Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Полицијата приведе скопјанец откако го фати дека превезува и криумчари четири мигрантки од Непал на патот Струга кон граничниот премин „Ќафасан“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, кај местото викано ‘Борови‘ на магистралниот пат Струга – граничен премин ‘Ќафасан‘, го лиши од слобода Џ.Б. (40) од Скопје“, се вели ...
Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа информираше дека по анализа на сите докази прибрани во ...
Денешниот ден ќе остане запаметен во историјата на КК Пелистер бидејќи „зелено-белите“ ќе го одиграат првиот официјален европски натпревар во своето постоење. Пелистерци се дел од еден од трите квалификациски турнири за Лигата на Шампионите на ФИБА, па денеска со почеток во 15:30 часот во Самоков ќе истрчаат на терен против Реџо Емилија. Јасно е дека италијанскиот клуб ќе ја има фаворитската улога на овој меч, но тренерот Даскаловски и сите ...
Астрономите влегоа во нова пресвртница во истражувањето на вселената, со неодамнешната потврда на НАСА за постоењето на 6.000 егзопланети. Овие откритија се само почеток на патување кое ја трансформираше науката од почетокот на 1990-тите. Ерата на егзопланетите започна во 1992 година, кога научниците открија две планети што орбитираат околу пулсар. Само три години подоцна, следеше првото откривање на планета околу ѕвезда од главната низа, ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ зборуваше за можно враќање во Европа еден ден. Дончиќ порасна во Реал Мадрид, а беше член на првиот тим на овој клуб од 2015 до 2018 година пред да замине во Далас. „За да играш за Реал Мадрид, мора да бидеш многу добар“ – вели Дончиќ. „Секако!“ – додаде Дончиќ кога го прашаа дали е во искушение да се врати во Мадрид на крајот од кариерата:„Тие ме пораснаа“. Со Реал, Дончиќ беше шампион на Евролигата во ...
Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа, туку треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно и од кое бенефит ќе имаат сите граѓани на оваа земја. Ова денеска го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер, прашан за коментар на обвинувањата што доаѓаат од опозицијата дека власта не презема никакви чекори во насока европската интеграција на ...
Синоќа започна и сè уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, поткуп и други тешки кривични дела против животната средина. Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе ...
На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32. Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека во земјава се воведува методологија за енергетска сиромаштија, со која ќе се добијат јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства и понатамошна заштита за овој тип потрошувачи. „Добивме позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската Заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар беше ...
Израел денска го затвори единствениот премин помеѓу окупираниот Западен Брег и Јордан, еден ден откако возач кој носел хуманитарна помош од Јордан до Газа отвори оган и уби двајца израелски воени лица. Израелската управа за аеродроми, која управува со мостот Аленби, соопшти дека ќе биде затворен до понатамошно известување. Два премина помеѓу Израел и Јордан беа исто така погодени, при што преминот на реката Јордан на север беше затворен, а ...
Советот за безбедност на ОН би можел да направи уште еден чекор кон повторно воведување санкции врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. Советот денеска треба да гласа за нацрт-резолуцијата во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време). Доколку резолуцијата за трајно укинување на санкциите не успее – или затоа што не ги обезбеди потребните девет гласови во 15-члениот совет или биде ставена вето – санкциите на ОН воведени од ...
Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност, се наведува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата. ...
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22 725 220 денари на ...
Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, синоќа најави дека првата генерација ќе служи задолжителен воен рок почнувајќи од јануари. Тој истакна дека српската армија подготвила над 120 утврдени простории за таа намена. – Процесот не е лесен ниту евтин – рече Гашиќ, додавајќи дека Министерството веднаш почнало со подготовка на сите законски и подзаконски акти потребни за да се овозможи ова да влезе во сила. Според плановите, на ...
Хеликоптерот во кој беа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија мораше да изврши итно слетување. Според првичните извештаи, „мал хидрауличен проблем“ го принуди да слета во Велика Британија пред да замине за САД. Керолајн Левит, портпаролка на Белата куќа, даде изјава за ова прашање. „Поради мал хидрауличен проблем и како мерка на претпазливост, пилотите слетаа на локален аеродром пред да стигнат до аеродромот ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека се обидуваат да инсталираат марионетски режим во земјата со цел да ги запленат нејзините природни ресурси. „Развиен е империјален план за промена на режимот во Венецуела со цел да се инсталира марионетска влада на САД и да се украдат нашите најголеми резерви на нафта во светот, четвртите најголеми резерви на гас во светот и првите резерви на злато“, рече Мадуро на телевизискиот ...
Илјадници луѓе во Берлин се принудени да ги евакуираат своите домови откако во вчера во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес. Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населена област на градот, соопшти берлинската полиција на мрежата X. Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги обиколија куќите и становите за да ги предупредат жителите дека мораат ...
