Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Македонското научно друштво – Битола ги објави броевите 16 и 17 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2025 година, кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Списанието го уредува редакција во состав: Весна Мундишевска Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Силвана Нешковска и ...
По исклучително успешната концертна сезона, и дома и на меѓународната сцена, музичарите од Пиајнофорте го збогатија репертоарот со свежи и внимателно одбрани дела за две виолини и пијано, како и за пијано четири раце – камерни формации кои, иако едноставни по својата структура, носат богатство од емоции, звук и интерпретативна длабочина, што ќе им овозможи и на истанбулските љубители на музиката да уживаат во една навистина суптилна и возвишена ...
Вечер во Битола во галеријата “Ранко Струмениковски“ свечено ќе биде отворена изложбата “Битолски ликовни генези ВДИСТ“, изложба што ќе Ве остави без зборови, повеќеслојна, инспиративна, со дела што го одземаат здивот…, а ќе биде поставена по повод 70 години од формирање на ВДИСТ. Изложбата претставува чествување на петмината врвни сликари на ВДИСТ (1955-2025), а ќе бидат изложени делата на битолските и македонски сликари. Видимче, Димовски, ...
Супермен, Бетмен, Марвел-хероите се стрипови кои се уште се под забрана за продажба на малолетници и деца во главниот град на Калифорнија, Сакраменто по закон кој е стар 75 години. -Може да одиш во затвор или да добиеш парична казна ако на дете му дадеш стрип, вели сопственик на стрип продавница. Стар, ама глуп закон- велат сопствениците на стрип продавниците во Сакраменто, а законот забранува на луѓе под 18 да имаат пристап до стрипови во кои ...
Новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, една од најнегуваните музички традиции во земјата, и годинава ја продолжува својата магија со специјална класична програма што го најавува празничниот дух. Публиката на 25 декември во 20 часот ќе може да ужива во единствен музички спектакл подготвен од врвните уметници на Филхармонијата. Овој концерт, кој со децении претставува симбол на свеченоста и културната елеганција, нуди внимателно ...
Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов“ на 7 март во Арена Борис Трајковски Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност. „Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен ...
На 29 ноември од 20 часот, камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт под свеќи во Филхармонијата, со младиот српски виолончелист Петар Пејчиќ како солист. Диригентка е Ѓурѓица Дашиќ, а концертот го организира Охридско лето. „Профундис“ требаше да одржи ваков концерт на 22 март, но го одложи поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пејчиќ е финалист на англискиот меѓународен натпревар „Кралица Елизабета“. Настапувал со некои од ...
Оваа недела во РеТрн ни гостува Џевдет Јашари, актер од Албанскиот театар – Скопје, човек чија кариера одамна го надмина локалниот театарски простор. Џевдет е еден од ретките македонски актери кој имал можност да игра во европски филмови, да чекори по најголемите европски филмски фестивали, и да ја претставува нашата кино-сцена на највисоко ниво. Тоj беше и дел од првиот косовски филм номиниран за Оскар, што го прави неговото искуство уште ...
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид на 29.11 2025 г. (сабота), гостува актерот Сашко Коцев со стенд ап шоуто „Широк Дијафазон“. Во шоуто станува збор за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Шоуто почнува во 20.00 часот. Карти по цена од 400 денари, можат да се купат на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од13:00-20:00 часот на денот на изведбата. ...
Неуморниот Јоце Панов повторно успеа да ја заинтригира публиката, овој пат со краток исечок од неговата нова, сè уште необјавена песна, која за само неколку часа стана тема број еден на социјалните мрежи. Иако песната официјално не е пуштена во етер, неколку секунди од мелодијата и дел од текстот беа доволни да предизвикаат лавина позитивни реакции кај публиката. Отпеана на клавир, во живо, за многу кратко време собра илјадници лајкови и ...
Во рамките на проектот „Роднокрајни критичари“ работен во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ во 2012 авторот Милчо Јованоски го реализира и интервјуто со д-р Пирузе- Тасевска. Охриѓани ја познаваат како една од двете ќерки на познатиот Петре Пирузе – Мајски. Д-р Пирузе-Тасевска е родена во Белград 1950 година. Во разговорот д-р Виолета Пирузе – Тасевска одблиску ќе ве запознае со нејзините сеќавања сврзани со татко и’ животот во Охрид ...
Особено интересно во оваа адаптација е сценското функционирање на ликовите, коишто, како и самиот текст, се движат по границите на илузијата и вистинитоста Пишува: Звонко Димоски Второто претставување пред македонската публика на Драмскиот театар „Александер Венгерко“ од Бјалисток, Полска, се случи на вториот фестивалски ден од 11. Битола Шекспир фестивал, овој пат со своја интерпретација на шекспировата „Дванаесетта ноќ“, во режија на Игор ...
На 19 ноември, среда со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска ...
„Комуникациски вештини – судска реторика“ е најновата книга на адвокатката Мимоза Салтирова Славеска, доктор по правни науки, која беше промовирана викендов во Музејот на македонската борба. Книгата е во форма на истражувачка работа со утврдени цели и задачи, анализа и евалуација на проблемите поврзани со комуникациските вештини и акцент на судската реторика. Влијанието на комуникациите во процесот на донесување судски одлуки, односно развојот и ...
