„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, информираат од ОЈО Скопје Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје соопшти дека ги проверува наводите што докторот Жан Митрев и сопственик на истоимената приватна клиника неодамна ги изнесе во телевизиско интервју – дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче се обиделе да ...

И покрај позитивните поместувања во однос на поддршката за членство во Унијата, останува поделеноста помеѓу граѓаните во однос на следните чекори во евроинтеграцискиот процес. Најголемиот дел од испитаниците, односно 27 отсто, претпочитаат репреговарање на Преговарачката рамка, додека 24 проценти од граѓаните поддржуваат уставни измени – покажува анализата на Институтот за демократија Дури 71 отсто од граѓаните во земјава лани се изјасниле ...

Во препораката до Судскиот совет, кој ја избра Даниела Димовска за в.д. претседателка на скопскиот Кривичен суд, се наведува дека тој може да отвори предмет и да дискутира за можниот конфликт на интереси и можно влијание врз процесот во кој е осомничен нејзиниот брат, а има и директна надлежност да донесе одлука за нејзино повлекување/разрешување, на истиот начин како што го извршил и нејзиниот избор Форумот за разумни политики (ФРП) денеска ...

Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен престојуваа во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, со цел да ја зацврстат поддршката по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз овој арктички остров, кој со векови е данска територија Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека постојат црвени линии кои не смеат да се преминат во разговорите со Соединетите ...

Лидедот на СДСМ вели оти е прилично сигурен дека во земјава ќе има предвремени избори, а дали ќе бидат на крајот на оваа година или на почетокот на следната, ќе зависи од неколку фактори Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е подготвен во кое било време да настапи на избори, вели лидерот Венко Филипче. Тој вели дека е прилично сигурен оти во земјава ќе има предвремени избори. „Дали ќе бидат на крајот на оваа година или на почетокот ...

Од Собранието не ги откриваат имињата на кандидатите, но, како што дел од пријавените и сами потврдија, станува збор за актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска; обвинителката Ленче Ристоска; судијата во Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески; поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, и обвинителката од скопското Основно јавно обвинителство, Лидија Раичевиќ И официјално петмина кандидати се ...

Марихуаната била најдена во багажниот простор и задната клупа на возило што се транспортирало на шлеп-служба Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поведе истрага против три лица, откако полицијата запленила над 150 килограми марихуана во близина на Свети Николе. Според информациите наведени во соопштението од ОЈО ГОКК, двајца од осомничените ја набавиле дрогата и ја сместиле во патничко возило со ...

Предлогот за формирање на групата беше усвоен со 11 гласа „за“, а за нејзини членови се избрани Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска На 16 јануари годинава, Кривичниот совет при Основниот суд Битола одржа седница на која ја прифати жалбата на обвинетиот Борче Марковски – да се укине мерката притвор за него, да се определи гаранција од 4,9 милиони евра во движен и недвижен имот и да се ...

Трамп во последните недели постојано ја покренуваше можноста за испраќање дополнителни воени сили во Иран, по насилното задушување на протестите во земјата. САД веќе испратија значајни поморски сили, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и придружните бродови, во регионот на Блискиот Исток, што беше една од темите за лидерство и одвраќање што ги истакна Трамп Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на социјалната ...

„Ќе ви одговориме официјално, не сакам да испадне дека имало некоја претставка, а јас во моментов да не се сеќавам и да ви дадам неточна информација“, изјави претседателот на Судскиот совет на прашњето дали против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во чиј семеен дом беа пронајдени соѕидани 350 000 евра, биле поднесувани претставки за примање мито Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, не знае колку точно пријави или претставки ...

Во извештајот од ДЗР е наведено дека Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36 505 илјади денари е без програма и претходно обезбедена согласност од Советот Државното јавно ...

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што се врши усогласување со европските и меѓународните стандарди кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и ...

Опозициските партии реагираа луто откако беше откриено дека агенцијата, која беше критикувана во последните недели бидејќи нејзините агенти убија двајца американски државјани во Минеаполис, ќе биде вклучена во безбедносните операции за Игрите, кои започнуваат на 6 февруари Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони се обидува да ја поправи политичката штета откако Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) потврди дека нејзините агенти ...

Опозицискиот лидер вели дека барањата што синдикатите ги имаат до Владата се реални и објективни и изрази и жалење што владејачкото мнозинство минатата година не го поддржа предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра Опозицискиот СДСМ соопшти дека го поддржува денешниот протест на Сојузот на синдикатитњ на Македонија (ССМ) со кој синдикалците и работниците бараат покачување на минималната плата на 600 евра, а на сите ...

Посебен сообраќаен режим ќе има во околината на зградата на ССМ, Собранието, Стопанската комора и Владата Денеска со почеток од 17 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Сообраќајот во овие делови од градот ќе биде пренасочуван. Протестот почнува од пред Работничкиот дом на улицата „Мирче Ацев“, а потоа ќе продолжи по улицата „Филип Втори ...

Њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани изјави дека во бурата во Њујорк, каде што температурите достигнале најниско ниво во последните осум години, досега вкупно десет лица се пронајдени мртви на отворен простор, но, како што рече, засега не е јасно дали станува збор за бездомници Најмалку 40 лица досега ги загубија животите во зимската бура што го погоди поголемиот дел од Соединетите Американски Држави. Според извештаите, смртните случаи се ...

