Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Во Спомен-домот АСНОМ во Делчево синоќа се одржа културно-уметничкиот настан „Културна кауза“, во организација на „Fin Project“, со кој започнува серија концерти посветени на промоцијата на современата македонска уметност и нејзино поврзување со младите генерации. Настанот донесе спој на музика, поезија и мултимедијални содржини, инспирирани од делата на македонските поети Гане Тодоровски и Анте Поповски, посветени на празникот на Македонската ...
„Ми требаше многу сила и концентрација да испеам песна за Дуле“, ни рече Никола Јанков- Коки кој беше дел од втората фестивалска вечер на Макфест вчера (24 октомври) во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Јанков ја испеа песната „Виолина и…“ која ја напишаа Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а во неа, тој пее за колегата и другар, Душан Љубисављевиќ кој почина од рак во 2013. „Ниту песна рана затвара, кога и да запеам на тебе сѐ ме потсеќа. ...
Во наредните денови на фестивалската програма ќе бидат и: „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, во режија Јагош Марковиќ на Центарот за култура Тиват, Црна Гора (26 октомври), „Куршуми над Бродвеј“ во режија на Ненад Витанов на Драмски театар Скопје (27 октомври), „Повеќе од игра“ на Слободан Стојановиќ во режија Иван Вуковиќ на Београдско драмско позориште (28 октомври), „Мајки“ во режија на Рајна Рацз на Театар Улисис од Хрватска (29 октомври), ...
Денеска Цветин за роденденот посветиу и подари свои дела за наградените учесници на Манифестацијата АНТЕВО ПЕРО. Годинава и во време на пандемија имав многу активности. Насликав 75 свои дела за 75 г.Јубилеј на ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, подарив 200 рози за Мед.сестри по повод 12 Мај Денот на мед.сестри,,имав повеќе изложби на Балкон во својот дом во Скопје,посветени на Мајка Тереза, на Струшките вечери на поезијата, за 1000 г. на ...
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави монографијата „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“ од Доне Таневски. Исклучително значајно издание во кое над 500 страници се посветени на фактографско претставување на градските заедници (полиси), нивната кратка историја, основните економско-политички процеси, а најмногу нивната монетарна дејност. Книгата ја опфаќа територијата и областите што некогаш ѝ припаѓале на античка ...
Најмалото пивско шише на светот – Carlsberg создаде минијатура со големина на зрно ориз и само 0,05 милилитри пиво за пораката: пијте одговорно! Датската пиварница Carlsberg ја претстави најмалата пивска шише на светот – висока само 12 милиметри, со капацитет од неверојатни 0,05 милилитри. Толку е малечко што може да се изгуби меѓу прстите, но пораката е голема: да ги инспирира луѓето да пијат одговорно и умерено. Содржина: Carlsberg го ...
Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Самостојната изложба на слики и видеа од Мице Јанкуловски „Коегзистенција - црно и црно“ синоќа беше отворена во Музејот на град Риека - „Коцкица“. Изложбата, како што информира авторот, ја отворила градоначалничката на Риека, Ива Ринчиќ, a на отворањето присуствувале директорот на Музејот, Младен Урем, раководителот на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на ...
Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски ќе се одржи денес во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар со почеток во 19:30 часот. „Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја ...
Пишува: Александра Јуруковска Најновиот поетски ракопис на младата Светла Јакшиќ е прекрасен спој на младешка сила и зрело поимање на поезијата. Таа беспоштедно се втурнува во треската што ја дава и носи со себе стихотворењето и на хартија пренесува многу силни слики од стих. Во „Ноќен суфлер“ бесконечноста, минливоста и вечноста се среќаваат во една песна, некогаш и во една строфа или еден стих. Понекогаш песната се претвора во побожо пеење, ...
Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје од денеска до 10 ноември ќе се одржи јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“. Фестивалот свечено ќе биде отворен со концертот на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов со почеток во 20 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија. На 31 октомври со почеток во 20 часот во Културно ...
