Премиерот Христијан Мицкоски не ја слушнал изјавата на српската министерка за труд, вработување, боречка и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски во која на одбележувањето на годишнината од битката на Кајмакчалан рече дека знамето на српското единство се вее секаде каде живее српскиот народ. „Искрен да бидам, не сум ја слушнал, сега првпат слушнав од вас и велам дека е за осуда. Ако сум ја слушнал ќе сум реагирал“, рече Мицкоски во ...

Јас единствено може да го кревам рејтингот на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ ја споменуваме само по криминалите генерирани од високите функционери на таа партија, рече во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан дали со постојаното споменување на ДУИ го крева рејтингот на таа партија Мицкоски рече: „Мораме да го споменеме ДУИ за да се потсетиме на наследството од ДУИ во ...

Имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во централниот дневник на телевизија Алсат. Како што рече, тој не би сакал да изнесува детали за влијанија од надвор, но откри дека во земјава има основани сомневања за девијантно поведение за група од 20 лица. „Не би коментирал од каде и како, географски, но она што го кажувам го кажувам врз ...

Децата и младите многу време поминуваат во дигиталниот свет, неопходно е да се зголеми свеста и да бидат безбедни, беше кажано на денешната трибина „Заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба и материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца CSAM“, организирана од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“. Притоа беше подвлечено дека станува збор за еден од најсериозните предизвици на дигиталната ера. Драги Змијанац, претседател ...

Полицијата веќе два дена трага по сторителот кој го предизвика големиот пожар во сервисот за возила кај Пинтија. Огнот зафати повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали, при што беше предизвикана голема материјална штета. Денеска, два дена по пожарот, сопствениците на сервисот и работници ги расчистуваа опожарените автомобили и остатоците од нив. Во населбата Стаклара за трагичниот пожар којшто се случи во вторникот никој не сака ...

Словачка и Унгарија изразија противење на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските земји да го намалат увозот на руска нафта и гас сè додека ЕУ не обезбеди соодветни извори на енергија, објави Блумберг. Словачката министерка за економија Дениса Сакова изјави дека пред какво било намалување на увозот на руска енергија, прво треба да се воспостави потребната инфраструктура за алтернативни енергетски правци. „Пред да можеме ...

Главниот преговарач на Катар, Мохамед ал-Кулаифи, денеска (18 септември)се сретна со претседателката на Меѓународниот Кривичен суд (МКС), судијката Томоко Акане во Хаг, во обид да ги искористи „сите достапни правни и дипломатски патишта за да се обезбеди одговорност за нападот на Израел врз Катар“, изјави катарскиот официјален претставник за агенцијата АФП. Смртоносниот израелски напад од минатата недела ги таргетираше лидерите на ...

Руската државна Дума усвои закон за повлекување од Европската конвенција за спречување на тортура, со што формално завршува меѓународната обврска за зачувување на човековите права, која речиси целосно престана да има некаков ефект во таа земја. Овој потег го предложи претседателот Владимир Путин претходно овој месец, во уште еден симболичен чекор на Москва во отстапувањето од меѓународните норми. Иако Русија е членка на конвенцијата од 1997 ...

Европскиот комесар за клима, Вопке Хоекстра, ја бранеше улогата на Европската Унија во борбата против климатските промени, и покрај одложувањето на две клучни одлуки. „Продолжуваме да бидеме меѓу апсолутно најамбициозните на глобална сцена“, рече тој, пристигнувајќи на состанокот на министрите за животна средина на ЕУ во Брисел на 18 септември. Земјите од ЕУ не беа во можност да се договорат за обврзувачки придонес кон целите на Обединетите ...

Италијанскиот парламент ја усвои рамката на новиот закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на слики или видеа генерирани од вештачка интелигенција без согласност на прикажаните ќе се казнува со затвор до пет години. Мерката, која беше поддржана од двата дома на парламентот (вклучувајќи го и конечното гласање од 77-55 во Сенатот доцна на 17 септември) е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк. „Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Белата куќа ја објави изминатите денови својата ...

Благородниот лажен пајак вдовица (Steatoda nobilis), кој експертите го сметаат за најопасниот вид пајак за размножување во Велика Британија, предизвикува страв кај населението поради зголемената фреквенција на каснувања за време на сезоната на парење. Мажјаците од овој вид, кои се посклони кон каснување, влегуваат во домовите во потрага по женки, оставајќи зад себе болни последици, вклучувајќи оток, осип, треска, па дури и тешкотии при одење. ...

Еден од најголемите астероиди оваа година ќе помине блиску до Земјата денеска, четврток 18 септември, на растојание малку поголемо од дијаметарот на лунарната орбита, објави Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките. „Еден од најголемите астероиди оваа година, „2025 FA22“, ќе помине на 18 септември, на растојание малку поголемо од дијаметарот на лунарната орбита од Земјата, ...

Владата на Шведска најави дека ќе воведе забрана за користење мобилни телефони во сите училишта и во продолжениот престој, почнувајќи од есента 2026 година, со цел подобрување на безбедноста на учениците и условите за учење. Според најавените мерки, училиштата ќе бидат обврзани да им ги собираат телефоните на учениците на почетокот од денот и да ги задржуваат до завршувањето на наставата. Мерката ќе се однесува на деца од 7 до 16 години. ...

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница. – Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо ...

