Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти. Поштенската служба на САД соопшти дека бурата на североистокот на земјата, од Вашингтон до Нова Англија, може да ја забави обработката, транспортот и доставата на ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска ќе отвори прелиминарна постапка против поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте речиси една година по неговото апсење по десетици обвиненија за убиство. Обвинението го обвинува за најмалку 78 убиства во „војната против дрогата“ во земјата од 2011 до 2019 година. Дутерте е првиот поранешен шеф на држава кој се соочува со обвиненија за злосторства против човештвото пред судот во Хаг. Постапката ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека постои растечка недоверба внатре во ЕУ поради Украина, поради тоа што раководството на Унијата продолжува да го поддржува Киев на штета на земјите членки. - Недовербата внатре во ЕУ расте со огромна брзина. Ако ЕУ им даде приоритет на интересите на Украина пред легитимните интереси на земјите членки на ЕУ, тоа ќе доведе до неможност на Унијата да носи важни одлуки кои бараат согласност од сите земји ...

Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат во Брисел денеска за да разговараат за нов заем за Киев и 20-ти пакет санкции кон Русија поради војната во Украина. Разговорите се одржуваат еден ден пред четвртата годишнина од целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година. Заемот од 90 милијарди евра (106 милијарди долари) првично беше договорен во декември и беше одобрен од Европскиот парламент. Финансирањето е наменето за ...

Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во видео обраќање, Путин синоќа им го честиташе на Русите Денот на бранителите на татковината кој се одбележува на 23 февруари. Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истакнувајќи дека апсолутен приоритет претставува развојот на ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени. Следува период на стабилно време, освен во вторник кога ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На граничните премини, според информациите од Авто мото сојузот, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Внимателно возење се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Сообраќајот на државните патишта ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел. Според ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Марко Крале“ лоцирани околу објектот бр. 51. во општина Бутел, a од 08:35 до 11 часот корисниците од улицата Радишанска. Во периодот од 08.30 до 10 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од ул. Козле лоцирани позади фабриката Реплек во општина Карпош, а периодот од 12 до ...

Министерството за земјоделие да ја одложи новата програма за добивање на субвенции, а за секои промени да бидат консултирани земјоделците и сточарите, во спротивно најавуваме протести. Националната земјоделска мрежа со барање до ресорното министерство кое најави нови поригоризни мерки за добивање на субвенции. Новата мерка предвидува повеќе грла на крупен и ситен добиток, но и поголам засадена земјоделска површина - како услов за добивање на ...

„Ретко не значи невидливо" - зад секоја статистика и зад секоја осветлена тврдина во боите на ретките болести, стојат вистински луѓе, семејства и мајки кои водат битка со системот секој ден. Една од нив е и Гордана Лолеска која својата лична родителска грижа ја преточи во национална мисија како претседател на "Здружението ретко е да си редок" Со неа разговараме за "дијагностичкиот лавиринт" за стравот од празни полици во аптеките кога доцнат ...

Доцнењето на автобускиот превоз долг период е проблем на скопјани. Граѓаните реагираат дека возниот ред не соодветствува со оној во реалноста. Во неделното интервју на РСЕ, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски апелираше граѓаните да ги пријавуваат проблемите до градот и до ЈСП. Најави пристигнување на нови 100 автобуси од Владата и 30 автобуси преку БРТ. Вели дека градот се обидува со она со кое располага да биде во целосна ...

За опозицијата, политичар со изразени антимакедонски ставови и криминално минато, а за власта дипломат кој ги исполнува сите услови за вршење на должноста. Назначувањето на Душан Адамовиќ за конзул во Панчево ги стави во спрега двете најголеми политички партии во земјава. Од СДСМ излегоа со барање до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за подетално образложение за критериумите и процесот според кои лице со, како што тие го оценуваат, ...

Во неделното интервју за РСЕ, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека постапките на терен за БРТ-проектот ќе почнат во 2027 година, а претходно ќе има набавка на над 100 нови автобуси за обнова на јавниот превоз. Уверува дека проблемот со кучињата скитници ќе биде значително намален, а новиот Луна парк, според него, ќе биде забавен простор за сите генерации. За БРТ-то, прво ми е многу драго што конечно со ЕБОР го откочивме ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната власт предводена од СДС и ДУИ целосно го ставила судството под политичка контрола, тврдејќи дека изборот и разрешувањето на судии и обвинители се вршеле под партиски притисоци. Од партијата наведуваат дека, според нив, по насока на тогашното раководство на СДС и поранешниот премиер Зоран Заев се избирале „подобни и послушни“ судии и обвинители, додека судии кои не биле под политичка контрола биле разрешувани ...

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите. Би-Би-Си потврди видеоматеријали од демонстранти кои маршираат на кампусот на Универзитетот за технологија Шариф во главниот град Техеран. Подоцна се забележани судири меѓу нив и приврзаници на владата. На Универзитетот Шахид Бехешти се одржа мирен протест, а слични собири ...

100 години прилепски мечкари годинава се претвораат во редок јубилеј што го собира целиот град на исто место: под Марковите Кули, во Прилеп, за време на Прочка, кога маските повторно излегуваат на улица за да ја „исчистат“ годината од лошото и да ја најават пролетта со ѕвонци, кожи и обредна игра. Според најавите за „Прочка 2026“, карневалските денови се планирани од 20 до 23 февруари, со очекувања за над 500 учесници и гости од повеќе земји. ...

