Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
„Македоника литера“ деновиве го објави романот на хрватскиот автор од помладата генерација Леонтин Чапо Милениќ со наслов „Кордината тупаница“, со поднаслов „Првиот треш роман“ во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Пеев. Овој необичен младешки, забавен и откачен, но и храбар роман, не му припаѓа на ниеден конкретен жанр и на ниедна класична книжевна класификација. Леонтин Чапо Милениќ романот го напишан кога имал 18 години и во ...
Светот на Формула 1 доби нова визуелна атракција. Најновиот тим на гридот, Кадилак, официјално ја претстави својата прва дизајн за дебитантската сезона во 2026 година. Промоцијата се случи преку телевизиска реклама за време на Супербол 60, позиционирајќи го тимот како „Новиот американски тим“ со емотивниот говор на Џон Ф. Кенеди за освојувањето на Месечината. The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our ...
По една година „гласна“ и посветена работа, бројни настапи и постепено градење на својот препознатлив звук, Големата Вода го објавија својот истоимен дебитантски албум, со кој го заокружуваат периодот во кој веќе се етаблираа како забележливо име на македонската алтернативна сцена. Албумот од вчера е достапен на Bandcamp, а бендот најавува дека во текот на неделата ќе пристигне и на YouTube и Spotify, отворајќи го својот звук за уште поширока ...
Во МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп веруваме дека со приближувањето на рокот (1 март), интересот дополнително ќе се интензивира, а нас нè радува фактот што „Драмолетање 2.0“ полека, но сигурно, отвора доверба и дијалог со македонските драмски автори – вели Петар Антевски, иницијатор на платформата. Вториот повик за нова драма, наречен „Драмолетање“, што го организира Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ќе биде ...
Народен театар Битола ја најавува својата најнова премиера за најмладата публика. Детската претстава „Авантурите на Пинокио“, која ќе биде изведена на 28 февруари со почеток во 18 часот. Претставата е работена по текст на Карло Голдони, а режијата ја потпишува Дејан Дамјановски. Станува збор за сценска адаптација на познатата приказна за дрвеното момче Пинокио, која преку музика, динамична игра и шарени ликови носи пораки за пријателството, ...
Фотографии од изложбата ИАС27 на АФС при УКИМ 10.02.2026 • Изложби Студентски проекти Во тек е 27-мата изложба на архитектонски студија -ИАС27 на Архитектонскиот факултет -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Семестралните изложби се случуваат 2 пати годишно и се одличен простор да се запознаеме со новите надежи на македонската архтиктонска сцена. Нивните визии и задачи заслужуваат пошироко внимание и видливост. За ...
Никој не остана рамнодушен на стравичниот пад на олимпијката Лидзи Вон. Студениот ден на патеката во Италија се претвори во тежок момент за шампионката во скијање. Трката веднаш беше во втор план, а вниманието се насочи кон Линдзи и сериозноста на повредата. Но, која е всушност жената што му пркоси на времето и предизвиците? Линдзи Вон е една од најголемите скијачки во историјата на алпското скијање, жена симбол на сила, упорност и враќање по ...
По повод 76 години од театарот „Војдан Чернодрински“ од 16 до 21 февруари 2026 година ќе се одржи манифестацијата „Роденденска недела“, при што на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе бидат прикажани четири претстави. На 21 февруари театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, ќе гостува во МНТ во Скопје. Сцена 105 Понеделник : 16.02.2026 – 20.00 часот „СИНИОТ ПОРТОКАЛ“ – продукција : театар Велес Автор ...
Оливера Ќорвезироска, Бранко Цветкоски, Хана Корнети, Елизабета Шелева и Ахмет Селмани се авторите чии дела се избрани за најдобри во 2025 година и ги добиваат годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Одлуките на одделните жири-комисии за секоја од петте годишни награди на ДПМ беа соопштени денеска на прес-конференција. ДПМ ќе им ги врачи наградите на годинашните добитници в петок, 13 февруари, во 12 часот на ...
Скопје, 7 февруари 2026 (МИА) - Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“ од Скопје, денеска во Охрид ќе го реализира осмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители. Настанот ќе се одржи во КУЛТ Културен цнтар во ...
Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп роденденската недела ќе ја слависо богата театарска програма на Сцена 105, од 16 до 19 февруари со почеток во 20:00 часот: На 16 февруари (Понеделник) гостува „Синиот портокал“ на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес. 17 февруари ( Вторник) гостува „Фетишист“ – монодрамата на Здравко Стојмиров во копродукција со НУ ,,Народен театар – Битола“. 18 февруари (Среда) на Сцена 105 ќе се игра ...
Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION учествува на натпреварот за избор на најубави фасади во Европа што се одржува во Будимпешта – Унгарија. PMG CONSTRUCTION веќе четврт пат настапува на овој вид натпреварување, во 2022 година победија на Јавното гласање во Валенсија – Шпанија, во 2024 година победија на јавното гласање во Љубљана – Словенија и беа номинирани во финалето од страна на стручното жири. Најубава Европска фасада на ...
