Филмот „Балада за лонецот и капакот“ во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Ивана Шекуткоска и Минимал Колектив Продукција, е меѓу избраните проекти што ќе добијат финансиска поддршка во рамки на 2025 Funding Round на SEE Cinema Network. Официјалната најава беше објавена во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун (TIFF66), каде што SEE Cinema Network ги претстави добитниците на овогодинешниот развоен фонд, соопшти Агенцијата ...

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“, со омилените детски херои Биби и Боби, освои ново меѓународно признание – наградата „Млади Хоризонти“ (Young Horizons Award) на престижниот CEE Animation Forum, што се одржа од 4 до 6 ноември во Плзењ, Чешка. На форумот беа претставени 29 проекти од 15 земји, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија: продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери. ...

Фестивалот Таксират се проширува со 12-часовна техно журка, која ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, ден по традиционалната фестивалска вечер. Претходно беше објавено дека главната ѕвезда ќе биде едно од највлијателните имиња во електронската музика Свен Фет (фото). Од „Пасворд“ најавуваат дека журката ќе трае од 13 часот до еден часот по полноќ. Покрај легендарниот Германец, музика ќе пуштаат домашните диџеи Монго и Омару, ...

Утре (11 ноември) во 19 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори изложбата „Пурпурна имагинација“ на уметникот и професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу. Ќе бидат изложени 50 дела од неговиот последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Кустос на изложбата е Маја Крстевска. Изложбата ќе трае до 24 ноември. „Во овој циклус, одлика на авторот се јаки контрасти со потези ...

Изложбата насловена „Порцеланови луѓе – Развој на индустрискиот дизајн во фабриката за порцелан ’Борис Кидрич’ во Титов Велес – 1954-2003“ ќе биде поставена денеска, во 19 часот, во Ликовниот салон при Народниот музеј во Велес. Изложбата е резултат на истоимениот истражувачки проект спроведен во текот на изминатата година од авторите Јасминка Намичева, Филип Фидановски, Јасмина Дамјановска, Екатерина Намичева Тодоровска, соработник Ангел ...

Театри од Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и Македонија ќе учестуваат на најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“. Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14-ти ноември, денот на основањето на првиот македонски театар. -„Битола Шекспир фестивал“ ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава „Макбет“ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. ...

Ликовната уметница Кристина Зимбакова учествува на Светското биенале за хартиена уметност - Шангај 2025 во Кина. Биеналето се одржува во Музејот „Фенгксијан“ во Шангај, и трае од 1 ноември 2025 до 28 февруари 2026 г. Музејот е рангиран во прва категорија на музеите во Кина, а секој од избраните уметници се претставува со едно свое дело на хартија, најчесто рачно изработено. Зимбакова која е единсвена претставничка од нашата земја, на изложбата е ...

Традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2025“ ќе биде отворена вечерва во уметничката галерија Куманово, соопштија надлежните од Националната установа Музеј Куманово. Ова е една од најстарите изложби и се одржува во чест на денот на ослободување на градот. Отворањето на изложбата е закажано за 19:30 часот. - Ова е нејзиното 69 издание на кое ќе се претстават творци кои живеат и работат во Куманово. Изложбата има долга традицијата ...

Во петокот, на 7-ми ноември, во духовното светилиште на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, не се отвори само изложба, туку се отвори момент на вечност кон другиот свет, кон оној внатрешен и невидлив свет во кој бојата станува молитва, а тишината – сведоштво. Тоа не беше настан, туку обред, евхаристија на светлината, литургија на духот. И името на тој обред е Сергеј Андреевски- уметникот кој ја претвора тишината во видение, а ...

„Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од 12 до 19 јуни 2026 година. Ова мото е поткрепено и со визуелен идентитет на фестивалот за кој и годинава се погрижи дизајнерката Ема Велковска. Ви ја споделуваме експликацијата на Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот: Насловот на денес култниот роман на Хаксли – „Храбриот нов свет“ (1932) е ...

Добитник на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 година е проф. д-р Љубомир Цуцуловски. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, едногласната одлука за добитникот ја донесе Комисијата за доделување на наградите, во состав: академик Витомир Митевски (претседател), проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови). Во 2023 година Филозофското друштво на Македонија ги востанови наградите ...

Со силно изразена интуиција, храброст да се работи со нематеријалното и емпатија кон живиот и неживиот свет, Јулија Кастелучи трпеливо и бескомпромисно го гради своето уметничко портфолио. Препорачано Креациите на македонско-српската концептуална и перформанс уметница Јулија Кастелучи го опфаќаат полето на временската и просторната уметност преку звучни, визуелни и пишани форми. Дејствува во областа на таканаречената „ситуациона уметност“ и ...

На Заводот и Музеј Охрид му е даде рок од 30 дена да преземе итни мерки за заштита на локацијата каде е оштетената Спомен-куќа на Владо Малески во Струга, да даде насоки за идни чекори, но и да направи проценка на штетата на објектот кој има големо историско и културно значење, се вели во заклучоците од инспекцискиот надзор од Управата за заштита на културното наследство. Минатиот месец поради изградба на објект во Струга, беше оштетен ѕид и ...

Интернационална групна изложба насловена „Истокот e сè уште можен“ ќе биде отворена на 13 ноември во 20 часот. Уметници: Марина Абрамовиќ | Маја Бајевиќ | Гета Братеску | Јозеф Бојс | Ала Георгиева | Томислав Готовац | Јон Григореску | Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич) | Власта Делимар | Брацо Димитријевиќ | Оршоја Дроздик | Христина Иваноска | Ѓорѓе Јовановиќ | Иван Кожариќ | Катаржина Козира | ...

Во Македонскиот културен центар во Истанбул се одржа поетска вечер „Писма од Македонија“, посветена на поетското творештво на Бранко Цветкоски. Во рамки на вечерта беа претставени избрани поетски записи на Цветкоски, со акцент на неговите тематски и стилски особености. Присутните имаа можност да се запознаат со поетските мотиви, интерпретацијата на животното искуство на авторот, како и карактеристичниот лирски израз на поетот. Изразуваме ...

На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува ...

Велешкиот афористичар Коки со своите афоризми умее во неколку зборови да каже многу. Тоа се кратки искри на мудрост и иронија, што ја осветлуваат стварноста со доза хумор и длабока мисла. По повод неговиот роденден – 12 ноември, ви ги пренесуваме 12 свежи афоризми од Коки, како мал подарок за читателите на ДУМА. Тимот на Дума.мк му посакува добро здравје, творечка енергија и уште многу години успешна соработка! -Секоја власт ветува ред, но ...

Со средбата со водечките хрватски писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто, синоќа (7 ноември), во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, заврши тридневниот Фестивал на современата македонска книжевност. Разговорот со нив го водеше Нове Цветаноски, директор и главен уредник на Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје, при што беа претставени македонските изданија на нивните книги за тинејџери – романите „За ...

По настапите во Осака и Виена, истакнатите македонски оперски уметници АнаиИгорДурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера и балет. ПоддиригентствонаАнаСпасовскаивопридружбанасимфонискиоторкестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски. АнаДурловски Ана Дурловски е сопран со блескава ...

25 дена - МРТ

Маж и жена се заљубуваат додека го посетуваат колеџот за нивните деца. Вера Фармига и Енди Гарсија глумат двајца родители кои се заљубуваат во текот на еден ден додека ја одбележуваат турнејата на нивните деца на факултет. Едит (Вера Фармига) е тврдоглава, слободоумна и успешна бизнисменка која ја носи својата 18-годишна ќерка Одри (Таиса Фармига) на турнеја низ потенцијалните колеџи. Џорџ (Енди Гарсија) е закоравен кардиоваскуларен хирург кој ...

