Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бугарската јавност е во шок откако директорот на училиште, идентификуван како Евтимов, беше уапсен и обвинет за изработка на детска порнографија и нелегално снимање. Истрагата откри дека тој сам ги купил камерите и снимките ги префрлал директно на својот телефон. Директорот на софиската полиција (СДВР), Љубомир Николов, откри морничави детали за начинот на кој функционирал системот. „Преку апликација, сите записи од компјутерот во кабинетот на ...
Македонија се искачи на самиот врв на неславната листа како најзагадена земја во Европа. Според најновите податоци од мапата на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), која го следи индексот на квалитетот на воздухот, нашата земја е рангирана во најлошата категорија. Податоците се алармантни: концентрациите на опасните ПМ2.5 и ПМ10 честички се екстремно високи. Измерените вредности на ПМ2.5 честичките се неколку пати повисоки од максимално ...
И оваа сабота, 20 декември, во Кочани со почеток од 14:05 часот ќе се одржи 34-тиот протестен “Марш за ангелите”. Од организаторот, здружението „16 Март 2025“ ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на маршот за правда за жртвите од трагедијата во “Пулс”. „Дојдете со нас на 34-тиот Марш на ангелите. Ги повикуваме сите граѓани на Кочани и од цела Македонија да чекорат со нас за вистинска правда за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите ...
Полицијата во Винтертур, Швајцарија, уапси шест лица по физичка пресметка што се случила во вторникот вечерта. Меѓу приведените има и двајца малолетници од Северна Македонија, на возраст од 15 и 17 години. Инцидентот во областа Винтертур-Сенхоф бил пријавен малку пред 21:00 часот, кога полицијата добила повик за лице кое лежи на земја со повреди на главата. Пристигнатите патроли на местото на настанот затекнале повеќе учесници. Пресметка со ...
По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки против аерозагадувањето стапуваат на сила и во Скопје. Мерните инструменти покажаа дека горната граница на загаденост е надмината во повеќе скопски општини, но и во други градови низ Македонија, а маглата дополнително ја влошува ситуацијата. Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории. Ослободување од работа ...
Долгите редици пред институциите наскоро треба да станат минато. Граѓаните отсега ќе можат да извадат клучни документи, како што се М1 и М2 обрасците, за само неколку секунди преку специјализирани „банкомати“ (дигитални киосци) кои ќе бидат поставени на најфреквентните локации низ градовите. Оваа новина е дел од Националната стратегија за дигитална трансформација, чија цел е инфраструктурно поврзување, унапредување на дигиталните вештини и ...
Лидерите на Европската Унија постигнаа клучен договор за обезбедување на масивен финансиски пакет за Киев. Одобрен е бескаматен заем во висина од 90 милијарди евра, со уникатна клаузула: Украина ќе почне да го враќа кредитот дури откако Русија ќе ѝ исплати репарации за штетите предизвикани од инвазијата. Овој потег се толкува како директна порака до Москва дека финансискиот товар за обновата на Украина на крајот ќе падне врз агресорот, додека ...
Опозициската СДСМ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Резолуцијата за потврда на политиките против нелегалната миграција. Партијата тврди дека документот, кој беше изгласан во Собранието на предлог на власта, директно удира врз демократските вредности. Според социјалдемократите, усвоениот документ е неуставен и проблематичен од повеќе аспекти. Во иницијативата се наведува дека Резолуцијата ги загрозува ...
Со благослови за радост, здравје и бериќет, Прилеп денеска традиционално го одбележа својот патрон празник – Свети Никола. Центарот на градот беше претворен во голема посна трпеза каде што граѓаните го прославија светецот-заштитник по 20-ти, јубилеен пат. За прилепчани, еден од најзначајните моменти на овогодинешната прослава беше враќањето на традицијата на виткање мали посни сарми – гастрономскиот симбол со кој градот во 2008 година се запиша ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави почеток на масовна и бескомпромисна акција за расчистување на бесправно изградените објекти и узурпираните јавни површини низ главниот град. Целта е да се ослободат тротоарите и пешачките зони и да се врати редот во урбаниот простор. Ѓорѓиевски испрати јасна порака дека времето на толеранција за оние кои го узурпираат заедничкото заврши. Акцијата ќе се спроведува низ целата територија на ...
Цементарницата ТИТАН Усје го објави редовниот неделен извештај за квалитетот на емисиите во воздухот за периодот од 12 до 18 декември 2025 година. Од компанијата тврдат дека сите измерени средно-дневни вредности од ротирните печки 3 и 4 се под граничните вредности определени со закон. Во контекст на зимската сезона и зголемената чувствителност на јавноста за аерозагадувањето, од „Усје“ потенцираат дека нивното влијание врз амбиенталниот воздух е ...
