Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) и PUMA го „повлекоа чкрапалото“ и ја претставија „ITRI“ – официјалната топка за Африканскиот куп на нации (AFCON) што ќе се одржи во Мароко 2025. Името не е случајно – „ITRI“ (се изговара „ИТРИ“) значи „ѕвезда“ на локалниот домороден јазик, што е директна почит на ѕвездата од мароканското знаме. AFCON 2025 Official Match Ball - PUMA 1 Дизајнот е вистинско уметничко дело, инспирирано од вековната ...
Големи вести доаѓаат од Мадрид: Атлетико Мадрид е продаден! Како што објави весникот „Marca“, американскиот инвестициски фонд „Apollo Sports Capital“ (ASC) стана мнозински сопственик на клубот. Ова е огромен потрес, бидејќи досегашните главни акционери, Мигел Анхел Гил Марин, Енрике Серезо, „Quantum Pacific Group“ и „Ares Management“ ги намалуваат своите удели и стануваат малцински акционери. Сепак, во соопштението има една клучна замка: Гил ...
Иако фокусот на Спортска Станица често е насочен кон младите таленти и идните ѕвезди кои допрва треба да блеснат, ние цврсто веруваме дека спортот е целина, животен циклус кој започнува со првиот тренинг и трае засекогаш. Викендов, таа филозофија ќе живее во Куманово. За еден од физички најнапорните спортови во светот, ватерполото – базенот „Моша Пијаде“ ќе биде арена за докажување дека класата е вечна, а годините се само бројка. Добредојдовте ...
Скопје, 12 ноември 2025 МИА) - Во издание на „Диван“ објавена е новата книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ со наслов „Домовница“, значајно научно дело кое носи сведоштва за историјата, демографијата и идентитетот на населението од Горен Бихор, Црна Гора. Книгата е уредена од авторот, а рецензенти се проф. д-р Лидија Ѓурковска, проф. д-р Драшко Дошљак и д-р Саит Шаботиќ. Изданието е отпечатено во „Аурора“, Скопје, во тираж од 300 примероци. ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Поетската книга „Географија на слободата“ која содржи избор песни од сите шест поетски книги и неколку необјавени песни на Наташа Сарџоска, во издание на Хрватското книжевно друштво, а со поддршка од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, деновиве излезе од печат во Риека, Хрватска. Сарџоска за оваа книга одржа две промоции во Хрватска: првата во рамки на Денови на македонската култура во Риека ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб синоќа беше отворена изложбата „Со и без“ на уметницата Марија Сотировска Богдановска, која нуди плодна почва за феминистичко-теоретска интерпретација, особено во однос на често невидливите и потценети аспекти на трудот – финансиски и емоционален – што најчесто ги погодуваат жените во сè уште патријархално доминантните семејства на Балканот. Изложбата ја ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите од денеска може да се погледнат над 100 фотографии направени од руската научна експедиција која била во научно-истражувачка посета на државава во 1900 година. Станува збор за фотографии направени од неколкучлена експедиција предводена од академик Никодим Павлович Кондаков. Фотографиите се направени за време на нивниот тримесечен престој за време на кој биле ...
Засолништа за бездомни кучиња / фотогалерија 10.11.2025 • Урбана опрема Фотографија Проект: Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството Статус: Реализиран Локација: Парк на франкофонијата Година на изведба: 2025 Имплементатор: Граѓанска асоцијација за унапредување на инклузивноста во градовите и градските простори ХУМАНИ ГРАДОВИ Скопје во соработка со Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници ЛАЈКА Скопје ...
Девет концерти во четири вечери, придружени со промоции на албуми. Ваква ќе биде поставеноста на шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, што ќе се одржува од 21 до 27 ноември, на нова локацијата, овојпат во барот „Русти“ во Скопје. На 21 и 22 ноември ќе настапат квартетот на ИгиМен со Ади Имери како специјален гостин, домашниот блуз бенд „Мол пек“, кој истовремено ќе промовира албум и проектот „Рене пее блуз“, а свое враќање на Котон ...
