Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во телефонскиот разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, разговорот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува ...

Билатералните прашања не треба да бидат пречка во преговорите – ЕУ може да поттикне дијалог за гаранции за Македонија. Ова го порача вицепремиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, кој денеска и утре е во официјална посета на земјата. Прево изјави дека Белгија го поддржува европскиот пат на Македонија и смета дека по уставните измени - треба уверување дека нема нови билатерални барања да ги блокираат преговорите во ...

Четири лица се убиени, а 20 други беа ранети кога ученик од основно училиште отвори оган во училиште во југоисточната турска покраина Кахраманмараш, изјави гувернерот Мукерем Унлуер. Унлуер рече дека меѓу загинатите е еден наставник и дека напаѓачот бил ученик кој го користел пиштолот на својот татко, кој го скрил во ранецот, за да го изврши нападот, објави Ројтерс. Тој додаде дека напаѓачот, исто така, почина. Еден ден претходно, во Турција ...

Наместо во штали - говедата и натаму слободно се движат низ кривопаланечко уништувајќи пролетни посеви имоти и возила. Кравите и натаму најголема закана во кривопаланечко чии мештани со години живеат во страв и неизвесност. Земјоделците останаа без стотици тони приноси. Засадениот компир, зелка и други култури наместо на тезга завршија под нозете на говедата. Мештаните алармираат и за нарушена безбедност и на патиштата низ Крива Паланка - но ...

Голготата на стотина вработени во сега веќе затворената текстилна компанија Артекс во Кочани и понатаму продолжува. И покрај тоа што останаа на улица без пари и здравствено осигурување, откако преку ноќ компанијата се затвори, сега не можат ниту да се вработат на друго место. Тврдат дека компанијата, во која некои од нив работеле и повеќе од 20 години е во стечајна постапка, а тие неколку месеци се без приход и се уште имаат статус на ...

Производите кај кои има покачување на цените за над 10 посто ќе длежат на мерки вели премиерот Мицкоски. Во таа група се јајцата, краставиците, доматите но и сите останати производи каде бројката е двоцифрена. Потенцираше дека станува збор за насочени мерки за одредена група производи. Потребни се мерки кои директно ќе бидат насочени кон граѓаните но не кон сите вели професорот од економскиот факултет, Кристијан Кожески. Потенцира дека треба ...

Нејасни даночни пријави, слаба координација меѓу даночните службеници и закани за десеткратно оданочување – ова се дел од проблемите со кои студентите тврдат дека се соочиле отккао добиле даночни решенија за приходи остварени во рамки на програмата „Work and Travel“ во странство. Денеска протестираа пред УЈП. Посочуваат дека данокот веќе бил платен во матичните земји каде што работеле а сега се соочуваат со обврска да платта повторно . ...

Со осум гласа „за“ членовите на Судскиот совет сметаа дека јавноста треба да се исклучи за точката за oдлучување по барањето за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, односно за судијата Стојанче Рибарев. Рибарев беше разрешен во 2022година, а потоа Европскиот суд за човекови права во Стразбур кон крајот на минатата година ја усвои тужбата на тројца македонски судии, меѓу кои и на Рибарев, кои всушност ги разреши Судскиот ...

Поразот на Виктор Орбан е пораз и за неговите најважни партнери од Србија, Северна Македонија и Босна. Во Србија ова пак ја зголемува надежта на опозицијата дека ќе се смени владата на Вучиќ ова се дел од натписите кои деновиве осамнаа на германскиот весник Франкфуртер Алге мајне цајтунг а на кои и денеска се повика опозициската СДСМ од каде велат дека со ова се потврдува европската перцепција за Македонија предводена од Мицкоски , но и како ...

Новите материјални докази, видео снимки од безбедносни камери, изведени од Обвинителството за случајот во кој Ивана и нејзината шетгодишната ќерка Катја загинаа при пад од балкон покажаа дека неколку часови пред трагедијата Ивана два пати го пријавува Стојанче за семејно насилство. И на двете снимките се гледа како доаѓаат полициски службеници и само разговараат со Ивана и Стојанче. Безбедносните камери од пред Кривичниот суд покажуваат и ...

Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ обезбеди медицински креми и препарати за нега на лицата повредени во пожарот во „Пулс“, во нова акција спроведена со донациски средства во вредност од над еден милион денари. Помошта е наменета за третман и закрепнување на повредените, а производите ќе се распределуваат преку младинскиот центар „Гнездо“. Станува збор за пакет што вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација и ...