Марко, Тејка, Бојан и Ерик од „YÖU“ одбележуваат 10 години постоење од овој состав со концерт што ќе се одржи вечерва по 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Инспирирани од скопското сивило и поведени од принципот DIY (направи сам) во 2015 се формира бендот ‘YÖU’. Вашингтонската хард-кор / панк сцена и францускиот емо бран од 2000-ите го дефинираат нивниот стил. Личните борби и искуства се главните мотиви кои можат да се ...
Отворањето ќе биде одбележано со проекцијата на култниот филм „Контрола“ (Control, 2007) на режисерот Антон Корбајн, познат по својата уникатна визуелна естетика и инспиративни биографски приказни. Корбајн, кој е и лауреат на овогодинешното издание на фестивалот, ќе биде централна фигура на отворањето. Организаторите најавуваат вечер исполнета со филмска магија, уметност и инспирација, а публиката ќе има можност да го почувствува духот на ...
На 29 октомври свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот е во организација на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес а ќе трае до 5 ноември. Фестивалот се отвора на 29 октомври со претставата „Агаменон: кругот на крвта“ во изведба на La Mama Experimental Theatre од Њујорк, САД. На 30 октомври следува „Калигула“ на Театарот Куманово а по нив на 31 октомври е претставата ...
Во рамките на меѓународната соработка и по повод одбележувањето на Денот на хрватскиот парламент во Битола, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола имаше чест да биде домаќин на претставници од Градската библиотека „Марко Марулиќ“ – Сплит, Република Хрватска.Настанот беше организиран во соработка со Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.Програмата започна со обраќање на директорката на ...
Во Галеријата Метаноја вечер во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на списанието посветено на фантастиката во книжевноста и уметноста ATHANATIK. За списанието ќе зборуваат главната уредничка Маријана Териќ (Црна Гора) и уредничкиот тим од Македонија : акад. Влада Урошевиќ и проф. Лидија Капушевска – Дракулевска. ATHANATIK е ретка и драгоцена публикација на регионалната сцена, која овозможува простор и видливост за тековите на современата ...
Тридневен фестивалски викенд во Штип. Вчеравечер, денес и утревечер градот под исарот по јубилеен, 40ти пат е домаќин на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, годинава со рекорден број на фестивалски вечери. Организаторите на денешната прес-конференција истакнаа дека и оваа година на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ќе се претстават нови, но и веќе познати изведувачи, а карактеристично е тоа што Макфест годинава има ...
Најновата илустрирана книга за деца „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова промовирана во Македонскиот културно-информативен центар во Белград во рамки на Денови на македонската литература за млади. Целта е промоција на македонската литература, но и убавините на балканскиот бисер, Охридското езеро. Пораката е јасна, „првите пет се најважни на свет“, па и читачките и еколошките навики се стекнуваат од најрана возраст. – Не смееме да ...
Во понеделник, 27 октомври во 20 часот, во Културно Информативниот Центар – Скопје, ќе се отвори изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот Зрно. Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на едно од највпечатливите летни уметнички собирања каде колу педесет фотографи и млади автори од различни европски земји, заедно со волонтери од ...
Манифестацијата почна вчера во Градската библиотека и читалница во Пула со настап на пејачката група „Деспина“, по што следуваше првата сесија од тркалезната маса. Академик Коцарев зборуваше за колективната траума на Македонците, професорката Јачева-Улчар се осврна на сто години од првото политичко меѓународно признавање на македонскиот јазик, темата на професорката Поповска беше оперското творештво на Кирил Македонски, додека историчарот ...
Концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов, ќе го отвори 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“. Концертот ќе се одржи на 25 октомври, во 20:00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија. –Овој проект претставува ново поглавје во работата на Националниот џез-оркестар. Првпат од неговото формирање, оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска при посетата на Виница беше на археолошкиот локалитет Виничко кале. По цели седум години институционално запоставување, денес конечно се враќаме со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата овде, во Виница – општина која подолго време беше оставена надвор од стратешките културни политики. Тоа се менува. Денес покажуваме дека и помалите општини, како Виница, заслужуваат системска ...
