Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
Владата денеска ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши прилагодување на финансиските проекции на актуелните економски услови и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти и развојни политики. На прес-конференција, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека ребалансот е подготвен во услови на зголемена глобална економска и геополитичка неизвесност, ...
Деца биле затекнати на игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот. Снимката ја направил јутуберот Никола Поповиќ, кој тврди дека реагирал откако слушнал силни удари и лупање во близина на игралиштето. На видеото се гледа како тој разговара со неколку деца и ги прашува дали го оштетувале инвентарот. „Сега ќе дојдат од полиција“, им вели ...
Денеска (23.06.2026), во Струмица, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со поклон и положување цвеќе им оддаде почит на македонските херои Атанас Јанев и Кољо Китанов, по повод 25-годишнината од нивната херојска жртва. Беше истакнато дека нивната жртва, дадена во одбрана на татковината, нејзиниот суверенитет и институции, останува симбол на храброст, чест и пожртвуваност, како и траен аманет за идните генерации да ги ...
Претседателот Гаши ја реафирмираше честитката на изборот на претседателката Доцова на 52. Народно собрание на Република Бугарија и ја потенцираше неопходноста за продолжување на дијалогот на парламентарно ниво, посебно имајќи ја предвид конструктивната улога на парламентарната дипломатија во зајакнувањето на довербата и разбирањето меѓу двете соседни земји. Во таа смисла, укажа дека двата парламенти може да обезбедат дополнителни канали на ...
40 годишната Пандора Таскова од Кочани тврди дека денеска со клоци, удари и закани од страна на неколку вработени, била исфрлена од кругот на фирма во близина на карбинското село Нов Караорман, откако пријавила наводни неправилности во работењето на компанијата каде што работи веќе четири години. Според нејзините тврдења, претходно подолг период била изложена на навреди и притисоци на работното место, а по пријавата, како што наведува, ...
Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. ...
Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе одлуки за доделување финансиски средства за поддршка на спортски и културни активности кои ќе се одржат во градот во текот на оваа година. Најголема поддршка, во износ од 650.000 денари, Советот одобри за организација на меѓународниот боксерски настан „Ноќта на шампионите“, кој ќе се одржи кон крајот на јули на градскиот плоштад во Гостивар. Претставник на организаторот образложи дека ...
Големиот број кучиња скитници кои секојдневно се забележуваат низ улиците, парковите и јавните површини во Гостивар повторно беше тема на дискусија на вчерашната седница на Советот на Општина Гостивар. Граѓаните со години реагираат на присуството на бездомни кучиња во различни делови од градот, посочувајќи дека тие претставуваат потенцијална опасност, особено за децата, постарите лица и рекреативците кои ги користат парковите и јавните ...
Пијанечкото овчо сирење се продава како алва. Килограм достигнува цена од 500 до 550 денари, а купувачи има од Кочани, Штип, па и од Скопје. Сточарите велат дека сезоната е во полн ек и дека целото производство однапред наоѓа пласман. Марјан Стојановски еден од сточарите од Делчево вели дека годинава очекуваат да произведат околу 70 до 80 канти сирење. ,,Почнавме од 23 март, тогаш ги дадовме јагнињата и од 23 почнавме со музење, работа. Види ...
Пиење повеќе течности, носење лесна облека и завршување на обврските пред пладне, ова се дел од препораките на лекарите во деновите кога се најавуваат високи температури. Горештините го зголемуваат ризикот од дехидратација, колапси и топлотни удари, особено кај најранливите граѓани. Посебно внимателни треба да бидат хронично болните, повозрасните лица и бремените жени. Лекарите од Штип упатија апел излегувањето надвор да се сведе на минимум ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.08.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Добивај вести на Viber Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето на телевизија „Коха“ рече дека ја одложил планираната систематизација со која требало да се намали раководниот кадар во МВР од 500 на 250 разноразни шефови. Релче дека тоа го направил под притисок на можните вонредни избори па да не се стекне впечаток во јавноста дека ќе се користи систематизацијата за злоупотреби. Затоа, вели тој е одложена за две години, ...
Здравство, правда, образование, социјална политика, земјоделие, европски прашања, култура и спорт се ресорите што се на маса пред владините партнери во разговорите за реконструкција на Владата. За кои од ресорите ќе падне договор меѓу премиерот Христијан Мицкоски и копретседателите на Вреди, Билал Касами и Изет Меџити, како и претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски – да ги ротираат или да предложат нови министри – се очекува да биде ...
Деновиве се наврши една година откако заврши 18-дневната граѓанска блокада на градската депонија над Кочани, кога деноноќно насобрани граѓани ги спречуваа камионите да го истураат ѓубрето. Блокадата беше знак на граѓански отпор по денови, недели и месеци на интензивен чад од депонијата, која од високите делови кај село Бели, каде се наоѓа, буквално ја обвиткуваше целата Кочанска котлина, од границите на Виница па се’ до Штип. Одборот на ...