Поради големиот интерес за концертот на 9. март, отворен е дополнителен концерт во Битола на 10. март. По два распродадени концерти во Скопје, на 7 и 8 март, славниот српски пар пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ го распродадоа и концертот во Битола на 9 март. Во придружба на Симфониски оркестар тие ќе настапат со репертоар кој ќе ги вклучи големите хитови на Јелена: „Јутро“, „Име моје“, „Да ми је да ми се врати“, „Океани“, ...
Глобална музичка и модна икона, артист со милијарди стримови, бројни светски признанија и концерти на најголемите сцени во светот. На 1 август доаѓа со концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Ова лето, токму таа го избра Охрид. И таа ноќ ќе носи нејзин потпис. Подгответе се за вистинско шоу! Продажбата на билетите започнува во среда (утре) од 10:00 часот, преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. Глобална музичка и модна икона, ...
На веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор, Горан ...
Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје ќе ја прикажат театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Албанскиот театар – Скопје. „Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и моќна алегорија за искушението на конформизмот. Оваа нова продукција на Албанскиот театар од Скопје е во режија на Васил ...
Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од Италија, Лоренцо Бицари, режијата е на ...
Петта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 30 години, коишто со својата поезија ќе се претстават на 12 март, со почеток во 20 часот, во Скопје. Повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание, или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое поетско читање или чекале ...
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...
Агенцијата за филм го отвори конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен игра, документарен и анимиран филм и краткометражен игран, документарен и анимиран филм. Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето е двапати годишно – во април и во октомври. Право на учество имаат филмски продуценти регистрирани во РСМ со дејност производство на филмови (59.110). Студентски филмови не се прифаќаат. Ги ...
Вечерва во кафе-киното „Котур“ ќе настапи хрватскиот бенд „Загушљиви дим“, кој ќе бидат придружени од македонскиот импровизаторски состав „Improof“. Концертот ќе започне во 21 часот и влезницата чини 300 денари. „Загушљиви дим“ е power трио од Чаковец, Хрватска, кој звучи како најдоброто од построкот, психоделијата и прогресивниот рок измешано во еден инструментален котел. Тие ги опишуваат своите концерти како „мантрични музички патувања кои ...
Филмот „Motherwitch”/ „Мајка вештерка” во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. По проекцијата која се одржа во реномираната сала „Синерама 1″ во центарот на Ротердам, екипата на филмот беше ...
Композиторот Сашко Костов освои номинација за авторска музика на бугарските театарски награди „Икар“ 2026 за претставата „Волшебниот дирижабл“ во режија на Диана Добрева, а продукција на Драмскиот театар „Николај Масилитов“ во Пловдив. Костов е номиниран, заедно со композиторот Јавор Карагитлиев. Истиот авторски музички тандем беа номиниран за престижната театарската театарска награда „Аскер“ минатата година, за претставата „Без крв“, на ...
На 10 февруари 1998 година беше објавен „Wake Up Gods“, студискиот албум на македонскиот состав Kismet, издание кое и денес се смета за едно од најсмелите и најавангардни остварувања на домашната алтернативна сцена од крајот на 1990-тите. Албумот беше објавен за реномираната американска издавачка куќа Tone Casualties, што во тоа време претставуваше редок и значаен успех за македонски бенд на меѓународната електронска и индустриска сцена. ...
Зорица Поп Панкова е родена на 10 февруари 1956 година во Скопје. Таа е една од најпрепознатливите и најсуптилни вокали на македонската поп-музика, чиј творечки печат особено се врзува за златниот период на музичките фестивали во поранешна Југославија. Поп Панкова и припаѓа на генерацијата македонски музички изведувачи кои оставија длабока трага во домашната и југословенската музичка сцена, особено во текот на 1970-тите години. Со својот ...
На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (Долна зграда) денеска во 12 часот предавање ќе одржи проф. д-р Светлана Смолиќ-Макуљевиќ од Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Таа ќе зборува на тема: „Од меморија до медиуми: толкување на минатото во современата визуелна култура“. Предавањето се одржува во рамките на билатералната соработка Еразмус+ и е од отворен тип. Сподели На Институтот ...
Студенти по археологија од Универзитетот Кембриџ, за време на теренска обука во рамки на основните студии, направиле неочекувано и вознемирувачко откритие на периферијата на градот. При ископувањата, тие наишле на масовна гробна јама која датира од 9 век, најверојатно настаната по битка, масовна егзекуција – или комбинација од двете. Во јамата биле пронајдени остатоци од најмалку 10 лица, утврдено според бројот на черепи. Се работи за млади ...
На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена. Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, ...
Нашиот познат режисер Дејан Пројковски постигна нов голем успех на меѓународната сценa. Тој ја доби престижната International Director Award во Истанбул, Турција, како дел од Uluslararası Anadolu Tiyatro Ödülleri (Меѓународните театарски награди „Анадолу“). Ова признание се доделува на режисери од различни земји во рамките на јаката традиција на турските и меѓународни театарски награди, кои имаат за цел да ги истакнат значајните достигнувања ...