Мароканската полиција приведе 70 лица под сомнение дека учествувале во насилните инциденти, што избувнаа додека илјадници мигранти незаконски влегуваа во шпанската енклава Сеута. Приведените се товарат за кривични дела „обид за убиство, намерно предизвикување пожар и оштетување на јавен и приватен имот“. Обвиненијата произлегуваат од судирите помеѓу мигрантите и мароканската полиција во Фнидек, Мароко, каде што групи луѓе во близина на ...

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Драчево. Како што информираат од РЦУК – Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде од 8:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата Иван Хаџиниколов број 5 во населбата Драчево. Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од ...

Во руските напади врз главниот град на Украина, Киев загинаа девет луѓе, а 23 се повредени, соопшти Украинската служба за вонредно ситуации. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Во руските напади врз главниот град на Украина, Киев загинаа девет ...

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. - Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од денес. Владината прес-служба синоќа соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...

Филипче најави жешка политичка есен – СДСМ во септември ќе поднесе интерпелациии за Гаши и Стоилковиќ и со сите сили ќе го блокира „Скопје 2028'. Според лидерот на опозицијата, Собранието е претворено во гласачка машинерија, а собранискиот спикер Африм Гаши го крши Деловникот. Порача дека премиерот Мицкоски вчера избегал од можноста за пратенички прашања и дека имало оркестриран настап од страна на потпретседателката Весна Бендевска со цел – ...

Се обезбедува документацијата и се вршат проверки кои се однесуваат на реализацијата на проектот за водоснабдување во Гостивар и ќе се утврдуваат евентуални неправилности - официјално потврдуваат од Управата за финансиска полиција за Телевизија 24. Повикувајќи се на член 289 од ЗКП дека дејствијата кои се преземаат во предистражната постапка се сметаат за тајна со цел успешно обезбедување на доказите, не споделуваат дополнителни информации. ...

Проблемите со неисправна вода за пиење продолжуваат во повеќе општини низ државава. Најново загадување е пријавено во селата од југоисточниот регион. Жителите на Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, како и на улицата „Првомајска“ во Ново Село, привремено не смеат да ја користат водата од чешмите. Од Општина Ново Село појаснуваат дека загадувањето е минимално и е последица на минатонеделното невреме, но препорачуваат ...

Македонија влегува во нов топлотен бран - метеоролозите најавуваат дека до крајот на следната недела ќе преовладува сончево и многу топло време. Од среда се очекува дополнително зголемување на температурите, при што на одделни места тие ќе надминат 40 степени Целзиусови. Лекарите апелираат до граѓаните да внимаваат колку време се изложуваат на сонце, да се хидрираат, а особено да внимаваат хронично болните, но и оние кои работат земјоделие. ...

Во случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, има груба манипупација од локален јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство, вели премиерот Христијан Мицкоски. Очекува истрага за случајот оти јавното обвинителство имало поинаков извештај од тој што бил приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. Почесниот конзул на Белорусија Борче Марковски ...

Пратениците на Али Ахмети ја поднесоа Анкетната комисија за инциденотот од реконструкцијата со која бара одговорност од Иван Стоилковиќ и Африм Гаши за инцидентот кој според сведочењата на опозицијата Стоилковиќ ги навредувал, пцуел и за малку била извегната физичка пресметка. Како што објави ТВ24 Дуи бара да се утврди одговорност , но и да се обезбедат снимките од безбедносните камери. Како што објави ТВ 24 на иницијативата освен пратениците ...

Северноатлантската алијанса планира да го зајакне нуклеарното одвраќање во Европа поради безбедносните закани поврзани со Русија под претседателот Владимир Путин, пренесува германската агенција ДПА. Информациите до кои дошла Агенцијата укажуваат дека во рамки на НАТО се разгледува и можноста за распоредување дополнително американско нуклеарно оружје во Европа. Експерти посочуваат дека САД можеби веќе префрлиле бомби од типот „Б61-12“ во ...

Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се ...

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира дека Судскиот совет назначува вршители на должност претседатели на судови спротивно на Законот за судовите. Според граѓанската организација, Судскиот совет ја користи правната празнина во сопствениот закон за да именува в.д. претседатели без да бидат испочитани законските услови и без ограничување на нивниот мандат. Од Коалицијата посочуваат дека Законот за судовите јасно предвидува кој може да го ...

Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака седиштето на коалицијата да биде во Ријад. Декларацијата ја поддржаа 14 ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. - Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на сопствената социјална ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. Како што информираа од МВР, обраќања на настанот ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Полициската академија Влатко Митковски. Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи ...

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - касарна „Гоце Делчев“ - Скопје, денеска ќе се одржи свеченост по повод промоција на 26. класа студенти - питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник. Како што соопштија од Министерството за одбрана, предвидено е на свеченоста да се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески. - На свеченоста ќе ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...

Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 ...

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. Во ...

Од вицепремиер кој со месеци беше отсутен од работа, до специјален пратеник во Брисел – новата функција на Арбен Фетаи предизвика бура од реакции. Од Владата за ТВ 24 велат дека назначувањето е согласно законските надлежности, а неговата задача ќе биде забрзување на евроинтеграциите. Од „Илинденска број 2“ како негов адут го посочуваат и познавањето три странски јазици, кои треба да му помогнат во новата мисија во Брисел. Влада на Република ...

По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола. Од крајбрежната служба на Грција, објавија видео од акцијата за спасување и информираа дека се спровела во неповолни временски услови, со северни ветрови со јачина од 8 Бофори. Спасените лица беа пренесени на ...

Нападот со дрон врз бродови за складирање гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета укажа на можноста за отворање нов фронт во војната меѓу САД и Иран, зголемувајќи ги стравувањата дека пловидбата низ Суецкиот Канал би можела да биде загрозена. Суецкиот Канал претставува последната преостаната безбедна извозна рута за саудиската нафта, пренесува Бета. Египетската влада денеска соопшти дека прелиминарната истрага покажала оти ...

3.10.2026

41 минута - Трибуна
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
81%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1032
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.53
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.92
58%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
62%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.42
70%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1031
Currency

61.634

Currency

54.969

Currency

73.845

Currency

38.103

Currency

39.246

Currency

67.265

Currency

8.2489

Currency

0.67207

Currency

0.34747

Currency

0.5235

Currency

1.0971

Currency

0.58416

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76