Во врска со анонимниот конкурс „Помеѓу пејзажот и бетонот“ во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, која се одржа на 13 и 14 јуни оваа година, УО на ДПМ на својата последна седница бр. 12-2025/1 ја донесе следната Одлука: „Поради констатираните неправилности, нетранспарентност во начинот на избор на наградените творби, како и повлекување на двајца членови на жири-комисијата, УО донесе Одлука да не се доделат наградите на конкурсот ...

Претставата „Народен пратеник“ на МНТ продолжува со успешната регионална турнеја. На 24 октомври, во главната натпреварувачка програма, ова сценско остварување ќе биде изведено на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата ...

Изложбата, посветена на професорот Владимир Георгиевски, оваа година ја истражува темата на портретот како ликовен предизвик и како начин за откривање на човечката индивидуалност низ различни стилови и генерации. „Трагајќи по совршениот простор и пристап кон ликовното дело, изложбата го истражува односот меѓу просторот во кој уметникот создава и просторот во кој делото живее пред публиката,“ се наведува во најавата на организаторите. Уметничка ...

Делчево, 22 октомври 2025 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево подготви богата културна програма за граѓаните на градот, со три настани кои ја одбележуваат есенската културна сезона. Вечерва, со почеток во 18 часот, во кино салата во Делчево ќе се прикаже норвешкиот филм „Викторија мора да замине“ (Victoria Must Go), синхронизиран на македонски јазик. Филмот, наменет за публика над 12 години, трае 85 ...

Виница, 22 октомври 2025 (МИА) - Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24 октомври, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее...“, соопшти Александра Давиткова, директорка на виничкиот Дом на културата, ...

Слаткаристика најави нов концерт во Скопје, што го нарече „Интимно со Слаткаристика“, а ќе се одржи на 29 ноември во клубот „Станица 26“. „По големиот концерт во арената ‘Борис Трајковски’, Слаткаристика подготвува концерт ‘лице во лице’ со публиката, сосема поинакво искуство. Публиката ќе биде на чекор од него, со можност за директен контакт и незаборавна енергија. Вие можете да си резервирате место буквално до него“, велат организаторите. ...

OVC Kolektiv, активен музички бренд и организација посветена на современата електронска музика и уметност, на 1 ноември 2025 година ќе го претстави својот нов мултидисциплинарен проект со уметнички и јавен карактер — „Liminal“. Настанот ќе се одржи во катната гаража „Кресненско Востание“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот. Со долгогодишно искуство во создавање и промовирање на современи културни настани, OVC Kolektiv ја продолжува својата ...

Вечерва на изложбата на Факултетот за ликовни уметности, објект Педагошки факултет, не ја видовме уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, по која е препознатлив дома и во светот, уметникот Михаил Корубин, дел од една долга семејна историја на уметници и дел од лозата на великаните на македонското сликарство. Бев дел од отмена публика од сите генерации и професии што се движеше со ...

Оваа филозофија, создадена уште во XVI век во рамките на чајните церемонии и боречките вештини, денес е длабоко вградена во секојдневието на Јапонците. Во идиличното село Магоме, сместено на античката патека Накасендо меѓу Токио и Кјото, Нина Оцубо Калдадо им ги пренесува на посетителите основите на оваа животна дисциплина. Во тишината на дрвените куќи и под звуците на ветерот што минува низ бамбусовите градини, таа објаснува дека суштината на ...

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Издавачката куќа „Макавеј“ ја објави новата стихозбирка на поетот Бранко Цветкоски, насловена „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“. Поетската книга содржи седумдесетина песни во четири тематски раздели - „Наслов за залезот“, „Седенка во иднината“, „Неизустените зборови“ и „Привиди. Ронки. Роморења“, придружени со поговор на проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска. -Префинетиот, кондензиран исказ на ...

Гевгелија, 22 октомври 2025 (МИА) - Синоќа во хотелот „Аполонија“ се одржа концерт посветен на композиторот професор д-р Томе Манчев, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“. На концертот беше изведен дел од творечкиот опус за камерни ансамбли и солистички дела на композиторот со што неговиот роден град Гевгелија му оддаде почит. На концертот беа изведени делата: „Санаториумска балада“ циклус за глас и пијано (1974/5, ...

Октомври, месецот кога целиот свет го слави духот на Halloween, е совршено време за враќање на култните филмови што создадоа легендарни сцени и незаборавни ликови. Netflix годинава подготви внимателно одбрана хорор селекција— комбинација од нови наслови и незаменливи класици што вреди повторно да се погледнат. Од готски романси и психолошки трилери до урбани легенди и црн хумор, овие филмови се веќе достапни за гледање и нудат совршен маратон за ...

Скопје од 22 до 25 октомври ќе пулсира во ритамот на Amber Jazz Festival — новото издание на фестивалот што ќе заземе место во Bruklinski JAZZ Bistro. Овој фестивал ја слави современата џез сцена и нејзините најиновативни артисти. Фестивалот започнува на 22 октомври (среда) со DJ SET на Shrube во 17:00 часот, а вечерта ќе настапи John Ilija Apelgrin во 21:00 часот. Следниот ден, 23 октомври (четврток), публиката ќе го слушне Filip Dinev ...

Од 23 до 25 октомври 2025 година ќе се одржи литературната манифестацијата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2025“ во Македонскиот КИЦ во БЕЛГРАД. За таа цел на 23.10.2025 година во 18.00 часот во македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе се одржи литературна манифестација на која воведно обраќање ќе имаат: директорот на КИЦ на РСМ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и програмскиот уредник на проектот м-р Ели Маказлиева. ...

