Во интервју за ТВ Сител вечерва тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“. Најави дека сите јавни претпријатија ќе претрпат измени во менаџерскиот тим и наскоро ќе бидат соопштени кадровските решенија за Град Скопје, за јавните петпријатија, установи од културата и средните училишта. ...

Во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Во „Водовод и канализација“ нов вршител на должноста директор ќе биде Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода. Како што информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за директор ќе ...

Скопскиот градоначалник ќе ги достави сите докази за злоупотреби во јавните претпријатија во обвинителството и побара командна одговорност и за оние кои им потпишувале плата на лицата кои не оделе на работа. Финансовата полиција го чешла работењето и во Комунална хигиена но на располагање им се ставени сите документи и од градската администрација. Ѓорѓиевски вели меѓу отпуштените имало и лица кои биле во притвор или отслужувале затворска казна. ...

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во интервју за ТВ Сител вечерва тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе биде пеколно тешко, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека финансиска полиција веќе започнала да го разгледува работењето во ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, за кое Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба од околу 300 милиони евра и дека на платниот список на претпријатието биле и луѓе кои се наоѓаат во куќен притвор и затвореници. Препорачано „Тоа се лица кои што со месеци, некои со години не оделе на работа а земале плата, има таму лица, еве ...