Филмовите „Ветена земја“ и „Поплава“ во четврток и во сабота ќе се прикажуваат во киното „Мис Стон“ во Прилеп. На 20 ноември, (четврток) од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Ветена земја“. Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од киното Мис Стон секој работен ден од понеделник од 10 до 13 часот и од 17 до 19.00 часот, и еден час пред проекцијата на филмот. Приказната за данскиот војник и истражувач Лудвиг Кален, кој го ...
Отворањето на Мултимедијалната читалница и промоцијата на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“ ќе се одржи утре (вторник/18 ноември 2025 год.) во 12:30 часот во новиот дел на Библиотеката. Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски фигури за македонскиот јазик, бидејќи годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот ...
Камерно-музички рецитал „Пијанофорте – заедно за младите“ вечер ќе се одржи во „Сурп Левон“ – Ерменската католичка катедрала во Истанбул. Организатори се Македонскиот културен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија и Музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје. Ансамблите од „Пијанофорте“ се составени од професионални музичари кои годинава ги посветуваат своите концерти на сребрениот јубилеј – 25 години од ...
Дени Брајс (Џејсон Стејтам), еден од најсмртоносните агенти на специјални операции во светот, се враќа од егзил откако неговиот ментор, Хантер (Роберт Де Ниро) е заробен. Дени го собира својот поранешен тим од вешти командоси за да започне спасувачка мисија, а исто така и да се инфилтрира во многу страшната воена единица, Британската Специјална Воздухопловна Служба. Мисијата нема да биде лесна, бидејќи Дени и неговиот тим мора да си го пробијат ...
Технологијата за контрола на умот е проширена, благодарение на мултимилијардерот Кен Касл (Мајкл С. Хол), чија најнова игра „Убијци“ им овозможува на милиони луѓе да ги живеат своите диви фантазии, користејќи вистински затвореници како играчи кои ќе се борат до смрт. Кејбл (Џерард Батлер) е одделен од своето семејство, затворен и принуден да се бори во игра додека го контролира рок ѕвездата Сајмон. Кејбл ќе мора да преживее доволно долго за да ...
Овој месец популарните ТВ ликови од „Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место. Во Охрид доаѓаат утре, 18 ноември, а премиерата на комичното шоу е закажано за во 20h во во Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие ...
Леонид Јаневски, Владо Хаџиев и Марио Ѓуровски се дечките од Битола кои учествуваа на натпревар поврзан за Наса. Овие млади уленици направија интересна аплилација што предвидува што би се случило доколку земјата ја погоди асгероид. И цел овој муабет кај Мими во YUGO. Јако е шо реализацијата на идејата се случила во еден ден, за разлика од сите други нешта во нашата држава кои за кои ,,им треба време” . Епа кај младиве талентирани научници, нема ...
Десеттото издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“ ќе се реализира од 18-ти ноември до 15-ти декември 2025, кога во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Македонскиот културно-информативен центар за втори пат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски ...
Гете-институт го носи дуото Јордан Костов и Андреас Гинтер во малата сала на Филхармонија Гете-институт Скопје го најавува концертот „Times of Turbulence“. Истиот, ќе се одржи на 20 ноември од 20:00 часот во малата сала на Македонската филхармонија. На сцената заедно ќе настапат двајца врвни музичари чија соработка има силна меѓународна димензија: Јордан Костов (акордеон, С.Македонија) и Андреас Гинтер (пијано и саксофон, Германија). Соработката ...
Книгите „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“ денеска ќе бидат промовирани во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгите ќе ги промовираат проф. д–р Димитар Пандев и проф. д–р Мишел Павловски. Бобан Карапејовски е роден во 1987 година во Тетово, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за македонски јазик и ...
Првиот добитник на книжевната награда „Оливера Николова“, писателот Ермис Лафазановски, со големо задоволство ги истакнува честа и привилегијата што доби награда востановена во спомен на Оливера Николова. Препорачано Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име, а е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Со многу емоции, ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Новата книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ „Домовница“ (Книга 1, Том 1) е објавена деновове во издание на ДИВАН. Станува збор за обемно научно дело кое носи значајни податоци за историјата, демографијата и идентитетот на населението од Горен Бихор, Црна Гора. Книгата е уредена од авторот, а рецензенти се проф. д-р Лидија Ѓурковска, проф. д-р Драшко Дошљак и д-р Саит Шаботиќ. Авторот во предговорот истакнува дека ...
Како што соопштуваат од издавачката куќа, по повеќе објавени книги од областа на стилистиката и општата лингвистика, оваа книга на Пандев претставува обемен труд од областа на македонската стилистика, во кој авторот сеопфатно ја обработува теоријата за стилски синтези што ја има поставено Блаже Конески и ја има разгледано од најмалку четири аспекти во одделни свои реферати и статии, објавени во периодот од 1958 до 1992 година, задржувајќи се врз ...
Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“. Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во Будимпешта. Веќе ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ од уметницата Ана Митевска. Куратор е Јасминка Намичева. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години. – Митевска низ својата естетика на светлина и рефлексија ја истражува човечката издржливост, тивката верба и моќта на внатрешниот мир – ...
20 ноември, рок-бар „Круг“ – Аеродром ќе биде местото каде љубителите на култот Милан Младеновиќ повторно ќе се соберат за да го одбележат 24-тото издание на вечерите посветени на еден од највлијателните музички автори на поранешна Југославија. Поетско-музичкиот перформанс на ВИС „Тркалезна Маса“ носи редок моментиум: оживување на стиховите и звукот што го обележаа југословенскиот рок-пејзаж, овојпат вплетени во македонски јазичен и ...