Кумјана Новакова за нејзиниот авторски филм „Молкот на разумот“ (2023) ја доби Нирнбершката меѓународна филмска награда за човекови права во рамките на Филмскиот фестивал за чоекови права во Нирнберг. Наградата е доделена синоќа во Нирнбершката куќа на филмот од меѓународното жири составено од Дамиен Оунури, Фарахназ Шарифи и Борјана Гаковиќ. Според жирито, филмот на Новакова „претставува и кинематографско и историско дело на правдата“. -Го ...

Со секоја нова песна, Давид Темелков потсетува дека за вистинската музика нема формула, туку се чувствува и се создава од душа. Неговиот најнов сингл, „Слушај штом живот диктира“, е токму таков – искрен, човечки и полн со емоција што се чувствува уште при првото слушање. Темелков е автор и на текстот и на музиката, а во аранжманот соработува со Кристијан Синковиќ. Песната ја носи неговата препознатлива чистота и топлина – едноставност што ...

„Тоа е само едно пластично шише“ – реченица што секој од нас барем еднаш ја изговорил. Но што се случува кога „само едно шише“ ќе се помножи со бројот на жителите на нашиот град Битола или со осум милијарди луѓе? Одговорот го носи документарниот филм „Plastic Fantastic“, кој на провокативен и едукативен начин ја отвора темата за влијанието на пластиката врз животната средина и нашата секојдневна култура на потрошувачка. Во организација на ...

Нашиот подкаст „На каде одиме?“ се враќа со свежи приказни и нови гости кои ќе ве инспирираат и насмеат. Секоја епизода ќе биде достапна секој четврток во 19:00, па резервирајте го вашиот вечерен подкаст момент за разговори за кариера, личен развој и сите оние моменти кога се прашувате „на каде одиме?“. 😉 Првата епизода од сезоната се ближи, па внимавајте на најавата – нема да сакате да ја пропуштите. Подгответе се за совети, интересни приказни ...

Со цел афирмација на современата уметничка критика и поддршка на автори кои придонесуваат за нејзиниот развој, AICA Македонија ја инаугурира националната награда „Борис Петковски“, посветена на истакнатиот историчар на уметност, критичар, теоретичар и професор Борис Петковски, чиј труд и визија имаат трајно значење за македонската уметност и критичка мисла. Петковски е и оснивач на македонската секција на AICA. Наградата ќе се доделува на ...

Три македонски театри ќе гостуваат во Кочани во периодот од 25 до 29 октомври. Организатор е Europe House – Кочани како дел од есенската културна и едукативна програма а во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani. На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе ...

Во четврток, на 23 октомври ќе бнде отворена изложбата „Лица“ во галеријата „Метаноја“ во рамките на „Несовршен простор“. Учествуваат дванаесет уметници од Македонија. Во чест на творештвото на професорот Владимир Георгиевски, оваа година учесниците во изложбата ,,Несовршен простор” го третираат портретот. Соодветно со тоа насловот на овогодишната изложба е ЛИЦА. Трагајќи по совршениот простор и пристап кон ликовното дело, во концептот на оваа ...

Урбан спектакл што ќе го раздрма Скопје: 2Бона со прв голем соло концерт!“ Објавена во: 22 Октомври, 2025 12:33 Долгоочекуваниот момент конечно пристигна! Популарното дуо 2Бона, по години хитови, клубски настапи и полни сали низ цела Македонија и регионот, го најави својот прв голем соло концерт во Скопје. Настанот ќе се одржи на 26 декември 2025 година во 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“, каде што се очекува вистински урбан спектакл. „По ...

Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда во категоријата реализација од областа ентериер и дизајн за ...

Скопје, синоќа, во фоајето на НОБ, пред уважени гости, амбасадори и претседателката Гордана Силјановска-Давкова (со дузина телохранители) ја слушна светската премиера на концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“, за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, напишан годинава од двајцата врвни автори и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и пијанистот Дино Имери. Вечерта беше специјална – се славеше националниот ден на Шпанија. ...

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски. Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент во ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во објава на Фејсбук сподели дека со воведувањето на „делегираниот буџет“, овозможиле поголема флексибилност и одговорно управување со ресурсите, во интерес на публиката. „Ова е израз на доверба кон раководителите на установите да ги истакнат своите менаџерски способности. Тие најдобро ги познаваат потребите на својата институција, без разлика дали станува збор за театар, музеј или галерија, истакна ...

Во дворот на „Комбо“ во скопска Железара се одржа шестиот „Маалски бувљак“. Посетители дојдоа, слушаа музика, ама и избираа облека и предмети од втора рака, за да им дадат нова шанса и втор живот. Притоа, како што велат од „Комбо“, се прослави нивниот прв роденден, се испија многу кафиња, дознаа многу судбини, родија нови познанства, подновија нечиви плакари, а заедницата си заедничареше. „Една година полна со кафе муабети кои прераснале во ...

По летото исполнето со настапи низ регионот и концертот пред Massive Attack, Дина Јашари се враќа дома – со нова концертна приказна во Public Room, закажана за 20 ноември 2025 година. Настанот е посветен на нејзиниот најнов албум „Растенија без корен“, кој ќе биде изведен во живо, искрено и топло, во препознатливата атмосфера на поткровјето на Public Room. „Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли,“ пишува Дина во ...

Виница, 21 октомври 2025 (МИА) - Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под покровителство на Општина Гевгелија, се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025, што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков, а втората е главната или Гранд при наградата за филмската ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
8.23
69%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.37
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
11.32
90%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.34
93%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Платина

52952.77