Мултимедијалниот уметник Иван Ивановски во моментот е актуелен со изложбата „Човек во размер“ што ја реализира со архитектот Максим Наумовски во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Наскоро заминува во Кина каде ќе има самостојна изложба Преку редефинирање на поединецот во функција на колективот, на човекот во функција на градот или обратно, неговиот слоевит уметнички интерес постојано се вртка околу личноста, поточно околу колективниот на кој таа ...

Денеска започнува дванаесетчасовниот мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на „Хаус оф ...

Во сабота (25 октомври 2025), точно напладне, љубителите на современата уметност ќе можат да уживаат во „МСУ водич“ – специјално матине-разгледување на тековните изложби со кустосот Бојана Јанева. Настанот започнува во 12 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, а музички избор подготвува Дарко Јорданов. Влезницата изнесува 150 денари. Јанева ќе ги води посетителите низ три самостојни изложби што го дефинираат есенскиот циклус на ...

Американската филмска продукција „Дизни“ не ја прифатила идејата за одгранок-продолжение на „Војна на ѕвездите“, со Адам Драјвер како Бен Соло, овојпат во главна улога, открива глумецот. Имено, Драјвер вели дека бил расположен за тој филм, но одлуката била спротивна на неговите желби, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). – Секaко дека бев заинтересиран да снимам уште една „Војна на ѕвездите“… Разговарав за снимањето уште во 2021 ...

Денес ќе се одржи промоција на книгата „Охридски фолклористи” од авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Промоцијата е во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, ...

Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, се игра во Драмскиот театар на 23 октомври, во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Градскиот театар од Љубљана и продукцијата на „Град театар“ од Будва. Премиерата на „Плејбои…“ беше на 10 август, во ...

Македонските уметници, музичари, посветени се на камерната музика истражувајќи ги можностите на дрвените дувачки инструменти, односно флејта, кларинет, англиски рог и бас кларинет. Во ансамблот членуваат Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски кои ќе изведат дека од Иванов, Цанев и Илиевски. Ансалблот „Консонанс“ освен ...

Стеван Феди од Црна Гора ја доби Гран при наградата на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој годинава се одржа во Културниот центар во Битола. Феди го пееше хитот на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“ (The Hardest Thing) и победи во конкуренција на пејачи од Словенија, Хрватска, Украина, Црна Гора, Македонија, Казахстан и други земји, кои ги пееја песните на оригиналнот јазик на кој се снимени. Минатата година, овој фестивал се одржа ...

По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку ...

Новиот документарен филм на „Paramount+“ со наслов „We Will Dance Again“ ја раскажува болната, но во исто време и длабоко човечка приказна за младите кои го преживеаја нападот што го потресе светот. Преку емотивни сведоштва, архивски снимки и интимни разговори, филмот открива како една ноќ исполнета со музика, слобода и радост се претвори во кошмар. Сепак, на местото на стравот и загубата, никна неверојатна сила – заедништво, љубов и верба во ...

Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт, вели Горан Таневски, најавувајќи го јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“, кој ќе се одржи на 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ – Скопје. „Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ” More” од трилогијата “Среќен сум дури и без себе”, а тоа е – очекувај ...

Некои дела не се само платно и боја – тие се дел од човечката меморија, сведоштво за време, емоција и историја. А токму тие дела, понекогаш, имаат највозбудлива – и најтажна – судбина. Додека светот деновиве зборува за кражбата од колекцијата на Лувр, кое е дел од круната на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон Трети, ние не можеме да не се сетиме на една поинаква, но блиска приказна – приказната за подарената слика на Пикасо за Скопје, која ...

Кочани, 21 октомври 2025 (МИА) - Во Кочани синоќа почна 62. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Први на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ настапија тетовци од „Летечката театарска група“ со претставата „Малиот принц“. ДАФ, вообичаено, секоја година се одржува во текот на последната недела од мај, но, поради мартовската трагедија во „Пулс“ и овој настан од културата беше одложен. На годинашниот фестивал на драмските ...

Светот одамна му се восхитува и поклонува. Фотографиите од Охрид и езерото се вистинска мамка за случајните и намерните посетители, оние што дошле или допрва ќе стигнат. Стојан Стојановски, секој миг е со својот моќен апарат и уште помоќната сензибилност за естетиката и природната убавина. Охрид е како од бајките, но на неговите фотографии доловените мигови се уште поубави. По подолго време Публицитет.мк во рубриката „Фото на неделата “ ви нуди ...

За прв пат по 200 години, величествениот Партенон на Акропол е во голема мера ослободен од надворешни скелиња, нудејќи им на посетителите прекрасен, непречен поглед на античкото ремек-дело. „Најмалку две генерации не го виделе Партенон визуелно слободен, бидејќи скелињата на неговата западна страна беа поставени пред дваесет години. Но, да се види Партенон целосно слободен, каков што е денес, е нешто што не се случило најмалку 200 години“, ...

