Во блог-објава од 13 јануари, со наслов „Keeping Bandcamp Human“, музичката платформа Бендкемп (Bandcamp) ги претстави своите нови насоки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Компанијата наведе дека секоја музика „генерирана целосно или во значителна мера од ВИ“ повеќе нема да биде дозволена на платформата, како и дека имитирањето на делата на други уметници со помош на ВИ е „строго забрането“. Oвој чекор, како што соопшти, го презема ...

Штипската публика може да види вкупно 40 дела што се само дел од продукцијата на Иванова и Циглењак. Цртежите и сликите не се уметнички израз на авторите, туку нивен начин на комуникација со светот. „Јана црта, а Филип слика. Оваа изложба е килибар, од едната страна е талентот на Јана кон цртањето, а од другата страна е Филип кој ги развива бојата или апстрактноста. Во очи прво ми падна прецизноста на нејзиниот цртеж, како таа со еден потег, ...

Храмот „Света Петка“ од Прилеп по третпат го реализира Божиќниот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби. На конкурсот се пријавија голем број учесници од Прилеп, а авторите на најдобрите творби беа наградени. Годинашниот Божиќен конкурс предизвика огромен интерес односно беа пријавени дури 400 литературни и ликовни дела. Храмот „Света Петка“ од Прилеп по третпат го реализира Божиќниот конкурс за избор на најдобри ...

Здружението „Бадникови поворки” традиционално и оваа година возобнови уште една празнична традиционална песна овој пат василичарска. Се работи за новогодишната каланда „Чук, Чук, кој иде?“. Текстот е комбинација од делови од старата Дебарско-реканска песна и нов современ но поучен текст. Изведувачи се хорот „Митрополит Козма Пречистански“ и инструменталистите на: кларинет – Игор Бакревски, клавијатури – Вера Поповска, виолончело – Дејан ...

Сараевската група „Бомбај Штампа“ објави нов сингл, , кој го најавува претстојниот студиски албум „Voljeću te vječno, a možda i duže“. Песната е придружена со видео кое носи посебно изненадување, заедно со фронтменот на групата и познат актер Бранко Ѓуриќ – Ѓура, во видеото се појавува и неговата сопруга, актерката Тања Рибиќ. Заедно, тие ги покажаа сите фази од заедничката врска, стилски прилагодени на различни временски периоди. Музиката е ...

Душко Локин и Жељко Самарџиќ ги здружија силите во новата песна „Маестрал“, емотивна балада инспирирана од Медитеранот, ветерот, морето и спомените што траат засекогаш. Песната доби и придружен видео запис, што ѝ даде на оваа соработка целосна уметничка форма. „Драго ми е што конечно снимивме песна заедно. Жељко и мене нè поврзува Задар, градот каде што двајцата живеевме и пораснавме со музика“, истакнува Душко Локин, потсетувајќи се на ...

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2026“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“. Според пропозициите на конкурсот за афоризам, секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови ...

„Двајца обвинители” од украинскиот режисер Сергеј Лозница, како филмски документарец базиран на книга, за настаните и искуствата што се случиле за време на СССР и периодот на владеењето на Сталин, од 15 јануари ќе оживее во домашните кина. Филмот беше номиниран за Златна палма, каде што ја имаше својата светска премиера на престижниот филмски фестивал во Кан, а на 32-от Европски филмски фестивал во Палиќ беше крунисан со Златната кула за ...

Урбан ФМ радио продолжува да го проширува своето влијание на македонската музичка сцена, трансформирајќи го класичното радио искуство во современа мултимедијална платформа што живее и надвор од етерот. Со развојот на своите подкаст формати и застапеноста на социјалните медиуми, радиото прави значаен чекор кон подлабоко, поквалитетно и посодржинско претставување на македонските музичари, нивните приказни и процесот на создавање музика. Урбан ...

Македонскиот народен театар, 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена. Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно ...

Поради големиот интерес на јавноста, изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ во Заводот и Музеј во Битолa беше продолжена до крајот на јануари. Авторката на изложбата, историчарка на уметност од Белград, Маре Јанакова Грујиќ, ја организира оваа ретроспектива по 16-ти пат во регионот, заокружувајќи ја посетата на Македонија во текот на 2025 година.Д-р Ирена Ружин од Завод и музеј спроведе 20 креативни работилници за деца и млади во текот на ...

Диско вечер во полн сјај синоќа во Македонската опера и балет!, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Заедно со Националниот џез оркестар, на традиционалниот концерт по повод Василица, уживавме во легендарните хитови од 70-тите и 80-тите во моќни симфониски аранжмани. ABBA, Дона Самер, Глорија Гејнор, Мајкл Џексон, позната музика во сосема ново, современо руво, што ја крена публиката на нозе и уште ...

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ ќе се изведе на 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет. На 23 јануари со почеток во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и ...

На 16 јануари од 12.30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи комеморација во чест на Драган Б. Костиќ, легендарниот радиоводител кој почина на 20 декември 2025 по кратко боледување. Комеморацијата ја организира семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“. Како што ни рекоа од семејството на Костиќ, ќе зборуваат дел од неговите долгогодишни пријатели и соработници. Роден во Скопје во 1950, Костиќ ја ...

Синоќа Македонската опера и балет го напушти вообичаениот свечен тон и се претвори во вистински диско подиум. Симфонискиот оркестар и Џез оркестарот, обединети во редок и моќен музички сојуз, заедно со пет врвни солисти, приредија концерт кој повеќе личеше на голема журка отколку на класичен концертен настан. Публиката од самиот почеток едвај се задржуваше на столчињата, носена од енергијата што се ширеше од сцената кон салата. Вечерта беше ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o ...

