Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име, а е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Со многу емоции, сеќавања, но и со доза на оптимизам и хумор, на 5 ноември во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, само неколку дена по одбележувањето на една година од заминувањето на „мајката на сите македонски писателки“, се ...
Годинашното 34. издание на Меѓународниот фестивал „Диваделна Нитра“ во словачкиот град Нитра, остана верно на идејата и мисијата – да привлече внимание кон низа социо-политички прашања, одразувајќи го егзистенцијалното чувство на современиците Пишува: Марија Карилоска, актерка Денес повеќе од кога било, да се создаде култура значи да се спротивставуваш, да водиш битка за смисла против инертноста, недостатокот на хоризонт, демоните на стравот, ...
Во Драмски театар Скопје на 5 ноември се одржа првата проба на претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов. Претставата е петта и последна планирана претстава од Годишната програма за работа на театарот, поддржана од Министерството за култура и туризам. Препорачано Текстот „Болва в уво“ е напишан во 1907 година од францускиот драмски писател Жорж Фејдо (1862 – 1921). Тој напишал 39 драмски текстови, а најголемите успеси ги достигнал ...
Театарот „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, а чија премиера се очекува во текот на овој месец. Во претставата играат Александар Степанулески, Димигар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Сара Спиркоска и Михајло Миленкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Марија Пупучевска, музиката е на Горан ...
На 14 ноември во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција на новата збирка раскази „Наназад“ од авторот Стефан Алијевиќ. Книгата ја промовираат Румена Бужаровска и Јана Медиќ, а по промоцијата следува афтер-промо забава во кафе-барот „Љубов“ со DJ Ginger. Збирката „Наназад“ нуди патување низ авторовото детство, но истовремено го истражува стремежот кон подобра иднина. Како што пишува критичарот Петар Андоновски: „Кај Алијевиќ ништо не е под ...
Македонската академија на науките и уметностите избра 14-мина нови членови на своето 21. Изборно собрание, додека во редовни членови ги промовираше економистот Изет Зеќири и геологот Блажо Боев. За нови дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички ...
– Секое платно во оваа серија е поглавје во тековната автобиографија, не на настани, туку на состојби на битието. Не сме сведоци на линеарен наратив за еден живот, туку на спирално спуштање во длабочините на уметничката свест. Лицето што нè гледа од овие дела е познато, но бескрајно променливо – сад за интроспекција, превирања, спокојство и неуморно течење на времето – посочуваат од „Остен“ „Автопортрети и неколку палети“ е насловот на новата ...
„Куќа на порцеланот“ е насловот на изложбата на уметникот Филип Фидановски, која ќе се отвори на 10 ноември, во 20:00 часот, во фоајето на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. На изложбата ќе бидат претставени скулптури и инсталации во простор. – Во контекст на современата македонска уметничка сцена, „Куќа на порцеланот“ е редок пример на естетска реконекција со индустриското минато и сензибилен коментар за сегашноста. Фидановски ...
На 6 ноември во Кино салата во железничка зграда во Скопје, беше изведена театарската претстава „Бес и гнев: Студии за авторитарниот карактер“, копродукција на бугарско-германскиот изведбен колектив LIGNA [Хамбург]. Претставата ја истражува привлечноста на авторитарните движења во Европа и ја поставува публиката во центарот на искуството. Распоредена во квадрат, публиката го набљудува самиот себе и другите, додека преку слушалки следи ...
Деновиве се извршуваат завршните активности, последната фаза од годинашната конзервација на мермерните елементи од гледалиштето во театарот, во археолошкиот локалитет Стоби. Дваесетината мермерни плочи се враќаат, откако се изврши санација на местото каде беа лоцирани. Вратените мермерни седишта се оригиналните од времето кога театарот бил изграден, во 2 век а постоел до 4-тиот. Со ова се отвора можноста веќе од следната година Фестивалот на ...
„Ворнер брос“ го објави враќањето на гремлините, кои доаѓаат во кината во ноември 2027. Извршниот директор на компанијата Дејвид Заслав изјави дека „Гремлини 3“ ќе има светска премиера на 19 ноември 2027. Тој потврди дека Стивен Спилберг ќе биде извршен продуцент, а филмот ќе го режира Крис Колумбус. Други детали засега не се познати, вклучувајќи ги дејството и актерската екипа. Оригиналната хорор комедија излезе во 1984 година и следеше момче ...
Фестивалот Skopje Design Week 2025 се отвора со саем на еколошки бизниси, 8. и 9. ноември, во PUBLIC ROOM. Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени. По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less повторно ја ...
„Ареа“ е бенд на сите генерации – концертот во Скопје ја врати магијата на 90-тите На синоќешниот концерт „Ареа“ уште еднаш покажаа и докажаа дека се бенд кој е омилен за многу генерации. Беше навистина уживање да се биде меѓу прекрасна публика, постари, помлади, родители миленијалци кои пред четврт век уживале во сите овие хитови сега со своите веќе поголеми деца од над 10 години кои пееја во еден глас со своите мајки и татковци. Јас сум ...
Соработници на албумот што ќе ја делат сцената со Китановски се легендарниот африкански перкусионист, гитарист и вокалист Баба Сисоко (Baba Sissoko), и нашиот елитен хип-хопер Гоце Трпков (DJ Goce). Вчера официјално излезе нивниот прв албум на винил и во дигитална форма за британската куќа Вилиџ лајв рекордс (Village Live Records), а синоќа триото настапи во клубот Соул СКГ (Soul SKG) во Солун. Ограничен број билети за ова несекојдневно ...
Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани. Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската ...
