Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Првиот LIVEUROPE концерт за 2026 година ќе се одржи на 20 февруари во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје. На истата бина ќе настапат три регионални бендови од новата алтернативна сцена: IDEM од Хрватска, Убиј Дедо! од Македонија и Izleti од Србија. Главна ѕвезда на вечерта е IDEM од Загреб – соло-проектот на Антун Алекса (Porto Morto, JeboTon Ensambl, Trophy Jump), кој овојпат ќе настапи со комплетен бенд. Со двата албума „poyy“ и ...
На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...
Во рамки на проектот за санација на кровната купола, олуците и партерот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата, како и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел. Работите вклучуваат и привремени интервенции на тротоарските површини, по што просторот ќе биде вратен во првобитна состојба, ...
По повод роденденот на Гоце Делчев, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола постави изложба посветена на неговиот живот, делото и идејата што ја остави како аманет. -Делчев не беше само борец за слобода, туку и визионер кој веруваше во единството и достоинството на народот. На изложбата претставени се фотографии, извадоци од периодични списанија и податоци што ја доловуваат неговата борба и идеалите за праведно општество, напишаа вработените од ...
Осум млади домашни бендови ќе го покажат својот талент на фестивалот „Ре:старт“, што ќе се одржи на 6 и 7 февруари во „Лабораториум“ во Скопје. Под мотото „од млади за млади“, фестивалот го организира колективот „Гола планина“, кој во изминатите години се наметна како еден од главните промотори на новата македонска музика. Првиот ден настапуваат „Член 16“, „Малард“, „Корка“ (фото) и „Големата вода“, а следниот ден ќе можат да се слушнат ...
Народен театар – Битола е во процес на проби за новата претстава за деца „Авантурите на Пинокио“ по познатото дело на Карло Колоди. Режијата е на Деан Дамјановски а играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска – Илијиевски, Катерина Аневска – Дранговска и Александар Димитровски. Премиерата е закажана за 28 февруари на големата сцена на Народен театар – Битола со почеток во 18 часот. ...
Лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година, Братислав Ташковски, напиша слово за Прличев: „Единствениот!, Слово за Прличев, Слово за бесмртниот и првовенчант македонски поет на своето време“. Единствениот! Слово за Прличев, Слово за единствениот, бесмртниот и првовенчан македонски поет на своето време Ако денес бараме компарација со неговото име во нашата тогашна поезија, можеме да кажеме дека тој не се издвојува ...
На „Меѓународниот натпревар за млада музика“ во Атланта, САД, Виолета Арсовска постигна исклучителен успех, освојувајќи го златниот медал и титулата апсолутен победник во својата категорија. – Особено сум среќна што го освоив златниот медал со мојата последна изведба на „Марика мома убава“ од Томислав Зографски – изјави Арсовска. Нејзиниот настап беше придружуван од пијаното на Трајче Роглев. На 13. „Меѓународен московски музички натпревар“, ...
„Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан” е насловот на спектаклот со кој вечерва и утревечер во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје ќе биде одбележана кинеската Нова година. Проектот синоќа беше изведен во Битола, а во Охрид се одржа поп-ап презентација. Настанот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, со цел промоција на богатото културно наследство и зајакнување на културната соработка меѓу двете ...
Модата отсекогаш била повеќе од облека. Таа е јазик, перформанс и уметнички израз. Преку неа, индивидуалноста и креативноста можат да блеснат — но исто така, токму преку модата, телото на жената честопати станува арена за експлоатација, сексуализација и комерцијализација. Во последните децении, особено со глобализацијата и социјалните мрежи, линијата меѓу уметноста и маркетингот станува сè повеќе размазана. Дизајнерите и модните куќи ...
