
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Вечерва, на трети април во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на Владимир Ѓоргиев, „Игри на светлината“ истакнат македонски фотограф со четири децении богато искуство во уметничката и комерцијалната фотографија. Неговото патување во светот на фотографијата започнува со црно-белата техника и сопствена лабораторија, создавајќи уникатен фотографски ракопис кој постојано еволуира. Неговиот опус опфаќа ...
Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан и на Скопје Фелоушип програмата, присуствува на најзначајниот Саем на книга за деца во светот, во Болоња, Италија. Прозарт медиа е поканета од Саемот, во рамки на престижната „Invitation program“, заедно со четириесетина други одбрани издавачи од целиот свет. Во рамки на оваа програма, Саемот обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на којшто ...
Во чест на кревањето на црвената завеса и првата изговорена реплика пред 80 години, денеска, на 3 април, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи маратон со следниот распоред: во 10:00 и во 12:00 часот ќе се одиграат двете изведби на детската претстава „Распеана турлитава“. Од 18:00 часот следуваат „Бели ноќи“, „Мој термин“ од 19:00 часот и „Торонто експрес“ од 21:30 часот. Вратите за публиката ќе бидат отворени, односно билетите ќе ...
Тамара Тодевска е прва од македонските пејачи која ќе одржи солистички хуманитарен концерт за настраданите во пожарот во Кочани, на 17 април од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Поп-ѕвездата вели дека првичната идеја за овој концерт била на татко ѝ Велко ...
Италијанската издавачка куќа „Крочети Едиторе“ ја објави поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров на италијански јазик. Книгата содржи избор од неговото поетско творештво и објавена е во рамки на поетската едиција на италијанскиот издавач со седиште во Милано на 1-ви април, заедно со поезијата на Волт Витман. Во истата едиција се објавени и книгите на венцоносците од Струшките вечери на поезијата Јехуда Амихај, Јанис Рицос, ...
Скопје, 2 април 2025 (МИА) - По повод 2 април - Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, во Младинскиот центар „Матично“ ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во четврто oдделение при ООУ „Димитар Миладинов“ oд Скопје. Изложбата што ќе биде отворена до 30 април, може да се види секој работен ден од 10 до 16 часот, информираат организаторите на настанот. - Се разбира, најповеќе како нејзин родител, сметам дека таков ...
Зоран Младеновски – Окан е роден на 15 февруари 1951 година во Скопје. Со аматерски филм почнал да се занимава уште во текот на средношколксите денови. Неговиот прв аматерски филм бил „Малиот детектив“, а потоа ги снимил „Студија“, „Овој наки ваш ли е?“, „Нирвана“, „И потоа“ и други. Од 1966 година Младеновски работи како слободен филмски работник. Во 1972 година заминал на едногодишна специјализација во француската кинотека и телевизија во ...
Благоја Крстевски е роден на 3 април 1947 година во Скопје. Тој е легендарен македонски радио и телевизиски спикер и водител. Благоја Крстевски е познат спикер од Македонска радио-телевизија, каде поминува 40-години. Тој најпрво се вработува, како водител во Македонското радио, каде потоа во 1966 година, преминува во првиот „Дневник” на Македонската телевизија, како спикер заедно со Бранка Станковска и емисии од различен жанр. Тој бил и водител ...
Инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување ја затвори големата сала во „Марко Цепенков“ како и киното „Мис Стон“, кое е дел од истиот објект. Забраната за користење на салата и киното се однесува на сите видови настани и приредби додека не се коригираат сите недостатоци поврзани со заштитата. Центарот го доби решението вчера. Според него, постои недостаток на хидрант, кој никогаш не бил целосно доопремен, отсуствува громобран, алармниот ...