Европа и медитеранските земји беа погодени од рекордна суша во август, која зафати повеќе од половина од земјиштето, според анализата на АФП врз податоците на Европската унија. Минатиот месец, 53 проценти од регионот беа погодени од суша, рекорд откако започнаа евиденциите во 2012 година, според програмата на ЕУ за климатски промени „Коперник“. Бројката е далеку над просекот од август 2012-2024 година од 30,1 процент. Источна Европа и ...

Албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство ја усвои програмата „Албанија 2030“ на мандатарот Еди Рама. „За“ гласаа 82 пратеника, „против“ и „воздржани“ немаше, бидејќи опозицијата не учествуваше во гласањето. Поради тензичната ситуација, што ја создадоа опозициските пратеници, кои покрај другото фрлаа примероци од Уставот и деловникот на Парламентот кон Рама, во знак на незадоволство од министерката за вештачка ...

Вечерва со нови шест натпревари ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. Погледите на фудбалската јавност ќе бидат насочени кон Англија, во Манчестер, Сити ќе го пречека италијанскиот првак Наполи, а во Њукасл ќе гостува Барселона. Менаџерот на домашниот тим Пеп Гвардиола подели комплименти за противникот од Неапол. „Тимот што ја освои Серија А – тоа значи дека тренерот и играчите завршија неверојатна работа. Кога ќе ја ...

Европската комисија во среда предложи привремено суспендирање на трговскиот договор со Израел, во вредност од околу 5,8 милијарди евра (6,1 милијарди долари) во извоз, поради војната во Газа. Иако предлогот постои, во моментов нема доволна поддршка од земјите-членки на ЕУ за да биде усвоен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, исто така, предложи санкции против двајца израелски министри, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, како и ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради судирот со навивачите на Ливерпул на крајот од првиот натпревар од Лигата на шампионите во среда на „Енфилд“, објавија денес шпанските медиуми. Ливерпул го победи Атлетико Мадрид со 3-2 синоќа, а англискиот клуб победи со голот на Вирџил ван Дајк во 90-тата минута. Тренерот на Атлетико Мадрид се приближи до трибините, а неколку редари стоеја меѓу него и навивачите на Ливерпул. ...

Продолжуваат возбудливите натпревари на Светското првенство (СП) во атлетика во Токио (Јапонија). По четири дена тоа бележи над 300.000 присутни гледачи на Националниот стадион. Секој ден беше исполнет со незаборавни изведби, вклучувајќи рекордни скокови и историски моменти, покажувајќи ги возбудата, страста и глобалната привлечност на атлетиката, пишува Светската атлетика (СА). Не сметајќи го вчерашниот ден во целост, најмногу медали имаат ...

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит планираат да презентираат фотографски и научни докази пред американскиот суд за да докажат дека Брижит е жена. Нивниот адвокат вели дека двојката Макрон ќе презентира документи во тужбата за клевета што ја поднесоа против десничарската инфлуенсерка Кандис Овенс, откако таа го промовираше своето верување дека Брижит е родена како маж, објави Би-би-си. Во разговор за подкастот ...

Последните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека продажбата на станови во вториот квартал од годинава е значително помала во споредба со првиот. Во периодот од 1 април до 30 мај, од инвеститори се продадени 676 новоизградени стана, што претставува пад од 178 стана во споредба со првиот квартал од годинава. На пазарот на недвижнини се очекува да се најдат уште 25 354 стана кои се во фаза на градба. И покрај падот ...

Царинските службеници на граничниот премин „Стење“ на македонско-албанската граница, заедно со граничната полиција, спречиле обид за шверц на златен накит во вредност од 346 000 денари (околу 5 600 евра). Како што информираат од Царинската управа, патникот, инаку македонски државјанин, се обидел да го внесе накитот, без да го пријави кај надлежните служби. „Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Велика Британија, како дел од неговата државна посета на земјата, која започна со формален пречек во замокот „Виндзор“, одбележан со воени почести и раскошни церемонии. President Trump inspects the Guard of Honor with King Charles III during an arrival ceremony at Windsor Castle on his historic U.K. state visit. Read more: https://t.co/vizY7FBF71 pic.twitter.com/4GND2DAESu — ABC News (@ABC) ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени. -Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа ...

Жозе Мурињо повторно ја презема Бенфика, веста ја потврди синоќа познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со неговото познато „Еве нè“. Португалецот со тоа се враќа во клубот каде што ја започна својата независна тренерска кариера пред 25 години по неодамнешното завршување на соработката со Фенербахче. На клупата, тој ќе го наследи Бруно Лаге, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз од Карабах на почетокот од Лигата на шампионите. ...

Во пресрет на локалните избори, Државната изборна комисија (ДИК), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска потпишаа Меморандум за соработка. Од ДИК посочија дека со ова трите иснституции ја зацврстуваат определбата за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено ...

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември. Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и ...

Изминатото деноноќие, според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на територијата на земјата биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари сè уште се активни. Едниот е во Општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче, каде што гори нискостеблеста шума. Вториот пожар е во Општина Гевгелија, на планината Кожуф кај селото Петрово, каде огнот од приземен пожар се проширил и зафатил букова шума. Третиот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
3.09
86%
1004
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1005
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.52
100%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.41
98%
1005
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
64%
1007
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
97%
1003
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
86%
1004
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Калај

46.91

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Кобалт

64.04