Берлин – Памела Андерсон, Ченинг Тејтум и Сандра Хилер пристигнуваат на годинешниот Берлински меѓународен филмски фестивал, објавија организаторите во вторник, неколку дена пред почетокот на Берлинале. Шон Бејкер, кој го освои „Оскарот“ во 2025 година за филмот „Анора“, ќе го одржи говорот наместо почесната добитничка на Златна мечка Мишел Јео („Сè насекаде одеднаш“). Жулиет Бинош, Изабел Ипер и Калум Тарнер, кој глуми со Андерсон во „Кршење ...
„Раскажани стихови“, со поднаслов „Историја за една љубов“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска е новата поетската книга која деновиве ја објави „Македоника литера“. Збирката „Раскажани стихови – историја за една љубов“ е љубовна лирика со изразена наративна линија. Поднасловот и симболичните наслови на циклусите – „Раѓање на трепетите. Живот“, „Граници“, „Последици“ – го водат читателот низ еден емотивен пат, низ историјата на една љубов: ...
Комисијата за култура на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на одлуката за поскапување на билетите за културните настани во националните установи, оценувајќи дека таа покажува отсуство на визија и чувство за улогата на културата во општеството. „Поскапувањето на билетите за културните настани во националните установи е уште еден доказ дека оваа власт нема ниту чувство, ниту визија што значи културата за граѓаните“, се ...
Гледањето омилена ТВ-серија во континуитет може да изгледа како безопасен начин за опуштање, но луѓето што гледаат до степен на зависност почесто се чувствуваат осамени, покажува ново истражување. Истражувањето објавено во списанието „Плос уан“ открило поврзаност меѓу осаменоста и зависноста од маратонското гледање, што укажува дека некои луѓе ги користат телевизиските серии како начин за справување со социјалната изолација. Истражувачите ...
Од „Филмската агенција на Македонија“ повторно убави вести… – Краткометражниот игран филм „ЛОЈНС” во режија на Доријан Жеспер, а во копродукција на Веда Филм од Скопје е официјално селектиран и ќе се прикажува во овогодинешната програма на Berlin Critics’ Week 2026. Во најавата, фестивалот го вели следново за филмот и режисерот: ”Доријан Жесперс се чини дека не ги смета за свети ниту судските драми ниту соновните секвенци. Во својот краток ...
Почнува чествувањето на јубилејот 35 години од формирањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија – „Матица македонска“. Во книжарницата на „Матица“ и онлајн преку е-книжарницата, почнува годинешното издание на традиционалниот зимски саем на книгата „Книга во секој дом“. Во текот на Саемот, со јубилеен попуст за читателите ќе бидат достапни изданијата на „Матица македонска“ – од 35% па сѐ до 80%, вклучително и за најновите ...
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар”, под слоганот „Една љубов, безброј подароци”. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...
ИнтерАрт Културниот Центар го објавува составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“ – нова и значајна платформа посветена на поддршка, афирмација и професионален развој на младите балетски таленти од земјава. Жирито на натпреварот обединува врвни уметници, педагози и културни претставници со исклучително национално и меѓународно реноме, чие знаење и искуство гарантираат висок уметнички и ...
Оскаровката Мерил Стрип ќе ја игра Џони Мичел во претстојниот биографски филм за 82-годишната американска музичарка, кантавторка и уметница во режија на Камерон Кроу, објави „Ролинг стоун“. Кроу, чиј најпознат филм е музичката драма „Almost Famous“, е поврзан со проектот веќе неколку години и во 2023 изјави дека се надева дека пред 2026 ќе излезе филмот. Ања Тејлор Џој се спомнуваше дека ќе ја игра Мичел во младите години. Пред три години, ...
Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано со радост се подготвува за концертот на 7 март во салата „Борис Трајковски“, за кој вели дека сценски ќе биде на високо ниво. Овој концерт доаѓа седум години по претходниот во истата сала, а Лозано за себеси вели дека оттогаш е музички посигурен, а приватно е посмирен и со појасни приоритети. Негова инспирација сега е синот Марко, кој се роди во октомври 2024. „Овој концерт ќе биде поразличен затоа што ...
