Повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани на Филипините поради приближувањето на супер тајфунот „Фунг-вонг“, кој според најавите носи обилни дождови, разорни ветрови и силни бури. Во неколку региони е прогласено највисоко ниво на предупредување, а откажани се повеќе од 300 домашни и меѓународни летови. Издадено е предупредување за бура за најголемиот дел од територијата на Филипините, додека највисокото, петто ниво на тревога, е прогласено за ...

Со налет на ветер од 230 километри на час, супертајфунот Фунг-Вонг го погоди североисточниот брег на Филипините пред да стигне до копното. Најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од областите каде што постои ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето. Филипините сè уште се справуваат со пустошот предизвикан од тајфунот Калмаеги, кој зеде над 200 жртви во централните провинции, пред да го погоди Виетнам, каде ...

Супертајфунот „Фунг-вонг“ ја погоди северната област на Филипините, предизвикувајќи разорни ветрови и обилни дождови. Според властите, две лица загинаа, а повеќе од еден милион жители беа евакуирани на безбедни локации. Метеоролошката служба PAGASA соопшти дека тајфунот поминал над северниот дел на островот Лузон, носејќи ветрови со јачина од 185 км/ч, со удари што достигнувале и до 230 км/ч. Лузон и островот Источен Висајас беа најпогодени – ...

Фунг-вонг, локално познат како Уван, доаѓа по тајфунот Калмаеги, кој одзеде речиси 200 животи во централниот дел од архипелагот, како и пет лица во Виетнам, објави Си-Ен-Ен. Окото на тајфунот стигна на копно во недела навечер по локално време, движејќи се над крајбрежната општина Диналунган, во североисточната покраина Аурора, според метеоролошката служба на земјата. Цивилната одбрана објави дека едно лице се удавило во покраината Катандуанес, а ...

Катастрофалниот тајфун „Фунг-Вонг“ го зафати централниот и источниот дел на Филипините, оставајќи зад себе двајца мртви и огромна материјална штета. Повеќе од еден милион жители беа принудени да ги напуштат своите домови. Според извештаите на агенцијата Ројтерс, една личност се удави на островот Катандуанес, додека пожарникарите во градот Катбалоган пронашле тело на друга жртва во урнатини од куќа која тајфунот целосно ја срамни со земја. ...

Супертајфунот „Фанг-вонг“ – најсилниот што ја погодил земјата оваа година –почна да го зафаќа североисточниот брег на Филипините, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Со ветрови до 185 километри на час и удари до 230 километри на час, тајфунот предизвика прекини на електрична енергија, а десетици илјади жители беа евакуирани во побезбедни подрачја. Властите предупредија милиони луѓе да ги напуштат ...