Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во Белград е објавена нова монографија за Жарко Лаушевиќ, кој во 2023 почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Легендарниот црногорски актер и писател и еден од најпопуларните екс-ју глумци, беше познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, „Црн бомбардер“, „Кажи зошто ме остави“… Неговата богата кариера ...
На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе се одржи единаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Годинава фестивалот ја става Холандија во фокус, а свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на славниот холандски режисер и фотограф Антон Корбајн. Овој реномиран уметник, познат по своите впечатливи фотографии и музички видеа со светски ѕвезди, ќе биде ...
Долгометражниот документарен филм “Планината не оди никаде” во режија на Петра Селишкар, проект во кој Македонија се јавува како копродукција, доби три значајни награди на 28. Фестивал на словенечки филм во Порторож!, , соопшти Агенцијата за филм на својот фејсбук профил. Наградата ВЕСНА за најдобра режија, доделена на Петра Селишкар Уште една ВЕСНА за најдобра монтажа, доделена на Лорелин Делом и Сашко Потер Мицевски Како и наградата за ...
АУДИО ВЕСТ: Getting your Trinity Audio player ready... Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечерва во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен. Целиот град ќе се претвори во голема ...
Францускиот институт во Скопје организира два настани посветени на светот на иновациите, претприемништвото и креативните индустрии во Франција! 1. Конференција: Иновации во креативните индустрии и циркуларната економија, на 28 октомври 2025 година | 10:30 – 18:00 часот | Арена Борис Трајковски, на која во панел дискусии посветени на креативните индустрии и циркуларната економија, ќе учествуваат и тројца реномирани француски експерти со кратки ...
Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена. „Музикферајн“ е матична сцена на познатата Виенска филхармонија на која ги одржува своите концерти, меѓу кои и еден од најпознатите – Новогодишниот концерт, кој се одржува на 1 јануари. Настапот на Македонската филхармонија во Виена претставува заокружување на прославата на ...
Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој период во регионот, но и пошироко, според надлежните од Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола се повеќе од импресивни. Оттаму додаваат дека во рамки на 70-ина слоеви присутни во археолошката стратиграфија, се регистрирани мноштво подови од можни 16 неолитски градби подигани или ...
Ремек-делото „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот веќе 150 години ја воодушевува публиката низ светот останувајќи вечен симбол на виенскиот шарм. Исполнета со познати валцери, полки, многу елеганција, актерска игра и со хумор, оваа оперета на присутните во салата на Македонската опера и балет во сабота вечер им приреди магична вечер Тајни љубовни игри, духовити дијалози, дворски гламур под маски и музика која никого не остава рамнодушен!… По ...
На 28 октомври од 19 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје. Издавач на книгата е „Темплум“, а ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на ФДУ, Лада Стевановиќ, научна советничка на Етнографскиот институт во Белград и писателот Гоце Смилевски. „’Поетики на современата ...
На концертите ќе настапат повеќе млади музичари на возраст од 7 до 30 годишна возраст, од повеќе градови во Македонија. Влезот за публиката е бесплатен. „Слободна Среда“ е платформа посветена на млади музичари од основно, средно и високо музичко образование, која преку јавен повик објавен од МММ овозможува учество на ученици и студенти од целата земја. На еден концерт настапуваат повеќе изведувачи или камерни состави, и секој учесник изведува ...
Изложба посветена на примадоната со светска кариера, Милка Ефтимова (1936-2025) , беше отворена денеска во амфитеатарот на Спомен – куќата на Мајка Тереза. Автор е Василија Чали, а кураторки се Елизабета Марковска од Музејот на македонската борба за самостојност и Цветанка Вучковска – Митовска од Спомен – куќата на Мајка Тереза. Поводот е 25 октомври – Денот на операта, а како што беше појаснето на настанот, станува збор за резултат на соработка ...
Во Музејот на македонската борба, на 28 октомври, во 19 часот, во рамки на фестивалот „Златна лира“ ќе се одржи концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“. Притоа, од 19 часот настапуваат Ѓорѓи Димовски на саксофон, добитник на наградата на СМУМ и Маја Божиновска, на пијано, а на програмата ќе бидат исполнети Роберт Муцински, Роже Бутри, Томислав Зографски, Александар Глазунов, Алфред Дезанкло. Од 20:00 часот, ...
Изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и Ема Димовска во Скопје организира Културно-информативниот центар – Скопје. „Room 93“ — Ивана Мојсовска Головска Во интимниот свет на серијата колажи на Ивана Мојсовска Головска, просторот станува и засолниште и замка – псохолошки простор во кој фигурата ја преиспитува сопствената присутност. Во овие надреални сцени, блискоста и изолацијата се две лица на истата желба за поврзување. Свет ...
Пишува: Звонко Димоски Во проектот „Пополнување на празнината…“, празното место во училишната клупа станува скулптура, а тишината се променува во материјал. Преку фотографија и објект, Димоска Николоска ја визуелизира пораката и просторот после заминувањето. Делото е тивко, но остро – сведоштво за општествен феномен што обично се мери со бројки, а ретко со чувства. „Јас сум дете на родители кои целиот живот работеа надвор од Македонија,“ ми ...
По повеќегодишна работа на различни музички проекти и соработки, Леана Таќи – Леа конечно го најавува својот прв соло албум со објавата на песната „Чекање“, придружена со видео запис. „Многу добро се сеќавам на моментот кога ја добив идејата за ‘Чекање’. Имав предавање во Штип и возејќи по автопатот, забележав невообичаено голем број прегазени животни — меѓу нив, многу кучиња и мачиња, некои дури со каивчиња околу вратот. Кога повторно патував ...
