Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
На 30 јануари (петок) во 12.00 часот на јутуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде претставен видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ . Премиерата ќе биде на следниот линк: https://youtu.be/U5_UKCZUsEI Композицијата „Гласот на патувањето- Балканска песна бр.14“ е дел од најавениот музички албум „Балканско патување и претставува уметничка рефлексија врз заедничкото ...
Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров. Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски (23.12.), Благој Нацоски (26.12.), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, ...
28 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 18:00ч БУГОНИЈА (Bugonia) Игран филм, САД 2025, 118 мин., колор, ДЦП Режија: Јоргос Лантимос (Yorghos Lanthimos) Сценарио: Вил Трејси (Will Tracy) Улоги: Ема Стоун, Џеси Племонс, Алисија Силверстон (Ema Stone, Jessie Plemons, Alicia Silverstone) Bugonia (2025) е мрачен и ироничен научнофантастичен трилер со елементи на црна комедија, во режија на Јоргос Лантимос, со Ема Стоун во улога на Мишел Фулер — моќна и каризматична ...
Агенцијата за филм, во организација и соработка со Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, започнуваат тридневни професионални филмски средби и работилници со реномираниот француски продуцент Паскал Јуделевиќ – претседател на „Acajou Productions“ од Париз, со четириесетгодишна кариера и повеќе од 30 продуцирани филмови. По вчерашната прва работилница со десет домашни носители на проекти, кои имаа можност да ги презентираат ...
Поради технички проблеми, ве известуваме дека е променета локацијата на одржување на донаторската вечер „Threads of Light“, која ќе се одржи утревечер во 19 часот во ресторанот „Везилка“ во Скопје (наместо во „Станица 26“). Со овој настан официјално ќе биде одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта ќе ги обедини уметноста, музиката и општествената одговорност во една заедничка порака за грижа, правда и ...
ЈУ МКЦ овој викенд ве кани на проекции на долгоочекуваниот документарен филм: “ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН”! Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон ...
На 22 јануари, во Сули Ан, францускиот амбасадор и германската амбасадорка заеднички ја отворија изложбата „Старата скопска чаршија: Визии за иднината“. Изборот на овој датум не беше случаен: тој ја одбележува 63-годишнината од Елисејскиот договор. Самиот настан прекрасно го илустрира силното француско-германско пријателство, моментот кога беше запечатено помирувањето меѓу Франција и Германија. Бројната публика можеше да ги открие ...
Американскиот композитор Филип Глас ја откажа светската премиера на својата Симфонија бр. 15 „Линколн“, која беше закажана во Кенеди центарот во Вашингтон, наведувајќи дека одлуката е поврзана со промените во раководството на институцијата по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. -По внимателно размислување, решив да ја откажам премиерата на Симфонијата број 15 ‘Линколн’ во Кенеди центарот, изјави 88-годишниот композитор за британскиот ...
На денешен ден, 28 јануари 1999 година, официјално е објавен истоимениот деби албум на македонската група String Forces, со што започнува нивното дискографско присуство на домашната музичка сцена. Албумот „String Forces“ содржи 11 композиции, изведени на англиски јазик, а неговото создавање траело повеќе од две години. Издаден е за издавачката куќа Profundus, во CD формат, и стилски се движи во рамките на џез-фузија, со елементи на ...
Музеј на современа уметност – Скопје / Фотогалерија 27.01.2026 • Фотографија ХХ век / II половина Објект: Музеј на современата уметност – Скопје Автори: В. Клишевски, Ј. Мокшињски, Е.Вјежбицки (познати како Варшавски Тигри) Година на проектирање: 1966-1967 Година на изведба: 1968-1969-1970 Локација: ул. ,,Самоилова” бр.17, Скопје Фотографија: Борис Јурмовски Музејот на современата уметност во Скопје е еден од најзначајните архитектонски и ...
