Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Ќе има ли нов обиди да се одмрзнат преговорите на парламентарните групи за изборниот законик откако денеска Левица излегоа со соопштение дека ќе ги искористат сите правни, политички и демократски механизми за една изборна единица и покрај пробиените рокови. Од партијата додаваат дека пробиениот рок не го поништува барањето на граѓаните кое е нужно неопходно за изборен и фер демократски процес. Левица - Левица ќе ги користи сите политички , ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби - изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар, каде што е прогласена епидемија по зголемениот број пациенти со стомачни тегоби. Митева ...
Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки. - На ...
Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...
Соединетите Американски Држави рано утринава извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз Јордан, Бахреин и Кувајт што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. САД и Иран се повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормуската Теснина е сериозно нарушена. Во ...
За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај ...
Кувајт соопшти дека неговата противвоздушна одбрана пресретнала непријателски дронови кои долетале од територијата на Иран, додека Техеран ги продолжува нападите врз земји во кои се распоредени американски воени бази, во услови на ескалација на конфликтот со САД. Кувајтските вооружени сили рано во моментов преку платформата „Икс“ информираат за пресретнати дронови што доаѓаат од насока на Иран, без да објават дополнителни детали. Воздушна ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна поитика и надворешна трговија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на ...
Вo Собранието денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе го одржи второто продолжение на надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. Како што информираат од ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси се на врвот на листата на најскапи играчи што играле во финале на Светско првенство. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на Мбапе во времето на финалето на Светското првенство во 2022 година била 160 милиони евра. Тој е најскапиот играч што играл во едно мундијалско финале. Меси е втор. Во времето на неговото учество во финалето на Светското првенство во 2014 година, ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска ќе одлучува дали ќе биде прогласена епидемија во Гостивар поради зголемениот број на пациенти кои се јавуваат во гостиварската болница со симптоми на труење од вода. Во последните 24 часа повеќе од 300 луѓе од кои 80 деца со стомачни тегоби побарале помош од медицинските лица, кажа директорот на гостиварската болница Емри Бајрами за Телевизија 24. - За 24 часа 222 луѓе се јавиле во инфективното ...
Брисел испрати оценки – власта и опозицијата возвратија со меѓусебни обвинувања. Извештајот на Европската Комисија за владеењето на правото во земјата, наместо патоказ до реформи, стана ново поле за партиски пресметки. СДСМ ја обвини власта за состојбите во правосудството, ВМРО-ДПМНЕ и возврати, а Левица порача дека документот ги потврдува нејзините ставови. Извештајот на Европската Комисија покажува дека чувствата на Мицкоски ги поклопија ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. По 48 часа од неговото ...
Во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...
Викенд метеж на граничниот премин "Дојран" е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се ...
Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди југозападниот дел на Перу, јави германската новинска агенција ДПА. Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално ...
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...
Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеле да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...
Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година во Мајами, САД. Во првото полувреме, Англија постигна четири неодговорени гола, постигнати од Деклан Рајс (3. минута), Езри Конса (18) и Букајо Сака (37. и 45. минута). Во 48-мата минута, Килијан Мбапе намали на 1:4, Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4, Мбапе со својот втор гол во 66. минута ја доближи Франција на само еден гол ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026. Англија победи со 6:4. Дваесет и седумгодишниот Французин постигна гол во 48. и 66. минута. Мбапе има постигнато 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси (21) и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња. На Светското првенство 2026 година, Мбапе ...
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...
Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како ...
Потребно е многу брзо да се изгради национален консензус за внатрешни гаранции, затоа што тешко дека ЕУ ќе ги даде гаранциите што се бараа од неа, вели претседателот на институтот за демократија, Марко Трошановски, во интервју за ТВ 24. Според него, изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја потврдува тезата дека Македонија мора да продолжи со процесот на уставни измени и со старт на преговорите, потпирајќи се на т.н. внатрешни гаранции, ...
Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...
Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Тоа денеска го ...