Во рамки на скопската недела на дизајнот (Skopje Design Week 2025), настан кој прерасна во есенцијална платформа за визии и прогрес на креативните индустрии, за взаемен бенефит на културата и економијата, меѓудругото, се одржаа Конференцијата за развој на туризмот и Работилницата за креативен туризам, со учество на министри, експерти, локални иницијативи и претставници од туристичкиот и креативниот сектор. Главната порака од настаните беше ...
Во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес отворена е изложбата „Порцеланови луѓе“ на која се поставени повеќе од 300 порцелански предмети, дизајнерски скици и цртежи, гипсени модели, калапи, фотографии и мноштво интервјуа со уметниците дизајнери, авторите се обидуваат да рехабилитираат мал дел од огромната производствена продукција на фабриката „Југопорцелан“ од Титов Велес, потоа преименувана во „Порцеланка“. На изложбата се претставени ...
Вечерва (13 ноември) во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) ќе се отвори интернационалната групна изложба „Истокот е сè уште можен“, која е резултат на продолжената соработка со Модерна галерија и Музејот на современа уметност Метелкова од Љубљана. На изложбата се застапени повеќе од 50 автори, меѓу кои Марина Абрамовиќ, Јозеф Бојс, Лајбах, Гета Братеску, Христина Иваноска, Ахмет Огут, Недко Солаков, ОПА, Ирена Паскали, ...
„Нашите во светот“ е насловен 50-тиот фестивал „Млад отворен театар“ кој од 19 до 25 ноември ќе се одржува во организација на Младинскиот културен центар. МКЦ соопшти дека за јубилејното издание на МОТ подготвиле внимателно селектирани претстави, концерти и изложба и дека оваа година во фокусот се македонските автори кои „успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти“. ...
Легендарната домашна сага се враќа на големото платно – со смеа, емоции и незаборавните ликови! За публиката што порасна со авантурите на саканиот хер Жика и неговата династија сега доаѓа на продолжението на најомилената домашна комедија – „Враќањето на Жикина династија“, чиј прв долгоочекуван трејлер беше објавен. Откако беше најавено продолжението на овој култен филм, чија премиера во Белград е закажана за 2 декември во Сава Центар, ...
Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско цвеќе“. ...
Идеологијата на денешницата е варваризам, вели режисерот Владимир Милчин, во пресрет на вечерашната премиера на претставата „ Варвари“, на големата сцена на Македонскиот народен театар. Милчин за прв пат во историјата на македонскиот театар го поставува драмскиот текст „ Варвари“, од рускиот автор Максим Горки, напишан 1906 година. Во него се препознаваат бројни социјални и етички конфликти , својствени и за актуелната стварност. Во претставата ...
На 13 и 14 ноември 2025 година во Будимпешта, Унгарија, ќе се одржи 5. седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија. Настанот претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и ќе се фокусира на проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со особен акцент на економијата, културата и туризмот. На седницата ќе присуствува делегација од ...
На 13 ноември, со почеток во 19:30 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2025“. На изложбата ќе бидат претставени дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска-Темелковски, Марина Цветановска-Мартиновска, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири-Фазлиу, Валентина Илијевска ...
Македонскиот музички продуцент Матеј “БигСлав” Џајковски е номиниран за музичката награда “Греми”, за неговата работа на албумот на групата FLO насловен “Access All Areas”. Речиси една година по издавањето, албумот е номиниран за најдобар во категоријата “Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на наградите ” Греми” 2026. Матеj ја продуцираше песната “On & On”, која по неколку месеци од излегувањето на албумот, се рангираше во ...
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Џоакино Росини и Симфонијата бр. 41 во Це-дур, К.551 – „Јупитер“ од В.А. ...
Најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, Божо Вреќо на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија. Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico. Споменатите медиуми го нарекуваат и ...
Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Лимениот барабан“ на Гинтер Грас во режија и адаптација на Васил Христов, поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград Под мотото „Нашите во светот“, јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“ (МОТ) ќе се одржи во Младинскиот културен центар од 19 до 25 ноември. Фокусот ќе биде на македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на Македонија и ...
Човекот што не доживеал 60 години зад себе остави огромно творештво, голем дел непознато и необјавено. Во годината кога Македонија одбележува сто години од раѓањето на Кирил Македонски, неговото семејство подари голем дел од неговиот легат Либретото за операта „Цар Самуил“ композиторот Кирил Македонски ја напишал во битолската кафеана „Македонија“, а музиката во кафеаната „Солун“. Не користел никаков инструмент. Во такви услови работел и ...
Поминаа речиси дваесет години откако The Devil Wears Prada (2006) го освои светот и стана модна библија на една генерација. Сега, четворката која ја дефинираше таа ера – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќа на модните улици на Њујорк и во гламурозните канцеларии на списанието Runway во најочекуваното продолжение на деценијата – The Devil Wears Prada 2. Филмот е режиран од Дејвид Франкел, кој стоеше и зад оригиналот, а ...
Независниот театар „Златен Елец“ на 13 ноември, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе ја одигра праизведбата на текстот, односно премиерата на претставата „Сина сенка“(„Blue Shade“) од Брајан Рејнолдс во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Препорачано „Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс, кој за првпат се поставува во Македонија. Делото продира длабоко во реалноста на ...
Самостојната изложба „Простори помеѓу / Шепоти во вдлабнатините, светла на надежта“ од Ана Спасова ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Куратор на изложбата е Гордана Велков. Изложбата претставува мултимедијална инсталација што се развива низ четири меѓусебно поврзани фази. Преку овој структуриран концепт, публиката постепено се воведува во комплексен визуелен и ...
По скоро десет години музичка пауза, американската актерка и пејачка Хилари Даф конечно се враќа на сцената со новиот сингл „Mature“, објавен на 6 ноември 2025 година под етикетите Sugarmouse Inc. и Atlantic Records. Песната претставува водечки сингл од нејзиниот претстоен шести студиски албум, чиј наслов сè уште не е објавен. Даф го коавторираше синглот со сопругот Метју Кома, заедно со Медисон Лав и Брајан Филипс, создавајќи поп-рок звук ...
Вечерва, во 20 часот, во МСУ ќе се одржи „Истокот e сè уште можен“- групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ. Уметници: Марина Абрамовиќ | Маја Бајевиќ | Гета Братеску | Јозеф Бојс | Ала Георгиева | Томислав Готовац | Јон Григореску | Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич) | Власта Делимар | Брацо Димитријевиќ | Оршоја Дроздик | Христина Иваноска | Ѓорѓе Јовановиќ | Иван Кожариќ | ...
На денешен ден, 13 ноември 2001 година, колумбиската пејачка и текстописец Шакира го објави својот петти студиски и прв англиски албум насловен Laundry Service, за издавачката куќа Epic Records. Овој албум го означи нејзиниот успешен премин од латиноамериканската кон светската поп сцена. По огромниот успех на нејзиниот претходен албум Dónde Están los Ladrones? (1998), Шакира беше охрабрена од пејачката Глорија Естефан да започне со снимање на ...
Ен Џеклин Хатавеј е родена на денешен ден 1982 година во Бруклин, Њујорк. Ја запознавме преку филмот The Princess Diaries, а нејзиниот гламур и префинетост ја направија вистинска икона на стилот. Подоцна се истакна со улоги во The Devil Wears Prada и Les Misérables, за кој освои и Оскар за најдобра споредна актерка. Хатавеј со текот на годините создаде впечатлив моден идентитет – комбинација од класична женственост и современ минимализам. На ...