Кавадарци, 23 октомври 2025 (МИА) - Изложба на дела од Марина Убавкова беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци. Убавкова подвлече дека уметноста живее само кога се споделува. Таа појасни дека делата се дел од нејзината приказна за портрети. Во своето обраќање кон присутните, Зорица Ташовска Илова, историчар на уметност при Музејот, рече дека Убавкова, архитект по професија и академски сликар, постојано докажува оти уметноста е ...
Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија, го освои првото место на државниот натпревар МАССУМ за најдобра поетска творба добивајќи сипендија од ФОН Универзитетот за прв циклус студии. Костовски освои и второ место на 10-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“. Сара Џелили ученичка во втора година во ОУТУ „Ванчо ...
Кој можеше да помисли дека Рами Малек, актерот кој дотогаш беше познат по неколку филмови, за мене лично најмногу по серијата „Mr Robot“, ќе биде олицетворение и еден вид реинкарнација на за многумина и најголемата музичка легенда и најдобриот вокал воопшто – Фреди Меркјури? Веројатно никој, затоа што ниту самиот Малек не верувал дека некогаш ќе се најде во ваква улога. Како што рече и самиот Брајан Меј, гитаристот на групата „Queen“, Рами толку ...
Избор од француската колекција на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде изложен во НУ Завод и музеј – Битола од 28 октомври до 15 ноември. Отворање е закажано за 28 октомври за во 19 часот во Малата сала. Куратори се Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовска Изложбата „Континуитети“ претставува избор од слики, скулптури и графики создадени во периодот од 1933 до 1995 година, кои ја прикажуваат тематската и стилска ...
Николас Кејџ повторно се соединува со режисерот Сајмон Вест во неговиот најнов филм, играјќи го српскиот двоен агент Душко Попов, кој го инспирираше ликот на Џејмс Бонд. Филмот „Fortitude “ се снима во Лутон, Велика Британија. И е трилер од Втората светска војна за вистинска британска операција за убедување на нацистите дека сојузничките сили ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија. Попов, заедно со разузнавачките службеници Дадли Кларк и ...
Педесеттата јубилејна изведба на монодрамата „Торонто експрес“, актерот Александар Микиќ ја изведе синоќа на малата сцена на матичната сцена – Македонскиот народен театар. По 50-ти пат Микиќ сам на сцена ја одушеви публиката, која и овојпат го наполни гледалиштето на малата сцена. Претставата е работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов. Публиката уживаше во секој момент – многу ...
Македонската порака, по повод Меѓународниот ден на операта, од Весна Гиновска Илкова Почитувани, Операта е една од најсложените музички форми во која, низ музиката, се одвива драмско дејствие, каде на сцената делуваат солисти, хор, оркестар, a во одредени опери, и балет. Ја славиме синтезата на музика, поезија и танц која има огромна моќ и влијание на општеството. Таа вековна творевина од хармонии и бои, музички и драмски колорити, преплетена ...
Локалитетот Виничко кале, познат по Теракотните икони што укажуваат на ранохристијанското минато на ова тло, од следната година ќе се истражува, конзервира и ревитализира, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на локалитетот. Во проектот ќе бидат вклучени сите надлежни институции: министерството, Националниот конзерваторски центар, Археолошкиот музеј и Виничкиот музеј на Теракоти. Целта е Виничкото кале да ...
Десет нови Издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски. Овој петок кратки, остри и духовити афоризми со кои сќе Ви поттикне насмевките и размислување. -Мозокот на овцата постојано е на пасење. -Овцата ја седнаа во фотелја и… боде како да е овен! -Од село дојдоа како овци, а во град станаа волци! -Во бракот бев јагне, ама излегов овца. Таа си фатила овен. -Имам смарт овци. Ги молзам со лозинка. -Овците ги уништивме. Ќе не јаде волкот. ...