Графитите во Македонија имаат богата историја, а нивниот развој низ годините е фасцинантен приказ на поп-културата и урбаната уметност. На нашиот портал арно.мк во многу наврати сме пишувале за овој феномен, преку нашите графити-приказни, создавајќи група „Графит.мк“ и плакат со времеплов кој го мапира развојот на македонската графити сцена од 1995 до 2025 година. Иако графитите во земјава постоеле и пред 1995 година, модерната ера, под влијание ...
Четврта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 25 години, коишто со своја поезија ќе се претстават на 12 април, со почеток од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание, или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое ...
Во културниот центар ЛАБОРАТОРИУМ, се одржа промоцијата на книгата „Напластување“ од авторката Јасмина Атанасова – ново име во современата македонска книжевност. Промотор беше поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски, со силен и автентичен осврт на книгата, додека професорката Татјана Алексиќ испрати писмо, прочитано на самиот настан. Во него, книгата беше опишана како „проза напластена од галони љубов“, во која „се слушаат Бочели, ...
Терапија објавува дека ќе биде дел од Muse-X Експофест Тирана 2025, уникатен фестивал кој ќе се одржи од 11 до 13 април 2025 година. -Благодарение на оваа соработка, добиваме простор да ја претставиме нашата работа, да се вмрежиме со водечките имиња во индустријата и да станеме дел од една револуционерна музичка и уметничка платформа – велат од Терапија. Muse-X не е само фестивал, туку експофест што комбинира професионална изложба, живи настапи ...
Мојата визија е театарот како институција да нѐ доведе до извонредни моменти на заедничка имагинација. Театарот ни овозможува преку заеднички напредок да застанеме на нови места за подобро да се разбереме себеси и светот околу нас. Македонскиот народен театар ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина, вели во интервју за „Република“ Никола Кимовски, директор на Националниот театар кој утре, на трети април слави голем ...
Со дваесет и четири илјади книги од различна литература, поточно лектири, енциклопедии како и слободна литература, располга одделот за деца во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Малите читатели можат да избираат од широкиот спектар на литература која ги поттикнува на читање и учење. Директорката на велешката библиотека Снежана Бошевска на светскиот ден на литературата за деца, посочи дека најмладиот читател на библиотеката има само ...
Некогаш срамежливо детенце, подоцна талентиран немирко, кому дарбата од Бога и кодот во гените како уште од раѓање да му ја предодредиле мисијата да биде во професијата. Син на македонската музичка фолк легенда Ванчо Тарабунов, кого ќе го наследи, а со текот на годините ќе продолжи по истиот пат да оди, но и на добар пат е да го надгради она што неговиот татко го направил во музичките води. Школуван музичар, денес вработен во Македонската опера ...
Со гордост и возбуда најавуваме дека започнуваат подготовките за Галичка свадба 2025!, соопштија од МЗ Галичник на својот фејсбук профил. Овогодинешната Галичка свадба ќе се одржи традиционално на празничниот петровденски викенд од 11 до 13 јули во Галичник. Уште еднаш ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се дотераме во свечено свадбарско руво, ќе си накитиме барјак и со три пушки ќе ја најавиме радоста на наште младенци кои својата љубов ќе ...
Од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. По одличниот прием на дебитантскиот роман „Пештера“, авторот на читателите им „подарува“ раскази во кои подеднакво ќе уживаат. Книгата е 236 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат ...
Инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ кое е во состав на објектот. Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби се додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата. Центарот решението го доби во текот на вчерашниот ден. -Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не ...
Sam Mendes ги откри деталите за неговите четири филмови за Битлси за време на презентацијата на Sony на CinemaCon. Филмовите се планирани за премиера во април 2028 година, пишува Deadline. Тој ја истакна културната важност на Битлси и потребата од повеќе филмови за да се раскаже нивната епска приказна, која според него не може да се раскаже во еден филм или ТВ серија. Секој филм ќе биде раскажан од перспектива на различен член на бендот, а ...
