Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата. „Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. ...
Воздухот во Трубарево е чист, во текот на денот се чекаат резултатите од испитувањето на почвата што ги прави универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, информира денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. По посетата на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, прашан за состојбата во Трубарево по пожарот во фабриката за рециклирање електричен и електронски отпад ...
Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. -Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите ...
Многу европски земји веќе воведоа казни за пушење! Во Италија, Франција, Белгија, Велика Британија, Австрија и Грција, пушењето во возило со деца или бремени жени е забрането, додека казните се движат од 85 евра на Кипар до 1.500 евра во Грција, па дури и до 5.000 евра во Италија за посериозни случаи. Германските покраини, исто така, предложија законски ограничувања. Доколку се усвои предлог-законот од Северна Рајна-Вестфалија и Долна ...
Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се ...
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот ѝ нареди на агенцијата за одговор при катастрофи да биде во целосна готовност и да ги мобилизира сите владини агенции, бидејќи супертајфунот Рагаса се заканува на северот од земјата, а предупредувањата за бура се во сила низ Источна и Југоисточна Азија. Со ветрови од 215 километри на час и налети до 295 километри на час, Рагаса ги помина островите Бабујан и се движи кон островот Калајан, ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвини власта дека ја загрозува безбедноста на авиосообраќајот поради партиски вработувања во М-НАВ. Портпаролката Богданка Кузеска на денешната прес-конференција, рече дека расипаниот радар во контролата на летање е последица на „насилното вдомување на партиски кадри“ во една од најважните институции за безбедноста на сите. Таа тврди дека наместо професионалци, на клучни позиции се ...
Деветмина возачи од кои двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената лишила полицијата во вчерашните редовни сообраќајни контроли реализирани од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава. Минтерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно ...
Со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Њујорк ќе ја започне работната посета на Соединетите Американски Држави. Како што јави известувачот на МИА, темата на состанокот е „Повторна посветеност, обезбедување ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција за постигнување родова ...
Холандската полиција, во близина на градот Ротердам, смртно застрела 15 годишно момче кое било идентификувано како осомничено за вооружена кражба на велосипед. Пукањето следело непосредно по кражбата, откако осомничениот наводно употребил огнено оружје, а локалната полиција го застрелала и го убила момчето во ресторан за брза храна „Мекдоналдс“ во покраината Јужна Холандија. Полицијата уапсила уште едно лице во врска со грабежот, кој се ...
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во случајот „Онкологија”, кој се однесува на несовесно лекување пациенти и ја осуди на условна казна затвор од две години. Како што кажа судијката Снежана Марковска изрекувајќи ја пресудата, казната од две години затвор на обвинетата нема да се изврши доколку во наредните пет години Пешевска не стори друго кривично дело. ...
Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше ВЛЕН, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: Оваа коалиција се удира по гради за ...
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека ФБИ истражува секоја трага во убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, вклучувајќи ја и можноста за соучество. „Темелно истражуваме теории и прашања, вклучувајќи ја локацијата на истрелот, можноста за соучество, признанието преку СМС-порака и поврзаните разговори“, рече Пател во објава на социјалната мрежа X, објави ABC News. Тој додаде дека се истражуваат и пораките на Discord, аголот на ...
Бранителот на трофејот во Формула 1, Макс Ферстапен извозе доминантна трка на Големата награда на Азербејџан. Возачот на Ред Бул стартуваше од првата позиција и истата не ја испушти до самиот крај. Холанѓанецот го искорсти лошиот настап на конкурентите за титула Оскар Пјастри кој излета од стазата и Ландо Норис кој заврши на седмата позиција за приближување до врвот на табелата, но и покрај тоа што гледа од трка за трка, не е оптимист кога ...
Илјадници луѓе се евакуирани на Филипините поради приближувањето на супертајфунот, кој властите го опишаа како потенцијално катастрофален. Земјата се подготвува за супертајфунот Рагаса, со ветрови до 230 км/ч, за кој се предвидува дека ќе ги погоди ретко населените северни острови во понеделник. Потоа се очекува да се движи кон запад кон јужна Кина. Супертајфунот е еквивалент на ураган од категорија 5. Училиштата и владините канцеларии се ...
НАТО ќе го распореди турскиот систем за надзор на воздушниот простор MEROPS (мултиспектрален оптички нишан со проширен дострел) во Полска и Романија, поради растечката загриженост за упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на сојузниците. Одлуката, објави денес „Еурактив“, доаѓа откако полските власти пријавија 19 упади во воздушниот простор во текот на ноќта меѓу 9 и 10 септември, што предизвика повици за посилен надзор на ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес потврди дека германската влада сè уште поддржува решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави и нагласи дека за Германија „признавањето на палестинска држава доаѓа само на крајот од процесот“. Вадефул потсети дека процесот мора да се постигне преку преговори и дека не треба да се води никаква политика што би можела да создаде пречки во таа насока. „Патот на договор, ...
Саудиска Арабија и Катар издадоа соопштенија со кои ја поздравуваат одлуката на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија да ја признаат Палестина како држава. Саудиска Арабија соопшти дека признавањето ја потврдува посветеноста на западните земји кон мировниот процес и ги повика другите земји да усвојат сличен пристап. Саудиска Арабија ќе биде копретседател на меѓународна конференција за решение на две држави за ...
Министерската за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон. Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да ...
Тенисерите од тимот на Светот славеа на овогодинешниот Лејвер Куп, кој се играше во Сан Франциско. Ова беше трета победа над тимот на Европа во осмото издание на ова натпреварување, а најзаслужен за тоа е Тејлор Фриц. Американецот не само што го победи најголемото име на турнирот, Карлос Алкараз, туку и во решавачкиот натпревар славеше над исто така фаворизираниот Александар Зверев. Откако му препушти само пет гема на шпанецот, Зверев даде ...
Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод. Од пожарите што се ставени под контрола, два ...
Благодарение на пласманот во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска бања, таа напредуваше за девет позиции на најновиот ранкинг и по подолго време се врати меѓу најдобрите 200 во светот. Од денеска таа е на 198. позиција на ВТА листата што е за 28 места зад нејзиниот најдобар пласман во кариерата. До крајот на сезоната има уште нешто повеќе од еден месец и Ѓорческа може да напредува уште повеќе. Оваа недела таа требаше да учествуваше на ...
Пиштолот беше насочен кон него, но куршумот беше насочен кон сите нас – порача американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата за Чарли Кирк. Во говорот пред преполниот стадион „Стејт Фарм“ во Аризона, Трамп го окарактеризира атентатот врз Кирк како напад врз идеалите на сите конзервативци. Десничарскиот активист Кирк, кој беше убиен на 10 септември, претседателот на САД го нарече голем американски херој и маченик за американската ...
Франција и Саудиска Арабија утре ќе соберат десетици светски лидери во Њујорк во обид да добијат поддршка за решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт, а се очекува неколкумина формално да признаат палестинска држава, објави Ројтерс. Откако Генералното собрание усвои декларација во која се наведени „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави, истовремено осудувајќи го Хамас и повикувајќи на ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0. Според досегашните податоци со кои располага ...
Откако Русија изведе нов масовен напад со дронови и ракети врз Украина, полски и други НАТО авиони итно полетаа. Нападот следеше по вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор и инцидентите со руски дронови во Полска и Романија. Полски и други авиони на НАТО итно полетаа на 20 септември, кога Русија започна уште еден масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Украина. Бранот ноќни напади дојде кратко откако земјите на НАТО ...
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата. На ...
Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за с. Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид. На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на ...