Падна и првиот гол во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тиквеш сосема очекувано брзо поведе против Шкупи, на дуелот на кој „лозарите“ се гости но го играат во Кавадарци. Уште во 9. минута од средбата, кавадарчани ја потврдија големата фаворитска улога против отпишаниот Шкупи. Даниел Мојсов испрати одлична топка во длабочина, а Садик откако изби сам пред противничкиот голман лесно реализираше за 1-0… Крадењето ...

Шкендија и Струга ТЛ играат натпревар без голови во првите 45 минути од првото коло во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нема многу возбудувања на дуелот во Тетово каде главно се игра на средината од теренот. Вториот дуел денеска, во Кавадарци, каде Тиквеш како „гостин“ игра против отпишаниот Шкупи кој игра со девет тинејџери, е само формалност ако се знае добро разликата во квалитет, со оглед на тешката ситуација ...

По двомесечна зимска пауза денеска конечно почна втората полусезона во најдобрата македонска фудбалска лига, а на програмата беа два натпревара. Очекувано, Тиквеш условно како гостин во Кавадарци лчесно излезе на крај со крпениот тим на Шкупи. уште на полувреме бодовите беа обезбедени бидејќи кавадарчани на пауза заминаа во водство од 4:0, кои во вториот дел го зголемија за конечни 6:0. Многу понеизвесно беше во Тетово каде копјата ги ...

Фудбалерите на Шкупи доживеаја нов висок пораз во Првата македонска лига, откако загубија од екипата на Тиквеш со убедливи 0-6 (0-4) во натпреварот од седумнаесеттото коло. Шкупи беше условен домаќин на стадионот во Кавадарци, каде Тиквеш ја покажа својата сила уште во раната фаза на мечот. Кавадарчани поведоа во деветтата минута преку Берат Садик, а само единаесет минути подоцна ја удвоија предноста по погодокот на искусниот Кристијан ...

Натпреварот во Кавадарци денеска во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде Тиквеш како „гостин“ играше против отпишаниот Шкупи кој допатува со девет тинејџери, беше само формалност ако се знае добро разликата во квалитет, со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат чаирчани, а формираа тим колку само да ја доиграат сезоната. Па, Тиквеш на крај, одржувајќи само полесен тренинг, убедливо славеше со 6-0 во натпревар кој заврши ...

Очекувано, лесно, убедливо со 0:6. Ова е накусо она што може да се каже за победата на Тиквеш попладнево во меч од 17.коло во ПМФЛ или во прворо пролетно коло. Шкупи како домаќин во Кавадарци едноставно немаше шанси против разиграниот “гостински“ тим на Борче Христов. Посебно ако се знае дека чаирчани кои веќе се отпишани и во следната сезона ќе играат во ВМФЛ, денеска мечот го започнаа со девет младинци воп стартниот состав. Па така прашање ...