Белград
11ᴼ /
10ᴼ
По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон. Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели: „Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“ Следуваат кадри од детството на ...
Куманово, 6 ноември 2025 (МИА) - Актерот на кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, ја доби наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма, ИФАД „Стоби“ 2025, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Жирито на фестивалот, Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, донеле едногласна одлука годинешнава награда за најдобра машка улога, да му припадне на Трајковиќ кој ја толкува ...
Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 18 часот ќе биде доделена наградата „Вавилон ЗПРМ“ што ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Наградата претставува највисоко признание што го доделува Здружението на млади книжевни преведувачи чија цел е афирмација на книжевниот превод и преведувачката професија во земјата. ЗПРМ е професионално здружение што го основале десетмина угледни слободни преведувачи и ...
„Операта и балетот се во сржта на културата на многу луѓе кои живеат во Лондон и на југот на Англија“, рече еднаш во парламентот поранешниот конзервативен министер Џејк Бери (сега член на партијата Реформ УК). „Но, за многумина од нас на северот, тоа место го зазема нашиот локален фудбалски клуб – нашите Глајдборн, Кралскиот балет, Кралската оперска куќа или Ројал Шекспир Компани се Блекбурн Роверс, Акрингтон Стенли, Бароу, Карлајл или ...
Центарот за култура – Битола со голема чест го најавува 17. издание на Фестивалот на музика од светот, кое оваа година ќе се одржи од 27 ноември до 1 декември 2025 година под мотото „Уметноста на звукот“. Во текот на петте фестивалски вечери, Битола ќе живее во духот на world music – универзален јазик што ги спојува народите, културите и генерациите, создавајќи мост меѓу традицијата и современиот звук. Светска музика. 5 вечери. Една енергија. ...
Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека целта на фестивалот е да ја покаже важноста на книжевниот превод како уметнички и творечки чин и како поттик за книжевна размена и културен дијалог. Фестивалот е осмислен како простор за разговор, соработка и нови инспирации на авторите, преведувачите, издавачите и читателите. Тој е отворена културна прилика да им ...
По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...
Охрид денес се простува од уште една урбана легенда. Почина Владимир Ангеличин Жура, македонскиот новинар и публицист кој целиот свој живот го посвети на зачувување на охридското културно наследство. Contents Владо Жура, роден на 3 ноември 1946 година во Охрид, ја испиша најзначајната страница во документирањето на минатото на овој древен град. Неговата кариера започна уште како млад, кога во 1961 година стана уредник на Радио Охрид, позиција ...
Блаже Конески – основоположник на современиот македонски јазик, поет, истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик – прв претседател на МАНУ Блаже Конески: МОЛИТВА Спаси ме Боже, од болните луѓе што се накажани, та не се криви, нивната злоба умерено суди ја, самите од неа одвај се живи. Тие се мислат повикани да водат како Мојсија и другите пророци а самите не можат да се ослободат и влечат по себе ситни пороци. Дај ...
Филмовите „Макреме“ и „Три манастирски цркви во кумановско“ на НУ Музеј Куманово добија награди на 33-то издание на фестивалот „Камера 300“ во Битола, информираа на денешната прес-конференција од Националната установа Музеј Куманово. -Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог ја освои престижната награда „УНИКА“ за уметнички пристап и автентично претставување на традицијата, културолошка, тематика која ја претставува богатата ...
Радовиш, 6 ноември 2025 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Советот на 52 Караманови средби ги распишаа конкурсите за најдобар поетски ракопис и најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2025“од македонски автори и конкурсот за најдобар поетски раскопис од странски автор за доделување на наградата „Ацо Караманов 2025″. Конкурсот за македонски автори трае од 5 до 15 ноември 2025, а може да учествуваат автори од Република ...
Охридскиот " Завод и Музеј" во конкуренција од 150 европски музеи ја доби наградата "Жива " за најдобар словенски локалитет и со ова е првиот македонски музеј кој има добиено вакво високо признание. Наградите „Жива“ инаку се ценат како транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети, во словенската заедница што опфаќа ...
Со изложбата одржана во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, беше заокружен циклусот на патувачките изложби во рамките на проектот „Живеј со стил – поддржи различности“, во организација на Здружението „Икуалити“. „Делчево како седми и последен град, беше домаќин на оваа уникатна културна иницијатива и со 32 портрети на лица со попреченост успеа да ја раскаже приказната за силата, инспирацијата и човечките вредност“, ...
Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми Декември, Св. Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша Награден ученички конкурс за најдобра поетска творба. Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски. По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории: I За ученици од одделенска настава (од прво до петто ...
На 7 ноември (петок) 2025, од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија ќе биде отворена изложбата „Слики од под планината“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Изложбата е составена од 20 слики, насликани со маслени бои, во кои авторот преку својот препознатлив стил и експресија ги изразува своите моментални чувства. Фигуративните сцени се често претставени во зелена средина, секојдневни сцени, наизглед обични, но создадени ...
Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните современи македонски поети, книжевни критичари и преведувачи – Бранко Цветкоски, автор со богат меѓународен опус и со над четириесет издадени книги. Публиката ќе има можност да се запознае со поетскиот универзум на Цветкоски – свет исполнет со тивки човечки приказни, интимни чувства и длабоки поетски согледби кои ги спојуваат духовноста и современоста на македонскиот збор. ...
Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, вечерва (7 ноември) од 19.00 ч., ќе се одржи музичко ликовна вечер. Вечерта е под мотото „Уметност во звук и форма“. На пијано ќе настапи Огненка Герасимовска-Димитровска, која ќе се претстави со музика од познати композитори. Ќе има и изложба на скулптури од Александар Ефтимовски. Ефтимовски е македонски автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено ...
Центарот за култура – Битола со голема чест го најавува 17. издание на Фестивалот на музика од светот, кое оваа година ќе се одржи од 27 ноември до 1 декември 2025 година под мотото „Уметноста на звукот“ Во текот на петте фестивалски вечери, Битола ќе живее во духот на world music – универзален јазик што ги спојува народите, културите и генерациите, создавајќи мост меѓу традицијата и современиот звук. Светска музика. 5 вечери. Една енергија. ...
На сцената на Националната опера и балет, денеска (7 ноември) со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и за одмаздата, преточени во операта „Палјачи“, на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар ...
Со многу емоции, сеќавања, но и со доза на оптимизам и хумор, вчеравечер (5 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, само неколку дена по одбележувањето на една година од заминувањето на „мајката на сите македонски писателки“, се одржа свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоцијата на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски. Романот, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ...
Ема Стоун е родена на денешен ден пред 37 години. Оваа двојна оскаровка е позната и по својот уникатен стил, а токму црвениот тепих е местото каде што ѕвездата навистина блеска. Стоун своето филмско деби го имаше во тинејџерската комедија „Superbad“ од 2007 година, по што доби позначајни улоги во филмовите „Zombieland“, „Easy A“, „The Help“ и „Birdman“. Својот прв Оскар го освои за главната улога во филмот „La La Land“ од 2016 година, а втора ...
Тетовскиот реге бенд Conquering Lion го најавува својот најнов студиски албум „ONE WORLD“ – моќна музичка порака за единство, љубов и духовно будење во поделениот свет. Преку свесни текстови и ритми инспирирани од корените на регето, албумот ги спојува борбата против скршениот систем и надежта за подобро утре. „ONE WORLD“ е безвременски потсетник дека и покрај хаосот, сите сме дел од еден свет – еден народ, една љубов. Conquering Lion е ...
Скопската „Арапска куќа“ ја изградил Ерменецот Агоп Дикиџијан како подарок за својата невеста Агавни. Вилата е изградена во 1936–1938 година и се издвојува со својот уникатен псевдомаварски стил, кој ја прави единствена во Скопје. Препорачано Внатрешноста е богато декорирана со разнобојни мермери, резби и скулптури, додека фасадата плени со шарени мотиви, необични прозорци и балкони, како вистинско уметничко платно. Љубовната приказна завршува ...
Археолозите во Перу имаат нови наоди за тоа како најстарите цивилизации во Америка се прилагодиле и преживеале климатска катастрофа – без да прибегнат кон насилство… Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата на Карал постоела приближно во истовреме кога ...
Филмот „Силјан“, во режија на Тамара Котевска, добива големо меѓународно внимание откако National Geographic го објави неговиот трејлер. Инспириран од народната приказна за момчето Силјан, кое по кавга со татко му се претвора во штрк и го напушта својот дом, „Силјан“ претставува современа приказна за судбината на Источна Македонија, преку односот на еден земјоделец со бел штрк, како метафора за човечкиот опстанок, нежноста и надежта. Трејлер за ...
Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди. Како што најави НУ Оркестар за џез музика на РСМ, диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. На сцената во Скопје ќе настапат и Расел Феранте, ...
На осми ноември (сабота), во Јавна соба, во рамките на Скопје дизајн вик (Skopje Design Week), македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Афро Гитано“, заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ. Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбана електроенергија претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и ...
Изложбата „Автопортрети и неколку палети“ на Мирослав Масин ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „Остен“ во Скопје. Станува збор за самостојна изложба на слики и објекти на познатиот уметник. Мирослав Масин (р. 1963 г.) дипломирал на Факултет за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, ...
Hello Kitty конечно пристигнува на големото платно, откако Warner Bros. Pictures Animation и New Line Cinema официјално потврдија дека работат на големо игранo-анимирано остварување посветено на омиленото јапонско маче. Филмот се развива во партнерство со Sanrio и продуцентската компанија FlynnPictureCo., што претставува историски чекор за глобално популарниот бренд. Ова ќе биде прво поголемо англиско-јазично филмско издание за ликот создаден ...
Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска е награден за најдобро уметничко остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, Јапонија. Наградата ја прими режисерката Стругар-Митевска откако пред неколку недели од Филмскиот фестивал во Хаифа, Израел филмот доби специјално признание во интернационална конкуренција. „Мајка“ претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20. век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна ...