Дали често се чувствувате исцрпено без очигледна причина? Ако заморот станува дел од вашето секојдневие, можеби е време да обрнете повеќе внимание на сигналите што ви ги испраќа вашето тело. Дијабетесот е хронична болест која може да се развива постепено, со месеци или дури години, без никакви забележливи симптоми во раните фази. Затоа многу луѓе не ги препознаваат првите предупредувачки знаци сè додека болеста не напредне. Според лекарите ...

Опозициската партија Левица со соопштение реагира дека во Македонија сè уште се применува застарен систем на рачно отчитување на електричните броила, додека во повеќето европски земји веќе се користат паметни системи за далечинско читање со висока точност. Според партијата, и покрај тоа што технологијата овозможува речиси целосно автоматизирано собирање податоци, граѓаните продолжуваат да се соочуваат со доцнења, проценети читања и корекции ...

Дел од регионите во државата се под засилен метеоролошки надзор поради најавената дестабилизација на времето. УХМР ја алармираше јавноста за потенцијална опасност од невреме, објавувајќи мапа со жолта фаза која опфаќа поголем дел од територијата. Од Управата излегоа со јасно предупредување: „МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за локално невреме!“. Граѓаните се советуваат да ги следат тековните извештаи, особено во подрачјата каде веќе се регистрирани ...

Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“. Со ваков жесток и директен одговор премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше синоќешната изјава на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој се обиде да си ја отвори вратата за влез во Владата барајќи некакви „гаранции околу евроинтеграциите“. -Вакви работи не се разговараат преку медиуми, ...

Жител на тетовското село Добарце пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250.000 евра, во спротивно, како што било наведено, ќе се соочи со последици. Од СВР Тетово информираат дека на 23 јуни 2026 година во 00:10 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф. (51) од село Добарце пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, неговиот соселанец Р.И., кој привремено престојува во странство, заедно со уште ...

Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од крајот на април годинава, во Охрид и Струга се инсталираа вкупно 40 сообраќајни камери за евидентирање прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот, кои се дел од системот Safe City. Камери и потребната инфраструктура се поставени на кружните текови кај ОЕМУЦ, кај поранешна „Охридска банка“, во центарот на градот и на повеќе други локации. Четири камери се инсталирани на патниот правец ...

Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,73 м.н.в, што е за 8 сантиметри над просечното ниво за јуни (693,65 м.н.в) и 63 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Додека во април хидролошката состојба на езерото не беше задоволителна, со постојан пад во водостојот, во текот на мај се ...

На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел. Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, ...

Има недостиг на медицински сестри, но, пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава. – Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата ...

СДСМ обвини дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со бугарската компанија „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил и побара институционална истрага за случајот. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, повикувајќи се на документи објавени во бугарски медиуми, изјави дека компанијата се занимава со патен превоз на стока, а како управител е наведен Кире Гешоски, додека меѓу партнерите се споменуваат и Сашо ...

„Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина“, истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22-26 јуни се одржува во Скопје. Поздравувајќи ги ...

Советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски, реагираше на предлог-Деталниот урбанистички план за дел од населбата „Коњски Дупки“, кој утре треба да се најде пред советниците, посочувајќи дека во него практично не е предвиден простор за паркови и зеленило. Во објава на социјалните мрежи, Богевски објави дел од урбанистичкиот план и нагласи дека зелената боја во ваквите документи означува паркови, зеленило, спорт и ...

Имало или немало загадување во случајот Мазут? Ова прашање е можеби прашањето за кое македонската јавност е најзагрижена во врска со овој случај. Инаку „Мазут“ е моментално на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реши да ја запре истрагата поради недостаток на докази. Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат ...

Охрид, 23. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридските музички надежи Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ, освоија прва награда на International youth music competitions, што се одржа минатиот месец во Атланта,САД. Пијано дуото го изведе делото „Funny Implications“ од познатиот охридски композитор професорот Гоце Гавриловски, а ментор им беше наставникот м-р. Дилек Реџеп од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Скопје. Како наградени, се поканети да ...

Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија е фашистичка, посочи во „За или против“ на Алфа поетот Ефтим Клетников. – Има аргументи за тоа, затоа што тие учествуваа во геноцидот на својот народ што се вика идентитетски геноцид. А, идентитетската смрт, јас го цитирам Луј Вансен Тома кој во „Антропологија на смртта“ децидно вели дека тоа е најстрашната ...

Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Ставрула Левендаки на Крит тврди дека тој е невин. Таа ја опиша жртвата како „чудна жена“ и случајот го нарече заговор против нејзиниот сопруг. Поддршка до смрт и тврдење дека станува збор за заговор. Вака сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на 45-годишната Ставрула Левендаки на Крит застана зад својот сопруг пред неговото денешно појавување пред судот. Во ...

