Првите два американски авиони кои треба да им пружат поддршка на операциите на Блискиот исток пристигнаа денеска во воздухпловната база на југоистокот на Бугарија, што предизвика критики од Иран и протести од бугарските граѓани. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со отпор од некои европски сојузници поради користењето на воздухопловните бази за поддршка на војната на САД со Иран. Пратениците во Бугарија, членка на НАТО ...

Турскиот државјанин К. Е. (25), кој е осомничен за убиството на Русинката Људмила Туркова Константинова (28), беше уапсен во драматична акција што вчера се одвиваше на аеродромот „Никола Тесла“, во моментот кога се обидувал да избега од Србија. Како што дознава српски „Курир“, во последен момент, вишиот јавен обвинител во Белград, кој раководи со истрагата, издал налог до Граничната полиција да го приведе турскиот државјанин. Припадници на ...

Суд во Босна и Херцеговина му одреди едномесечен притвор на 31-годишниот полски државјанин Бартоломеј Краковјак, кој е осомничен дека осквернил статуи на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во католичкото светилиште Меѓугорје во Босна и Херцеговина, пишува „Слободна Далмација“. Краковјак е преобратен тврдокорен верник, кој пред десетина години тргнал пеш од Варшава во Меѓугорје, каде според католичките ...

На аеродромот во Белград, полицијата уапси турски државјанин (25) осомничен дека ја уби 28-годишната руска државјанка во изнајмен стан во Борча, а потоа го спакува нејзиното тело во куфер и се обидел да побегне од Србија. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград – Управата за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на насилни кривични дела, сексуални и сообраќајни прекршоци и трговија со луѓе – по налог на Вишото ...

Четири лица, меѓу кои и две деца, денеска беа спасени без повреди откако избувнал пожар на брод во близина на Хвар, јавува „Индекс“, повикувајќи се на хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Пријавата за пожарот била примена во 11:52 часот од очевидци, по што биле известени Капетанијата на пристаништата во Сплит, нејзините испостави во Милна и Хвар, како и поморската и аеродромската полиција во Сплит. Спасувачкиот брод ...

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен метеоаларм. Причина за високите температури е силно поле на висок ...

Идентитетот на жената чие тело беше пронајдено во куфер во напуштена зграда во центарот на Атина беше објавен во четврток, додека полициските истражители продолжуваат да ги следат нејзините последни движења во земјата. 38-годишната шкотска државјанка е именувана како Елизабет Џејн Рос. Нејзиниот идентитет беше потврден преку Интерпол откако грчките власти ги споредија нејзините отпечатоци од прсти со биометриските записи што ги чуваат ...

Археолозите открија злато старо повеќе од 1.300 години на мистериозен бродолом во близина на Хрватска. Наодот вклучува златни монети, скапоцени камења и прстен со ликот на царот Ираклиј. Археолозите велат дека откритието е едно од најзначајните за разбирање на улогата на морските патишта од тој период. Повеќе од една деценија, тимови ги испитуваат остатоците од бродолом покрај брегот на Хрватска. „ Утврдивме дека бродот потонал во 7-ми или ...

Осумнаесетгодишниот фудбалер Матија Дражетиќ загина во тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Фрклевци и Заграѓе во Хрватска. Веста предизвика голема тага во локалната и спортската заедница. Од младиот играч се простија клубовите Кутјево и Хрватски драговолјац од Бродски Дреновац. За Кутјево настапувал од 2017 до летото 2025 година, по што ја продолжил кариерата во нов клуб. Официјалните околности за несреќата треба да ги утврдат хрватските ...

Во централна Грција во близина на градот Тива и крајбрежното место Агиос Василиос и на Пелопонез во непосредна близина на археолошкиот локалитет Микена, активни се големи пожари, кои поради ветерот брзо се шират, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на жителите на неколку населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во областа Виотија, во централна Грција, од приморското место Агиос Василиос во ...

Во интервју за „Ноје Цирхер Цајтунг“, швајцарскиот историчар Оливер Јенс Шмит нагласи дека српскиот претседател Александар Вучиќ е единствениот лидер во поновата историја кој вешто успева да балансира меѓу големите сили и да води суверена политика, како и дека времето кога ЕУ беше единствениот хегемон е поминато. Во врска со изјавата на швајцарскиот весник дека Балканот речиси секогаш се става во движење кога се менува системот на големите ...

Група туристи кои пиеле коктели на плажа во Миконосдоживеале како што велат, непријатно искуство откако им биле наплатени 116 евра за два пијалоци во еден бар. Инцидентот повторно го привлече вниманието кон барот DK Oyster, кој често се споменува во контекст на високи цени. Еден од најновите незадоволни гости објави фотографија од сметката на Tripadvisor на која се гледа дека нарачал два коктели од еден литар, вклучувајќи и „маргарита“. Секој ...

Во Грција се регистрирани четири смртни случаи како последица на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Националната организација за јавно здравје (EODY), наведувајќи дека сите починати биле постари од 65 години. Според податоците на организацијата, заклучно со 29 јули годинава се регистрирани 42 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Кај 37 лица биле развиени сериозни невролошки компликации, како енцефалитис или менингитис, додека ...

Турскиот државјанин Р.А. (54) почина за време на летот од Истанбул до Дизелдорф, по што авионот принудно слета на аеродромот во Белград. Авион на „Пегасус ерлајнс“ што летал од Истанбул до Дизелдорф утрово извршил принудно слетување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград поради итна медицинска состојба на летот. Според соопштението, за време на летот, турскиот државјанин Р.А. отишол во тоалет. Стјуардесата забележала дека го нема подолго ...

Едно лице загина, а три лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно дете, во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска, кратко по полноќ, се случила во местото Степоевац, во општина Лазаревац. Во несреќата учествувале два автомобила, а повредените веднаш биле пренесени и згрижени од екипи на Итната медицинска помош. — реклама — Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата за да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот. — ...

Припадници на СБПТ и СКОР на УКП на српското Министерство за внатрешни работи, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Краљево и БИА, денес во областа на Краљево, го лишија од слобода Р.Т. (1980) од Исток, Косово , поради сомнение дека сторил кривично дело Шпионажа според член 315 од Кривичниот законик на Србија, дознава Танјуг. Р.Т. е осомничен дека подолг временски период соработувал со Албанската разузнавачка служба, која дејствува ...

Пожари беснеат во неколку области на Грција веќе трет ден, а најтешка е ситуацијата во јужниот дел на Ретимно на Крит, каде што пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола главниот пожарен фронт во областа Агиа Параскеви со помош на голем број екипи. Во исто време, нов пожар избувна во Аркадија, додека пожарот на островот Парос повторно се активираше, објави Прототема. Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на ...

Бугарија применува модел со кој истовремено се решаваат два проблеми – недостигот од достапна грижа за малите деца и невработеноста. Преку проектот „Родители во вработување“, државата им обезбедува бесплатен негувател на родителите што сакаат да се вратат на работа, а за негуватели ангажира лица што претходно биле евидентирани како невработени. Програмата е насочена особено кон родители на мали деца кои немаат место во јасли или градинка, ...

Архивска снимка од Будва, снимена во 1963 година, повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи и кај многумина разбуди носталгија за летувањата од минатото. Видеото, кое е дел од документарниот филм „Добредојдовте во Будва“, снимен во продукција на „Ловќен филм“, покажува како изгледале плажите на јадранското крајбрежје во времето на поранешна Југославија. На снимката може да се видат луѓе кои се капат, се сончаат и разговараат ...

Реката Дунав никогаш немала пониско ниво на водата, поради што е можно да се види првиот столб на Мостот на слободата во Нови Сад, па дури и бомби од Втората светска војна, пишува „Блиц“. Ниското ниво на водата на Дунав го променило неговиот изглед во Србија, но и на други места како што е Бугарија, каде што фосилни коски од праисториски мамут биле видени во близина на селото Рјахово. Suspected mammoth remains, including a jaw and tusks, were ...

