Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада. Постојат моменти во историјата кога целта на мирот бара и морална јасност и политичка храброст“, изјави премиерот на ...
Три пожари од утрово се активни на територијата на државата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупно регистрирани 30 пожари, изгаснати се 23, а четири се ставени под контрола. Гори на три локации и тоа во Општина Гевгелија на планината Кожуф, кај селото Петрово, Во Општина Македонски Брод, над селото Бенче на планината Добра Вода и во Општина Студеничани, меѓу селата Цветови и Драчевица, кај местото викано Умово. Под ...
Тиквеш се врати под капата на Општина Кавадарци, затоа што спонзорот од Турција не ги исполни обврските кои требааше. Играчите некое време минуваа низ турбуленции, тоа се одрази на резултатите, па затоа градот на чело со Митко Јанчев реши да реагира. Новиот инвеститор во клубот, беше обврзан најдоцна до среда (17.09.2025 година) да ги исполни ветувањата со обезбедување на договорените финансиски средства. Беше најавено дека во спротивно, ...
Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун за оваа година. Затворени се училиштата и откажани се околу 700 летови. Тајфунот Рагаса, со ветрови до 220 километри на час, се приближува кон јужната кинеска покраина Гуангдонг, соопшти Хонгконгшката опсерваторија, која објави дека планира да го зголеми предупредувањето за тајфун на ниво осум, што претставува воедно и такво највисоко ниво. Се очекуваат ветрови со ...
Жозе Мурињо ја презеде Бенфика и веќе ги засука ракавите за да го засили тимот за предизвиците кои следуваат во оваа сезона. Според пишувањата на португалските медиуми, Лисабон би можел да стане нова дестинација и град во кој ќе живее Карим Бензема. Мурињо сака повторно да соработува со францускиот напаѓач, кој влезе во последната година од договорот со Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Двајцата имаа исклучително успешна соработка во Реал ...
Голема е веројатноста дека Тајлер Хиро нема да го продолжи договорот со Мајами Хит до рокот поставен за 20 откомври и на крајот на сезоната тој ќе биде слободен да ја бира новата средина, пренесуваат американските медиуми. Хиро се рехабилитира од тешка повреда на зглобот па франшизата од Флорида не става приоритет на неговиот нов договор со кој би заработил речиси 150 милиони евра во следните три години, туку сите погледи се свртени кон Бем ...
Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте ...
Се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од Македонската навигација откако вчера дел од медиумите објавија дека е расипан единствениот исправен радар во контролата на летање на М-НАВ. Оттаму во изјава за МИА наведуваат дека во моментов оваа околност нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авиосообраќајот. „Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е ...
Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи во интервал од шест до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, исто така, ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер кој ќе дува од јужен правец. Дневната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското движење Антифа за домашна терористичка организација. „Антифа е милитаристичко, анархистичко здружение кое експлицитно повикува на уривање на Владата на Соединетите Држави, органите за спроведување на законот и нашиот правен систем. Благодарение на лидерството на претседателот Трамп, тие сега се класифицирани како домашна терористичка организација“, соопшти Белата куќа. Трамп ја ...
Данска и Норвешка синоќа биле принудени привремено да ги затворат за сообраќај своите главни аеродроми во Копенхаген и Осло поради забележани дронови во нивна близина, јавуваат светските медиуми. Данската полиција, како што пренесува Би-би-си, засега не може да го потврди видот или бројот на дронови забележани околу аеродромот во Копенхаген, ниту нивното потекло. „Не е познато од каде доаѓаат дроновите. Исто така, не е познато каде летале“, ...
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Транзицијата на Марс, кој владее со вашиот знак, кон неговото второ седиште и владеење, кон знакот на Шкорпија, ќе ја разбуди вашата борбена природа, повторно ќе ви донесе волја, енергија и ...
Неколку видови чаеви го олеснуваат дишењето и ги штитат белите дробови од ефектите на загадувањето. Чаевите можат да го намалат воспалението, да го олеснат искашлувањето и да ги релаксираат дишните патишта. Еве кои чаеви се посебно делотворни за белите дробови: Црн чај Црниот чај е еден од најпопуларните пијалоци, а во исто време е корисен и за здравјето на белите дробови. Според истражувањето објавено во списанието Nutrition, црниот чај ...
Советот на ЕУ денеска ја усвои Регулативата за спречување на испуштањето на пластични маси во животната средина, чија цел е да го намали загадувањето преку зајакнување на контролата и управувањето со пластиката, која е клучна индустриска суровина низ целиот синџир на снабдување. Со новите правила се бара од компаниите да изработат планови за управување со ризик поврзан со пакување и ракување со пластика и обука на персоналот. Регулативата, ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет дронови , а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета. Многу откажани и одложени летови Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ...