Во рамките на „Кадар-на” / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје со почеток во 14 часот ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите планирано е да се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: Сенките на месечината (2025) – во режија на Тина Величковиќ, Река (2024) – во режија на Угљеша ...
Народниот театар Битола ја претставува својата богата програма за месец ноември. Претстави кои ветуваат незаборавни сцени, силни емоции и драмска магија. Во фокусот овој месец се класичните дела на Шекспир. Како и современи претстави што ја одразуваат актуелната енергија на театарската сцена. Посетителите се поканети да го разгледаат репертоарот и да изберат претстава која ќе им овозможи вечер исполнета со уметност. Со инспирација и забава. ...
В среда (29 октомври) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде промовирана збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според Друштвото на писателите на Македонија во 2025 година. Модератор и промотор е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. -Расказите на Жарко Кујунџиски се раскошно славење на приказната. ...
По неколкугодишна пауза, Баскерфест повторно ги раздвижи улиците на девет македонски градови. Овој фестивал, кој веќе две децении ја слави уличната уметност, се врати со нова енергија, свежа програма и истата магија која го направи препознатлив. За предизвиците, инспирацијата и значењето на ваквите настани за културниот живот, разговаравме со Пане Темов — човекот зад организацијата на Баскерфест, но и на други познати фестивали како Пиволенд, ...
По успешната премиера во саботата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус, Националната опера и балет утре на големата сцена ќе го изведе повторно ова ремек дело. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска. Кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, концерт мајстор Верица Ламбевска, а светло-дизајн Милчо Александров. Во солистичката екипа ...
Бриџит Џонс, лик создаден од писателката Хелен Филдинг што во четири филма го играше Рене Зелвегер, ќе добие бронзена статуа во централен Лондон. Таа ќе биде откриена на 17 ноември, придружувајќи се на други легендарни филмски ликови на плоштадот Лестер, каде што се наоѓаат четири киносали. „Мислам дека ова е одлично зашто Бриџит е соодветна лондонска хероина и идејата таа да биде засекогаш присутна во централен Лондон е навистина возбудлива“, ...
Претставата „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци – Скопје (ТДМ) денес гостува во Домот на култура „Бели мугри“ во Кочани, во организација на Europe House. Настанот, кој ќе се одржи со почеток во 13 часот, ќе биде одбележан со посебен јубилеј – 300-та изведба на оваа култна детска претстава. Повеќе од две децении „Црвенкапа“ е една од најиграните и најпосетуваните продукции на ТДМ, омилена кај публиката од сите генерации. Режијата е на ...
На 28 октомври со почеток во 19:00 часот, на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе биде изведена претставаta „Чиста куќа“ од Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска. Oрганизацијата е на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамките на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Гевгелија. Влезот е бесплатен. „Чиста куќа“ е ...
Ана Петановска испеа брза песна во стилот на Витни Хјустон на Макфест во Штип, на втората вечер на 24 октомври. Григор Копров ја напиша музиката за песната „Со тебе до ѕвездите“, таа е автор на текстот, а аранжманот е на нејзиниот брат Стефан Петановски. „По баладите кои ги испеав на фестивалите изминативе месеци, оваа песна ми дојде како освежување. Многумина коментираа дека е како Витни Хјустон на почетоците од кариерата, што ми е многу драго. ...
Најемотивните моменти на Макфест 2025 - Коки пееше сам без Дуле, Стојан Троицки се расплака за наградата за животно дело „Како ми е? Еве вака... тажно, сам... Дуле го нема покрај мене. Ме фати трема на крајот, гласот ми затрепери кога требаше да кажам два-три збора. Иако, мислам дека вчера ми беше потешко“ - рече Коки за CRNOBELO.com откако сам ја испеа „Виолина и гитара“. Изминатиот викенд во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа ...
По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...
По успешната премиера која публиката ја награди со бурни аплаузи и одушевување, Националната опера и балет ја најавува новата изведба на едно од најпопуларните и највесели музички дела – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Настанот ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, на големата сцена на МОБ. Оваа безвременска оперета, позната по својата разиграност и виенски шарм, повторно ќе го оживее светот на валцерите, ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 304, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (25-26.10.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со министерот за култура и туризам Зоран Љутков: Системот бара реформи за да биде фер и ефикасен – разговор Даниел Кунерт, уредник во списанието „Арх+“: Современата архитектура не се занимава само со градење нови згради – ...
Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Прочитајте ги неговите најнови мисли исполнети со духовитост и остроумна опсервација на секојдневието. -Дури и најмалиот зрак светлина, ја менува сенката на денот. -Во желбата и обидот да го зголемат своето банкарско салдо, некои ново-стари, алчни градоначалници, ќе вложат голем труд и драгоцено време, да си ја доосиромашат…општината. -Парламентот е најскапиот театар: билетите ги ...
Самостојната изложба на уметницата Аница Китаноска, насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“, ќе се одржи во понеделник, 27 октомври 2025 година, во 19, 30 часот, во изложбениот простор Магаза – Битола. Изложбата ќе ја отворат директорката на Завод и музеј – Битола, Маргарита Спасов, која ќе даде воведен збор, кустосот советник во истата установа, Наде Геневска-Брачиќ, и уметницата Љубица Мешкова Солак, членка на ДЛУМ која живее и ...