Министерството за демографија и имиграција на Хрватска започнува пилот-програма за финансиска поддршка на семејства со четири или повеќе деца, со која ќе се кофинансира купување возила со седум или повеќе седишта. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Хрватска за деца“, а за нејзино спроведување се обезбедени до 2,2 милиони евра. Министерот за демографија и имиграција Иван Шипиќ оцени дека поддршката за родителството мора ...

Шест лица се водат како исчезнати откако денеска се урна зграда во Месина, на италијанскиот остров Сицилија, јави италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на свои извори. Според истите извори, постои можност исчезнатите лица во моментот на уривањето да не се наоѓале во објектот. Messina, esplosione in una palazzina: ci sono feriti e dispersi #messina#messina pic.twitter.com/kChpKd2wub — Marco Ferraglioni (@MFerraglioni) July 30, ...

Кокаинската мрежа чии членови беа осудени во Белгија инвестирала дел од парите во Албанија, каде што имотите биле запишувани на роднини и блиски лица. Специјалниот суд во Тирана донесе одлука за конфискација на 21 имотна единица поврзана со групата и нивно префрлање во сопственост на државата. Меѓу конфискуваниот имот има станови, деловни простории, куќи со земјиште во Тирана и Валона, автомобили, приколка и банкарски сметки. Судот прифатил ...

Лидерот на „српските суверенисти“ Вукша Драговиќ ги откри податоците што ги добил од Народната банка на Србија (НБС), според кои невладините организации добиле 1,3 милијарди евра од странство за пет години! Од 2021 до 2025 година, невладините организации во Србија добиле 1,3 милијарди евра од странство покажуваат официјалните изводи од сметките на “невладините“ организации и активистите на “шарената револуција“ во Србија. Драговиќ се најави ...

Моќен антициклон по име „Олаф“ – систем со висок воздушен притисок што метеоролозите го поврзуваат со нов бран на стабилно, суво и многу топло време – моментално се шири низ Европа. Додека во западниот дел на континентот веќе се забележуваат екстремни температури, прогнозите укажуваат дека неговото влијание сè повеќе ќе се чувствува на Балканот во текот на наредните денови. За разлика од циклоните, кои носат облаци, дожд и бури, антициклонот ...

Добивај вести на Viber Косовските власти продолжија со рушењето на српски објекти во Газиводе. Косовските власти продолжија со рушењето во областа Ујман/Газиводе. Властите денеска срушија мотел во сопственост на Срби тврдејќи дека зградата е изградена на јавен имот, иако претставниците на Србите тврдат дека нема судска одлука со која се овластува нејзиното отстранување. Досега се урнати вкупно 17 вили во сопственост на Срби во областа. ...

Хрватската полиција уапсила државјанин на Србија откако изврпил хакерски напад врз компјутерските системи на неколку државни институции, објави „Вечерњи лист“. Дирекцијата на полицијата соопшти дека Службата за кибербезбедност ја завршила истрагата против полнолетниот државјанин на Србија, поради сомнение дека извршил тешки кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и кривично дело неовластено користење лични ...

Каде гори во Грција и кои места се најзагрозени? Според последните информации од грчките служби и медиуми, најтешката битка се води на Крит, додека активни огнени фронтови има и на Парос, Андрос и Калимнос. Силниот ветер ги разгорува пожарите, ги отежнува воздушните интервенции и предизвикува нови евакуации. Најкритична е состојбата во јужниот дел на Ретимно. Големиот пожар во општината Агиос Василиос продолжува, а ново жариште избувна во ...

Србија ја почна првата фаза од својата цивилна нуклеарна програма со потпишување партнерски договори со француската енергетска компанија ЕДФ и Француската агенција за развој. Првата фаза треба да опфати анализи, институционална подготовка и развој на стручни кадри. Проектот не значи дека веднаш ќе се гради нуклеарна централа, туку дека државата формално почнува да ги испитува техничките, финансиските и регулаторните услови. Одлуката е важна ...

Четири лица со запдно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1031
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
66%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
54%
1030
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.4
73%
1032
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.47
56%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
75%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
66%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
67%
1031
Currency

61.626

Currency

54.969

Currency

73.835

Currency

38.092

Currency

39.24

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07