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303, а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од ...
Емисиите на јаглерод во атмосферата поврзани со шумските пожари оваа година се највисоки досега откако започнаа евиденциите пред 23 години во Европа, објави Европската служба Коперникус. По летото обележано со „интензивна активност на шумски пожари во Европа“, особено на Пиринејскиот Полуостров, „вкупните годишни емисии на јаглерод проценети за Европската Унија и Обединетото Кралство… се највисоки“ досега регистрирани откако Службата за ...
Јавен обвинител од ОЈО Тетово издал писмена наредба за обдукција на телото на седумгодишното девојче од тетовското село Челопек што вчера почина во Клиничката болница во градот. Наредбата за обдукција следува откако вчера од болницата побарале таа да се изврши, но семејството на починатото девојче одбило да се спроведе. Од тетовското јавно обвинителство велат дека веднаш по настанот бил известен јавен обвинител дека во болницата имало ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со ова, Франција се приклучува на земји како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, кои го направија истиот чекор во последните недели. „Светот е на чекор до губење на шансата за мир. Време е да се стави крај на војната во Газа“, порача Макрон, додавајќи дека решението со две држави е единствен ...
Две години условна казна затвор за докторката Мери Пешевска во случајот „Онкологија“ и тоа за делото тешки дела против здравјето на луѓето. Затворската казна нема да се спроведе ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело. Судијката во случајот, Снежана Марковска, во образложение на пресудата, наведе дека докторката го сторила делото од небрежност, признала вина и изразила чувство на каење. „Токму ваквите дејствија на ...
За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на ...
Изборот на пијалок има значително влијание врз здравјето на кожата, истакнуваат експертите. Додека некои пијалоци можат да ја хидрираат кожата и да помогнат во одржувањето на сјајот, други се полни со шеќер, хемикалии и адитиви кои го забрзуваат стареењето и ја оштетуваат еластичноста. Дерматологот д-р Шерил Розен и други експерти открија кои пијалоци треба да ги избегнуваме ако сакаме да го зачуваме здравјето на кожата и да го спречиме ...
Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1. Со своето „Ферари “, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат. ...
Саудиска Арабија го предупреди Израел дека ќе има сериозни последици во сите области доколку анектира кој било дел од Западниот Брег, јави израелскиот Канал 12. Според извештајот на израелската телевизија, Ријад не прецизираше какви чекори би можел да преземе, но би можел да прогласи крај на перспективата за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел или повторно да го затвори својот воздушен простор за израелски летови, кој го ...
Македонија забележа пад од едно место во ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација. Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 59. место на светската рејтинг-листа, објавија ФИБА. Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, односно претквалификациите за Евробаскетот 2029, репрезентацијата на Ирска е на ...
Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ENISA) денеска официјално објави дека прекинот во активностите на голем број европски аеродроми, што произлезе од проблеми со системот за електронска регистрација на багаж и регистрација на патници на авионот, е резултат на кибернапад, јавија британските медиуми. „Органите за спроведување на законот истражуваат“, се наведува во соопштението на ENISA. Во меѓувреме, објавено е дека се уште има ...
Првите парламентарни избори во Сирија по соборувањето на поранешниот владетел Башар ал-Асад официјално се закажани за 5 октомври. Ова го објави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на Врховната изборна комисија на Сирија. Неизвесноста околу тоа како ќе се спроведе гласањето останува. На крајот на август, изборната комисија објави дека изборите во три провинции ќе бидат одложени на неодредено време од безбедносни причини. Првично ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека е подготвен да ги обнови контактите со Соединетите Држави доколку тие ги напуштат барањата Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, објавија севернокорејските медиуми на 22 септември. „Ако САД се откажат од својата заблудна опсесија со денуклеаризација и, препознавајќи ја реалноста, навистина сакаат мирно да коегзистираат со нас, тогаш нема причина зошто не можеме да седиме спроти ...
Венко Филипче и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат: Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една ...
Десет години по усвојувањето на Парискиот договор за климата, глобалните планови за производство на јаглен, нафта и гас сè уште далеку ги надминуваат дозволените ограничувања за ублажување на климатските промени, според извештајот на Стокхолмскиот институт за животна средина и други. Парискиот договор беше првиот универзален, правно обврзувачки глобален договор за климата што ги обврза земјите да го ограничат глобалното затоплување на далеку ...