Детската Клиника почна да ги бере плодовите од тоа што нема персонал. Вработени во Детската Клиника, утринава во „Слободен печат“ дојавија дека директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во петокот го затворил одделот за имунологија на клиниката, кој постоеше со децении. Тројцата доктори и осумте сестри кои работеа таму, ги распределил на други оддели каде им е дадена насока да примаат пациенти со старите истории, ама да ги сместуваат во ...

Град Скопје објави нови износи за фирмарина за правните субјекти, со значително зголемување на оваа давачка која ја плаќаат компаниите за истакнување на деловно име. Според објавените податоци на официјалната интернет страница на градот во делот за даноци, фирмарината е зголемена за 100 проценти, односно од досегашните 4.000 денари на 8.000 денари. Оваа измена се однесува на таканаречената ТФ1 фирмарина, односно надоместокот за истакнат назив ...

Второлигашите пасивни кога е во прашање формирањето на ростерот за новата сезона, на прсти се бројат екипите кои ги закажаа подготовките и започнаа со промоции на нови играчи, останатите засега не споделуваат официјални информации околу планот на подготовки, пријателски натпревари, но и засилувања. Неколку екипи дури имаат и празно тренерско столче, а не е исклучена можноста уште неколку екипи да останат без тренер. Беласица се раздели со ...

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години убедливо загуби од Албанија со резултат од 4:1, на првиот од двата контролни дуели. Мечот се играше на албанско тло односно во Корча, а првата шанса за гол Македонија ја имаше преку Христов по добиена топка од Мустафа во 12. минута, но топката заврши само покрај голот. Ќорај во 22. минута го отвори резултатот за водство на Албанија од 1:0, а осум минути подоцна Христов имаше нова можност, но ...

Женскиот кошаркарски клуб Тим Арена од Штип уште еднаш потврдува зошто е расадник на млади и талентирани кошаркарски, а потврда за тоа се младите и талентирани кошаркарки Нина Дојчинова и Ангела Илијева. Двете кошаркарките ќе бидат дел од младинските репрезентации на Македонија. Нина Дојчинова е дел од македонската репрезентација, и ќе учествува во рамки на ФИБА проектот за развој на млади и талентирани кошаркарки до 16 години, кој ќе се ...

Турската демократска партија (ТДП) е на чекор до влез во Владата, а разговорите со владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и во наредните денови, потврди претседателот на партијата, Зулфикар Зејнула. Тој истакна дека ТДП долго време била дел од опозицијата и првичната намера била да остане надвор од власта до следните избори, но дека актуелната состојба на турската заедница наметнала потреба од преиспитување на таа одлука. „На масата не ...

„Не смееме повеќе да дозволиме жртвите на семејно насилство да бидат обесхрабрувани од системот кој треба да ги заштити. Изминатиот период слушнавме случаи во кои полициски службеници предупредуваат жртви дека може кривично да одговараат за лажна пријава доколку насилството не се докаже. За човек кој се соочува со страв, закани и притисоци, ваквите пораки не се охрабрување, туку дополнителна бариера за пријавување”, истакна ...

Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила јавно дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста. За ова, рече премиерот, ќе биде информирана НАТО алијансата. - Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши ...

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека учебниците за новата учебна година се доставуваат на време. „Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум ...

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека наставниците во земјоделското училиште во Битола, не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат да се запишат повеќе ученици. Во прва година се запишале само три деца, кои поради малиот интерес сега ќе треба да се запишат во друга струка. „Наставниците не се потрудија да обезбедат деветооделенци кои ќе учат во тоа училиште кое е најстаро и има запишано само три ученици во прва година, а ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, на која се разговараше за реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и натамошното унапредување на здравствениот систем. Во фокусот на разговорите беше и претстојното потпишување на договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, кое ќе се одржи утре во Брисел. Од Министерството ...

На 22.06.2026 во 18:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Ш.(18) од Росоман. Со наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...

Во време кога современите технологии овозможуваат далечинско отчитување и со над 99% сигурност во преносот на податоци, народот во Македонија сè уште се соочува со одминати стари практики како физичко читање на броила, доцнења, корекции и непрописно М отчитување. ЕВН, фирма со милионски профити, сè уште нема целосно функционален систем за далечинско отчитување на броилата. И тоа не е затоа што не можат да воведат систем за далечинско читање, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.25
63%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
5.08
88%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.65
48%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.22
53%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.11
62%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
1.18
79%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
48%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
71%
1011
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.56
79%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
59%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
4.02
34%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
5.45
78%
1009
Currency

61.635

Currency

54.1827

Currency

71.9174

Currency

37.3463

Currency

38.034

Currency

67.0364

Currency

7.94567

Currency

0.69327

Currency

0.3349

Currency

0.52521

Currency

1.15615

Currency

0.56682

Злато

130625.27

Бакар

12.33

Платина

51955.61

Алуминиум

3.05

Родиум

256402.20

Сребро

1924.03

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

39481.12

Рутениум

49029.89

Калај

51.37