Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид на 29.11 2025 г. (сабота), гостува актерот Сашко Коцев со стенд ап шоуто „Широк Дијафазон“. Во шоуто станува збор за аномалиите во општеството како и за машко женските односи. Шоуто почнува во 20.00 часот. Карти по цена од 400 денари, можат да се купат на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведбата. ...
Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија ќе биде отворена вечер во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата е организирана од Австралиската амбасада во Белград, која е акредитирана и за Република Северна Македонија и Црна Гора, а на официјалното отворање ќе присуствува австралискиот амбасадор Питер Трасвел. Како што соопштуваат од Австралиската амбасада, изложбата е дел од серијата ...
По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика “ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше истакнато од предавачите по македонистика на Универзитетот во Загреб на ...
Финансиската криза, плановите за исклучување на земјата од Европската Унија, затворените банки, референдумот, средбите со странски лидери, како што се Меркел, Оланд, Путин, реакциите на тогашната опозиција и напорите на тогашната Влада, но и надворешната политика и Договорот од Преспа, односно сите случувања во Грција и Европа во периодот 2015-2019 година кога СИРИЗА беше на власт, се опфатени во „Итака“ – книгата на поранешниот грчки премиер ...
Кантавторот Јон Ајди ја објави новата песна „Толку е вистина“ (That Much Is True), за која вели дека е интимна и суптилна. Песната ја издаде американската издавачка куќа „Нвак колектив“, со која тој потпиша договор во 2024. Оваа дискографска куќа помага во промоцијата на млади музички таленти. Ајди досега има настапено на неколку фестивали во Косово, Шведска и Бугарија. Во 2022 беше еден од шестемина финалисти во изборот на македонскиот ...
Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал. „Живееме во специфични времиња во кои времето се мери ...
Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г-н Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела ...
Министерот за култура Зоран Љутков и полскиот амбасадор Мариуш Бримора денеска во 11 часот ќе го посетат театар Комедија каде ќе извршат увид во реализацијата на проектот за набавка на опрема во оваа установа. Во театарот се реконструираше гледалиштето со финансиски средства од Амбасадата на Полска и Министерството за култура. Амбасадата на Полска преку програмата „Полиш еид“ (‘Polish Aid) инвестираше околу два милиони денари, а Министерството ...
Мите Грозданов е роден на 14 декември 1943 година во Струмица. Тој беше еден од најголемите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци. Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле. Во својата ...
Петар Темелковски е роден на 25 ноември 1946 во Богомила. Тој е истакнат македонски театарски и филмски глумец. Дипломирал на „Националната академија за театарска и филмска уметност“ во Софија и веднаш се вработил во Македонскиот народен театар. Во 1975 година се вработил во Драмскиот театар – Скопје како првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, ...
Има градови што зборуваат гласно – преку плоштади, фасади и официјални споменици. Има и градови што зборуваат тивко – преку траги од боја, преку тагови на ѕид, преку спонтани слоеви што не се наменети за туристички брошури. Скопје припаѓа на оваа втора категорија. Неговата вистинска урбана меморија не се чита само од учебници, туку и на бојата што се лупи, во слојот што е пребоен, во тагот што опстојува меѓу изборни пароли и бетонското сивило. ...
И оваа година во Битола во организација на Меѓународен Славјански Универзитет, во Офицерски дом, утре, со почеток во 11 часот, ќе се одржат “Денови на психологија – Битола 2025“. Преку дискусија, размена на ставови и инспиративни примери ќе зборуваме за менталното здравје и современиот ритам на живеење. Дојдете да учиме, да разговараме и да се инспирираме заедно. Влезот е бесплатен. Потребна е само регистрација онлајн: ...
Кочани, 22 ноември 2025 (МИА) - Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше промовирана книга посветена на 24 - годишниот Стојанче Стефанов, кој почина на 17 април на Военомдицинската академија во Белград од последиците здобиени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Книгата „Стојанче Стефанов“ чиј автор е Марјан Гијовски има поднаслов „Прави го она што го прават големите момчиња“. - Идејата за пишување на овој ракопис се роди некаде во мај ...
На 26 ноември, среда во 19 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „ Модерни и многуоблични “. На изложбата со дела ќе се претстават академскиот вајар Славчо Павлоски (Прилеп) и студентите на ФЛУ Бранко Mанчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска. Модерната уметност е изразителен и широк поим што содржи различни стилови, техники и концепции во уметноста од почетокот на 20 век. Таа се ...
МСУ со особена радост, најавува на 24 ноември во 12 ч. промотивно прикажување на мултисензорната изложба „Музеј во куфер“ составена од тактилни слики од 11 внимателно селектирани дела од колекцијата на МСУ, во рамките на проектот „МСУ Ремек-дела за сите – проект за пристапност на современата уметност“ (“MoCA Masterpieces 4 all” – Project for accessibility of Contemporary Art). На оваа изложба од 11 панели, освен фотографии и објаснувања за ...
