Белград
2ᴼ /
2ᴼ
На граничниот премин Меџитлија во патничко возило „Мерцедес“ со македонски таблички пронајдена е поголема количина на хемиски средства за прскање на растенија со вкупна вредност од 16.058,00 евра. Како што соопшти Царинската управа, биле пронајдени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF кои биле скриени во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот ...
Високиот американски дипломат во Данска, Марк Строх, го потврди правото на самоопределување на Гренланд, откако данските разузнавачки претставници објавија извештај во кој се тврди дека американски државјани кои не се членови на владата или дипломати се обидуваат да влијаат врз политичката ситуација на арктичката територија. Строх се сретна со дански и гренландски претставници за време на посетата на Копенхаген како одговор на извештајот на ...
Со мотото „Само за ТЕБЕ Чаир”, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори закажани на 19 октомври. Како што посочуваат од неговиот тим, Меџити истакнал дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност којашто ја претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на оваа општина. По состанокот со Форумот на жени на ВРЕДИ, тој ...
Српската влада денес усвои регулатива за ограничување на маржите во продавниците на 20 проценти за производи од 23 категории, а имплементацијата ќе започне на 1 септември. Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека цените ќе бидат намалени за до 20.000 производи во сите малопродажни синџири. „Ќе имаме пониски цени за 80 проценти од сè што граѓаните купуваат секој ден“, изјави Мали за РТС. Како што додаде, ова е само дел од голем пакет ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во ...
Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната. – Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија ...
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини утринава е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, а прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, ...
Сите згради што ги користи централната власт ќе мора да реконструираат најмалку 3% од вкупниот простор на годишно ниво. Ова е една од мерките што ја усвои парламентарната комисија во рамките на законските измени за енергетска ефикасност. Владата мора да подготви долгорочна стратегија до 2050 година со цел трансформирање на постојните згради во енергетски ефикасни што би ја намалило потрошувачката на електрична енергија на нула. И при купување ...
Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби. Празник на мајката на ...
По Факултетот за компјутерски науки, двете нови насоки на Универзитетот на Југоисточна Европа, онаа за технички науки и онаа за здравствени науки привлекуваат значителен број дипломирани студенти од речиси сите градови во земјата. Според раководителите на УЈИЕ, ова има врска со барањата на пазарот на трудот, а сега и со соодветната проценка на професионалните насоки во нашата земја. „Дури и заминувањето е привлечно бидејќи надворешните барања ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат меѓу високите гости кои ќе присуствуваат на воената парада и други комеморативни настани во Пекинг на 3 септември, по повод 80-годишнината од победата на кинескиот народ во „Војната на отпорот против јапонската агресија“ и крајот на Втората светска војна. Церемонијата на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, чиј домаќин ќе биде кинескиот претседател Си Џинпинг, ќе трае ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека го истражува смртоносното пукање во американскиот град Минеаполис, во сојузната држава Минесота, како можен чин на домашен тероризам. Во нападот на католичкото училиште „Благовештение“ што се случи вчера на почетокот на мисата по повод почетокот на учебната година, најмалку две деца се убиени, а околу 20 лица се повредени. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, во објава на социјалната мрежа Икс, ...
Јавниот градски превоз во Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 27 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени. Според ...
Алсат ексклузивно го обезбеди договорот што Бујар Османи, во својство на министер за надворешни работи, го потпиша со компанијата „Еуровиа“ за обезбедување услуги за време на Самитот на ОБСЕ во Скопјe. Врз основа на овој документ и во отсуство на извештај од договорениот субјект „Еуровиа“, кој некогаш беше претставен како финансиер на ДУИ, истражното тело неофицијално покреналo постапка.Истрагата ќе се насочи кон начинот на кој е доделена ...
Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. -Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат ...
Владата ги усвојува најновите законски измени кои ќе овозможат користење на системот „Безбеден град“, или улични камери, од 1 јануари следната година. Уличните камери ќеги снимаат и документираат можните сообраќајни прекршоци. Бројот на регистарските таблички е поврзан со сопственикот на автомобилот, а во случај на прекршок ќе се пишува записник со прекршочен платен налог за сопственикот, а прекршокот се документира со фотографии. Известувањето ...
