Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Претставата „Мајки“ на Колектив Игралке и Рајна Рац, во продукција на Казалиште Улисис од Загреб, ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 31 октомври. Ова не е претстава за мајчинството. Ова е претстава за одлуката за мајчинството. Авторките, сите во т.н средни триесетти години, насетуваат дека времето за мајчинството речиси им истекува. ...
Куманово, 29 октомври 2025 (МИА) - Кумановци вечерва со почеток во 19:30 часот во Уметничката галерија ќе имаат можност да ги разгледаат делата од меѓународната изложба „Фото приказна“. Изложбата ја организира Фото клуб Куманово. - Под покровителство на клубот, изложбата ги обединува четириесетина врвни фотографи од различни земји, кои преку своите дела откриваат светови исполнети со светлина, сенка и човечка емоција. Фотографиите се ...
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори утревечер (30.10.2025) во МГС од 20.00 часот. Изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација ...
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) – Културно информативниот центар – Скопје најавува свечена промоција на најновата поетска стихозбирка „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од истакнатиот македонски поет, критичар и есеист Бранко Цветкоски. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19. Книгата, во издание на „Макавеј“, содржи седумдесетина песни распоредени во четири тематски циклуси, и е придружена со есеистички ...
Во Музејот на македонската борба, на 30 октомври, во 20 часот, со доделување на наградите и со концерт на пијанистот Глигор Гелебешев ќе се затвори годинашното 18. издание на фестивалот „Златна лира“ 2025. Вовед во свеченото затворање на фестивалот ќе биде доделување на наградата „Златна лира“ што СМУМ традиционално ја доделува за животно дело и за особени уметнички остварувања во текот на претходната година. Наградата за животно дело оваа ...
Концертот ќе се одржи во 20 часот во Националната опера и балет. Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 за 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 пишува како за „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“ Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните ...
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) – Од печат излезе романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. „Ништо“ е провокативна и духовита приказна за Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, горчина и саркастични размисли за животот, ...
Nа 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀!Диригент на концертот ќе биде единствениот 𝗕𝗼𝗯 𝗠𝗶𝗻𝘁𝘇𝗲𝗿, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 ќе ги опише како „совршено запалив ...
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на 7 ноември 2025 година, 20.00 часот. Ова е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...
Националниот џез оркестар (НЏО) денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември. На 6 ноември во Националната опера и балет НЏО ќе настапи заедно со легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“- пионери на ...
Настанот претставуваше ретка можност за дијалог и размена на искуства и ја потврди посветеноста на британското кралско семејство и британската влада за културната дипломатија и меѓународната соработка. „Голема чест е што бевме дел од овој престижен прием и што лично се сретнавме со неговото височество, кралот Чарлс III. Топлиот пречек и искрениот интерес за нашата работа оставија силен впечаток. Искрено сме благодарни за оваа уникатна можност и ...
По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија, информираат од Управата. Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта со што, како што нагласуваат, овој вреден простор ќе биде збогатен со ...
Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ во рамки на тринаесеттото издание на фестивалот, ќе вклучи изложби, разговори, работилници и перформанси посветени на локалната и регионалната квир културна сцена. Тридневната програма ќе се реализира на 30 октомври, 1 ноември и 15 ноември на повеќе локации низ Скопје, а е посветена на истражување на можностите за културна автономија и заедничко делување на локалната квир заедница, со ...
Наскоро во Паблик-рум! „Скопје виа“, новата музичка сензација на овие простори, етноакустичен состав со препознатлив џипсиџез-звук на авторски песни пред македонската публика, ќе се претстават на 21 ноември. На тој датум им е закажан концертот во Паблик-рум. Овој уникатен џипси-џез-оркестар комбинира театарска експресија, џипсиџез-дух и современ балкански звук. „Скопје Виа“ е музички проект оформен како симбиоза на искуство, креативна визија и ...
Македонија се најде на мапата на светската турнеја на фестивалот Егзит, кој следната година нема да се одржи на својата традиционална локација во Нови Сад, туку во нов формат во повеќе држави. Првата станица ќе биде Умаг во Хрватска, а Егзит ќе дојде во Македонија во јуни. „Јуни започнува со фестивалот во Македонија, додека август носи фестивалска авантура на повеќе атрактивни локации на Малта“, најавија организаторите. Во октомври, Егзит се ...
На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе една од најемотивните изведби на вечерта со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ. Симона уште еднаш потврди дека е артист што ја руши границата меѓу музиката и уметноста. „Не ми доаѓаш“ претставува природно продолжение на нејзиниот уметнички циклус во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“. Преку секоја ...