Евровизија 2026 ќе се одржи во виенската арена „Штадхале“. Вкупно 90.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба, а обожавателите ќе можат да резервираат места за полуфиналните вечери на 12 и 14 мај, како и за големото финале на 16 мај. Фановите имаат рок до 18 декември да се регистрираат онлајн за да добијат право подоцна да аплицираат за купување на влезниците. Цените се движат од околу 15 до 360 евра, а најскапите билети овозможуваат пристап до ...
Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г-н Игор Станковиќ. Станува збор за мали ремек-дела ...
Агенцијата за филм на Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска бидејќи смета дека е од исклучителен национален интерес. Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм ...
Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска бидејќи смета дека е од исклучителен национален интерес. – Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои ...
Текст и танц низ 15 сцени, вешто споени во кореографско – драмско дело кое ја има улогата на театарско огледало, во кое не само што ќе се огледаат „Слугинките“ на Жан Жане, туку режисерката Агнес Нокшиќи овозможува да се огледа и секој еден од публиката. Тоа е концептот на приказната којашто го истражува сложениот однос љубов-омраза помеѓу две слугинки, госпоѓа и господин. Заробени во циклуси на ропство и фантазија, слугинките копнеат по ...
Агенцијата за филм на прес-конференција презентираше дополнителни појаснувања поврзани со Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на агенцијата заклучно со декември 2024 година, како и информации за тековните реформи што се спроведуваат под актуелното раководство. „Во однос на објавеното соопштение од ДЗР и насловот „Слабости во работењето и неправилностите во Агенцијата за филм не се надминати ...
На сцената на Националната опера и балет на 28 ноември (петок) 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко ...
Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на г-н Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела ...
Маестралниот Ѓоко Јовиќ и момците од „Енерџи Бенд“ вчеравечер ја промовираа својата најнова авторска песна која го носи насловот „Те сакам“. Имено, оваа балада е прва песна од серијалот нови песни на кои бендот неуморно работеше во изминатиов период. Зад неа како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува синот на Ѓоко, Михаил Јовиќ, додека видеото е снимено на неколку локации во нашата Македонија и Сиднеј, Австралија под режисерската ...
Поранешната политичарка Јуња живее мирен, стабилен живот со својот сопруг Мати, свештеник по професија. Нивниот брак изгледа совршено – додека таа не открие дека Мати има афера со помлада жена. Наместо да го напушти, Јуња одлучува да го прифати новиот аранжман, отворајќи го патот кон полигамен однос што вклучува уште двајца љубовници. Со текот на времето, четворицата се обидуваат да најдат рамнотежа меѓу љубовта, љубомората и слободата – во свет ...
Имровизаторската инструментална музичка серија наречена „Џез за чудаци“ утре (25 ноември) ќе го добие своето „баксузно“ 13-то издание. Во кафе-книжарницата и културен центар „Буква“ во Скопје после 21 часот ќе свират Дориан Јовановиќ – бас [Козле], Благојче Томевски – бас кларинет [Свети Николе], Драган Теодосиев – тапани [Кисела Вода] и Филип Букршлиев – гитара [Кисела Вода]. „Музика за тие што пред влез оставаат храна за локалните мачки и ...
Австралиската амбасада во Белград, Србија, која ги покрива исто така и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија ја има честа да ве покани на краткиот Фестивал на австралиски филм на 28-ми и 29-ти ноември. Настанот се организира по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Во петок, 28-ми ноември, со почетокот во 20:00 часот, ќе биде прикажан австралискиот филм „Домаќинство за ...
„Во 2010 година кај мене се роди идејата да создадам организација која ќе ги запознава граѓаните на Русија со културата, историјата, јазикот и современиот живот на Република Македонија и ќе придонесува за зближување на словенските народи. Нашите први организациски состаноци се одржуваа токму во Московскиот дом на националностите, кој веднаш нè прифати под своето крило. МДН навистина стана наш дом, вистинско родно место. Голема благодарност до ...
Калиопи ќе одржи четври акустичен концерт во Филхармонијата на 30 декември од 20 часот, објави продукцијата „Прагма“. Концерт за паметење беше првиот кој се одржа на 14 ноември, а вториот и третиот се закажани за 6 и 7 декември. На прес-конференцијата пред концертите, менаџерот Кристијан Стефановски кажа дека чекаат слободен термин за четвртиот концерт. „Кога бев на Евровизија во 2016, јас сакав да ја пеам ‘Дона’, а Ромео Грил сакаше да ја пеам ...
Општите податоци и историски записи за Битолскиот конгрес на 22 ноември 1908 година кога е донесена одлука за унифицирање на Албанската азбука, се доволно познати и архивирани како сведоштво за историјата на создавањето на кодифицираното албанско писмо. Но она што сѐ уште не е доволно афирмирано е дека на овој конгрес единствената жена била Парашќеви Киријази. И тоа како членка на Комисијата за кодификација на албанската азбука. Парашќеви ...