Македонија оваа година нема позитивно одговорено на ниту едно барање за азил. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, посочувајќи дека земјата останува само транзитна рута, а не крајна дестинација. Министерот презентираше податоци кои укажуваат на континуиран опаѓачки тренд во мигрантските текови низ територијата на државата. „Ниту едно барање за азил оваа година не е одобрено во Македонија“, дециден е Тошковски. Тој ...
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра. „Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го ...
Поранешната специјална јавна обвинителка Вилма Русковска пријавила во полиција дека била предмет на телефонско вознемирување од страна на Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Како што е наведено во пријавата, настанот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, за време на директно вклучување на својот Јутјуб-канал, во повеќе наврати ѝ се јавувал телефонски, и покрај тоа што таа ги одбивала повиците. Дел од настанот е ...
Град Скопје започнува со отстранување на дивоградбите и времените објекти поставени на кејот на реката Вардар, со цел воведување ред во користењето на јавниот простор во централното градско подрачје. На терен можат да се забележат тешки машини и камиони. Инаку, до пред декември имаше одлука и за куќичките со стари книги.Тие мораа да ги напуштат иако со години се лоцирани на кејот на Вардар во центарот на Скопје. Од локалната самоуправа ...
На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено е промовиран нов едукативен и истражувачки центар, формиран во соработка со ТИТАН Усје. Центарот, што е дел од проектот „Знаење + CO₂ –“ – со знаење и иновативност до помалку CO₂, претставува современ едукативен простор наменет за унапредување на наставниот процес и за продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот. Заблагодарувајќи се ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се вршинамалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година. Од20.12.2025година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00(денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен ...
Утрово скопската Зоолошка градина стана цел на хакерски напад. Вработените при доаѓањето на работа забележале дека системот е компромитиран и сите податоци се избришани, информираат од ЗОО Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштуваат дека во моментот се врши увид на терен и дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. Во ...
Скопската Клиника за гинекологија денеска преку соопштение информира дека обдукцијата на новороденчето покажала оти нема физички повреди на органите, а причината за смртта е респираторна инсуфициенција предизвикана од респираторен стрес синдром и незрелост на белите дробови. Клиниката наведува дека семејството е информирано за резултатите од обдукцијата и им е објаснет наодот. Министерството за здравство веќе формира стручна комисија со цел ...
Истражувањето ЕСПАД 2024, спроведено од Институтот за јавно здравје (ИЗЈ), покажува дека многу ученици во земјава се изложени на ризик од рана употреба на тутун, алкохол и психоактивни супстанци, уште пред да го достигнат тинејџерскиот период. Првата цигара најчесто се пробува на 14 години, но загрижувачки е што дел од децата ја пробале уште на 9 години, а првото искуство со алкохол се случува на само 13 години. Според податоците од ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или ...
Државната изборна комисија денеска го заклучи Избирачкиот список за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, кои ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, по новогодишните и божикните празници. Во Гостивар право на глас имаат 82.870 граѓани, во Маврово Ростуше 10.575, во Врапчиште 27.279, а во Центар Жупа 7.562 гласачи. Во сите општини е евидентиран и број на гласачи кои живеат во странство, како и ...
Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18.12.2025 година и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Постапувајќи ...
Човекот кого го слават како херој, затоа што му го одзел оружјето на еден од напаѓачите за време на масовното пукање на австралиската плажа Бонди, денеска доби чек во износ од повеќе од 1,65 милиони американски долари (2,5 милиони австралиски долари). Средствата се собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот, пишува Ројтерс. This is the touching moment when brave hero Ahmed Al Ahmed found out that kind people from all over the ...
На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ – SMART/МК 2030, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека, според најновите резултати во GovTech Maturity Index (GTMI) 2025 на Светска банка, Македонија е препознаена како земја со високо ниво на зрелост во дигиталната трансформација на јавниот сектор. „Во ...
По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови на ...
Највисока плата прима премиерот Христијан Мицкоски, додека веднаш зад него, поради законски додатоци, се наоѓа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Листата ги опфаќа нето износите на платите на Претседателот на Владата, неговите заменици и сите ресорни министри. Мицкоски со над 140.000 денари, Тошковски со додаток за ризик Премиерот Христијан Мицкоски прима месечна нето плата во висина од 140.450 денари. Интересен е податокот за ...
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со појава на магла. T=6°C. P=990hPa. U=70%. V=1m/s. До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена ...