Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва на гостински терен против хрватски Сесвете со убедливи 38-24 и со тоа го обезбеди пласманот во плејофот на едно коло до крајот на групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Вардар 1961 до својата четврта победа во петтото коло во групата Ф дојде со супериорна игра во која од самиот почеток го наметна својот квалитет. Македонскиот тим веќе на полувремето обезбеди висока предност од 23-12 која рутински ...
По целосно одигрување на сите мечеви од групната фаза, РК Вардар 1961 како првопласиран се квалификуваше во следната фаза. Таму во 1/16 финалната рудна противници ќе бидат германскиот Мелсунген и португалската екипа на Бенфика. Македонскиот вицешампион ќе започне и ќе заврши со дуел против Мелсунген, првиот на домашен, а последниот на гостински терен во Германија. Натпреварите од втората рунда ќе се играат во периодот од 17 февруари до 10 март. ...
Вардар професионално си ја заврши работата и со победа над Тулуз со резултат 37:35 го завери првото место во својата група во Европската лига на ЕХФ, а со тоа пренесе два бода во следната фаза од натпреварувањето. Секоја група донесе по два патници во главната фаза на Европската лига, а Вардар во оваа рунда го чекаат по две пресметки со Мелсунген и Бенфика. Во новоформираната група ќе има место и за Кристијнаштад кој исто така пренесува два ...
Ракометарите на Вардар 1961 остварија победа над Тулуз од 37:35 во последниот натпревар од првата фаза во Европската лига на ЕХФ. Во еден динамичен, возбудлив и интересен меч избраниците на Иван Чупиќ по втор пат во групата Ф го надиграа францускиот претставник и со тоа го освоија првото место пред Кристијанштад кој вечерва славеше минимално над Сесвете со 28:27. Ова беше пресметка во која Тулуз покажа заби, го доби првото полувреме со 18:16, ...
Ракометарите на Вардар 1961 ќе се судрат со Тулуз во рамките на последното коло од групната фаза на Европската лига на ЕХФ во СЦ „Јане Сандански“ во 18:45 часот. „Црвено-црните“ веќе се сигурни патници во следната фаза, меѓутоа со сигурност посакуваат петта победа за одржување на добриот ритам. Вардарци треба да го заверат првото место во групата, додека ривалот од Франција е без бодови и со сигурност ќе сака да избегне крај на европската ...

