Според најновото месечно истражување на агенцијата Ипсос BVA-CESI, постапките на францускиот претседател Емануел Макрон биле негативно оценети од 79 проценти од француските испитаници, а неговата популарност во моментов е на најниско ниво. Според истражувањето објавено денеска од Трибун Диманш, Макрон достигнал рекордни нивоа на непопуларност, со 18 проценти позитивни оценки во споредба со 79 проценти неповолни, што е за два поени повеќе ...

69 годишен пациент е втора жртва годинава од грип, соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана. Пациентот бил донесен во тешка општа состојба. Инаку, бројот на пациенти кои се жалат на вируси и сезонски грип е зголемен во земјата. Лекарите велат дека е најдобро да се посети лекар при првите симптоми за соодветна терапија на болеста... 69 годишен пациент е втора жртва годинава од грип, соопшти директорот на Клиниката за ...

Во натпреварот од второто коло од Европското првенство македонските ракометари ќе играат против Португалија, а ќе го судат судии од Босна и Херцеговина. Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за овој натпревар, а тоа се браќата близнаци од Босна и Херцеговина, Амар и Дино Коњичанин. Во првиот натпревар македонските ракометари загубија од Данска (24:36), додека Португалија ја совлада Романија (40:34). Почетокот на дуелот е во 18 ...

Европската унија и Русија се во состојба на војна, изјави гувернерот на Централната банка на Летонија, Мартинс Казакс, во интервју за „Фајненшл тајмс“. Казакс нагласи дека иако во еврозоната не се случуваат вооружени борби, постојат голем број активности кои, според него, укажуваат на воена состојба. Тој ги наведе кибер нападите насочени кон земјите од Европската унија, саботажа на подводни кабли и појавата на беспилотни летала во близина на ...

Изводите од матичните книги за родени, венчани се тестираат да станат целосно електронски, кои досега иако се поднесуваа преку интернет, можеше да се добијат само на шалтер. Во интервју за РСЕ, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека има и други институции кои нудат услуги само на хартија, додека други комбинираат и со електронска форма на документи... Изводите од матичните книги за родени, венчани се тестираат да ...

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска со синоќешната победа од 17:9 против Романија ги задржа шансите за едно од првите две места во групата Ф на Европското првенство во ватерполо. Хрватите уште на стартот покажаа дека се подготвени за висока победа и ја добија првата четвртина со 5:1. На прагот на изненадување беше Грузија, која претрпе пораз од два разлика од Италија 14:16, додека во „балканското дерби“ Грција на надигра Турција со 20:8. ...

Ракометарите на Србија го направија најголемото изненадување во второто коло на Европското првенство во ракомет откако синоќа ја совладаа Германија со 30:27. Со овој триумф и поразот од Шпанија 27:29, со победа во последното коло против Австрија избраниците на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез имаат прилика да се пласираат во следната фаза, особено што Шпанија и Германија играат меѓу себе. - Игравме совршено, пред полна сала. Пред ...

Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава. Министерот во изјава за РТС рече дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог за намалување на времетраењето на ...

Градот Охрид е подготвен за годинешното издание на Богојавленскиот водосвет – чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст. Чествувањата на верскиот празник ги организираат Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија, во духот на христијанската традиција како манифестација што години наназад е една од најмасовните во овој дел од ...

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во Давос, Швајцарија од 19 до 23 јануари 2026 година. Под мотото „Во духот на дијалог“, Давос 2026 треба да обезбеди непристрасна платформа за поврзување на лидерите за да се соочат со заедничките предизвици и да поттикнат иновации што ја дефинираат иднината. Во време на длабоки геополитички, технолошки и ...

Над пет часа траеше гаснењето на пожарот што кусо пред полноќ избувна во близина на резервоари со течни нафтени деривати во атинското предградие Перама, а според градоначалникот постоечките 40 хектари со запалив материјал беа закана за целиот регион на Атика. Во пожарот интервенираа 28 пожарникари со девет возила, се гаснеше со специјална противпожарна пена, додека од бројот 112 за итни случаи до жителите на Перама беше испратена порака ...

Командантот на холандските вооружени сили, Оно Ајхелсхајм, предупреди дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд може да доведе до распад на НАТО алијансата. Ајхелсхајм во интервју за NOS изјави дека таков развој на настаните би бил директно од корист за рускиот претседател Владимир Путин и дека другите земји би можеле да добијат впечаток дека НАТО слабее, објави НЛ Тајмс. Тој оцени дека ова е „најлошото можно сценарио“. ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во интервју за весникот „Вангардија“ дека евентуална американска инвазија врз Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“. „Американска воена акција против огромниот арктички остров во Данска би му наштетила на НАТО и би ја легитимирала руската инвазија на Украина“, нагласи Санчез. „Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американската инвазија на оваа територија би го ...