Вечерва (9 ноември) од 20 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе настапи во Велес со неколкумина македонски поп пејачи. Тој од пред некој ден го носи името „Битолски оркестар Дива“. На репертоарот ќе бидат македонски шлагери, кои ќе ги пеат Андријана Јаневска, Никола Перевски-Пере од „Нокаут“, Ана Петановска, Димитар Андоновски и Полина Тасева. Концертот е дел од содржините на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес. Ќе се ...
Три интересни дела од македонски автори кои треба да ги прочитате Ви препорачуваме три дела од тројца македонски автори - еден роман, една збирка раскази и една книга со поезија... ако не за да ги прочитате, тогаш можеби да ги подарите на некој што е љубител на убавиот пишан збор. Години наназад македонските автори создаваат пишани дела вредни за почит. Без оглед дали станува збор за проза или поезија, читателската публика го препознава ...
Еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, Дејан Дуковски, ќе биде Автор во фокус на јубилејното 60-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Препорачано Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дејан Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни ...
Културниот центар „Интерарт“ и Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција на прес-конференција го објавија востановувањето на националната награда „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници, со цел да се охрабрат идните македонски таленти. Препорачано Иницијативата за националната награда доаѓа од примабалерината Роксан Стојанов, која во декември 2024 година стана прва балерина со македонско потекло, која е ...
Како што дознава Балкан Мјузик телевизија, на убавиот македонски празник Митровден, познатата македонска фолк пејачка Елена Јовческа доби ќерка! Радоста е огромна, а Елена не го крие своето воодушевување и среќа што конечно го дочекала најубавиот момент во животот – моментот кога станала мајка. Во изјава за Балкан Мјузик, Елена со трепет во гласот откри дека породувањето поминало прекрасно и дека нејзиното срце сега чука побрзо од кога било: ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 306, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-9.11.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со Деспина Ангеловска, театролог и професор на ФДУ: Самата сум прободена од убавината на драмското творештво – разговор со Јулија Кастелучи, концептуална уметница: Тренирам метафизички џогинг по стварноста – балетската ...
Скопје, 8 ноември 2025 (МИА) - Едукативниот проект „Различни приказни, заедничко платно“, наменет за деца од различни етнички заедници на возраст од 9 до 14 години ќе се одржи денеска и утре во организација на Вардар филм – Скопје. Проектот, како што се наведува во соопштението на организаторот, има за цел да поттикне пријателство, креативна соработка и меѓуетнички дијалог преку заедничка работа во областа на филмската уметност. - Во текот на ...
По 31 година од првото појавување, Т.Б. Трачери го добиваат својот прв винил: „ГРЕЈТЕСТ ШИТС“ — албум што ја собира енергијата и саркастичниот дух на бендот во избор од 2001 до 2011 година. Плочата е во лимитирано издание и е наменета за колекционери и за сите што сакаат да го слушнат бунтот „од игла, не од алгоритам“. Изданието доаѓа како артефакт и како ревија на култни теми што мирисаат на подруми, летни бини и гаражни проби — онаа ...
„Некои луѓе доаѓаат да свират. Други, да го изгубат умот на сцена. ‘Budokan Boys’ доаѓаат да ја испушат реалноста и да ја изгасат во твојот мозок“. Вака стои во најавата за вечерашниот концерт (сабота, 8 ноември) во „Ла Кања“ на дуото „Budokan Boys“, кои, ден потоа (недела, 9 ноември), ќе настапуваат и во култното радио „Канал 103“. „’Budokan Boys’ е музичкa авантура на Џеф Т. Бирд и Мајкл Џефри Ли, двајца бегалци од Њу Орлеанс кои најдоа ...
Втората книга на Маја Симоновска, „Опасноста што ја љубам“, наскоро во продажба По големиот успех на нејзиниот дебитантски роман „Сенката што ме чува“ авторката Маја Симоновска се враќа со уште посмела и посилна приказна “Опасноста што ја љубам“ што ќе ве држи во неизвесност и ќе ви ја украде ноќта. Маја повторно не носи во свет каде љубовта и опасноста се испреплетуваат, овој пат во срцето на Италија, и низ улиците на Њујорк. Приказна за ...
Култниот кумановски рокенрол бенд „Т.Б. Трачери“ го доби своето прво винилно издание во повеќе од 30-годишното постоење. Албумот насловен „Грејтест шитс“ е компилација на некои од најпознатите песни на групата предводена од Кирчо Арсовски. Во издание на „Корпус деликти рекордс“ на Тошо Филиповски, на албумот се најдоа 12 песни избрани од четирите студиски албуми на „Трачери“, снимени во периодот од 2001 до 2011 година. Извршен продуцент на ...
Првата епизода на анимираната серија „Буквождер“ премиерно ќе биде емитувана на 8 ноември, во 20:15 часот, на МРТВ и на јутјуб-страницата на „Бушава азбука“, како и на каналите на „Види Вака“. Препорачано Новата македонска анимирана серија за деца, која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото, е со наслов „Буквождер“. Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури ...
Кратово, 7 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на Кратово денеска се одржа промоцијата на книгата „Етнолошко-фолклористички потенцијали за развој на етнотуризмот во Општина Кратово“ од авторката Лиде Стојановска. Книгата е резултат на истражување под менторство на професор д-р Зоранчо Малинов, а рецензенти се прoфесор д-р Зоранчо Малинов и м-р Драган Георгиевски. Промотори беа директорката на Музејот на град Кратово, Марина Крстевска проф. Малинов. ...
По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници Ана и Игор Дурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера и балет. Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски. Ана Дурловски Ана Дурловски е сопран со ...
Денеска (8 ноември) во Националната опера и балет ќе се одржува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“, што ќе трае од 9 до 22 часот. На големата и на малата сцена ќе настапат над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави, кои ќе играат класичен и современ балет и џез и ќе изведат акробатски и шоу танци. „Со секое издание, настанот станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија ...