Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Нашиот познат режисер Дејан Пројковски постигна нов голем успех на меѓународната сценa. Тој ја доби престижната International Director Award во Истанбул, Турција, како дел од Uluslararası Anadolu Tiyatro Ödülleri (Меѓународните театарски награди „Анадолу“). Ова признание се доделува на режисери од различни земји во рамките на јаката традиција на турските и меѓународни театарски награди, кои имаат за цел да ги истакнат значајните достигнувања ...
Белгиската харфистка Анлин Ленартс е една од водечките солистки на својот инструмент. Во декември 2010 година е именувана за прва харфа на Виенската филхармонија. Како солистка настапувала со бројни реномирани оркестри, меѓу кои Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот „Моцартеум“, Брукнеровиот оркестар од Линц, Бриселската филхармонија и Националниот оркестар на Белгија. Своето солистичко деби го имала во престижни сали како ...
Филмот „Свадба“ , во режија на Игор Шереги, постави нов рекорд на хрватските кино благајни. Со вкупно 522.106 гледачи, тој стана најгледан филм во историјата на хрватските кина, надминувајќи го легендарниот Титаник, кој го држеше рекордот со години со 495 илјади гледачи. Успехот на филмот ги надминува границите на Хрватска и досега повеќе од милион луѓе го гледале во целиот регион. Милионитиот гледач е забележан во киното CineStar 4DX Mall of ...
Еден од авторите на песните за „К-поп ловци на демони“, Марк Соненблик, изјави дека се работи на продолжението на најгледаниот филм на „Нетфликс“. Само во 2026 година, тој освои Златен глобус и Греми и е номиниран за Оскар за песната „Golden“. Корежисерката Меги Канг претходно рече дека „дефинитивно има уште многу да се направи со ликовите“. „Ќе има цел процес на развој пред да навлеземе длабоко во пишувањето на песните. Музиката ќе произлезе ...
Повеќе од 15000 посетители ја виделе изложбата „Ткаење светови: колекции во разговор“, составена од уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје, а која се отвори на 24 април 2025 година и траеше до 8 февруари 2026 година во Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана, информираат од МСУ. Изложбата е конципирана од 87 автори и тоа најмногу од РС Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики ...
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар во светот посветен на креативноста на кинематограферите, најави дека своето 47. издание ќе го одржи од 19 до 25 септември, во Битолa. На 47. ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, велат оттаму, посетителите ќе можат да очекуваат исклучителен избор на играни, документарни, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат, а ќе има и многу ...
– Да се има самостојна изложба во галерија како што е „Галери МЦ“ во Њујорк значи вклучување во сложен систем на симболички и професионални вредности што ја надминува индивидуалната презентација. За уметник кој доаѓа од Македонија, тоа е можност за проширување на видливоста на сопствената практика и за афирмација на пошироката културна сцена од која произлегува. Во академска смисла, изложбата функционира како форма на истражувачка ...
Изложбата на Ангел Коруновски во објектот Мала станица, се продолжува поради интересот на публиката и ќе биде достапна за јавноста заклучно до 1 март (недела). Посетете ги нашите објекти и погледнете ги нашите изложби. Работиме секој ден во неделата, освен во понеделниците, од вторник до недела, информираат од Националната галерија – Мала станица. Работното време е од 10-18 часот. Влезницата чини 100 денари. Изложбата на Ангел Коруновски ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамките на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, организира проекција на документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследена со дискусија со режисерите и со експерти на темата. Проекцијата на документарниот филм „Тата“ (Романија / Германија / Холандија, 2024, 84 мин.) ќе се одржи на 11 февруари (среда), во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ...
Преку проектот „Прва уметничка бригада“, младите од Битола и од руралните средини ги именуваат проблемите со кои живеат секојдневно – нефункционален јавен превоз, загаден воздух и масовно иселување на младите. Ова не се симболични теми и не се уметничка фикција. Ова се реални состојби што бараат реални одговори. Во изминатите два месеци, учесниците поминаа низ интензивен процес на уметнички работилници со алатката Театар на слики, каде ...
Утревечер во ТРН (Дебар Маало, спроти Министерство за култура), ќе се одржи Отворен вторник со Васил Тасевски – мултимедијална и перформативна вечер која вклучува промоција на уметникова книга, видео-арт проекција и музичко-перформативна програма во живо. Во рамки на настанот ќе биде промовирана уметниковата книга „Отпечатени впечатоци“ изработена во техника сито печат, создадена за време на кратка, но интензивна резиденција во студиото на ...
Францускиот институт и Скопје колаж колектив организираат еднодневна работилница за изработка на колажи „Употреби старо и создади уметничка сложувалка од архивата на Францускиот институт!” Идејата е од архивски весници и постери на Францускиот институт да се создадат нови дела на слободна тема кои потоа ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт во текот на месец март! Секој може да учествува – без разлика дали сте искусни колажисти ...
Тиражниот кинески весник „Macao Daily News“ една страница од додатокот за литература и култура „Огледално море“ посветува на поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски. Прилогот за македонскиот поет е проследен со биографски податоци и есеј под наслов „Тежината на поезијата“, со анализа на некои издвоени песни на Димоски. Во анализата на песната „Камен: Медитација“ преведувачите објаснуваат дека за Димоски, каменот не е само обичен елемент, ...
Скица на стапало, без боја, без потпис од пред повеќе од пет века, нацртана од ренесансниот уметник Микеланџело Буонароти, е продадена за неверојатни 27,2 милиони долари (скоро 23 милиони евра), поставувајќи рекорд на пазарот на уметнички дела. Аукциската куќа „Кристи'с“ го опиша делото како „еден од најретко зачуваните цртежи од еден од најголемите уметници на сите времиња“. Токму оваа реткост, имајќи предвид и дека помалку од 600 цртежи на ...
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, во саботата (7 февруари), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоција на сликовницата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Kнигата, која е збогатена со илустрациите на Рената Јосифовска, е дел од новата едиција „Музичка кутија“ во издание на „Арс Ламина“. Изданието го промовираше уредничката Бисера Бендевска, по што се одржа ...
Охрид, 9. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска оваа среда, премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. „Приказната за Силјан“ кој се вброи меѓу најзначајните документарни остварувања минатата година е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Во срцето на рурална Македонија, ...
Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од ...
На 13 февруари (петок) во 18 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп. Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. ...
Во хотелот Хилтон Скопје, на шести февруари, 2026 година, се одржа јавна презентација на тема „Можности за инвестирање во Дубаи“, на која беа претставени актуелните услови и потенцијали за странски инвеститори заинтересирани за пазарот во Обединетите Арапски Емирати. Презентацијата беше предводена од Идриз Демирхан, експерт со долгогодишно искуство во областа на инвестиции и меѓународен бизнис, кој ги презентираше тековните инвестициски ...
Во вторник, 10 февруари, во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 ггодина. На конференцијата за печат ќе присуствуваат и претседател(к)ите на петте жири-комисии. В петок, 13 февруари, во 12 часот во ДПМ ќе се одржи свеченото доделување на традиционалинте годишни награди на ДПМ. На настанот, со кој ќе се ...
Групата Легенда е македонски поп-рок бенд формиран на 9 февруари 1990 година во Тетово. Групата ја основаат Крсте Данајловски – Кокан (вокал и ритам гитара), Властимир Тодоровиќ – Власте (клавијатури), Влатко Мишески – Никши (бас гитара), Игор Бачоски-Бачо (тапани) и Драгиша Лекоски-Слинки (соло гитара). Првиот сингл групата кој го реализира 23.01.1991 во студиото М2 при Македонската радио и телевизија е песната „92“ со продуцентот Мики ...
Златко Ѓелески е роден на 9 февруари 1986 година во Битола. Завршил основно и средно училиште во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Од 2011 година, Ѓелески е водител на филмската радио-емисија „Danse Macabre“ на „Канал 103“, а од 2020 година ја води специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“. Освен тоа, тој е организатор на ревијата на хорор-филмови ...
Ова требаше да биде едноставна задача: да се направи конечен список на „бит“ или Вокално-инструментални состави (ВИС) од Македонија во 1960-тите. Но, како и секоја археологија во оваа земја, штом ќе загребеш под површината, сфаќаш дека „конечното“ е илузија. Секој пат кога мислевме дека ја имаме целата слика, дека картата е исцртана, екипата од ВБУ Музички регистар се појавуваше со ново име, нова изгубена фотографија од некој подрум во Прилеп ...
Новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш пристигнува на репертоарот на Кинотека од понеделник. Неговата минималистичка естетика, тивките паузи и егзистенцијалниот хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор за созерцание — а не само за наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм. Проекции: 9 февруари (понеделник) – 20:00 10 февруари (вторник) – ...
Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Бакнеж во Париз“ во чест на Денот на вљубените. Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на светлината е и град на љубовта. Тој е вечна инспирација за уметниците, место каде што се раѓаат безброј книжевни, филмски и музички љубовни приказни. Неговата препознатлива архитектонска ...
По неодамнешните врнежи од дожд, денес се одрона дел од ѕидот кај археолошкиот локалитет „Манчевци“ во стариот дел на Охрид, по што надлежните најавија итни мерки за стабилизација на теренот и изградба на потпорен ѕид, со цел да се спречат нови одрони и да се заштити просторот околу локалитетот. Како што објави ОхридПрес, директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, изјавил дека нивна екипа ја ...
Книжевниот клуб УТОПИЈА-Битола, организираше книжевна вечер со наслов „Јазикот што останува“, посветена на животот и делото на Драги Михајловски – писател, преведувач и универзитетски професор кој не е повеќе помеѓу нас, еден од најзначајните автори што го проширија и продлабочија просторот на македонскиот јазик. Настанот беше замислен како разговорна книжевна средба, без комеморативен карактер, со фокус на преводот како авторски и етички ...
Врвниот виолинист Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари ќе настапат во Камерната сала на Македонската филхармонија на 10 февруари, како дел од февруарската концертна серија на Институтот FAME’S. Концертот „Од студио до сцена“ е кулминација на интензивна едукативна програма што го истражува патот на музиката – од професионално студиско снимање до жива концертна изведба пред публика. На програмата се дела од Филип Глас, Петерис Васкс и ...
Минатата година за Страхил М. Петровски беше интензивна на креативен план и продуктивна во однос на презентација на сопственото творештво, кое успеа да го претстави во големите светски и културни центри Париз и Њујорк. Мултимедијалниот и визуелен уметник Страхил М. Петровски е претставник на средната генерација визуелни автори. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, какви што се: сликарство, инсталација, ...
Со најавуваниот „Одисеја“ на Кристофер Нолан, потоа новата филмска адаптација на класикот „Оркански висови“ во режија на Емералд Фенел, како и со третото продолжение на „Дина“ на Денис Вилнев, 2026 изгледа како потенцијално голема година за филмската индустрија и можност за значително зголемување на посетеноста на кината низ целиот свет Филмската 2026 година ќе биде повеќе од возбудлива, бидејќи доаѓаат долгоочекуваните продолженија на некои ...