Долгометражниот игран филм „Срам и пари“ во режија на Висар Морина, копродукција со Македонија, ја имаше светската премиера на најголемиот фестивал на независен филм во САД, „Санденс“ во Јута. На премиерата присуствуваше и продуцентката Марија Димитрова. Филмот беше селектиран во програмата Светски филмови – драма. Shame and Money е копродукција помеѓу Германија, Косово, Словенија, Албанија и Белгија. Висар Морина е режисер, продуцент и ...
Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 гoдина, во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови: – „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („ТРИ“) – „Каде леташ, ...
Промоција на албумот „Beyond the Silence” на виолончелистот Антонио Илиоски, ќе се одржи во среда, 28 јануари, со почеток во 19:00 часот, во Аудиокултура. Антонио Илиоски е еден од најталентираните млади виолончелисти во Македонија, чие име сè повеќе се слуша на меѓународната музичка сцена. Тој студира на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров”, каде што работи со реномираниот професор Атанас Крстев. Албумот „Beyond the ...
По 22 години континуирано присуство на домашната и регионалната сцена, ансамблот „Парусион“ повторно се враќа во Младинскиот културен центар со концерт што го надминува поимот жанр. На 28 јануари, МКЦ ќе биде простор за авторско фјужн доживување, каде што музиката не се репродуцира, туку се создава во моментот – низ ритам, колектив и продукција во живо. Во актуелниот состав, „Парусион“ функционира како цврст, но отворен музички организам. ...
27 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 18:00 ЈУГО ФЛОРИДА (Yugo Florida) Игран филм, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска 2025, 112 мин., колор, ДЦП Режија: Владимир Тагиќ (Vladimir Tagic) Сценарио: Владимир Тагиќ, Милан Рамсак Марковиќ (Vladimir Tagic, Milan Ramsak Markovic) Улоги: Андрија Кузмановиќ, Никола Пејаковиќ, Сњежана Синовќиќ Шишков, Горан Славиќ, Јована Стојиљковиќ, Хана Селимовиќ, Јана Милосавлкевиќ, Бојана Стојковиќ, Вахид Џанковиќ, Ива ...
Брод полн со свеж звук, пловејќи по новиот бран на македонски бендови стига до вашите уши во „Лабораториум“. Вака организаторите од „Ре:старт“ го најавуваат годинешниот самостоен фестивал – од млади за млади, кој ќе се одржува на 6 и 7 февруари. Намерата на фестивалот е да ги прикаже бендовите кои највеќе се истакнаа минатава година. „’Ре:старт’ повикува 8 млади македонски групи да го покажат својот звук. Овие храбри морепловци можете да ги ...
Охрид, 27 јануари 2026 (МИА) – „Свето Богојавление 2026“ е насловот на документарниот филм што вечерва премиерно ќе биде прикажан пред јавноста. Станува збор за заеднички проект реализиран од страна на Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, во соработка со Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА и Општина Охрид. „Документарниот филм ‘Свето Богојавление 2026’, освен на главното случување, беше сниман и во неколку денови за време на ...
Во Изложбениот салон при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток (28 јануари) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Везилка“ на авторката Јана Јакимовска. Изложбата содржи седум слики и 20-ина цртежи од најновата продукција на Јакимовска. Јана Јакимовска е родена во Скопје, каде дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ. Се занимава со сликарство, фотографија, интервенции во ...
До 29 февруари во МСУ ќе биде отворена интернационална групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ,Љубљана и МСУ – Скопје. Оваа изложба насловена „Истокот e сè уште можен“, составена од избор на делаод колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современатауметност во Скопјe, се занимава токму со постојано еволуирачкиот сеприсутен потенцијал и ...
Ви благодарам на честитките, убавите коментари и позитивни реакции по повод премиерата на филмот. Да живее македонскиот филм и да имаме уште многу убави поводи за филмски средби. А за оние кои сѐ уште не го гледале, потсетување дека во тек се проекции на филмот во повеќе градови низ Македонија, рече актерот Васил Зафирчев по проекцијата на филмот „Утре наутро“ во неговиот роден Велес. 2025 година ја заокружи со премиерата на филмот „Утре ...
