Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на [email protected], граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила. – Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или [email protected] граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи ...
Опозицискиот СДСМ ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека им удрила шамар на скопјани со тоа што го наградила виновникот за она што периодов се случува со депонијата „Дрисла“. Од партијата конкретно алудираат на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го предложи претседателот на Управниот одбор на ЈП „Дрисла“, Даме Димитровски, за кандидат за носител на советничката листа за Скопје на локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. „После сите ...
Без проблеми се одвива онлајн наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата. -На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска ...
Акцијата за промена на специјалните таблички на државните возила е во крајна фаза на реализација и се очекува целосно да заврши за две недели, информира денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Досега, како што вели Томовски, се обележани околу 500 возила, а во тек е постапка за голем број други. Директорот вели дека покрај државните институции, кои веќе ја спроведуваат промената, досега сите скопски ...
Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии. На прашање од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, сведокот, кој 22 години ...
Комесарите на Европската унија се очекува утре да одобрат нови санкции против Израел поради војната во Газа, објави денеска портпаролката на Комисијата, Паула Пињо. За време на прес-конференцијата, портпаролката Пињо, им ја откри претстојната одлука на новинарите, наведувајќи: „Утре, комесарите ќе усвојат пакет мерки за Израел“, пренесува IsraelHayom. Санкциите ги засегаат комерцијалните односи, при што Пињо детално наведува дека мерките ...
Дерматологот Нира Нејтан истакна три работи кои никогаш не би ги ставила на својата кожа, а можеби ќе се изненадите колку се вообичаени. 1. Марамчиња за отстранување шминка Првиот производ е веројатно нешто што го користите редовно и го имате во вашата бања: марамчиња за отстранување на шминка. Иако помагаат да се отстрани тврдоглавата маскара и слоевите серум за лице, Нејтан изјави за Best Life дека марамчињата „содржат чудни мириси и ...
Утре во 13 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Во оваа фаза се приклучуваа Вардар како победник и Струга ТЛ како финалист од минатиот Куп. Покрај овие две екипи во баранот ќе бидат: Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Новаци, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица, Беласица, Охрид, Силекс, Македонија Ѓ.П., Работнички, Брегалница. Се игра по еден ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам. -Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде другои кривично дело кое ќе се ...
Секоја година на 16 септември, светот го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, во чест на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година – историски договор кој обедини 198 држави во заедничка борба против уништувањето на озонскиот слој. Овој ден служи како потсетник на моќта на науката, меѓународната соработка и одлучната акција, но и како предупредување дека напредокот не е гарантиран – туку заслужен, ...
Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, смета дека раководствата на земјите кандидати за членство во Унијата ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес. Оваа изјава таа ја даде пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-Европска Унија, која денеска се одржува во Брисел, коментирајќи го пристапниот процес на Албанија која денеска го отвора петтиот од шесте кластери во преговорите – кластерот „Зелена агенда и ...
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на Шампионите поради повреда. Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, потврди дека норвежанецот не е подготвен за настап во Шпанија, откако се повреди на дуелот со Нотингем Форест (3-0) во саботата во Премиерлигата. Одегард го напушти натпреварот уште во 17. минута поради несмасен пад на десното рамо во дуел со Морган ...
Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, а другата на 18 септември. Како што информираат од Кривичен, расправите се отповикани поради здравствени причини на еден од обвинетите. Одбраната на обвинетиот Б.А. доставила медицинска документација до Судот, согласно која не може да присуствува на расправите Судењето ќе продолжи на следниот ...
Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце. – Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои ...
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Даниел Мерон, во понеделник ги отфрли наодите на истражната комисија дека Израел извршил геноцид во Газа како „клеветничка тирада“. „Извештајот, кој исто така откри дека високи израелски функционери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, охрабрувале геноцидни акти, е скандалозен и лажен“, рече Мерон во Женева, објави Ројтерс. Истрагата на комисијата на Обединетите нации откри дека ...