Пакистан рано утрово започна воздушни напади во Авганистан, таргетирајќи „кампови и скривалишта“ на вооружени групи кои стојат зад низа неодамнешни напади, вклучувајќи го и смртоносниот самоубиствен напад врз шиитска џамија во Исламабад, објави Ал Џезира. Авганистанското Министерство за одбрана ги осуди нападите, велејќи дека тие „погодиле религиозно училиште и станбени куќи“ во пограничните провинции Нангархар и Пактика, „што резултирало со ...

Правдата во државата се погребува – судството и обвинителството се ставаат под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, реагираат од СДСМ. Го сменија јавниот обвинител за да инсталираат обвинител под своја контрола. Јавно, на телевизија, Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка Ристовска, иако таа доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители. Мицкоски сам одлучува и си бира обвинител по свое. Сопруга на градоначалник ...

Со оглед дека Европската Унија продолжува со својата недоследност и стратегија на подвижни цели, листата на неостварени очекувања постојано се зголемува. Меѓутоа, доколку навистина се стави на маса проект којшто ќе оозможи интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар, тоа треба да се прифати без никаква задршка. Влезот во единствениот пазар целосно го исцрпува проектот на интеграција во ЕУ. Ова беше дел од мислењата на говорниците на ...

Вековната карневалска традиција уште еднаш ја крена на нозе Струмица со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 39 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство, кои со голем елан ги промовираа своите карневалски креации. И годинава кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневалски креации, а традиционално први настапија струмичките мажоретки. За кусо време ...

Малата Делфина беше спасена од негувателката Зера, откако мајка ѝ ја фрлила во езеро. Денес малото гибонче веќе се учи на самостоен живот, но си доби плишена играчка, слично како на фотките што деновиве ги гледавме од Јапонија. Додека во изминатите денови на социјалните мрежи масовно се споделуваше приказната за малото мајмунче од Јапонија кое било отфрлено од мајката и се приврзало за плишана играчка орангутан, од Скопската зоолошка градина ...

Денешниот ден носи динамична и променлива временска слика низ земјата. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви интервали, но стабилноста ќе биде нарушена од засилен северен ветер и можност за слаби врнежи од снег во одредени региони. Во утринските часови, особено во северозападните планински подрачја, ќе има услови за провејување на слаб снег. Иако врнежите нема да бидат интензивни, комбинацијата со ветер може ...

Филмот „Жолти писма“ (Yellow Letters) на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои „Златната мечка“ за најдобар филм на 76. издание на Берлински меѓународен филмски фестивал – Берлинале. Наградата му ја врачи претседателот на жирито, Вим Вендерс, кој го опиша остварувањето како силна и јасна филмска артикулација на политичкиот јазик на тоталитаризмот. Филмот ја следи приказната за брачен пар – драмска писателка и актерка во современа ...

Вкупно 52 лица беа приведени по протестот на опозицијата во Тирана – 17 беа уапсени, додека 35 се под истрага на слобода, објави полицијата. Протестот во Тирана синоќа заврши со тензии и судири со полицијата, објави РТШ. По говорот, група демонстранти се судрија со органите за спроведување на законот во близина на канцеларијата на премиерот Еди Рама, при што некои учесници фрлаа молотови коктели кон зградата. Полицијата интервенираше со ...

Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната ...

Човечки фактор, а не природна непогода се причините за поплавите во земјава сметаат екологистите. Македонија не е географско поднебје склоно на енормни врнежи тука не се води никаква грижа, не функционираат водните и месните заедници, нема редовно чистење на коритата и нема стручност вели Ванчо Стојаноски од ЕД Грашница кој додава дека во рок од еден месец три пати се излеала Коселска река во охридско што никогаш порано не се случило, и ова е ...

Ако ветивте динамика покажете ја. Ако ветивте контрола спроведете ја. Ако ветивте правда испорачајте ја. Ова беа главните пораки кои денеска родителите на жртвите од трагедијата во Кочани ги испратија до судските и обвинителските власти. Велат нивното трпение е на самиот крај, но борбата за правда нема да запре. Ако ветивте динамика покажете ја. Ако ветивте контрола спроведете ја. Ако ветивте правда испорачајте ја. Ова беа главните пораки ...

За неплатена сметка од 500 денари ќе треба да платите 15 000 денари. Новите измени на законот за извршители е практично грабеж на македонските граѓани - обвинија од Конфедерацијата на слободни синдикати. Бараат да се спречи наплатата на енормните адвокатски и нотарски трошоци. Синдикатитие и активистите - посочија неколку примери за кои одредени лица од извршители добиле нереална сума за наплата. Се работи за над 300 000 предмети кои дококолу ...

Поранешни функционери од Владата на СДСМ се вклучени во истрагата за пренос на марихуаната од Македонија во Србија, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе информации. Изјавата на Мицкоски следува по потврдата на министерот Тошковски дека се поднесени кривични пријави против десет осомничени лица поврзани со случајот. Од СДСМ, пак, денеска повторно изнесоа ...

Основното јавно обвинителство во Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство и противправно лишување од слобода. Според обвинението, на 19 и 20 февруари, во семејна куќа во Свети Николе, обвинетиот ја нападнал својата бремена девојка со која живеел во семејна заедница. Прво ја навредувал, а потоа започнал физички да ја ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
36%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.04
76%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51