Министерството за здравство формираше кризен штаб по пожарот, направени се протоколи, а претходно објавените препораки од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) остануваат да важат, додаде Алиу Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, ...

Прашан дали фирмата за управување со отпад каде што се случи пожарот ги исполнувала условите кои се наведени во лиценцата, рече дека таа е добиена во 2021 со важност до 2031 година и соодветно на тоа што било дадено како лиценца тие декларирале дека го поседуваат Пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што имам информации од службите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Сакам да ...

Тој додаде дека и при пожарот во „Дрисла“ кога луѓето дошле на лице место, по неколку минути, линијата на пожарот била подолга од 50 метри, и нагласи оти тоа би било невозможно кога би станувало збор за самозапалување, пожарот да има таков обем и динамика. Тоа, вели Ангелов, се случило и вчера Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува на ставот дека избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи ...

„Секојпат кога ќе се случи трагедија или проблем, државните функционери, наместо да понудат решение, посегаат по најлесниот пат, ги обвинуваат ДУИ и Албанците. Тоа е сценарио однапред испланирано“, посочи Османи Кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи, денеска на прес-конференција, остро реагираше на „неодговорните и неетички напади“ врз ДУИ и Албанците, посочувајќи дека власта свесно измислува виновници за да ја прикрие својата ...

Тој додаде дека во ситуација кога јавноста со право очекуваше реакција, инструкции и информации од Министерството за животна средина, Изет Меџити не се појавил ниту пред јавноста, ниту на терен, додека граѓаните во Трубарево морале да се евакуираат доцна во ноќта, а целиот град се задушувал во отровен чад Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ Бујар Османи, денеска упати остри критики до актуелниот министер за животна средина ...

Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други Пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и мора да има одговорност ...

На прашањето дали чувствува одговорност што дури после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и на линија со министерот за внатрешни работи, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено ...

Во следниот период, додаваат оттаму, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка, информираат од ...

Сојузниците на Украина со месеци работат на планови за потенцијална нова фаза во војната – од прекин на огнот до мировен договор. Сепак, таквите напори бараат подготвеност од Москва за преговори Претседателката на Генералното собрание на ООН Аналена Бербок изјави дека мировните сили на ООН би можеле да имаат улога во обезбедувањето мирно решение за војната во Украина, пренесе ДПА. „Ако се постигне мировен договор, тој мора да биде гарантиран на ...

Дополнително, Филипче смета дека зоната од 400 метри е недоволна и апелираше да се воспостави зона од 500 до 2 000 метри во која ќе има јасен протокол: затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движење и активирање на систем за јавно предупредување со СМС-пораки и локални медиуми Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција на институциите. Граѓаните имаат право да ...

Нападите со дронови врз руски енергетски и индустриски објекти се дел од одбранбената стратегија на Украина за попречување на снабдувањето со гориво за руската армија и намалување на приходите за финансирање на војната. Неодамнешните напади се одвиваат и дење и навлегуваат длабоко во руска територија Рафинерија на нафтената компанија „Башнефт“, подружница на „Роснефт“, во руската република Башкортостан беше зафатена од пожар по напад со дронови, ...

Оттаму нагласуваат дека скопксите градоначалници четири години се бореле за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, а „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“ СДСМ е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДСМ едно зборуваат претпладне, друго прават попладне. Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет ...

„Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот“, изјави Ангелов Пожарот во Трубарево е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и ...

Министерот за животна средина нагласи дека компанијата во чиј објект вчера попладне во Трубарево избувна пожарот поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити доцна синоќа го посетил местото на пожарот во Трубарево кој избувна во објект за рециклирање батерии и електронски отпад. „Со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со ...

Во Скопје, претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне, и особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 Целзиусови степени Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ...

„Констатирано е дека во непосредна близина на пожарот има висока концентрација на штетни супстанци. На околу 200 метри од центарот на пожарот загаденоста е ниска, додека мерењата од оваа специјализирана единица на Министерството за одбрана, на 400 метри од изворот на пожарот не е евидентираа присуство на загадување од страна на пожарот“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Според Тошковски, за да се минимализира ...

