Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, е назначен за шеф на украинската делегација што патува во САД на мировни преговори – објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе „Танјуг“. Во порака објавена на мрежата „Икс“, Зеленски денес изјави дека украинските преговарачи се „на пат кон САД за да ја завршат војната“. Делегацијата ги вклучува шефот на Главната дирекција за разузнавање Кирил ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека фокусот на разговорите меѓу украинската и американската делегација за време на средбата во Флорида бил да се осигура дека Украина го одржува својот суверенитет и националните интереси. „Денес, откако тимовите ја завршија својата работа во Соединетите Американски Држави, шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, извести за главните параметри на дијалогот, акцентите и некои резултати. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека разговорите со украинската делегација во Флорида биле „продуктивни“, но дека „останува уште работа“. Делегацијата, предводена од новиот главен преговарач Рустем Умеров, разговарала за безбедноста, иднината и обновата на Украина во рамки на напорите за ставање крај на војната. На средбата учествувале и претставници на администрацијата на Доналд Трамп, вклучувајќи го пратеникот Стив Виткоф, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека очекува разговорите со украинските претставници да доведат до „поголем напредок“ кон договор за прекин на војната во Украина. „Не станува збор само за прекин на војната. Станува збор за создавање пат напред што ќе ја остави Украина суверена, независна и просперитетна, па затоа очекувам дека денес ќе постигнеме уште поголем напредок“, рече Рубио во Халандејл Бич, Флорида, каде што се ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и специјалниот претседателски претставник Стив Виткоф, ќе имаат разговори со украинската делегација в недела, објави Reuters. „Државниот секретар Рубио, специјалниот претставник Виткоф и Џаред Кушнер ќе се сретнат со украинските претставници во недела на Флорида“, се вели во извештајот, цитирајќи висок американски функционер. Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека делегација предводена од секретарот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, е на пат кон Соединетите Американски Држави за да ги продолжи преговорите за прекин на војната на Русија во Украина. Умеров ја предводи украинската делегација откако претходниот главен преговарач, моќниот шеф на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, поднесе оставка во петокот, неколку часа откако ...