Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Во Културно-информативниот центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 1 вечер ќе биде отворена изложбата „Заедно“ од ликовниот уметник Ивона Петрова, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година. Наградата „Борко Лазески“ која го носи името на основоположникот на современото монументално сликарство во Македонија, се доделува веќе 30 години, а е формирана од фамилијата на авторот и Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ) за ...
Некој кришум закачил слика генерирана од AI во музеј во Велс и тоа помина незабележано од стотици посетители Уметнички трол успеа да постави принт создаден со вештачка интелигенција на ѕидот на Националниот музеј во Кардиф, а делото стоеше таму со часови пред да биде откриено од посетителите. Оваа смела акција повторно го отвори прашањето: Се менува ли светот на уметноста со доаѓањето на вештачката интелигенција? Содржина: Скриено дело: Елиас ...
Дебар, 11 ноември 2025 (МИА) - Фолклорната група „Преспа“, по пауза од неколку години, повторно, со голем елан на младите македонски фолклористи и нивниот раководител Лазо Стојан, ги вежбаат традиционалните македонски песни и ора и ги презентираат на фестивали на национално и меѓународно ниво. -По многу години пауза, Преспа повторно го разбуди ритамот на традицијата. Со љубов кон културата и со поддршка од Општина Пустец и градоначалникот Пали ...
Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа. Во рамките на фестивалот ќе има три промоции на албуми и интересни македонски блуз проекти. Меѓу гостите се Hamilton Loomis, американски добитник на Греми, Norman Beaker, легенда на британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame, и Tony Holiday, кој ...
Квартетот „Полихимнија“, составен од професорки од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ денеска ќе настапи во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул. Ансамблот, формиран во 2017 година, го сочинуваат Николина Ефтимова (флејта), Риана Рамиз (виолина), Маре Бадарева (виолончело) и Вирица Шотаровска (пијано). На концертот во Истанбул ќе биде изведена програма која ги спојува барокните дела на Corelli и Vivaldi, ...
Во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35-тото и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект е насловен „Колективна културна меморија: Постмеморија“ и е кураторски концепт на Ана Франговска, претседателка на колонијата. Соработник на биеналната изложба со елабориран есеј е Натали Рајчиновска Павлеска. Како што се ...
„Заедно“ е насловот на изложбата на дела од Ивона Петрова што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Петрова е добитничка на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година која се доделува веќе 30 години. Наградата се доделува за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности и подразбира организирање на самостојна изложба во КИЦ. – Мотивите за создавање на уметничко дело се ...
На денешен ден, 12 ноември, во 1929 година е родена Грејс Кели, една од најелегантните и највлијателни жени на 20 век – холивудска ѕвезда која стана кнегиња на Монако и вечен симбол на стил, грациозност и достоинство. Уште на дваесетгодишна возраст, Грејс се проби на њујоршката театарска сцена, а нејзиниот блесок ја освои публиката со филмовите Mogambo, Rear Window и The Country Girl за кој ја доби и награда „Оскар“ за најдобра женска улога. ...
Во современата македонска литература многу автори користат псевдоними, но ретко кој со толку различна функција и значење како Бранко Прља. За него, тие не се маски туку различни лица на истиот авторски идентитет – начини да се испитаат границите на жанрот, сопствениот глас и односот со публиката. Берт Стајн – експериментот на новиот идентитет Псевдонимот Берт Стајн се појавува во период на неговата интензивна писателска активност, кога Прља ...
По родословот 30 години Суперхикс, Арно.мк повторно нурнува во архивите на македонската алтернативна сцена. Новиот визуелен плакат, со наслов „Панк/рок семејно стебло: Two Sides & Denny Te Chuva“, го следи развојот на неколку генерации музичари поврзани преку заеднички бендови, свирки и идеали – од 90-тите до денес. Овој плакат е дел од пошироките напори на Арно.мк за архивирање и систематизација на македонската поп-култура, со особен фокус ...
Младен Војичиќ – Тифа по долго време објави нова песна, насловена како „Anđeo u paklu“. Ова е воедно и почеток на неговата соработка со издавачката куќа „Hit Records“. „Оваа работа е единственото нешто што знам да го правам и верувам дека забележавте дека сум малку поинаков од другите, и поради мојот животен стил и поради мојата апсолутна посветеност на музиката. За мене, тоа беше вистинско освежување, но и нормален след на настани, ...
