Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Филмот „Куќа од динамит“ веќе се издвојува како еден од највпечатливите наслови на годината на Нетфликс. Иако овогодишната стриминг понуда вклучува амбициозни проекти како што е „Електричната држава“, Нетфликс нуди и посериозни адути во сезоната на филмски награди. Новиот филм на добитничката на Оскар, Кетрин Бигелоу, осум години по моќниот Детроит, носи иновативен политички трилер кој ги држи гледачите залепени за екранот од самиот почеток, ...
Театар Комедија за 11 ноември ја најавува премиерата на претставата „Кокошка“ по текст на Николај Кољада а во режија на Теодора Силјаноска. Хит комедијата по втор пат се поставува во македонските театри, откако во Битолски театар беше поставена во 2015 година. Играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Томе Станковски, Кристина Гиева, Ане Блажовски и Ванеса Тримчевска. ,,Кокошка’’се занимава со потребата за слобода, за копнежот и страста да се сака ...
Изложбата ја отвори градоначалничката на Риека, Ива Ринчиќ, a на отворањето присуствувале директорот на Музејот, Младен Урем, раководителот на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на Приморско-Горанскиот округ, Ермина Дурај и кураторот на изложбата, Корнелија Конеска. „Му благодарам на авторот што не тера на размислување, ни отвора нови хоризонти кои ни покажуваат дека црното не е така мрачно, туку дека ...
Македонската филхармонија ќе ја круниса прославата на 80 години постоење со концерт вечерва во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена. Програмата што ќе ја изведе под диригентство на Јерухам Шаровски е спој на македонски фолклор и европска класика.А, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Дигитална обработка: T.Д. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Претпремиерата ќе се одржи на 30 октомври, со почеток во 20 часот. Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј ...
– Ова признание е потврда за континуираната посветеност и за креативноста на целиот ансамбл на МНТ. Горди сме што претставата „Народен пратеник“, во режија на Егон Савин, успеа да ја пренесе универзалноста на Нушиќевата комедија и да ја доближи нашата театарска енергија до публиката во регионот. Победата во Врање не е само успех на претставата туку и на целата институција, која постојано вложува во уметничките вредности, професионализмот и во ...
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје со почеток во 14 часот ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите планирано е да се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: Сенките на месечината (2025) – во режија на Тина Величковиќ, Река (2024) – во режија на Угљеша ...
Јана Манева Чупоска се претставува со изложбата ,,Љубовници во пандемија 2″ во македонската амбасада во Прага, Чешка. Изложбата се состои од четириесеттина цртежи која авторката ги работи во повеќе циклуси подолг период. Инспирирана од човекот таа го продолжува овој циклус кој тежнее кон идејата дека денес се занемаруваат човечките вредности на глобално ниво. Изложбата е финансирана од Министерство за култура на Македонија како проект од ...
Единаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, кој оваа година ја поставува Холандија во фокус, ќе се одржи на 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на Антон Корбајн – легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и по своите влијателни музички видеа. Корбајн е ...
„Повеќе од игра“ на Београдско драмско позориште вечерва (20 часот) гостува во Драмски театар во рамки на Меѓународниот театарски фестивал РУТА. Претставата е адаптација на сценариото на Слободан Стојановиќ работено за истоимената култна телевизиска серија во бившата југословенска држава. Режисер е Иван Вуковиќ. Адаптацијата ја направил Ѓорѓе Косиќ, сценографијата Марија Калабиќ. Вечерва во Драмски театар публиката ќе може да ужива во ...
Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години кариера со концерт во Скопје на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот. Фронтменот Дражен Жериќ-Жера на прес-конференција во Скопје рече дека му е драго што во концертите еднакво ужива и помлада и повозрасна публика. „Без оглед на овие нови трендови, тинејџерите се исти и во 1980-тите и во 2025. Јас сум старомоден човек кој верува во емоциите кои луѓето ги доживуваат на ...
Целовечерен концерт на Никола Бочваров квартет ќе се одржи на 28 октомври, во 20 часот, во Културно-информативен центар – Скопје, во „Салон 19:19“. Препорачано Никола Бочваров квартет е еден од најиновативните состави во регионот, составен од искусни музичари кои креираат оригинална музика инспирирана од различни стилови и култури. Членови на квартетот се Никола Бочваров – бас , Иван Петровски – гитара , Филип Димишковски – клавијатури и ...
Уметникот Рубенс Корубин и фудбалерот Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување. Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки, а Магдески има особен придонес за фудбалот во Прилеп. На Магдески, наградата за животно дело му се доделува постхумно. Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ...
„101 порака за убав ден“ – нова книга на Елизабета Арсиќ Во средата на 1-ви октомври 2025 година, во градското кафуле се случи промоција на книгата „101 порака за убав ден“ од Елизабета Арсиќ - моќен прирачник кој ќе биде дел од вашата библиотека. Во својата книга, Елизабета Арсиќ сака да им даде до знаење на читателите, брзото темпо на живот да не нè сопре да го негуваме пишаниот збор кој никогаш не излегува од мода, хартијата го има ...
