Македонија доби високи оценки за организацијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија. Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин на шампионатот, на кој настапија младите репрезентации од повеќе европски земји. Покрај натпреварите на теренот, првенството беше и можност Македонија уште еднаш да го покаже својот организациски потенцијал за големи меѓународни спортски настани. ...
Македонија последниве неколку години се покажа како земја која може да организира големи спортски настани, а изминатиов викенд беше успешно заокружено Европското кадетско првенство кое се одржа во Скопје и Гевгелија. Нашата земја беше домаќин на голем број европски експедиции и организацијата мина во најдобар ред, па со позитивни оценки за сето она што беше понудено во Скопје и Гевгелија излегоа и од ФИБА Европа. – Уште едно Европско ...