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царини за европски држави како дел од неговиот обид да ја преземе контролата врз Гренланд. Така, иднината на примирјето во трговската војна, дефинирана со договорот потпишан од Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатиот јули, стана неизвесна, пишува ...

Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург. Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека неколку други лица се тешко повредени. ...

Чак Шумер, лидерот на демократите во американскиот Сенат, изјави доцна синоќа дека ќе го блокира воведувањето царини со кои претседателот Доналд Трамп се закани против европските сојузници поради спорот за Гренланд. „Непромислените царини на Доналд Трамп веќе ги зголемија цените и ја оштетија нашата економија, а сега само ги влошува работите“, наведе Шумер во соопштение. „Неверојатно е што сака да ја зголеми глупоста со воведување тарифи на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати. Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП ...

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа ...

Првото изненадување на Европското првенство го приредија ракометарите на Србија кои по голема борба ја совладаа Германија со 30:27. Ова беше еден од поинтересните дуели од второто коло. На вториот дуел од А групата Шпанија ја совлада Австрија со 30:25. Неизвесен дуел во Осло одиграа Норвешка и Чешка, во која кодомаќинот Норвешка во вториот дел ја обезбеди победата со 29:25. На првиот дуел од групата Франција ја совлада Украина со 46:26. ...

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото место, додека во 2020 година го освои ...

Итен состанок на амбасадорите на ЕУ е закажан за денеска во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини за стоки од осум европски земји поради ситуацијата околу Гренланд. Состанокот го организира Кипар, актуелен претседавач со ЕУ. Амбасадорите на 27-те земји од ЕУ ќе се состанат на итен состанок поради ескалацијата на кризата околу Гренланд, а на таквите состаноци амбасадорите обично подготвуваат ...

Португалците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори каде се очекува кандидатот на најголемата опозициска сила - крајната десница - да стигне до вториот круг. Избирачките места се отвораат во 08:00 часот по Гринич, а првите излезни анкети се закажани за 20:00 часот. Според анкетите на јавното мислење, Андре Вентура, претседател на крајно десничарската партија CHEGA, би можел да победи во првиот круг, но 43-годишниот пратеник ...

Министерството за одбрана на САД им нареди на околу 1.500 активни припадници на вооружените сили да се подготват за евентуално распоредување во државата Минесота, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници од одбраната. Војската ги стави единиците во состојба на готовност во случај насилството во федералната држава да ескалира, објави весникот. Тој потег е преземен откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 ...

Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа историски трговски договор, со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот. Потпишувањето на трговскиот договор, што беше емитуван во живо на веб-страницата на Европската комисија, се одржа на церемонија во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде што на 26 март 1991 година беше потпишан Договорот од Асунсион, со кој беше создаден Меркосур. ...

„Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска ќе подлежат на царина од 10% за сите добра што ги извезуваат во САД од први февруари. На 1 јуни, царината ќе биде зголемена на 25%“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл. Тој кажа дека мерката ќе остане во сила сѐ додека не се постигне договор за целосно преземање на Гренланд од страна на САД. Светскиот мир е во прашање! Кина го сака Гренланд и ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ е „многу цврста во одбраната на меѓународното право“ кога беше прашан за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се координира одговорот на ЕУ за тоа прашање. „Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во одбраната на меѓународното право, каде и да е, што секако започнува на територијата на земјите-членки ...

ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија попладнево соопшти дека за најголем дел од потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда е нормализирано снабдувањето со топлина. Неколкучасовниот прекин на топлинска енергија, според ЕСМ се должел на експлозија во системот за централно греење на зграда во Скопје. ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија попладнево соопшти дека за најголем дел од потрошувачите од Центар, ...

Во врска со настанот се огласија и од „Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово“ од каде информациите за таканаречените диви ратраци ги карактеризираат како неточни манипулативни и штетни со сериозни последици врз угледот на туристичката дестинација, професијата и професионалниот тим на еден легитимен оператор. Во соопштението од „Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово“ се наведува дека диви ратраци не постојат и дека тие биле управувани од лица кои се дел од нивниот ...

Социјалните мрежи зовреа по вчерашната вест дека Владата ја зголемува квотата за увоз на странски работници. Мислењата се поделени, но поголемиот дел од граѓаните не сакаат странски работници на домашниот пазар. Стравуваат за безбедноста, притисок врз платите и иднината на домашната работна сила, во време кога илјадници млади ја напуштија земјата. Дел од граѓаните велат дека странските работници нема да работат за минимална плата, туку ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
34%
1000
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
92%
1014
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Сребро

3663.67

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Рутениум

45750.51