Прволигашот Арсими од Чегране продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во „жолто-црното“ семејство е дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими од Куманово. Се работи за 30-годишен фудбалер кој покрај за Башкими настапуваше и за Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а меѓународна кариера градеше во Албанија настапувајќи за Фламуртари. „30-годишниот фудбалер потпиша едногодишен договор со ...
Од вечерва и официјално Фисник Зука (30) е нов член на Арсими. Од таборот на прволигашот објавија дека се засилиле со искусен бек од кој се очекуваат добри игри. Еве како го најавија Зука: „Арсими со задоволство го најавува следниот трансфер на овој пазар, дефанзивецот Фисник Зука. Зука, едно од најискусните имиња во домашниот фудбал, со над 250 натпревари во ПМФЛ, доаѓа од Башкими како големо засилување за жолто-црната одбрана. Во текот на ...

