Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците. Тоа е „американското навалување“ – положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција – ЦИА. Поранешниот шеф на Одделот за маска ...

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека ќе поднесе барање до парламентот за одржување референдум за тоа дали земјата ќе го усвои еврото како своја валута. „Бугарија, како полноправна членка на Европската Унија (ЕУ), се соочува со стратешка одлука – воведување на единствена европска валута“, рече Радев во своето национално обраќање. Тој нагласи дека референдумот ќе биде тест за демократијата на Народното собрание и дека ќе покаже кој ги ...

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР. – Во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, ...

Делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и за правда, Игор Филков, денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта во Бутел во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. На спомен обележјето венци со свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борците ...

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со носење на руското знаме и победничкиот транспарент на Црвениот плоштад, придружени со песната „Света војна“. Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот говор велејќи дека должност на Русија е да го брани достоинството на ...

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...

Синоќа во близина на градот Подградина, Хрватска се случи страшна сообраќајна несреќа во која загинаа три лица. Во 23:03 часот, полицијата добила повик дека возило излетало од патот и завршило во коритото на реката Мала Неретва. На местото на натанот пристигнале служби за итни случаи и нуркачи. Го пронашле возилото превртено во реката. По прегледот на возилото, тие откриле три безживотни тела на лица родени во 1977, 1948 и 1964 година, сите ...

Пакистанскиот премиер вети одмазда по смртоносниот индиски ракетен напад, велејќи дека Индија „сега ќе мора да ја плати цената“ за својата „очигледна грешка“. Во телевизиско обраќање на државната телевизија ПТВ вчера, Шехбаз Шариф го коментираше нападот врз пакистанската покраина Пенџаб и делови од Кашмир, кој е под пакистанска администрација. „За очигледната грешка што ја направи Индија, сега ќе мора да ја платат цената. Можеби мислеа дека ...

Според лекарите и стручњаците, зелениот чај помага во согорувањето на мастите, но тоа само по себе не е доволно, објаснува Бетан Краус, нутриционистка на Универзитетот Лафборо во централна Англија. Тоа е, всушност, процес којшто ги топи мастите, што пак, води кон слабеење и добивање мускулна маса, но не без вежби и малку подолг труд, пишува британски „Гардијан“ (The Guardian). – Кога зборуваме за „согорување на мастите“, говориме за ...

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 12 литри на метар квадратен, а после него следуваат Крива Паланка, Битола и Охрид. НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2) 12 Крушево, 9 Крива Паланка, 7 Битола, 6 Охрид, 5 Виница, Ѓуриште, 4 Претор, Тополчани, Пожаране, 3 Штип, Прилеп, Попова Шапка, 2 Струмица, Велес, Берово, Тетово, Маврови Анови, Пожар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово. Времето ...

Европскиот парламент со 598 гласа „за“, 48 „против“ и пет „воздржани“ го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од осум милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“. – Европската автомобилска индустрија се соочува со невиден притисок од надворешни и внатрешни предизвици, како што се ...

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц синоќа ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да се „држи понастрана“ од внатрешната политика на Германија, откако неколку американски функционери ѝ дадоа поддршка на крајно десничарската партија АфД. Најавувајќи дека утре ќе го има својот прв телефонски разговор со американскиот претседател Трамп, новиот германски лидер изјави за телевизијата ЗДФ (ZDF) дека сака да „ја ...

Мерц е избран со 325 гласа „за“, а „против“ биле 289 члена на Долниот дом на парламентот. На второто гласање, кое се одржа попладнево, Мерц е избран со 325 гласа „за“. „Против“ биле 289 члена на Долниот дом на парламентот, еден бил „воздржан“, а три гласа биле неважечки, пишува „Гардијан“. Претходно, во првиот круг, германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство за да стане канцелар во првиот круг од ...

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е казнет од Евролигата со 100.000 евра за изјави на социјалните мрежи. „Казната беше изречена поради коментарите што ги даде во кои го критикуваше судењето, навредуваше други клубови, поединци и самата организација на Евролигата, што е спротивно на Дисциплинскиот правилник на Евролигата“. објави Евролигата на својата официјална веб-страница. Евролигата истакна дека „не ...

Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид. Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред ...

Фридрих Мерц денеска не беше избран за следен канцелар на Германија во првиот круг гласање во парламентот, бидејќи не освои апсолутно мнозинство. Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство. Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со ...

Преговараме со „Виз ер“ да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи охридското крајбрежје има што да понуди за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринското интервју на Радио Лидер. Според Николоски, ...

Во април годинава цените на производите во супермаркетите во Грција, минимално се зголемиле споредбено со истиот период во 2024 година, зголемување од само 0,23 отсто, согласно податоците од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од истражувањето што било спроведено во големи супермаркети, произлегло дека во текот на 12-месечниот период од мај 2024 до април 2025 ...

Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија. Се очекува пратениците да го поддржат Мерц како канцелар на гласањето во Долниот дом на парламентот, откако неговите конзервативци од СДУ/ЦСУ, кои победија на федералните избори во февруари, постигнаа коалициски договор со Социјалдемократите. За да биде избран, Мерц мора во првиот круг ...

Витаминот Ц е еден од клучните хранливи материи за одржување на здравјето и правилно функционирање на телото. Покрај сѐ друго, има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, одржувањето здрава кожа, крвни садови и ткива и му помага на телото да апсорбира железо. Иако во повеќето случаи може да се внесат доволни количини на витамин Ц преку здравата исхрана, понекогаш може да се појави и негов недостаток. Најчестите причини за ова се лошите ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Најмалку девет лица се повредени во пукотница во ресторан во Глендејл, Аризона. Еден од сведоците истакнал дека слушнал повеќе од 20 истрели, приш то пукањето траело 15 до 20 секунди, пред да бидат испукани уште 10 истрели 30 секунди подоцна. Целата област е блокирана, а детективи го истражуваат местото на настанот за докази, додека полицијата се подготвува со испрашувања на очевицдци, преглед на снимки од надзор и форензички анализи. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во продолжението на својата „царинска војна“, најави дека ќе воведе царини од 100 отсто за филмови произведени во странство. Трамп во објава на својата платформа Трут Соушал синоќа рече дека одобрил Министерството за трговија и Канцеларијата на американскиот трговски претставник да воведат царини од 100 отсто за „секој и сите филмови“ што доаѓаат во САД, а чија продукција е во „странство“. – Филмската ...

Еден од папамобилите на папата Франциск ќе се претвори во мобилна здравствена клиника за деца во Газа, исполнувајќи една од последните желби на покојниот папа, објави „Ватикан њуз“. Возилото што го користеше Папата за време на неговата посета на Светата Земја во 2014 година се опремува со дијагностичка и итна медицинска опрема за да им помогне на младите пациенти во палестинската енклава, каде што здравствените услуги се уништени од ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, соопшти УХМР. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен ...

Во најновиот извештај на Репортери без граници (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. ЗНМ го смета извештајот за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи. Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските стандарди, а ...

На сопругата на холивудскиот глумец Џорџ Клуни – Амал Клуни, може да ѝ биде забранет влез во САД, заедно со други истакнати адвокати – поради санкциите кои ги воведе претседателот Доналд Трамп. Според „Дејли меjл“, познатата либанско-британска застапничка за човекови права, наводно добила предупредување од американскиот Стејт департмент. Поради нејзините правни совети за воени злосторства, што доведоа до издавање налог за апсење на ...

Партијата Алтернатива за Германија (АфД) од страна на Сојузната служба за заштита на Уставот е класифицирана во целина како десноекстремна. Службата за заштита на Уставот (БфВ) денеска во Келн (2.05) соопшти дека оценката е донесена поради „екстремистичкиот карактер на целата партија кој не го почитува човечкото достоинство“. Преовладувачкото сфаќање на луѓето во партијата, како што се вели, се конкретизира во севкупниот антимигрантски и ...

Северна Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција. Во кусото образложение на РБГ пишиува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“. „Иако новинарите не работат во непријателска средина, Широко распространетата дезинформација и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
74%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
34%
1002
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1001
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
83%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Калај

49.78

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Сребро

3663.67