Убиство во Кавадарци – Три лица рано утрово до смрт претепале 43-годишен кавадарчанец, откако претходно го затекнале на задниот влез од казиното и почнале да го удираат. Убиството се случило околу 5 часот наутро, а иако на местото на настанот пристигнала набргу и брзата помош, сепак докторите само констатирале смрт кај лицето. Од полицијата велат дека сите три лица веќе се лишени од слобода. „Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци ...
Скоро три недели нема никаква трага од 52 годишниот бугарски нуркач, И.Т, кој на 9 август, исчезна во водите на Охридското Езеро, нуркајќи на длабочина од 89 метри, кај селото Трпејца. По него се уште трагаат езерската полиција и нуркачи од Охрид. Горан Балевски долгогодишен нуркач, вели дека Охридското Езеро е специфично за нуркање, особено на големи длабочини. Вели дека длабочината од 40 метри е дадена како граница, која од страна на сите ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев денеска во општинската зграда ја отворија канцеларијата за е-услуги. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека за кратко време е подготвена канцеларија и во неа ќе работат тројца вработени, со цел граѓаните да бидат брзо и навремено услужени. -Сите услуги коишто се достапни на порталот за е-услуги ќе бидат достапни и ...
Фондот за здравство врши прегледи во приватните и јавните клиники само еднаш годишно. Ако има пријави, има дополнителни контроли, вели директорот на Фондот Сашо Клековски. Според него, Фондот нема надлежност за евентуални непотребни интервенции во приватните клиники за финансиска добивка. Во меѓувреме, Министерството за здравство ги повикува граѓаните да ги пријават евентуалните неправилности. Министерство за здравство: „Министерството за ...
Лидерот на опозицијата, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека продолжува да клевети што, го користи за да ги прикрие неуспесите на Владата. Според Филипче, предупредувањето на ВМРО-ДПМНЕ за дестабилизација на државата од страна на СДСМ и ДУИ ги слушаме подолг временски перидо не се вистинити. Лидерот на социјалдемократите рече дека Владата не успеала во секој аспект, поради што кажуваат невистинити работи. Од ВМРО-ДПМНЕ ...
Недостатокот на работна сила и потребата од квалитетна работа се дел од причините поради кои Владата го менува законот за странци кои сакаат да работат во земјата. Собранието го помина првото читање на предлог-измените кои предвидуваат олеснување на постапките за добивање дозвола за престој за вработените кои се дел од компаниите кои реализираат стратешки проекти, особено оние кои се однесуваат на реализација на Коридорот 8 и 10. Во моментов, ...
Долгорочна стратегија до 2050 година за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради (објекти) кои би требало да достигнат ниво од речиси нула потрошувачка на енергија и обврска – секоја година да се реновираат најмалку три проценти од вкупната подна површина на јавните објекти што не ги исполнуваат минималните критериуми за енергетска ефикасност, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за енергетска ефикасност што денеска го ...
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено ...
Скопје во моментов не е подготвено да ги направи уставните измени што ги бара Софија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање, нагласува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за политичкиот магазин „Политико“, дадено за време на неговата посета на Брисел. – Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во вториот квартал од годинава во споредба со истиот квартал лани e зголемено за 33.8 проценти, а за 0.6 проценти во железничкиот, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 32.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечие од годинава во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 984 000, во градско-приградскиот превоз 9023 000, ...
Еден миолион евра Министерството за животна средина и просторно планирање ќе инвестира за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во Општина Чаир. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска при извршениот увид во градежните работи во населбата Саат Кула потенцира дека се работи за целосна изградба на атмосферска и фекална канализација, кој ќе им служи на над 2000 жители од оваа населба. ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, одржале средба посветена на заштитата на шумите и природните богатства. Како што информираат од ЦУК, главен акцент бил ставен на потребата од модерни системи за рана детекција на пожари – решение кое овозможува навремена реакција, намалување на ризикот и поефикасно справување со пожарите во критичните летни месеци. На ...
За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на ...