Сторијата „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ што заеднички ја потпишуваат новинарката на Канал 77, Весна Коловска и Убавка Јаневска од дума.мк, се добитници на наградата „Илија Жупаноски“, што годинава по втор пат се додели на конференцијата е-Општество.мк. Оваа награда ја востанови и ја доделува Фондацијата Метаморфозис и се доделува на новинари, граѓански организации и поединци кои ...
На 22.06.2026 во 19:43 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка и упатувал закани. На 22.06.2026 во 19:05 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со В.К.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал ...
Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ од Ресен на 20.06.2026 година зеде учество на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во Охрид, каде учество зедоа над 300 натпреварувачи од 8 европски држави. Со овој натпревар Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ го заокружува првиот дел од натпреварувачката сезона со освоени вкупно 13 медали, од кои 3 златни, 1 сребрен и 9 бронзени медали. Освојувачи на медали: • Христина Лембовска – 3 место, форми (тул), јуниорки 14-15 ...
Денес и утре ќе имате можност да го одложите стариот текстилен отпад во Хипо контејнерот којшто се наоѓа на самиот влез од Ј.П. Охридски комуналец, оддел механизација, на улица АСНОМ веднаш до ЕВН. Стариот текстил одлагате го во ќеси. Ве молиме не одлагате стари кондури, чанти и слично. Отпадот е прашање што нѐ засега сите. Селектирај правилно! Денес и утре ќе имате можност да го одложите стариот текстилен отпад во Хипо контејнерот којшто ...
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација”, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р ...
Податоците од извештајот на „Банквоч“ јасно укажуваат дека проблемот повеќе не е само еколошки туку и правен, економски и општествен. Додека емисиите остануваат далеку над дозволените граници, а институциите не преземаат конкретни мерки против прекршителите, Западен Балкан останува заробен меѓу обврските за енергетска транзиција и реалноста на старите капацитети на јаглен, кои продолжуваат да загадуваат И покрај обврските преземени со ...
Индустријата за фондови во Германија ги прифати плановите на канцеларот Фридрих Мерц за реформа на пензискиот систем, која би барала од вработените да инвестираат дел од нивниот приход на капиталните пазари. Мерц изјави дека во вторник ќе продолжи со предлог за создавање постепен дополнителен пензиски придонес еквивалентен на 2 отсто од бруто платите. Според него, овој потег ќе внесе „најмалку“ 30 милијарди евра (34 милијарди долари) ...
Еко Флуид продолжува да ја зацврстува својата улога како одговорен и доверлив партнер во системот за управување со отпадни моторни масла, демонстрирајќи континуирана посветеност на заштитата на животната средина, усогласеноста со законските барања и постојаното унапредување на системот. По успешно реализираните активности во текот на изминатата година, Министерството за животна средина и просторно планирање го одобри Годишниот извештај на ...
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, сега член на ИО на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук објави видео снимено пред зградата на Владата и постави едно прашање. „Наградно прашање во кое што може да учествува секој без разлика на својата, полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното прашање гласи: Денеска во која земја во Европа, односно во светот, после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата ...
Македонија се уште нема јасен план и стратегија за креирање кадри според реалните потреби на општеството и пазарот на труд. Во некои области има вишок дипломци, додека во други има недостиг од стручен кадар. Експертите предупредуваат дека за надминување на овој јаз потребни се поголеми инвестиции во практичните вештини и иновациите, како и поинтензивна соработка меѓу образовните институции, компаниите и граѓанскиот сектор. На ...
Европскиот суд за човекови права донесе одлука во предметот „Талески и други против Северна Македонија, кој се однесува на законската интервенција преку Законот за помилување во 2016 година од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на осомничените од СЈО, со кој било овозможено поништување на претседателски помилувања доделени на апликантите околу шест недели претходно, во време кога тие се сметале за конечни и ...
Малолетниците кои кршеа лулашки во детското игралиште во аеродром се повикани во полициска станица заедно со нивните родители, а ќе им биде поднесена и соодетна пријава за уништување на урбана опрема од општината – ова денеска го изјави градоначалникот откако биле затекнати на игралиштето зад ТЦ „Три бисери“ , каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот. Малолетниците кои кршеа лулашки во детското игралиште во ...
Професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изборот бил направен на конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат, одржана на 23 јуни. Новиот состав на Сенатот е избран за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година. ...
Тоа што засега не се изгласани предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е исклучиво политички инает, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска повторно го пофали ова предлог-законско решение, посочувајќи дека додека тој е на оваа позиција – нема намера да го повлече. Перински смета дека со овој предлог се зголемува нивото на локалната демократија и, како што кажа, „претставува еден ...
Едно од најмодерните и најубаво уредените детски катчиња во Скопје, игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во Аеродром, преку ноќ се претвори во урнатини и е привремено затворено за дечињата. Несовесни насилници брутално ги искршиле реквизитите и инвентарот, оставајќи зад себе пустош и финансиска штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра. Случајот експлодираше во јавноста откако познатиот јутубер Никола Поповиќ ...