„Резултатите од овие мерења ќе бидат јавно објавени веднаш по нивната обработка, а првите резултати веќе се очекуваат вечерва. Министерството ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за сите понатамошни активности и наоди поврзани со настанот“, соопшти Министерството за животна средина Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва информираше дека фирмата „Ф-Групација“ од Трубарево во која денеска избувна пожар, ...

Од Здравство велат дека со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население за намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот Министерството за здравство (МЗ) вечерва информира дека во координација со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се обезбедени 2 000 заштитни маски „N95“ што вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Како што информира МЗ, маските се на ЈЗУ ...

Меѓу препораките се и лица со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) преку Министерството за здравство (МЗ) излезе со препораки за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани во случаи кога постои евентуален ризик ...

„Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук Jа споделувам грижата на скопјани, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, откако ...

„Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола. ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш! Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење“, вели Шукова Потпретседателката на опизицискиот СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во објава на Фејсбук напиша – „Скопје повторно под црн ...

„Загрижувачки се дел од информациите што пристигнуваат, а тоа е дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен. Во исчекување на официјални податоци, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција. Апелирам до властите дека е крајно неодговорно да се молчи во вакви случаи“, напиша Филипче на Фејсбук Институциите ...

„Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег – палење на депониите во Скопје со цел да предизвикаат страв, незадоволство и хаос меѓу граѓаните“, обвини ВМРО-ДПМНЕ Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека се поразени и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи. Наместо ...

„Ќе потсетам дека најпрво депонијата ‘Вардариште’, потоа депонијата ‘Дрисла’, вчера депонијата во Шутка, денес оваа фабрика зад мене. Значи се работи за намерно подметнат пожар, ние сме мета на хибриден напад, за мотивите може само да погодуваме“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во изјава снимена попладнево го нарече тежок пожарот што избувна во фирмата ...

Во гаснењето на пожарот што избувна во скопско Трубарево во компанија што се занимава со електронски отпад, вклучени се шест противпожарни возила, неколку специјализирани возила на ДЗС, хеликоптери на МВР и на Армијата, како и еден авион за гаснење пожари на ДЗС, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али информира дека попладнево е на терен на местото каде избувна пожарот во скопско ...

„Скопјани се трујат во канцерогени материи. Сега гори и складиште за отпадни материјали и суровини во Трубарево. Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре. Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност. Македонија веќе е опасно место за живеење“, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, ...

„360 степени” и во новата сезона ќе се емитува секој понеделник и четврток навечер на првиот телевизиски канал на јавниот сервис Од понеделник (15 септември 2025 г.) почнува новата сезона на емисијата „360 степени” – 12-та по ред. На МРТ 1 секој понеделник навечер ќе гледате интервју или дебата, а секој четврток – политичко-истражувачки магазин. Сите емисии и стории ќе бидат достапни и на нашиот канал на Јутјуб, како и на порталот 360stepeni.mk ...

Како што информираат од ДЗС, во гаснењето на пожарот интервенира и хелиоптер Дирекцијата за заштита и спасување испрати снимки од страшниот пожар што попладнево ја зафати фабриката за пластични работи „Нулта отпад“ во скопско Трубарево. Густиот облак од црн чад што се издигна и кој е видлив од повеќе делови на главниот град, предизвика вознемиреност кај граѓаните. Од Центарот за управување со кризи додаваат дека пожарникари интервенираат во ...

Државната агенција Анадолија објави дека главниот обвинител на Истанбул наредил апсење во рамки на истрага за наводи за изнуда, поткуп, проневера и местење тендери во истанбулскиот округ Бајрампаша Турските власти денеска уапсија претседател на еден од окрузите во Истанбул и уште 47 службеници поради наводи за корупција, што се толкува како дел од кампањата за разбивање на главната опозициска партија во Турција. Државната агенција Анадолија ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека има пожар во „Нула Отпад“ Скопје во Трубарево Нов, голем пожар, денеска во попладневните часови избувна во скопско Трубарево. Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од повеќе делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека има пожар во „Нула Отпад“ ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.96
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.52
86%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.14
84%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
86%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
100%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Калај

40.49

Паладиум

46361.38

Бакар

10.96

Никел

473258.99

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Платина

52864.82