Европската комисија можеби нема да го презентира 19-тиот пакет санкции против Русија на закажаниот состанок на 17 септември, бидејќи засега е отстранет од дневен ред, објавува Политико, повикувајќи се на анонимен дипломат од ЕУ. „Следниот пакет санкции против Русија – 19-ти откако Москва ја започна војната против Украина – повеќе не се очекува да биде презентиран во среда, кажа дипломат од ЕУ и национален функционер. Тој е отстранет од ...
Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа одлука беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет, стои во соопштението на коалиција ВЛЕН. Во текстот се додава: „Овој чин не е ...
Синоќа, пред 23 часот, избувнал нов пожар во депонијата „Дрисла“, на локација пооддалечена од претходно активното жариште, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. По пријавувањето на пожарот, екипи на скопската противпожарна служба веднаш реагирале. Поради специфичната природа на пожарот, Ангелов вели дека било неопходно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел биле ангажирани градежни ...
Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани кога во голем пожар во т.н. кабаре „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е една од поголемите трагедии во поновата историја на државата. По тој повод, вечерва во 20:16 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите. Протестот е на повик на иницијативата „Кој е следен“ Покрај во Скопје, собир ќе се одржи и ...
Истрагата на Обединетите нации откри дека израелските сили извршиле геноцид врз палестинското население во Газа, а меѓу одговорните се и високи израелски лидери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти комисијата. Во извештајот од 72 страници, комисијата наведе четири од петте дела што претставуваат геноцид според Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година: убиство, предизвикување сериозни телесни или ментални повреди, ...
Доцна вечерва заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп може да се сретне со претседателот Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Светските лидери ќе се соберат во Њујорк почнувајќи од 22 септември на годишната сесија на високо ниво на ОН. „Тој (Трамп) се обидува да направи сè што е можно за да се стави крај на војната“, рече Рубио. „Претседателот имаше повеќекратни разговори со (рускиот претседател ...
Израелската армија во текот на ноќта ги интензивираше нападите врз Газа, изјави министерот за одбрана Израел Кац додавајќи дека целта е ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас. „Газа гори“, напиша Кац на социјалната мрежа Телеграм. Според него, додека мисијата не биде завршена, Израел нема да попушти, ниту да се откаже од нападите. Како што објави американскиот портал „Аксиос“, оваа операција го означува ...
Рано утринава, пред 4 часот, избувнал голем пожар во сервис за возила лоциран во месноста Каменик, во Пинтија над поранешната фабрика „Стаклара“. Во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. По добиената пријава, скопската Бригада за противпожарна заштита веднаш интервенирала на местото на настанот. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани ...
Грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија нема посериозна повреда и ќе биде во составот на ПСЖ за првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, против Аталанта. Европскиот првак ќе биде домаќин на утрешниот меч и секако ќе биде ослабен со неиграњето на Дембеле, Дуе, Ли и Бералдо, но барем Луис Енрике на реасполагање ќе го има крилниот играч. Кварацкелија доживеа повреда на задната ложа во саботата, на мечот со Ленс, ама ...
Попладнево во семејна куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес се случила семејна крвава драма кога поранешен партнер со повеќе убоди од остар предмет ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а потоа се самоубил, нанесувајќи си убоди од остар предмет, информира попладнево од СВР Велес портпаролката Биљана Ѓаковска. -Попладнево во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди ...
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир) · Поради изведување ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, вчера соопшти дека американската војска уништила венецуелски брод кој наводно пренесувал дрога и пловел во меѓународни води кон САД, пренесе Би-би-си. Според Трамп, во нападот, кој го нарече акција против насилните нарко-картели, се убиени тројца мажи. Инаку, претходно вчера венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја ќе се брани од агресијата на ...
Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот, според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), се очекува зголемена облачност. Утринската температура ќе се движи во интервал од осум до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 33 степени. За Скопје синоптичарите најавуваат слично време, сончево со слаб ветер од јужен правец и температура која во ...
Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште рече дека поранешните медицински и економски директори на ...