Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп рестартираше најмалку шест неодамна откажани американски програми за странска помош за итна помош во храна, изјавиле за Ројтерс шест извори запознаени со ова прашање. Вршителот на должноста заменик-администратор на УСАИД, Џереми Левин, кој претходно беше член на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, во интерна е-пошта побара од персоналот да ги поништи ...

СООПШТЕНИЕ НА ДУИ Изјавите дадени вчера од Изеет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни и длабоко вознемирувачки за секој граѓанин кој верува во правната држава. Во телевизиско гостување на едно од провладините медиуми, Меџити изјави дека „ако Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш Владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за ослободување на обвинети за корупција.“ Ова не е лапсус. Ова е ...

Четири од повредените лица во пожарот во Кочани, денеска се враќаат од странство, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекувани во Хрватска, еден во Шведска и друг во Италија. – Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство. Во болниците ...

Кинеската влада вели дека „ќе се бори до крај“ доколку САД продолжат да ја ескалираат трговската војна, откако Доналд Трамп се закани со огромни дополнителни царини како одговор на контрамерките на Кина. Кинеското Министерство за трговија ги обвини САД за „уцена“ и рече дека заканите на американскиот претседател за дополнителни царини од 50 отсто доколку Пекинг не ја поништи сопствената реципрочна царина од 34 отсто се „грешка над грешката“, ...

„Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат нивните основни потреби“, велат од ОН. Од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, во Појасот Газа раселени се речиси 400 илјади луѓе, информираат од Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН). „Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и ...

Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на повеќе патни правци низ државата кои вчера беа воведени поради врнежите од снег. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат. Укинати се забраните на ...

На Попова Шапка утрово е -12 степени, а во Крушево има 24 сантиметри снег, информира УХМР. Висината на снежната покривка е 22 сантиметра во Битола, 18 во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп. До 08:30 часот се измерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 во Охрид, -5 во Тетово и Претор, -4 во Битола и Берово, -3 во Крива Паланка, -2 во Прилеп и Виница, -1 во ...

САД воведоа царини за сите увезени автомобили и делови во износ од 25 отсто што значи дека нема да има возила, дури и оние произведени во САД, што нема да бидат предмет на тарифи. Автомобилската индустрија е сложен процес, во кој се вклучени голем број партнери и подизведувачи. Доволно е да се погледне само еден дел од возилото. Волстрит џурнал го следеше патувањето на еден клип и откри колку е сложена целата приказна. Започнува со суров ...

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша пост во кој кажа дека царините се прекрасна работа. – „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со царините, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе во сила и тие се прекрасна работа да се видат. Дефицитот со овие земји растеше за време на „претседателството“ на заспаниот Џо Бајден. Ќе ...

Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ...

Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Како што посочуваат оттаму, со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари се заокружи циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари. -За таа цел како ...

Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и за глобалната стабилност, порача заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава. Таа повика на зајакнување на поддршка за Украина сега, но и на подолг рок, потенцирајќи дека за да се обезбеди траен мир, земјата мора да остане силна. Таа при тоа, ги поздрави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за увоз на европски автомобили, тврдејќи дека ЕУ ги блокира американските марки од нивниот пазар, но експертите од индустријата велат дека вистинскиот проблем се самите автомобили. Трамп воведе царина од 25 отсто за увезените автомобили, тврдејќи дека додека САД увезуваат милиони европски возила, извозот на американски автомобили во ЕУ е „речиси невозможно“. Сепак, аналитичарите тврдат ...

Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш да постапат и да превенираат поголема катастрофа. Додава дека ...

Денеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР. Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе ...

Белата куќа подготвува проценка за тоа колку би ја чинело федералната влада да го контролира Гренланд како територија, тврдат три лица запознаени со ова прашање, пишува Вашингтон пост. Ова е досега најконкретен обид желбата на претседателот Доналд Трамп да го преземе данскиот остров да се претвори во ефективна политика. Додека барањата на Трамп предизвикаа меѓународен гнев и укор од Данска, претставниците на Белата куќа презедоа чекори во ...

Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко повредено, јавија локалните медиуми. Три деца се веднаш пренесени во болница, но набрзо биле пуштени дома бидејќи немале потешки повреди. Објектот е затворен и престанува со работа, соопштија властите на Република Српска. Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува ...

Студенти и членови од академската заедница на Србија тргнаа со велосипеди од Нови Сад во акција – „Тур до Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград. Со нив заминаа и новинари од неколку белградски медиуми. За патувањето студентите ќе објавуваат ...

Претседателот Доналд Трамп во средата ги откри глобалните реципрочни царини за време на настанот во Белата куќа. Инаку, размената на Македонија со САД лани изнесувала нешто над 314 милиони долари, наспроти 320,7 милиони долари во 2023 година, што значи била помала за 2,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Притоа, извозот од Македонија во САД лани достигнал 118,2 милиони долари, што е за 2,2 пати (220 насто) повеќе ...

Арбен Таравари, министер за здравство и дел од Коалицијата Вреди синоќа во изјава за медиумите негираше дека ќе ја напушти владината коалиција. -Не, засега не. Работните групи меѓу пратениците се уште водат преговори, така што се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик. Ако не, тогаш ќе видиме како понатаму, рече синоќа Таравари во изјава за медиумите на албански јазик. Пратеничката група на ВРЕДИ работи на начинот за евентуална соработка за ...

Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевањето на Маркова река, сѐ уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче – село Долно Лисиче, како и влезот за село Батинци во двете насоки. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи. Секторот за внатрешни работи – Скопје ...

Бугарскиот пратеник Пејков на неговиот Фејсбук профил објави каде биле распределени дел од средствата кои тој ги собра за настраданите во Кочани. Неговата објава на Фејсбук ја пренесуваме во продолжение: Драги пријатели По внимателна консултација со луѓето од Кризниот штаб во Кочани, составивме список од 18 тешко погодени семејства, на кои решивме да префрлиме по 1.500 евра од вашите донации. Од очигледни причини нема да ги спомнуваме нивните ...

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз. Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски ...

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај. – Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. Досегашните информации покажуваат дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална ...

Сенаторот од редовите на Демократската партија Кори Букер постави нов рекорд во американскиот Сенат, држејќи говор повеќе од 25 часа без прекин, протестирајќи против политиките на Доналд Трамп. – Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа во Сенатот на САД, и ќе стојам додека сум физички способен. Се исправам вечерва, затоа што искрено верувам дека нашата земја е во криза, изјави тој вчера, на почетокот на својот ...

Пратениците дадоа поддршка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова се укинува зголемувањето на пензиите што го вети и предложи ВМРО- ДПМНЕ со линеарно зголемување од 2.500 денари во септември и 2.500 денари со мартовската пензија. Од септември 2025 година, пензиите повторно ќе се усогласуваат 50% според индексот на трошоците на животот и 50% според порастот на просечно исплатената плата. Пратеничката од СДСМ, Јованка ...

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО. „Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“. Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика. – Мислам дека тоа е дел од вербалната стратегија за поттикнување на ‘НАТО коњот’. За САД да се ...

Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи еднонеделна жалост по силниот земјотрес што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а речиси 4.000 беа повредени. Минутата молчење ќе започне во 12:51 часот по локално време, точно кога се случи земјотресот во петокот, јавува Би-Би-Си. Помошта дотече во Мјанмар од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но спасувачките ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
34%
1000
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
92%
1014
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51