Денес зборуваме за една важна инвестиција што не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем што со години беше оставен да се справува сам со предизвиците. Владата, преку Министерството за транспорт, реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Пошта. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу два милиони евра, соопшти на денешниот настан премиерот Христијан Мицкоски, ...

Има зголемување на цените од 0,4 % во периодот од февруари до април, вели премиерот Христијан Мицкоски. Иако профитните маржи се намалени во споредба со претходниот месец, забележани се производи кај кои има поголемо покачување на цените. Сега се прават планови како да се намалат цените кај оние производи каде има најголемо зголемување. Има зголемување на цените од 0,4 % во периодот од февруари до април, вели премиерот Христијан Мицкоски. ...

Американскиот медиум Си-ен-ен пишува за Северна Македонија како европска туристичка дестинација, која, според медиумот, е една од оние што неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance - OTA). На средбата, информираат од Кабинетот на Димитриеска-Кочоска, беше потврдена континуираната и ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување. Во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на дијаспората во одлучувачките ...

Утрово најниска темепратура од 4 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат 6 Kрушево, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Берово, Mаврови Анови, 9 Претор, Битола, Прилеп, Виница, 10 Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР. Според податоците на УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Битола, 11 литри на метар квадратен. ...

Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа. Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе ...

Делегација од македонското Собрание, предводена од собранискиот претседател Африм Гаши, ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, што ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, Република Турција. Главна тема на генералната дебата е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“. Домаќин на настанот е Големото турско национално собрание. Во собраниската делегација, покрај Гаши, ...

Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство објавува дека е генерален спонзор на „Танц Фест 2026". Оваа година фестивалот ја носи уметноста на повеќе сцени, во два града, Скопје и Битола, во периодот од 18 април до 5 мај 2026 година. Од своето основање во 2005 година, „Танц Фест" ја гради и афирмира сцената на современиот танц во Македонија. Создаден и уметнички воден од меѓународно реномираната кореографка Рисима Рисимкин, а ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа направи скок од осум позиции. Таа сега се наоѓа на 191.место со 385 поени. Скокот се должи на пласманот во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Ѓорческа за четвртфиналето освои 27 поени, но „избришани“ и се 9 од турнирот во Копер од минатата година. Македонската тенисерка оваа недела ќе настапи на ИТФ турнир W75 Порторож, каде утре ја очекува мечот од првото коло ...

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер постигнаа победа 35:33 на гостувањето против Алкалоид во дуел од 5. коло од плеј офот од Супер лигата. Со денешните два бода битолчани се изедначија на табелата со Охрид со по 44 бодови, зад лидерот Вардар со 52, додека Алкалоид остана со 40. Натпреварот почна во знак на првакот Е. Пелистер, кој имаше минимална предност, а резултатот беше изедначен во два наврати 5:5 и потоа 11:11 во 20. ...

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство за мажи. Во соопштението од ЕХФ пишува: „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Пред машкото ...

Жителите на северниот дел на романскиот округ Тулча изминатата ноќ добија две предупредувања за опасност преку системот Ro-Alert, откако системите за набљудување забележале групи дронови во близина на романско-украинската граница, пренесува агенцијата Аџерпрес. Првото предупредување било испратено во 02:37 часот по локално време, а второто во 05:08 часот. Во двете известувања, испратени од Генералниот инспекторат за вонредни состојби, ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет. Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна вода и други постројки. Генералниот ...

Патниците на Луфтханза се соочуваат со дополнителни нарушувања денеска, бидејќи кабинскиот персонал започна нов дводневен штрајк. Околу 20.000 стјуардеси во Луфтханза и нејзината регионална подружница СитиЛајн штрајкуваат од полноќ. Се очекуваше повторно да бидат откажани стотици летови, особено во главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен. Луфтханза се соочува со повторливи индустриски штрајкови од почетокот на годината. Пилотите ...

Велика Британија издвојува нов милионски пакет поддршка за Украина, вклучувајќи и испорака на 120 илјади дронови за потребите на украинската армија. Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање воена опрема, вклучително ракети со долг дострел, системи за противвоздушна одбрана и ...

Во Берлин денеска состанок ќе одржи Контакт-групата за одбрана на Украина. На состанокот што се одржува напокана на германскиот министер за одбрана, Борис Писторис, лично ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, британскиот министер за одбрана Џон Хили и украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров, додека останатите учесници ќе се приклучат преку видео-врска. На средбата ќе се разговара за натамошната поддршка за Украина, ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.08
57%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
61%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
5.66
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93