Самореформираниот ситен криминалец Тери Ледер (Џејсон Стејтам) станал финансиски проблематичен продавач на автомобили и се навикнал на пешачки живот во Лондон со сопругата и децата, но се нурнува во голем криминал кога неговата поранешна девојка, Мартин (Сафрон Бароуз), се појавува со понуда да изврши профитабилен банкарски грабеж. Откако Тери ќе ја собере својата екипа од отпадници и ќе ја започне операцијата, тој открива дека има и други ...

По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Џоакино Росини и Симфонијата бр. 41 во Це-дур, К.551 – „Јупитер“ од В.А. ...

Долгометражниот филм „Ритам на животот“, плод на соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ од Скопје, освои три награди на 66 Филмски фестивал во Солун, каде што беше и премиерно прикажан, јави дописничката на МИА од Атина. Филмот доби две награди од публиката во категориите „Грчки филм“ и „Meet the Neighbors“, како и наградата „Crew United“. Главен продуцент на „Ритам на животот“ е грчката продукциска куќа „Соул ...

Од 5 ноември 2025 година, на Netflix е достапна новата полска историска мини-серија „Heweliusz“, импресивна продукција која ја реконструира една од најтрагичните морски катастрофи во поновата европска историја потонувањето на фериботот MS Jan Heweliusz во Балтичкото Море во 1993 година. Серијата, која беше најавена како „најголемата и најкомплексна полска телевизиска продукција во последните години“, обединува повеќе од 120 именувани ликови и ...

Од четири вечери и девет концерти, искомбинирани со промоции на албуми, ќе се состои шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, што ќе се одржува од 21 до 27 ноември. Локацијата повторно е нова, па блузот овојпат ќе се свири и слави во барот „Русти“. Во првиот сегмент на 21 и 22 ноември ќе настапат квартетот на ИгиМен со Ади Имери како специјален гостин, повратникот на Котон блуз фестивал Тони Холидеј од САД, домашниот блуз бенд „Мол ...

Креативниот туризам се смета за новата генерација на туризам. Што вклучува креативниот туризам? – Креативниот туризам е шанса Македонија да ја претвори својата културна и уметничка разноликост во живо искуство што ги поврзува луѓето, идеите и времињата. Нашата визија е да создадеме туристички модел што не ја нуди само убавината на нашите простори, туку ја споделува душата на нашите традиции, преку креативност, иновација и искрена соработка со ...

На 10 ноември 1975 година, американската уметница Пети Смит го издаде својот деби-албум Horses, едно од највлијателните изданија во историјата на рокенролот. Објавен преку издавачката куќа Arista Records, албумот претставуваше смел спој на поезија, панк и авангардна уметност – звук што го отвори патот за новата генерација музичари. Смит, која пред тоа била позната како поетеса и уметничка од њујоршката андерграунд сцена, го сними Horses во ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика. Вечерва во 20 часот во соработка со една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија, ќе организира концерт на две наши познати пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева. Концертот за ...

Александар Дворчанец познат како Сале Блузмен е роден во Прилеп на 29 ноември 1973 година. Тој беше македонски музичар – свирач на усна хармоника и вокал, член и фронтмен на култната македонска група Crossroad Blues Band. Во средината на 90-тите години на XX век, Дворчанец стапува во контакт со гитаристот Бранко Нешкоски – Бане со кој собираат локални музичари и во стара куќа на крајот од градот започнуваат со работа. Го формираат бендот ...

Благој Маротов е роден на 10 ноември 1960 година во Скопје. Тој е познат македонски музичар, бас гитарист и пејач. Благој-Блаж Маротов веќе половина век е присутен на македонската музичка сцена. Тој учествуваше на „Златно славејче“, а потоа следеше школувањето и првите настапи во оркестрите на МРТВ. Завршил Музичка академија во Скопје, а долги години работи како професор во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, каде што предава ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
72%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Злато

135056.24