Новата работна недела започнува со среќни вести! Денес, 15.09.2025, на видеолотариските терминали во Тетово, беше освоена најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во вредност од 5.902.423 денари. Среќната добивка е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлајф Гејминг. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни ...

По речиси една деценија, Универзалната сала во Скопје ќе продолжи да се реконструира, но ќе го задржи својот препознатлив изглед. Ќе има 1.200 седишта, што е за 300 помалку од стариот објект, а придонесува за подобар конфор на публиката. Реновирањето ќе чини 20 милиони евра. Министерот за култура Зоран Љутков очекува до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата која ќе заврши до ...

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. На тоа како наука и уметност мора и треба ...

Оваа есен чоколадно кафеавата боја ја носи титулата нијанса која е тренди, елегантна и бескрајно нослива во исто време. Совршено ја евоцира есенската атмосфера и дефинитивно е еден од најголемите есенски трендови. Потсетува на костени, мирис на топло какао и меко ќебе, кои се синоним за пријатна атмосфера. Затоа е визуелно и емоционално совршена за ова време од годината. Покрај топлината, чоколадно кафеавата боја носи и неутралност со стил. ...

Екстремното лето во Европа остави огромен економски отпечаток. Топлинските бранови, сушите и поплавите предизвикаа огромни економски загуби проценети на десетици милијарди евра. Најпогодени земји се Кипар, Грција, Малта и Бугарија, додека експертите предупредуваат дека вистинските трошоци од екстремните временски услови често се случуваат постепено, влијаејќи на животот на граѓаните и способноста за работа далеку над почетното влијание на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките ...

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е повредено откако велосипедист пукал кон него во скопски Чаир. Настанот се случил ноќеска на улица „Методија Митевски“, а бил пријавен во полиција нешто по 1 часот по полноќ. Тинејџерот М. И. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28), кој со возило го донел повредениот. „Полициски службеници од Полициската станица ‘Бит-пазар’ извршиле разговор со В. И. ...

Главната претставничка на Европската комисија, Паула Пињо, денеска истакна дека ЕУ веќе активно работи на постепено елиминирање на руските фосилни горива, и тоа неколку години пред почетокот на војната во Украина, со многу прецизен план. Ова е одговор на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да престане да купува нафта од Русија. “Сега дури имаме и јасен законски предлог за постепено откажување од преостанатите горива.” ...

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет ...

Престојот во природа не само што го смирува умот, туку може да има значително влијание и врз физичкото здравје. Ново истражување покажува дека јапонската практика на пешачење низ шума, позната како „шинрин јоку“, може да го подобри физичкото здравје преку намалување на крвниот притисок и воспалителните процеси. Ивао Уехара од Универзитетот за земјоделство во Токио спровел истражување со 36 лица на возраст од 60 до 80 години со висок крвен ...

Истражувачи од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), Универзитетот Бостон и Универзитетот Нортистен развија нов чип кој би можел да го промени начинот на кој уредите комуницираат безжично. Чипот користи помалку енергија, ја подобрува стабилноста на поврзувањето и го продолжува траењето на батеријата – клучен за сè, од паметни термостати до индустриски сензори. Во срцето на иновацијата е пристап наречен нерамномерна модулација, кој ...

Секогаш кога премиерот ќе се најде во ситуација да не може да изменаџира и не може да најде решение за проблемот се некој друг му е крив, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во врска со пожарите на депониите во скопскиот регион и начинот на кој Владата ја менаџира целата ситуација. -Во изминатите 15 месеци прво имаше следење од дронови, имаше обиди за дестибилизација, па натаму хибридни напади и еве сега нешто се случува организирано ...

Вештачката интелигенција е дизајнирана да им служи на луѓето, а не да развива независна волја или да има свои желби. Иако ова може да изгледа како здрав разум, проблемот е што денешните системи со вештачка интелигенција се толку напредни што изгледаат реални, како луѓето. Ова можеме да го видиме од фактот дека луѓето се потпираат на вештачка интелигенција, а некои дури и формираат романтични врски со вештачката интелигенција. Колку и да звучи ...

Организаторите на Евровизија наводно испратиле неофицијална порака до Израел привремено да се откаже од Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година или да настапи под неутрално знаме за да избегне исфрлање, објави Ynet во неделата, а неколку други земји се заканија дека ќе ја бојкотираат годишната музичка екстраваганца доколку Израел учествува. Неофицијалната порака доаѓа пред собранието на Европската радиодифузна унија што треба да се ...