Во рамки на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), вечер на сцената на Драмски театар-Скопје ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Повеќе од игра” во режија на Иван Вуковиќ, која е адаптација на текстот на Слободан Стојановиќ за истоимената култна ТВ-серија од крајот на 1970-тите години. „Повеќе од игра“ носи благородна идеја за заедништво и порака дека без оглед на конфликтите и на сите различности и идеолошки ...
На 29 октомври свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот е во организација на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес а ќе трае до 5 ноември. Фестивалот се отвора на 29 октомври со претставата „Агаменон: кругот на крвта“ во изведба на La Mama Experimental Theatre од Њујорк, САД. На 30 октомври следува „Калигула“ на Театарот Куманово а по нив на 31 октомври е претставата ...
Во рамките на „Кадар-на“/Her Frame, утре во 14 часот во киносалата на „Вардар филм“ во Скопје ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: „Сенките на месечината“ (2025) – во режија на Тина Величковиќ, „Река“ (2024) – во режија на Угљеша Ранисављевиќ, продуцентка Милена Бркиќ, ...
Францускиот институт во Скопје има чест да го најави поставувањето на дигиталната изложба „Фауна”, која ќе се одржи во центарот Битола, на Широк сокак, со почеток од 14 октомври 2025 година. Изложбата ќе биде отворена еден месец. Изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, „Фауна” е серија на постери во голем ...
Утре од печат ќе излезе романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, како 241 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во светот на Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, ...
Дамјан Стоименовски има само 24 години, но веќе зад себе има музичко и уметничко искуство. Тој е магистер по право, но страста кон музиката го води уште од најмладите години. Зад себе има бројни настапи и признанија — учествувал на „Макфест“, WAF Awards, Студентско лето во Босна и Херцеговина, како и на повеќе државни музички натпревари, каде што освојувал награди и признанија за вокална изведба. Песната „Води ме“ е современа поп-балада што ...
Во Музејот на град Ријека – Коцкица во тек е самостојната изложба на слики и видеа од Мице Јанкуловски „Коегзистенција – црно и црно“ (23.10. – 3.11.2025). Освен директорот на Музејот на град Ријак, Младен Урем, на отворањето присуствуваа и зедоа збор Ермина Дурај (раководител на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на Приморско-Горанскиот округ), Корнелија Конеска, куратор на изложбата, а изложбата ја ...
Издавачката куќа „Готен“ соопшти дека словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер била последна гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година што „Готен“ ги организира со поддршка од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“. -Нејзиниот прв роман, „Цимери“, беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, книжевната резиденција дојде во вистинскиот момент за нејзиното ...
Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“ овој петок на сцената во трговскиот центар Ohrid Mal мол ќе биде прикажана детската интерактивна претстава „Другарство“. Приказната е во изведба на театар „Провокација“, а почетокот е закажан за во 19 часот. Инаку, проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ до месец мај ќе се реализира во трговскиот центар Ohrid Mall. Секој ...
Главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на 45. фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија, беше прогласена претставата „Народен пратеник“, во продукција на Македонскиот народен театар. Со едногласна одлука, жирито во состав: Наташа Гвозденовиќ, театарска критичарка, Трајче Кацаров, драматург, и Васил Василев, театарски режисер и претседател на жирито, во образложението истакнаа дека претставата „Се издвојува ...
Емра Куртишова и Петар Стојанов со слатко видео го одбележаа вториот роденден на нивната ќеркичка Лена. Македонските актери направија компилација со фотографии од растењето на малата ќеркичка, од првиот момент по раѓањето во болницата, па сè до денес. Во описот на видеото на Instagram, Емра напиша: „Среќен роденден мајкино. Секоја фотографија – една мала приказна за љубовта наречена Лена“. View this post on Instagram A post shared by Emra ...
Битолската група „Фолтин“ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во Филхармонијата од 20 часот, објави бендот на социјалните мрежи. „Фолтин“ се основани во 1995 и овој концерт е прослава на нивната 30-годишна работа. Познати се по миксот на традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс и имаат снимено десетина албуми и музика за бројни театарски претстави и филмови, како „Плати и жени“, „Исцелител“, „Медена земја“ и ...
„Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто, која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев. „Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно градско семејство и нивните секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да ...
„Таа вековна творевина од хармонии и бои, музички и драмски колорити, преплетена во епохите низ различни стилови, која допира длабоко во душата на секој поединец и зрачи со својата енергија и моќ, нè спојува со уметникот, неговиот дух и креативност, неговата ранливост и емотивност, неговата потреба за проникнување во најдлабоките чувства како доказ дека е жив, опстојува, твори. А што е операта ако не игра? Игра на гласот, говорот, телото. Игра ...
Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Денеска во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески а за содржината и ...
Четирите млади дечки од составот „Големата вода“, кој е под закрила на независниот издавач „Мртов коњ“, го објавија видео спотот за песната „Има или нема“. „Конечно, ‘Има или нема’ е излезена (надвор од фолдерот со сите други песни и миксови) и е спремна со спот кој го снимавме за време на фестивалот ‘Сепак се врти’. Албумот се ближи и движи, чекор по чекор“, соопштија од бендот. Тие посочуваат дека за сè повразно со спотов е должен ...