Според графичкиот приказ со дневните податоци за пациентите кои побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, што го објави Министерството за здравство, епидемијата во градот е во опаѓање. Како што покажуваат податоците, најголем број пациенти биле регистрирани на 18 јули, кога лекарска помош побарале 649 лица. Вчера, на 24 јули, биле евидентирани само 80 нови случаи. „Денеска имаме околу 80 новопријавени ...

Денот за гостиварци и натаму не почнува вообичаено. Паниката можеби стивна, но неизвесноста остана. Чешмите ги отвораат со недоверба, шишињата со вода станаа дел од секое домаќинство, а меѓусебните разговори во продавниците, кафулињата и на улиците каде што стојат во ред за донирана вода почнуваат и завршуваат со прашањето „до кога?“ Гостивар ги живее најтешките денови во поновата историја. Десетина дена од здравствената криза што погоди ...

Уште на 14 јули гостиварци почнале масовно да бараат лекарска помош поради проблеми со стомакот, дијареа и повраќање, а здравствените власти епидемија прогласија 5 дена подоцна, на 19 јули. Ова произлегува од денешната статистика што Министерството за здравство им ја испрати на медиумите. Според неа, во општата болница Гостивар на 14 јули имало дури 164 прегледи, а во Здравствениот дом дополнителни 160 прегледи, што го прави кумулативниот ...

Подолга инкубација на некои бактерии и вируси, непочитување на мерките и зараза од контакти – ова се дел од причините зошто се уште има поголем број на гостиварци кои бараат лекарска помош поради стомачни тегоби. Според графиката што ја објавува министерството за здравство, вчера во болницата и здравствениот дом во Гостивар на преглед биле 127 граѓани и од 14 ти досега регистрирани се 4197 болни. -Почитувањето на мерките ќе го ограничи бројот ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања. Тој информираше дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...