Денес, по иницијатива и залагање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, започна сериозен институционален процес за заштита на Македонскиот рубин – геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува, информираат од ресорното министерство. На состанокот меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ...

На состанокот меѓу кинеските и американските делегации е постигнат договор поврзан со „компанија од Кина“ која е „многу популарна кај младите“ во САД, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп. „Постигнат е договор за компанија која младите луѓе од нашата земја навистина сакаат да ја задржат. Тие ќе бидат многу среќни“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social, осврнувајќи се на работењето на TikTok во САД. Трамп објави дека ...

Шест месеци по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, правната разврска добива нови димензии со обвинение и против реалниот сопственик на објектот, но граѓанскиот притисок за целосна одговорност не запира. Неформалното движење „Кој е следен?“, кое настана по несреќата, најави нов мирен собир во Скопје во вторник, 16 септември, точно на шестмесечнината од денот кога во пожар згаснаа 62 животи. Истрагата на Обвинителството резултираше со ...

За 0,5 денари поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ бензинот од типот „еурсупер- 95“ ќе чини 75,5 денари по литар, додека бензинот од 98 октани ќе се продава по 77,5 денари по литар. дизелот ќе се продава по цена од 69,5 денари по литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе чини 36,7 денари по ...

Советот за заштита на виталните интереси на Уставниот суд на Република Српска на својата седница на 15 септември одлучи дека барањето на Клубот на бошњачките народни делегати во Советот на народите на Република Српска, кое се однесува на утврдување на повреда на витален национален интерес во врска со измените на Законот за референдум и граѓанска иницијатива е прифатливо. Механизмот за заштита на виталниот национален интерес им дава можност ...

Пред да се осмели да зборува за било кое прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни: зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму тој лично го презеде и реализираше тендерот?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат: Зошто министерот за локална одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран ...

Денеска, рано изутрината, околу во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје ...

Велика Британија и САД ќе потпишат договор за забрзување на развојот на нови нуклеарни проекти, соопшти британската влада во понеделник (15 септември) за време на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп. Партнерството ветува побрзо регулаторно одобрување и неколку нови договори за инвестиции во приватниот сектор за нуклеарни проекти, додека Велика Британија се стреми да ги исполни целите за нулта емисија и енергетска ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и денеска го повтори ставот дека власта се крие зад измислени приказни за хибридни напади додека граѓаните дишат канцерогени материи по пожарите што изминатиот период избувнаа во околината на Скопје, од кои последниот завчера во фабрика за третирање електронски отпад во селото Трубарево. „Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а ...

ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи. ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека ...

Украинското Министерство за надворешни работи ги смета резултатите од „нелегалните избори“ што ги одржа Русија на „привремено окупираната територија на Украина“ за ништовни, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи. „Нагласуваме дека руското организирање на таканаречените „избори“ на привремено окупираната територија на Украина е нелегално, а нивните резултати се ништовни. Ниедно лице кое наводно било ...

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба. Ангелов ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделник (15 септември) се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да разговараат околу последиците од израелскиот напад врз Катар, на кој се спротивставува Вашингтон, и неговите ефекти врз напорите за примирје во Газа. Рубио ја закажа посетата за солидарност една недела пред самитот предводен од Франција во Обединетите Нации за признавање на палестинска држава, перспектива на која ...

Илјадници Палестинци го напуштија градот Газа преку ноќта откако се интензивираа израелските воени напади, објави денеска Times of Israel. Повикувајќи се на проценки на израелската војска, истата агенција објави дека околу 20.000 луѓе го напуштиле главниот град на Појасот Газа во текот на ноќта. Палестинските власти, објавија дека илјадници луѓе избегале од различни населби на југот од територијата, но дека многумина одбиле да го напуштат ...

Најголем број случаи во последните години се регистрирани во Шпанија, Грција, Италија, Романија и Германија. Candidozyma auris, габа позната по својата отпорност на повеќе видови лекови, брзо се шири во болниците низ Европа, предупредува Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC). Иако претходно беше позната како Candida auris, оваа инфекција сега станува сè посериозна закана, особено за луѓето со ослабен имунолошки систем, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.07
91%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.6
48%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Калај

46.91

Цинк

3.25

Бакар

11.69