Францускиот претседател Емануел Макрон, во интервју за израелска телевизија, ја бранеше својата одлука да признае палестинска држава велејќи дека тоа е најдобриот начин да се изолира Хамас. Тој остро ја осуди новата офанзива во Газа велејќи дека таа целосно го поткопува кредибилитетот на Израел. „Признавањето палестинска држава едноставно значи давање цврста изјава дека легитимната перспектива на палестинскиот народ и она што денес тој го ...
Германија ќе одлучи дали да ги поддржи најавените санкции на ЕУ кон Израел пред неформалниот состанок на земјите-членки на ЕУ во Копенхаген во октомври, изјави синоќа германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на посетата на Шпанија. Во разговор со шпанскиот премиер Педро Санчез, Мерц рече дека потезите на Израел во Газа се непропорционални на неговите најавени цели и нагласи дека за Германија, признавањето на палестинската државност во ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на оваа општина, стои во соопштението на Коалиција ВЛЕН. Во текстот се додава: „Во своето обраќање, Меџити истакна дека овој проект не е луксуз, туку животна потреба, со цел справување со сè почестите ризици од пожари, ...
Иако ПСВ средата доживеа неочекуван пораз од белгиски Ројал Унион со 1-3 во натпревар од Лигата на шампионите, овој натпревар ќе го памети 21-годишниот Рубен ван Бомел. Талентираниот офанзивец, син на поранешниот репрезентативец и легенда на холандскиот фудбал Марк ван Бомел, го постигна единствениот погодок за својот тим во финишот од средбата и тоа беше негов прв во елитното европско натпреварување. Интересно е што токму во истиот месец ...
Француската фудбалска икона и легенда на Манчестер Jунајтед, Ерик Кантона ја спореди ситуацијата на Русија и Израел и смета дека ФИФА и УЕФА неправедно постапуваат. Кантона го дели мислењето на многумина, но французинот е познат по тоа што секогаш е без влакно на јазикот, па така беше и сега. „Четири дена откако Русија ја почна војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа. Ние сега сме 716 денови во она што Амнести Интернешенал го вика ...
Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и порано, пред други здравствени авторитети. Овој пат покрена лавина на реакции, јавноста многу се наелектризира, што е исправно. Основната моја мотивација за сето ова е да расчистиме со неправилностите таму каде што можеме, изјави кардиологот Сашко Кедев, кој недамна излезе јавно со тврдења дека се прават непотребни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека телевиските мрежи што известуваат негативно за него би можеле да ги изгубат лиценците за емитување, пренесува Си-ен-ен. Со тоа, тој ја поддржа одлуката на американската радиодифузна регулаторна комисија за суспензијата на водителот на Еј-би-си њуз, Џими Кемел поради неговите коментари за убиството на политичкиот активист Чарли Кирк. На оваа тема Трамп зборуваше, одговарајќи на новинарско ...
ДУИ ја стави Струга на продажба, здружувајќи се со Левица на Апасиев за да ја спречи победата на Менди Ќира, се наведува во денешното соопштение на ВЛЕН. Во текстот се додава: Кандидатурата на Мојсовска е срамна зделка, наместена за да се одржи во живот една скапана власт што стружани ја отфрлаат. Ова не е прв пат ДУИ да се ценка со Левица: од Скопје и Велес, до споменикот на Андон Лазов Ќосето во средината на главниот град, секој пат кога ...
Ведро и посвежо утро, а преку ден сончево и топло со температури од 23 до 30 степени. Ова е прогнозата времето во текот на денешниот ден на синоптичарите на Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура, пак, ќе се спушти до 4 степени. И во Скопје ќе биде сончево, со повремено засилен ветер од северен правец. И следните денови се очекува времето да биде сончево и топло, со посвежи утра и постепен пораст на дневната ...
Во стратосферата над Северниот Пол веќе се развива нов поларен вртлог, предизвикан од опаѓање на температурите и притисокот во поларните региони. Како што напредува есента, намалувањето на сончевата енергија предизвикува значително ладење на поларната стратосфера, создавајќи силна температурна разлика помеѓу ладните поларни региони и потоплите суптропици. Оваа разлика предизвикува голема циркулација со низок притисок, позната како поларен ...
Сигурни сме дека повеќето од вас имаат еден омилен шампон што го сакаат и го купуваат одново и одново, но според најновите сознанија, експертите за нега на коса нагласуваат дека е најдобро да ги менувате шампоните или да имате еден без сулфати и еден со сулфати во вашата неделна (или прилагодена) рутина. Звучи интересно, а бидејќи самото споменување на сулфатите често се слуша како лоша состојка што треба да се избегнува по секоја цена, важно ...
Наставници, транспортни работници, болнички персонал, фармацевти и вработени во јавниот сектор штрајкуваа во Франција, додека синдикатите прават ретка демонстрација на единство за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги, објави Гардијан. Се очекуваше околу 800.000 луѓе да се приклучат на маршевите низ целата земја во ...
Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди. Иницијатори за овој протест се неколку невладини организации, а повод е убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој потоа се ...