Оваа гала вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија. Претставата е визуелна гозба што ги спојува традиционалната и модерната кинеска уметност. Од класичниот приказ на „Четирите легендарни убавици“ преку митовите во „Златниот мајмун ја пречекува пролетта“, танцот на „Кои Карп“ до магичната уметност на менување лица, програмата го прикажува уникатниот ...
„Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“), „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“), „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“) и „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“) се четирите книги финалисти на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, за 2025 година. Тие се избрани од осумте полуфиналисти и поради израмнет број бодови на две дела за ...
А зашто ни е и државава на ова дереџе, на кое што е? Како што реков, комплексно е прашањето и не може да се реши со памфлет или директива, играјте македонски автори… Ова како и многу други работи во државава бара долгорочна визија, план, стратегија и стрплива посветеност. Драмскиот автор Дејан Дуковски е Автор во фокус на претстојното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Тоа е авторот што одигра ...
Предраг Павловски е роден на 4 февруари 1968 година во Куманово. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1991 година). Во 1993 година се вработува во Народно позориште – Суботица. Од 1994 до 2017 година работи во Театар за деца и младинци – Скопје. Од 2017 е член на Драмски театар Скопје. Павловски има остварено бројни театарски и филмски улоги, а ги ...
Битола, 3 февруари 2026 (МИА) - Уметници од Сичуанската и Пекингшката опера вечер во Битола ќе презентираат народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица и други уметности. Пред битолската публика ќе настапат Сичуанскиот оперски ансамбл, Универзитет за уметности од Ченгду и специјални гости од Театар „Џингџу“ – Пекинг. Уметничката вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот ...
Битолската премиера на „Приказна за Силјан“, ќе се одржи утре, на 4 февраури, во Центарот за култура, во Големата сала со почеток во 19:30 ч. На премиерата ќе присуствува и филмската екипа: Тамара Котевска, Мартин Иванов и Јорданчо Петковски. По проекцијата на филмот следува и дискусија за филмот со екипата, а публиката ќе има можност да постави прашања. Филмот во НУ Центар за култура Битола ќе се прикажува во следните термини: Приказната за ...
„Син понеделник“ е претстава за чекорот кон зрелоста на три млади девојки и нивното соочување со бруталноста на возрасниот свет. Преку нивното пријателство, приказната ги отвора прашањата за класните, социјалните и за системските препреки, кои ја обликуваат младоста и ги принудуваат на различни стратегии на преживување. Приказна за растењето, загубата на заедничките илузии и за судирот меѓу личните желби и реалноста Во Македонскиот народен ...
Народен театар Битола и Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставите „Црно семе“ во режија на Андреј Цветановски и „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски гостуваат на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) на 20 и на 21 февруари. Романот „Црно семе” на Ташко Георгиевски е еден од антологиските романи кои зборуваат за Македонецот и неговата судбина. Со претставата се обидовме да се потсетиме на една голема голгота на ...
Конор Стори го освои светот со својата улога во интригантната серија „Огнени ривали“. Ако мислевте дека серијата „Другари“ со Мет Бомер и Џонатан Бејли, центрирана околу децениска, тајна и забранета љубов помеѓу двајца мажи за време на ловот на вештерки на Мекарти, беше олицетворение на шокот, што можеме да кажеме за „Огнени ривали“, чии херои делат страст за хокеј на мраз, додека истите се топат од силни емоции меѓу нив и жестоки еротски ...
Францускиот институт во Скопје орагнизира предавање на тема: Историјата на Ромите на Балканот од Средниот век до Првата светска војна, кое ќе се одржи в четвтрток, 5 февруари 2026 , во 19 ч. во Europe House. Предавач е г. Бернар Лори, реномиран француски историчар, професор и познавач на историјата на Балканот, a предавањето ќе го модерира м-р Даниел Петровски, Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Низ темелен пристап заснован на историски ...