Запознајте ја Санела, новата музичка надеж која дебитираше на „Макфест“ со „Цунами“ Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (дј Ерик Фокс), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс. Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинист во средното ...
Македонскиот диџеј и продуцент Александар Галоски на покана на познатиот холандски диџеј и продуцент Тиесто сними сет за неговата издавачка куќа „Мјузикал фридом“. Сетот беше емитуван на aмериканската радиодифузна мрежа „СириусХМ“, а сега е достапен и на Јутјуб. „Многу сум им благодарен на тимот на Тиесто и на неговата издавачка куќа за поканата и поддршката“, вели Галоски. Тој е активен на меѓународната сцена повеќе од десет години со настапи ...
Во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар, денеска и утре ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Годинава фестивалот ја става Холандија во фокус, а лауреат на изданието е култниот холандски фотограф и режисер Антон Корбајн, кому ќе му биде доделена награда за животно дело за неговиот придонес во музиката, филмот и фотографијата. Свеченото отворање ќе биде со неговиот филм „Контрола“ ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена – еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...
На 26 декември 2025 година во „Борис Трајковски Арена“ ќе се одржи спектаклот MAHMUT ORHAN – THE ARENA EXPERIENCE, голема електронска вечер што организаторите ја најавуваат како најголем зимски музички настан во земјата. Mahmut Orhan е еден од најпрепознатливите светски артисти во модерната електронска сцена и редовен учесник на водечките фестивали како Tomorrowland, Zamna и EXIT. Настанот ќе се реализира со двочасовен премиум сет, специјални ...
Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за претставата „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер. Претставата е дел од годишната програма за работа на тетаарот за 2025 година. Режисер е Мартин Кочовски, кој вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во ...
Новелата, со англиски наслов The Bo®ing Book: A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be, има динамично дејство кое се развива низ повеќенасочна, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна тема. Една од главните области на овој ...
Во Галеријата на Детскиот ликовен центар при Кинотеката на Република Северна Македонија, во четврток, на 30 октомври 2025 година, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена групната изложба со наслов „Кога би насликал зборови“. На изложбата ќе учествуваат единаесет академски ликовни уметници од општината Карпош, кои преку своите дела ќе ја истражат врската меѓу зборот и визуелниот израз. Експозицијата претставува спој на различни стилови, поетики ...
По успешната прва сезона на настани, Коалиција Маргини се враќа со „Родот и градот“ со нова серија разговори кои ги испитуваат врските меѓу културата, феминизмот и градот како простор на мислење и отпор. „Родот и градот“ е серија на настани низ кои ги разгледуваме различните аспекти на родовата еднаквост – пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното ...
Вечерва во малата сала на Завод и Музеј Битола беше отворена изложбата насловена “Континуитети“ – избор од француската колекција на МСУ – Скопје, на која куратори се Владимир Јанчевски, Благица Варашанец и Ива Димовски.Присутите ги поздрави и и им се обрати директорката на Завод и Музеј Битола, Маргарета Спасов, која рече:-Се радувам што една ваква значајна изложба е поставена во Завод и Музеј во Битола, а прикажува тематската и стилска ...
При стеснет простор и отсуство на поддршка за критичко културно делување, во време на отворен антагонизам кон феминистичките заложби и јавни и институционално поддржани хомофобични и трансфобични политики, колку далеку може да одат и колку слободно може да се остварат културните и активистичките себеистражувачки пракси на (младите) квир/FLINTA жени*, транс* и родово флуидни луѓе? Возобновената QUEER програма на тринаесеттото издание на ...
Животот е комплициран, полн со неизвесност, далеку од совршен, на моменти убав, на моменти спротивно од тоа … Но, едно нешто е сигурно – животот е премногу краток! Затоа, важно е секојдневно да се потсетиме на сите благослови што ги имаме. И уште поважно, да посветиме макар неколку моменти во кои ќе изразиме благодарност за истите. Благодарна сум на Бога за секој нов ден во кој се будам, во кој живеам, за сите мои драги луѓе, моето семејство. ...
Дополнително, филмот беше одликуван и со Специјална награда на жирито на International Festival of Short Fiction Films – Film Front во Нови Сад, што претставува уште едно признание за македонската авторска креативност и современата филмска естетика. Во образложението на жирито стои: „Поради сугестивното толкување на ликот на жена во патријархално и бирократизирано општество, преку суптилни глумечки нијанси со кои се постигнува силен емотивен ...