На денешен ден, пред точно 25 години — 21 октомври 2000 година — излезе „Primitive Science“, вториот макси-сингл на Кирил Џајковски, објавен под неговата издавачка куќа Avant Garde Records. Изданието, објавено на 12-инчен винил, ја содржи оригиналната тема и уште три ремикси направени од странски продуценти, што му даваат меѓународен звук и универзален пулс. Колекционерите и љубителите на електронската музика го сметаат ова ЕП за едно од ...

Македонскиот долгометражен филм „Утре наутро“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан пред македонската публика на 19 ноември во киното „Синеплекс“, а од наредниот ден ќе почне неговото киноприкажување низ целата земја. – „Утре наутро“ е политичка драма, зборува за луѓето што носат одлики, поточно за одлуките со чии последици се соочуваат сите. Одлуки кои ги уништуваат прво нивните семејства, а потоа целата заедница – рече ...

Во петок, на 24 октомври 2025 година, во камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје ќе се одржи концертот „Подиум на млади“, на кој ќе настапат пијанистот Виктор Рафајловски, виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтијари. Настапот започнува во 20 часот и ветува вечер исполнета со виртуозност и емоција. Во програмата на Рафајловски се вклучени дела од Франц Лист – „Трансцендентална етида бр. 4 Mazeppa“, Тома Прошев – ...

На малата сцена во Македонскиот народен театар, на 22 октомври, во 20 часот, ќе биде одиграна јубилејна 50. изведба на монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е агенција за помош при емиграција во Канада, чија цел е да се убедат сите Македонци колективно да се иселат во ветената земја. ...

По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова. Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност. -Изложбата ја слави уметноста, животот и хуманоста на Милка Ефтимова(1936–2025) – првенка на Македонскиот народен театар, оперска пејачка ...

Саат кулата во Скопје е изградена е во 15 век и служела за мерење на времето и означување на молитвените часови. Се наоѓа во дворот на Султан Муратовата џамија и е еден од препознатливите симболи на Старата чаршија. Препорачано Султан Муратовата џамија е изградена во 1436 година, за време на султан Мурат Втори. Таа е една од најстарите џамии во Скопје и важен споменик на османлиската архитектура. За споредба, саат кулата Биг Бен во Лондон е ...

Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога ...

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од Скопје е значајна како институција која ја има својата примарна функција на заштита на македонското национално книжевно богатство. Нашето културно наследство како книжевен фонд е нашиот идентитет како држава, вели Јовица Никчевски директор на НУБ „Свети Климент Охридски“. Не е можно држава без национална библиотека, а во нашата држава тоа е НУБ „Свети Климент Охридски“ во ...

Две француски актерски ѕвезди блескаат во оваа драма за пријателството што се развива помеѓу Клер (Катрин Фро), бабица соочена со криза во кариерата и Беатрис (Катрин Денев), слободоумна љубовница на починатиот татко на Клер. Клер е неверојатно надарена бабица, со природен талент за пораѓање со голема нежност. Но, во текот на годините, нејзините деликатни начини, нејзиното чувство на гордост и одговорност се судираат со поефикасните методи на ...

На 24 октомври (петок) во 19 во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали,мотиви и тематики.Тие се работени во последните 20 години, али најмногу има од последниот негов ...

Претставата за ветената земја, онаква каква што ја виде авторот Зоран Спасов-Ѕоф, и самиот повратник од Канада, четири години ја смее и истовремено ја расплакува публиката. На сурово реален начин ги отсликува оние што се тука, а размислуваат да заминат, оние што заминале, а мечтаат да се вратат, а порака има и за оние што остануваат дома да ги пречекуваат и испраќаат печалбарите. Во интервју за „Макфакс“ во пресрет на 50. изведба, Спасов открива ...

На 22 октомври 2025 (среда), со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот Културно-информативен центар ќе се одржи концертот на Дарко Багески (гитара) и Петар Танески (кларинет). На програмата на инструменталното дуо се дела од Георг Фридрих Хендел, Волфганг Амадеус Моцарт, Астор Пијацола, Ѓора Фејдман, Радојка Живковиќ, Никола Бадев и традиционални македонски песни. Дарко Багески музичкото образование го стекнал во Скопје, Македонија (проф. Јане ...

Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...

„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓи 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои се ...

Францускиот институт во Скопје организира на два настани посветени на светот на иновациите, претприемништвото и креативните индустрии во Франција. На 28 октомври во Арена „Борис Трајковски“, во панел дискусии посветени на креативните индустрии и циркуларната економија, ќе учествуваат и тројца реномирани француски експерти со кратки презентации од 15 минути за нивните иновативни решенија: Абинав Агарвал, основач и извршен директор на Frugal ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
8.23
69%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.37
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
11.32
90%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.34
93%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Родиум

255598.44

Бакар

10.95

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Калај

40.48