ЈУ „Културно – Информативен центар“ – Скопје, врз основа на програмата за драмска дејност, објавува КОНКУРС за: 1. Драмски претстави (монодрами, дуо драми, камерни драмски претстави) со содржина прилагодена за возрасна публика како и за ученици од средните училишта и повисоките одделенија на основните училишта, поради можност за организирање на групни посети на ученици од основните и средните градски училишта. Претставите треба да се ...
НУ Национална галерија склучи меморандум за културна соработка со Музејот на современата уметност од Белград (Република Србија). Меморандумот за културна соработка е потпишан на неопределено време меѓу Маријана Колариќ, директорка на Музејот на современата уметност на Република Србија, и Али Синани, директор на Националната галерија на РС Македонија. Предмет на овој меморандум се меѓусебна поддршка и соработка меѓу Музејот на современата ...
Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови: – „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („ТРИ“) – „Каде леташ, Јулија?“ ...
Националниот џез оркестар заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет ќе ја отвори концертната сезона 2026 на 30 јануари во Македонската филхармонија со почеток од 20:00 часот. Под диригентската палка на маестро Џијан Емин, на програмата се авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Солистички ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон ...
Професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља се добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Одлуката ја донесе комисијата на чело со Стеван Смилевски-Кокан и членовите проф.д-р Влатко Коробар, проф.д-р Зорица Блажевска, проф. д-р Мишко Ралев и Александар Наумовски. Смилевски-Кокан е лански лауерат на оваа награда од ...
Минатата година Културно-информативниот центар во Скопје ја потврди својата улога како еден од клучните двигатели на современата културна сцена, со програма што беше истовремено квалитетна, храбра и разновидна, а со Тони Димитров ја откриваме формулата за таквиот развој на настаните. КИЦ-Скопје во текот на 2025 година ги подигна стандардите во продукцијата на културни настани, иако градските институции од областа на културата се соочуваа со ...
10 филмови = 10 лекции – Овие филмови ќе ве научат на клучни работи во тинејџерските години Објавена во: 26 Јануари, 2026 17:50 Филмовите имаат уникатна моќ да ја доловат суштината на младоста, често отсликувајќи ги борбите, победите и сложеноста што доаѓаат со тинејџерските години. Без разлика дали станува збор за навигација низ пријателствата или соочување со животни одлуки што менуваат сè, филмовите знаат длабоко да допрат до ...
4, 10, 17, 28, 37 – 37 броеви и милиони шанси за добивка овозможуваат игрите лото 7 и џокер на државна лотарија. Дали ќе играте во поединечна игра или со полн или скратен систем – контролата е ваша, а можноста за голема добивка е секогаш иста. Таа е фер и иста за сите кои играат. Ние и оваа година ги прашавме Битолчани дали и годинава ќе ги играат овие игри на среќа? Битолчани и годинава ќе играат Лото 7 и Џокер. Велат не е погрешно да се ...
Граѓаните посочуваат дека наместо постојано да гледаат политика и вознемирувачки вести на телевизија, со задоволство би отишле на претстава или на концерт. Велат, иако и 500 денари за билет се оптоварување за семејниот буџет, имаат навика за посета на театар или на кој било друг културен настан, но со сегашните нови цени, додаваат, културата станала недостижно задоволство за многумина. Многумина, пак, откриваат дека се снаоѓаат како што знаат ...
Внуката на холивудската легенда Елизабет Тејлор, Лејла Вајлдинг, е едно од оние имиња што ретко се појавуваат во јавноста, но секогаш будат интерес токму поради славното семејно наследство. Таа е ќерка на Мајкл Вајлдинг Џуниор, син на Елизабет Тејлор од бракот со британскиот актер Мајкл Вајлдинг, и претставува дел од новата генерација што свесно одбра да живее далеку од холивудската сцена. За разлика од својата баба, која целиот живот го ...