На 4 април 2025 /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата Let’s Talk About Plan(t)s, Baby! (Ајде да си зборуваме за растенија!) од прилепската умeтница Елена Димоска Николоска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во годишната програма за работа на Центарот во дејноста визуелни уметности. „Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!“ е уметнички проект ...
Познатата оскаровка Хелен Мирен остро ја критикуваше франшизата за Џејмс Бонд, нарекувајќи ја проткаена со „длабок сексизам“. Иако го изразува своето воодушевување од актерите кои го играа агентот 007, Мирен е за филмови кои ќе ги прикажуваат вистинските приказни на храбрите жени во светот на шпионажата. Хелен Мирен, 79-годишната оскаровка, неодамна остро ја критикуваше франшизата за Џејмс Бонд и покрај големата почит кон актерите кои го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во своето обраќање, таа ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „свемир на знаење“. Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се ...
Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики? Сликите генерирани со AI што деновиве ги гледаме насекаде, се инспирирани од филмовите на Хајао Мијазаки – јапонски режисер и основач на филмското студио Ghibli, кој преферира рачно цртање и всушност ја презира вештачката интелигенција како алатка за уметност и анимација. Деновиве сигурно и самите забележавте дека Фејсбук и Инстаграм се ...
Mакедонскиот национален балет ќе настапи на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара, Р. Турција на 7 април 2025 год. На фестивалот ќе се претставиме со современиот балет „Патување“ кој ќе биде премиерно изведен. Кореограф: Џан Арслан (Турција) / Музика: Езио Босо / Асистент-кореограф: Саша Евтимова / Костимограф: Марија Пупучевска Настапуваат: Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, ...
Промоцијата на новата, втора поетска збирка на Љубица Шопова „Надвор од единиците мерки“ во издание на „Илика“ ќе се одржи на 2. април во 19:00 часот, во КСП Центар-Јадро. Со авторката ќе разговара Катерина Шекутковска, а стихови ќе чита Ивана Јовановска. „Надвор од единиците мерки“ е контемплативна и нежна поетска збирка во која Шопова ги истражува границите помеѓу материјалното и духовното низ поезијата, потсетувајќи нѐ на нештата што не можат ...
Синоќа по повод 80-години “Остен“ и Денот на шегата, на 1-ви април 2025 во галерија “Остен“ беше отворена изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на “Остен“ и долгогодишни соработници со наслов “Еден за сите, сите за никаде!“ На изложбата ќе бидат изложени карикатури и текстови на голем број автори, великани на на македонската карикатура, а меѓу нив беше и битолчанецот Блаже Докуле. ...
Изложба на сликари – уметници од Гарманија , Франција, Италија , Србија, Југославија , Полска, Чехословачка , Унгарија, Австрија, Романија, Холандија, Белгија, САД кои ја посетиле Македонија и твореле на теми поврзани со Македонија во периодот од 1850 до 1950 година. Станува збор за приватна колекција на Влатко Милошевски, а изложбата се рализира со помош на Зоран Андонов кој е и уредник и одговорен издавач на каталогот и монографијата . ...
На Фронтлајн, во сабота, го претставуваме романот „Кругови“ издание: „Или-Или“ на авторката Тина Иванова. Ова е современа книга – новела која обработува неколку ликови коишто живеат надреален живот, меѓутоа чие поведение, е поттикнато од објективните општествени, политички и социо-културни случувања. Нејзината кружна симболика потекнува од ликовите коишто тргнуваат од едно место и повторно се враќаат на истото тоа место, без притоа да ја ...
Од денес до 16 април ќе имате можност да уживате во културно патување низ фузијата на литературата, музиката, театарот, филмот и дизајнот на второто издание на фестивал за литература и општа култура, „ВИДИК“, во организација на „Литература.мк“. Како прв настан од овогодинешното издание на фестивалот е промоцијата на романот „Три Марии” од Оливера Ќорвезироска. Промоцијата ќе се одржи во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, со почеток во 19:00 часот. ...