска, Клара Лукас од ...
Револуционерната сага на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ги освои главните награди на 83-те „Златни глобуси“, во категоријата комедија, додека драмата „Хамнет“ (Hamnet) на Клое Жао, ја освои наградата за најдобар филм, драма. „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм, комедија, наградата за најдобра споредна женска улога на Тејана Тејлор, како и за најдобра режија и најдобро сценарио за ...
Пред крајот на 2025 година, Ивица Челиковиќ го објави својот нов роман со наслов „Повратник со две лица“, во издание на издавачката куќа „Паблишер“. Ивица Челиковиќ е препознатлив по своето богато творештво – автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Како докажан автор, има добиено повеќе значајни награди и признанија, како „Млада Струга“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“, „Караманов 2023“, „Златно перо“.Освен како автор, ...
Жрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“ се одржа во Виена вчера, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето на неколку земји. Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, ...
„Зошто го сакаме филмот?“ е мотото на свеченото доделување на 38. Европски филмски награди што ќе се одржи на 17 јануари во прочуената зграда Куќа на светските култури во Берлин. На гала вечерта на Европската филмска академија (ЕФА) ќе се објават најдобрите филмови за 2025 од 88 номинирани во 22 категории, а најавени се 1.000 гости. „Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е фаворит со пет номинации, шпанскиот „Сират“ на ...
Претходниот месец од печат излезе целосниот превод на „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент, во превод на Катерина Јосифоска, а во издание на издавачката куќа „Илика“. Оваа студија претставува клучно дело од областа на политичката филозофија на XX век. Трите главни теми на кои се фокусира авторката се основите, историскиот развој и социјално-политичките последици на империјализмот, на антисемитизмот и на тоталитаризмот. На овој начин се ...
Ацо Алексов е роден на 3 ноември 1932 во Струмица. Тој е македонски актер и режисер. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Театарска академија (Оддел за глумци) во Белград (1953-1958). Првин бил глумец и режисер на Струмичкиот театар, каде што ја формирал Малата експериментална сцена, а потоа асистент на филмска режија во Вардар филм во Скопје (1959-1961) и телевизиски режисер во МРТВ. Алексов е еден од основачите на ...
На денешен ден во музичката историја, Џони Кеш (Johnny Cash) одржа два легендарни концерти пред околу 2000 затвореници во затворот Фолсом (Folsom Prison) во Калифорнија, настапи што ќе бидат засекогаш запаметени и документирани на еден од највлијателните живи албуми на сите времиња, At Folsom Prison. Во средината на 1960-тите, кариерата на Кеш се наоѓала во сериозна криза. Продажбата на плочи опаѓала, публиката се намалувала, а музичката ...
Како дел од нашите напори за систематско архивирање на македонската популарна култура, овој текст претставува проширена биографска белешка за Банкрот блуз бенд – состав со култен статус, за кој изненадувачки постои многу малку консолидиран материјал на македонски јазик во дигиталниот простор. Белешката е составена преку вкрстување на податоци од Македонската рок енциклопедија на Тошо Филиповски (каде бендот се споменува без посебна ставка), ...
Фреско декорација на столбови низ примерот на црквата Св. Пантелејмон во село Мокриево, Струмичко 12.01.2026 • XVI - XIX век Ентериер и мебел Уметност Периодот на втората половина од XIX век е времето кога започнува националната преродба кај македонскиот народ. Во истиот период паралелно се развиваат и другите сфери на општественото живеење, особено во делот на христијанството каде се обединуваат градителството и уметноста како сфери на ...
Билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, кое оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“, се веќе пуштени во продажба. Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација и овој пат на сатиричен и музички начин ќе ја раскаже приказната за изминатата 2025 година, со учество на најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот. Организаторите најавуваат уште едно ...
Самостојната изложба „Лица“ на мултидисциплинарниот визуелен уметник и скулптор Ангел Коруновски во текот на јануари е поставена во галеријата „Мала станица“ во Скопје, а покрај визуелните сензации, изложбата поттикнува и подлабоки размисли за светот во кој живееме. Делата на изложбата „Лица“ се чин на емпатија и бунт – визуелно сведоштво за луѓе што искрено се обидуваат да живеат, да останат луѓе, среде корупција и хаос. Тие стојат како ...
Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си игра со нивните чувства. Цело време, знаците покрај патот ѝ кажуваат дека ги очекува трагедија. И потоа во ненадејна болка, безнадежност и неподвижност, таа почнува да сфаќа дека била предупредена, но тој знак не знаела да го види. И ја стигнува голема казна. Уште со својот прв роман „Вкусот на гревот“ Зорана Шулц покажува дека знае како да ...
Серијата „Адолесценција“ (Adolescence) би можела да добие продолжение, иако првично беше замислена како мини-серија. Стивен Грејам, еден од авторите и актери во серијата, потврди дека заедно со коавторот Џек Торн веќе водат првични, неформални разговори за можна втора сезона. Грејам, кој во серијата го толкува ликот на Еди Милер, татко на главниот лик Џејми, изјави дека идејата е сè уште во многу рана фаза и дека, доколку дојде до ...
Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) информира дека на конкурсот за петте годишни награди за најдобри објавени дела во 2025-та се пријавени вкупно 53 наслови. За изборот ќе одлучуваат жири-комисии, а наградените ќе бидат соопштени во февруари. За наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно дело објавено во 2025 г. се пријавени 17 дела: 1. „Раскази од Бостон“ од Марија Воденска („2-ри август“ – Штип) ...
Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Збирката поезија „Огнени рози“ од младата уметница Лина Кепсарова ќе биде промовирана денеска во 12 часот, во просторот The Dude Specialty Coffee. „Огнени рози“ е интимна поетска целина која низ лирски писма и песни го истражува односот меѓу љубовта, копнежот и емоционалната сувереност. Збирката отвора простор за размислување за нежноста, автономијата и слободата во љубењето, преку силен и ранлив поетски глас. ...
Светот денеска одбележува 150 години од раѓањето на еден од најголемите американски романсиери, Џек Лондон (12 јануари 1876 година, Сан Франциско – 22 ноември 1916, Глен Елен, Калифорнија), автор на „Повикот на дивината“ (1903) и „Белиот песјак“ (1906). Во изминатиот век бил еден од најмногу преведуваните американски автори. Напуштен од татка си, скитник-астролог, израснал во Оукленд, Калифорнија со мајка си. спиритуалистка и очувот, чие ...
На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова (професорка по книжевност за деца). Одлуката за ...
Полвековна творечка Ретроспектива на обемното сликарско дело на Методија Ивановски – Менде /1929 -1995/ е претставена во Галеријата ,,Ранко Струмениковски” во Битола. Посетителите можат да проследат шеесетина вредни, оригинални експонати, цртежи, слики и сценографски скици, почнувајќи од 1946 година па се до смртта на битолчанецот Менде Ивановски. Во богато илустрираниот каталог кој по повод свеченото отворање на Ретроспективна изложба беше ...
Традиционално Џез-матине на Скопскиот Џез Фестивал, со промоција на новите календари за 2026 година (фотографии на Жига Коритник) и концерт на Тони Китановски Трио ќе се одржи викендов во Мака бар. Тони Китановски – Гитара Оливер Јосифовски – Контрабас Алек Секуловски – Тапани Почеток: 13:00 Влез Слободен Традиционално Џез-матине на Скопскиот Џез Фестивал, со промоција на новите календари за 2026 година (фотографии на Жига Коритник) и ...
Аријана Гранде, Тејана Тејлор, Тимоти Шаламе и други големи ѕвезди годинава на Златните глобуси се збогуваа со светлите боите и наместо тоа избраа црна. Многумина од гостите на свеченоста се држеа до испробаниот и докажан гламур на стариот Холивуд. Но, дури и во основната црна боја, црвениот килим беше исполнет со лични детали и разиграни украси. 83. издание на Златните глобуси нуди увид во тоа како славните личности ќе ја прикажат својата ...
Додека Европа сè појасно ја редефинира улогата на културата како двигател на општествен развој, Оулу во Финска и Тренчин во Словачка се издвојуваат како нови културни предводници, подготвени да ја носат титулата Европска престолнина на културата 2026. Ова признание не е само симболичка чест, туку долгорочен процес што ги трансформира градовите – инфраструктурно, културно и општествено. Тренчин – мал град со голема европска амбиција Тренчин, ...
Етнолошко-документарниот филм „Хембој“, во продукција на Музејот на Македонија, авторство на етнологот Елизабета Конеска, ја освои гран при наградата од публиката за најдобар документарен филм на „TEФ фест Крк“ – меѓународен фестивал за туристички и етнофилмови, кој се одржува на островот Крк во Република Хрватска. Филмот триумфира меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Елизабета Конеска повеќе од три децении ...