Dead Man’s Wire е американски криминалистички трилер во режија на Гас Ван Сент, а сценариото е на Остин Колодни, кој го работел истото со историските консултанти Алан Бери и Марк Инокс – автори на документарецот Dead Man’s Line (2018), посветен на истите настани. Филмот е инспириран од вистинската заложничка криза од 1977 година во Индијанаполис, поврзана со контроверзниот Тони Киритсис. Во главната улога настапува Бил Скарсгорд како ...

Во сабота, 17 јануари 2026 година, во Кинотека на Македонија ќе се одржи Денот на млада публика, како дел од официјалната програма на European Young Audience Award – престижна награда што претставува официјална категорија на European Film Awards. На настанот во Скопје ќе учествуваат 50 до 60 ученици од основни и средни училишта, кои истовремено со илјадници нивни врсници од цела Европа ќе ги гледаат номинираните филмови и ќе гласаат за својот ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o morte!“ ...

Во рамки на „Деновите на претстави од независна продукција“ од вечерва до сабота на сцените „Ристо Стефановски“ и на малата сцена во Драмски театар – Скопје ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ од Скопје. Вечер во 20 часот ќе биде изведена претставата ...

Студираше камера во Софија (Бугарија) и целото искуство и знаење го покажа во македонскиот етер. Александар е син на Лина и Панта Мижимаков – првиот македонски продуцент кој му ја пренесе љубовта кон камерата. Работеше на документарни и културни емисии, филмови, македонски народни приказни, информативна програма, спортски настани, а беше и долгогодишен снимател во утринската емисија. Беше посветен татко и сопруг. Ќе го паметиме по неговата ...

Саша Николовски – Ѓумар е роден во Битола, во 1966 година. Тој беше истакнат македонски диригент и универзитетски професор. Ѓумар дипломирал на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Во 1996 година специјализирал на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков” во Санкт Петербург кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999 година ги завршил ...

Годинешното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на учесниците. Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски од Цветко Багашевски, еден од најпознатите учесници на карневалот, кој секоја година се претставува со повеќе маски. Наредниот ден ќе се објават резултатите од литературниот ...

По години фрагментарни спомени, расфрлани фотографии и усни истории, на македонската Википедија конечно е објавена првата оригинална и систематска статија посветена на графитите во Македонија. Ова не е превод, ниту адаптација од странски извор, туку текст произлезен од локално знаење, теренска работа и долгогодишно архивирање на сцената. Што постоеше досега (и зошто беше проблем) Македонската верзија на статијата „Графити“ e во голема мера ...

Во „Котур“ во Скопје на 17 јануари од 21:30 часот ќе се одржи концерт на „Taxi Consilium“ и „Galactic Effendi“. „’Taxi Consilium’ e спиритуално присоединување на четири озлогласени арамии од болникавиот македонски џез етер и сите други офтикави форми на музичка експресија (членови на: Cobalt Code Unit, Yordan Kostov Quintet/Ensemble, Filip Bukrshliev Trio, Fighting Windmills, Строг Пост, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Shock Troopers, ...

По направената селекција од пристигнатите апликации годинава на „Деновите на претстави од независна продукција“, ќе се играат претставите на четири независни продукции. Од 14 до 17 јануари на сцените „Ристо Стефановски“ и на Малата сцена ќе се играат претставите „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје, „Delirium tremens“ на „Театарска работилница“ – Прилеп, „Кротка“ во продукција на „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци и „Сина сенка“ ...

Белградската филхармонија пристигна во Индија за два концерти што ќе ги одржи со познатиот маестро Зубин Мехта во Мумбаи, на 15 и 16 јануари, во чест на неговиот 90-ти роденден. Филхармонијата беше пречекана и прифатена со највисоки почести, а средбата со Мехта во пресрет на првата проба беше трогателна и емотивна. Сосема симболично, од неговиот роден град, и со Белградската филхармонија, која му ја даде првата професионална можност уште во ...

Исконска традиција на џоломари, изложба на фотографии посветена на џоломарството во кавадаречко, е отворена во Музеј галерија Кавадарци. Автор на изложбата е виш кустос, Томе Крстевски. Тој пред присутните рече дека значаен сегмент кај духовната култура на Македонците, но и пошироко на Балканот заземаат обредите со маски. Крстевски појани дека во нашата традиција обредите со маски се практикуваат главно во зимскиот период односно зимскиот ...

Според јулијанскиот календар денес е последниот ден од 2025 година. И, како што е редот, на последниот ден од годината добро е да се сумираат и презентираат резултатите од сработеното во годината што изминала. За да се види што и колку сме сработиле во изминатава година споредбено ќе ги претставиме 2023, 2024 и 2025 година, вели директорот на Драмски театар Роберт Вељановски. За да се има појасна слика треба да се напомене дека Министерство ...

Писателката Колин Хувер, позната по бестселери како што се „Ова завршува со нас“, „Верити“ и други романи, откри дека се лекува од рак. Таа сподели информации за својата состојба преку објави на социјалните мрежи. Третман со зрачење Авторката објави фотографија од себе како позира во болничка мантија пред радиотерапијата на својот Инстаграм профил во понеделник, 12 јануари. „Претпоследен ден од зрачењето! Жалам што не можев да ја обвинам ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
80%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
0.58
61%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
89%
1029
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
71%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
84%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
67%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.61
86%
1030
Currency

61.635

Currency

53.0784

Currency

70.9022

Currency

37.3437

Currency

38.8244

Currency

67.8745

Currency

7.69271

Currency

0.68361

Currency

0.33692

Currency

0.52518

Currency

1.20703

Currency

0.57706

Алуминиум

3.15

Бакар

12.14

Платина

75811.46

Родиум

384201.42

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

212342.22

Сребро

3043.39

Цинк

3.33

Калај

57.67

Злато

173443.31

Паладиум

57164.03