Сопственикот на фабриката „Виоланта“, безбедносниот техничар и техничарот во смена, се уапсените кои се соочуваат со обвиненија поврзани со убиство од небрежност Три лица, вклучувајќи го и сопственикот на фабриката „Виоланта“ од грчкиот град Трикала, се уапсени и денеска се очекува да бидат изведени пред надлежното обвинителство, пишуваат грчките медиуми. Лицата се уапсени по експлозијата во која загинаа пет работнички во фабриката на ...

Според него, приемот на Украина во ЕУ би значело дека оваа земја ќе биде финансирана од европските даночни обврзници, а како резултат на тоа европската економија би била во загуба Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега Андреј Сибиха за „Европска правда“, дека Унгарија е ...

„Во која било земја, напад со беспилотно летало врз цивилен воз би се сметал на потполно ист начин како тероризам. Нема, и не може да има, воено оправдување за убивање цивили во вагон на воз“, вели украинскиот претседател Во руски напад со беспилотно летало врз патнички воз во североисточна Украина загинати се пет лица, пишува Гардијан повикувајќи се на информации од обвинителите. Нападот од украинскиот претседател Володимир Зеленски е осуден ...

Според извештаите на медиумите што се повикуваат на документот, во извештајот не се наведува дека Прети посегнал по своето оружје, иако американската администрација претходно сугерираше дека тој претставува непосредна закана Првиот сеопфатен официјален извештај на американските безбедносни власти за фаталното пукање врз американскиот државјанин Алекс Прети во Минеаполис покажува дека двајца полицајци пукале кон него, објавија вчера ...

Претседетелот на ССМ, Слободан Трендафилов во завчерашното интервју за „360 степени“ рече дека Македонија е на дното кога станува збор за платите и затоа не би рекол дека некому треба да му се чини многу зголемување на минималната плата од сегашните 397 на 600 евра Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестото и барањата на ССМ, изјави дека минималната плата законски се зголемува во март и дека ќе ...

„Нашите барања се јасни. Признавање на возачите како ‘мобилни работници’, чиј статус е верификуван со Сертификати за професионална компетентност (CPC). Исто така и заедничка акција со државниот врв. Упатуваме итен апел до Владата и ресорните министерства да го поддржат нашиот дијалог со Брисел преку официјални државни дописи и состаноци со надлежните во Европската комисија“, изјави Оливера Миовска, претседател на „Бест мобилити – НТА“ ...

Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и врнежливо време ќе продолжи и во наредните денови Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток се очекува зголемување на облачност, најпрвин во западните, а потоа и во другите делови, каде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб од снег, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до ...

Во однос на изборот на државниот јавен обвинител рече дека не сака да дава априори суд додека не го слушне мислењето на Советот на јавни обвинители, а во однос на тоа кој од досега пријавените е најдобриот кандидат нагласи дека сите тие доаѓаат од фелата и како што рече претпоставува дека нудат квалитет, дека веруваат во себе, дека се мотивирани Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше случајот со заѕиданите ...

Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесувал на делот кај што ги регулира платите во Општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за социјална политика и труд кој е нејасно напишан и може да се толкува различно Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 говорејќи за барањата на синдикатите за повисоки плати откри дека по истиот принцип како што од ...

Откако инсистираше дека САД треба да имаат сопственост врз во голема мера автономниот дански остров, претседателот Доналд Трамп минатата недела ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стекне и рече дека постои рамка за иден договор во однос на Гренланд Данска има намера да направи сè што може за да постигне договор со САД за Гренланд, освен да се откаже од територија, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен. На прашањето дали ...

Премиерот нагласи дека кога соседите се почитуваат, кога културите се среќаваат и се надополнуваат, тогаш се отвораат нови можности и хоризонти за заеднички проекти, но и за трговија, за инвестиции, за млади кои учат еден за друг, еден од друг Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на Светосавската свечена академија, порачувајќи дека овој настан со својата духовна и културна димензија не потсетува на трајните вредности што не ...

Кос посочи дека земјата е на пат да ги затвори сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година Црна Гора вчера на Меѓувладината конференција со Европската Унија во Брисел, го затвори поглавјето 32 од преговорите, наменето за Финансиски надзор. Со тоа, Црна Гора затвори 13. од вкупно 33 поглавја од преговорите со Европската Унија. Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет поглавја од преговорите во ...

По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер Индија и Европската Унија (ЕУ) успешно ги завршија преговорите за договор за слободна трговија, преговаран повеќе од 20 години, кој индискиот премиер Нарендра Моди го оцени за понуда на многу можности. По речиси две децении преговори со ...

Некои медиумски извештаи сугерираа дека Бовино бил отпуштен од својата позиција, но Би-би-си пишува дека портпаролката на националната безбедност Триша Меклафлин го негирала тоа велејќи дека шефот на граничната патрола е „клучен дел од тимот на претседателот и одличен Американец“ Претставникот на операциите на граничната патрола Грегори Бовино и некои агенти на американската имиграциска служба Ај-си-и (ICE) се очекува наскоро да заминат од ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

151875.00

Кобалт

45.39

Калај

54.78

Бакар

12.64

Платина

66101.93

Сребро

2583.47

Цинк

0.00

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Паладиум

48065.37

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93