Во време кога хакерите беа романтични херои, а интернетот ветуваше слобода, се роди нешто друго – една дигитална митологија што го проголта сопствениот идеализам. „Исповед на еден кибер-терорист“ е иронија и пророштво истовремено: приказна за тоа како податоците стануваат религија, револуциите се претвораат во линкови, а вистината – во рефлексија на лагата. Авторот го пишува овој текст во форма на весник од иднината, каде што хуморот и апсурдот ...
Во периодот од 6 до 8 ноември 2025 година, во киносалата во Арена Синеплекс во Нови Сад се одржа третото издание на меѓународната филмска манифестација „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“, во организација на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE Film Festival Paris-Berlin-Washington) и Интернационланиот универзитет Еуропа Прима – Скопје, во соработка со Културниот центар на Војводина „Милош ...
Наградата за најдобар долгометражен филм „Златен Александар – Тео Ангелопулос“, придружена со парична награда од 10.000 евра, му беше доделена на филмот: „Памукова кралица“, деби на суданската режисерка Сузана Миргани, победи на 66. Солунски филмски фестивал и ја освои наградата Златен Александар за најдобар филм во Меѓународната конкуренција и 10.000 евра. Филмот е приказна за еманципација на млада девојка, берачка на памук во долината на Нил, ...
Со длабока уметничка посветеност и богат духовен набој, збирката „Арабеска“ од Милчо Мисоски го остварува она што многу ретко се случува – преку поетската форма, авторот не само што се враќа кон античките симболи на убавината и добрината, туку ги поставува како основа за визија на подобар свет. Во овој книжевен труд, идеалот за естетско и етичко, во сите нивни облици, форми, закони, предмети и појави, добива свој пиедестал, а читателот е повикан ...
Демир Хисар, 11 ноември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, денеска во локалниот дом на културата „Илинден“ ќе приредат ликовна изложба. За културната јавност во Демир Хисар ќе бидат презентирани ликовни дела од меѓународната ликовна колонија „Михајлово - Кавадарци”, најавија од тамошната локална самоуправа. Ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“ годинава се одржа по 29-ти пат, ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Коцка по коцка квадрат“ на академската уметница Валентина Илијевска. -Најновиот ликовен опус на академската уметница Валентина Илијевска, со наслов „Принцип на квадрат“, како тема го издигнува на пиедесталот синото присуство на квадратот. Квадратот како облик и форма со децении е присутен во делата на многуте ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Отсуство на смртта во преднеолитските и неолитските култури“. - Во рамки на изложбата ќе бидат прикажани одредени аспекти во контекст на разбирањето и дефинирањето на смртта во преднеолитските култури (од неколку локалитети од Анадолија) и во подоцнежните неолитски култури (од збирката Церје – Говрлево), соопшти Музеј на Град Скопје. хс/са/ ...
На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод “11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, Градоначалникот Максим Димитриевски додели Благодарници на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој допринос во општеството. Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен уметник ...
–„Геометрија на материјата“ е просторна истражувачка поставка која ги истражува енергијата и материјалноста преку геометриска апстракција, каде што цртежот се претвора во медиум за размислување за односот меѓу видливото и невидливото, структурата и движењето, формата и празнината. Надминувајќи го човечкото тело како точка на референција, проектот ја истражува невидливата архитектура на материјата – нејзините ритми, тензии и трансформации – ...
На 14 ноември, петок, во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “„55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година ...
По успешниот концерт во престижната сала „Музикферајн“ во Виена, каде што настапот беше пречекан со овации, Македонската филхармонија повторно се враќа на својата матична сцена во Скопје. Во четврток, со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во програмата насловена „On Air“, која ќе обедини исклучителна енергија и музичка виртуозност. На концертот ќе настапи реномираниот македонски кларинетист Васко Дуковски, уметник со ...
Весна Писаровиќ првпат во Македонија - емотивен и ексклузивен концерт во Скопје! Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа 2000-тите години ќе одекне со својата полна сила, во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика. Во организација на Евентум продукција, македонската ...
Изложба со наслов „Стопен град“ на Игор Сековски ќе биде отворена на 14 ноември 2025 (петок) во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот. Со проектот Стопен град, Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз ...
Од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје упатија поканува на последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“. Концертот насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје соопшти дека последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“ насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки награди на неколку ...
Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта. Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%. Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот. Оваа намалена цена важи ...
Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...
Од 13 до 18 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува Недела на јапонски филм. Отворањето е со филмот „Под отворено небо“ (фото) по сценарио и режија на Миуа Нишикава, според роман на Рјузо Саки. Програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија. „Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, ...
Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во ...