Може ли да си го подмладиме и зајакнеме мозокот со парфем? Ново истражување на научници во Јапонија покажува дека тоа е можно. Иако досега мирисите главно се поврзуваа со расположението и сеќавањата, новите сознанија говорат дека континуираното вдишување на една одредена арома – мирисот на масло од роза, може да ја зголеми сивата материја на мозокот, со што, меѓу другото, го зајакнува делот одговорен за помнење, но и го штити овој витален ...

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди нападите врз главниот град на Катар, Доха, во вторникот, но не го спомена Израел во заедничкото соопштение, иако е една од страните во конфликтот, објави Ројтерс. „Членовите на Советот за безбедност ја истакнаа важноста на деескалацијата и изразија солидарност со Катар. Тие ја истакнаа својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Катар“, се вели во соопштението, за кое ...

Жители на скопската општина Аеродром и денеска доцна попладен излегоа на протест на кој го искажаа својот револт поради загадувањето на воздухот што доаѓа од дивата депонија Вардариште, каде што пред десет дена избувна голем пожар. Иако пожарот е изгаснат, во оваа општина со денови се чуствуваше непријатна миризба на чад од изгорени материјали, од кои некои и токсични, што предизвика револт кај граѓани од овој дел на главниот град. Протестот ...

Ирската државна телевизија РТЕ објави дека нема да учествува на евровизискиот натпревар во 2026 година „доколку Израел учествува“. РТЕ наведува дека учеството на Ирска на таков настан би било „неприфатливо со оглед на континуираните и ужасни загуби на животи во Газа“. Ирска досега го освои ова музичко натпреварување седум пати – последниот пат беше во 1996 година. РТЕ ќе ја донесе конечната одлука откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ), ...

Британскиот амбасадор во Соединетите Држави, Питер Манделсон, е разрешен поради неговите врски со покојниот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, објави британското Министерство за надворешни работи во четврток (11 септември), само неколку дена пред официјалната посета на Доналд Трамп на Лондон. Електронската пошта помеѓу 71-годишниот ветеран од Лабуристичката партија и американскиот финансиер кој, како осомничен за сексуална ...

Владата на Србија донесе одлука за зголемување на минималната плата на 64.554 динари (551 евро) од 1 јануари 2026 година, соопшти владината прес-служба по седницата на 11 септември. Во однос на минималната плата во 2024 година, која изнесуваше 404 евра, ова би било зголемување од 36 отсто. Во претходните денови, преговори за зголемување на минималната цена на трудот водеа претставници на Владата на Србија, репрезентативните синдикати, ...

Владата на Република Српска воведе забрана за влез на Наташа Пирц Мусар, претседателка на Република Словенија, и Тања Фајон, вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи во Владата на Република Словенија, како реципрочна мерка по одлуката на Словенија да воведе санкции врз претседателот на Република Српска, Милорад Додик. „За да се заштити политичкиот и институционалниот интегритет на Република Српска, Владата на Република ...

Австриската федерална влада постигна договор за забрана за носење шамии на девојчињата во училиштата, а законот ќе стапи на сила во февруари, кога ќе започне следниот семестар, објавува „Дер Стандард“. Забраната за носење шамија би се однесувала на сите девојчиња до 14 години во јавните и приватните училишта. Во случај на прекршување на забраната, првиот чекор ќе биде состанок помеѓу училишната администрација и девојчето, а ќе бидат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Планот на победата е да се запре Русија сега и да се спречи да ја повтори својата агресија. Како што рече за време на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Александар Стаб, „безбедносните гаранции можат да се воведат по завршувањето на војната, иако веројатно нешто би можело да се направи пред тоа“, објави Укринформ. „Според мене, Планот на победата е да се запре ...

СДСМ вечерва на седница на Извршниот одбор треба да донесе одлука за кандидатите за градоначалници за општините коишто преостанаа, меѓу другото и за Кочани, за Локалните избори 2025. За тоа дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат некој од независните кандидати за градоначалник во овој град, лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека за тоа, како и за другите кандидати ќе се одлучува на седницата на Извршниот одбор, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наскоро посмртно ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен во обид за атентат во Јута во среда. Зборувајќи на комеморативната служба во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „џин од својата генерација, шампион на слободата и инспирација за милиони луѓе“, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на ...

Според новите истражувања, над 87.000 предвремени смртни случаи низ целиот свет може да се поврзат со влијанието на експлозивната сезона на шумски пожари во Канада во 2023 година. Пожарите изгореа 71.043 квадратни милји (18,4 милиони хектари) канадска шума таа година, околу 5% од вкупната шума во земјата. Чадот од пожарите силно влијаеше на североистокот и средниот запад на САД, па дури и се прошири преку Атлантикот до Европа и северна ...

Службениците пронашле моќна пушка со болт за која се верува дека ја користел вооружениот човек кој го застрела и уби активистот Чарли Кирк, изјави денес специјалниот агент на ФБИ, Роберт Коулс. „Пушката е пронајдена во дрвјата каде што избегал стрелецот. Имаме слика од осомничениот“, рече тој, додавајќи дека лабораториите на ФБИ го анализираат оружјето. Покрај пушката, пронајдени се и пар чевли, отпечатоци од дланка и отпечатоци од прсти, ...

Министерот за здравство Азир Алиу им препорача на скопјани да не се движат на отворен простор ако немаат потреба. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања поврзани со загадувањето на воздухот предизвикано од пожарот на скопската депонија „Дрисла“, но и на традиционалното аерозагадување присутно во зимските месеци од годината, кое е штетно по здравјето на граѓаните. Сепак, како што рече Алиу, и покрај непријатниот мирис кој се ...

Со одлука на Владата, формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Со новоформираното тело ќе раководи вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Со ова, како што наведуваат од кабинетот на Фетаи, се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело. Покрај Фетаи, кој е избран за шеф на ова ...

Илон Маск во вторникот накратко ја загуби титулата најбогат човек во светот од соосновачот на „Оракл“ – Лери Елисон. Богатството на Елисон скокна за 89 милијарди долари, на 383,2 милијарди, откако компанијата објави позитивен извештај за берзата, објави „Блумберг“ (Bloomberg). „Оракл“, имено, објави пораст на побарувачката за ВИ-капацитетот на својот центар за податоци. Акцијата порасна за дури 43 отсто пред да се затвори на околу 36 насто ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Декларацијата за црвените линии, која ја најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се надева дека откако ќе биде презентирана ќе има можност неколку дена детално да навлезе во суштината, целите и намерата на истата и какошто рече „и ние како ВМРО – ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација“. -Јас со нетрпение ја очекувам Декларацијата, односно резулуцијата за црвените линии и тоа веќе ...

Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), вчера беа во надзорна посета на АНБ но, како што информираат од Собранието, немале можност за увид во документацијата. Од АНБ се повикале на истрагата на обвинителството за случајот. Пратениците, додаваат од Собранието, се сретнале со директорот на Агенцијата Бојан Христовски кој ги информирал во врска ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека нападот на Израел врз Катар води кон понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток. „Веста за оваа акција ја примивме со длабока загриженост. Сметаме дека е грубо кршење на меѓународното право, првенствено на Повелбата на ОН, како посегнување по суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава, чекор што води кон понатамошна дестабилизација на ...

Американската вселенска агенција НАСА одлучи да им забрани на кинеските државјани да работат на нејзините вселенски програми. „НАСА презеде внатрешни мерки во врска со кинеските државјани, вклучително и ограничување на физичкиот и сајбер-безбедносниот пристап до нашите објекти, материјали и мрежи, за да ја обезбеди безбедноста на нашата работа“, изјави портпаролката на НАСА, Бетани Стивенс, според Блумберг. Новинската агенција потсетува дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека по вчерашното намерно влегување на 19 руски беспилотни летала на територијата на Европската Унија, најдобриот одговор би бил силен 19-ти пакет санкции на ЕУ кон Русија. Тој рече дека работата на овој пакет сега е во тек. „Приоритетните области вклучуваат руски банкарски сектор, банки во трети земји кои продолжуваат да тргуваат со Русија и инфраструктурата на „флотата во сенка“ што ...

На видеолотариските терминали во Скопје, освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот. Среќниот играч А:А. од Скопје на 09.09.2025 година ја освои фантастичната добивка од 6.903.339 денари на терминалите кај нашиот деловен соработник Клуб Спорт 77 Евротип. 40 Брнинг Хот е неговата среќна игра. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни ...

Ние граѓаните сме оставени на питачки стап. Животот станува прескап, а надлежните не превземаат ништо за подобрување на куповната моќ, велат тие за тв Алсат. Додаваат дека цените го изеле и растот на пензиите за илјада денари. Според нив политичарите само ветуваат дека ќе има мерки за намалување на цените – но никаде ги нема. Кога и да донесат мерки, кратко траат и по нивно завршување цените скокаат уште повеќе, додаваат анкетираните граѓани. ...

„Соминтелни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи. Денес сме овде да ја изнесеме вистината за новиот скандал поврзан со Министерството за надворешни работи и поранешниот министер Бујар Османи. Документите до кои дојдовме јасно укажуваат на сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година“, се вели во соопштението од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во видео-обраќање до нацијата од Овалната соба во Белата куќа рече дека е исполнет со тага, но и бес, поради, како што го нарече, гнасниот атентат на неговиот сојузник Чарли Кирк. Кирк, лојален сојузник на Трамп беше убиен вчера попладне по американско време додека учествуваше на собир на Универзитет во Јута, на кој присуствуваа повеќе од 3 000 луѓе. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал ...

Лидерот на албанските владејачки социјалисти и мандатар за нова влада, Еди Рама, на седница на Националното собрание на партијата, побара итно разрешување на Ерион Велиај, кој е во притвор поради корупција, од функцијата градоначалник. На негово место за кандидат за градоначалник на метрополата на вонредните избори ја предложи министерка за образование, Огерта Манастирлиу, што подразбира дека таа нема да биде член на новиот владин кабинет, ...

Летото 2025 година беше четврто најтопло во Европа во историјата на мерењата, со температури за 0,90 степени над референтниот период од 1991 до 2020 година. Август 2025 година е третиот најтопол месец во историјата на глобалните мерења, со просечна температура од 16,6 степени Целзиусови, според податоците од службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ. Месецот беше за 0,22 степени постуден од рекордните августи од 2023 и 2024 година, но ...

На децата под 15 години во Франција треба целосно да им се забрани користењето на социјалните медиуми, а оние на возраст меѓу 15 и 18 години треба да се соочат со ноќен „дигитален полициски час“, побара во четврток (11 септември) францускиот парламентарен комитет. Препораките беа изнесени во извештај од пратениците на комитетот по месеци сведочења од семејства, раководители на социјалните медиуми и од инфлуенсери. Канцеларијата на ...

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи последните случувања поврзани со засилувањето на политичкото и културното влијание на „Српскиот свет“ во Северна Македонија, преку отворената поддршка од актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Иван Стоилковиќ, се наведува во соопштението на ДУИ. Во текстот се додава: Јавноста имаше можност јасно и отворено да види дека: • На територијата на Северна Македонија сѐ почесто ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1004
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
3.09
85%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
90%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.71
54%
1006
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
87%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51